Oдлука за именување на заменици министри и дополнителни заменици на министри

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на членот 48 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10 и 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 110/19 и 154/19) и членот 45 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 3 јануари 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИМЕНУВАЊЕ ЗАМЕНИЦИ НА МИНИСТРИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАМЕНИЦИ НА МИНИСТРИ

1. За заменици на министри во соодветните министерства, се именувани:
– Беким Максути, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,
– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,
– Оливер Ристовски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,
– Неџад Мехмедовиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,
– Андреј Жерновски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,
– Ширет Елези, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,
– Кирил Колемишевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,
– Благе Цветковиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
– Арменд Арслани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,
– Елизабета Наумовска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,
– Ѓонул Бајрактар, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,
– Дејан Павлески, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,
– Владимир Лазовски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура,
– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,
– Садик Беќири, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и
– Јани Макрадули, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

2. За дополнителни заменици на министри во следниве министерства, се именувани:
– Славјанка Петровска, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,
– Санела Шкријељ, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,
– Гордана Димитриеска Кочоска, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,
– Цветан Трипуновски, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и
– Невенка Стаменковска Стојковски, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

3. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Бр. 08-79/1

Претседател на Собранието

3 јануари 2020 година

на Република Северна

Скопје

Македонија,

м-р Talat Xhaferi, с.р.