Oдлука за избор на Владата на Република Северна Македонија

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 13 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 3 и 43 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 3 јануари 2020 година, донесе

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1. За претседател на Владата на Република Северна Македонија е избран
– Оливер Спасовски.

2. За министри кои ќе раководат со одделни министерства се избрани:
– Радмила Шекеринска, за министер кој ќе раководи со Министерството за одбрана,
– Наќе Чулев, за министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи,
– Рената Дескоска, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда,
– Садула Дураки, за министер кој ќе раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,
– Никола Димитров, за министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи,
– Нина Ангеловска, за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии,
– Крешник Бектеши, за министер кој ќе раководи со Министерството за економија,
– Трајан Димковски, за министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
– Венко Филипче, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство,
– Арбер Адеми, за министер кој ќе раководи со Министерството за образование и наука,
– Рашела Мизрахи, за министер кој ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика,
– Горан Милевски, за министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа,
– Хусни Исмаили, за министер кој ќе раководи со Министерството за култура,
– Дамјан Манчевски, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,
– Горан Сугарески, за министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски и
– Насер Нуредини, за министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

3. За министри без ресор се избрани:
– Бујар Османи,
– Мила Царовска,
– Роберт Поповски,
– Едмонд Адеми,
– Музафер Бајрам,
– Зорица Апостолска,
– Бардул Даути,
– Елвин Хасан и
– Хисен Џемаили.

4. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Бр. 08-76/1

Претседател на Собранието

3 јануари 2020 година

на Република Северна

Скопје

Македонија,

м-р Talat Xhaferi, с.р.