Oдлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2019 година

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 88 став 1 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 8.1.2019 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТ НА БОДОТ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА 2019 ГОДИНА

Член 1

Вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за периодот од 1.1.2019 година до 31.8.2019 година изнесува 77,24 денари, а за периодот од 1.9.2019 година до 31.12.2019 година изнесува 81,10 денари.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 44-11638/1-18

Заменик на претседателот

8 јануари 2019 година

на Владата на Република

Скопје

Македонија,

Оливер Спасовски, с.р.