Уредба за содржината на Годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 8 став (3) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2013 и 106/2013), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 18.9.2013 година, донесе

УРЕДБА
ЗА СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Член 1

Со оваа уредба се уредува содржината на Годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Член 2

Програмата од член 1 на оваа уредба содржи:
1) вкупна површина на земјоделско земјиште во државна сопственост предмет на продажба изразена во метри квадратни;
2) максималната и кумулативна површина пресметана согласно Методологијата за утврдување на максимална и кумулативна површина на земјоделско земјиште во државна сопственост што е предмет на продажба;
3) површини на земјоделското земјиште во државна сопственост кое ќе биде предмет на продажба во наредната година парцелизирано во блокови со површина до 10 хектари;
4) површини на земјоделското земјиште во државна сопственост кое ќе биде предмет на продажба во наредната година парцелизирано во блокови со површина над 10 хектари;
5) катастарски податоци содржани во имотниот лист и тоа:
– број на катастарска парцела;
– место викано;
– катастарска култура;
– катастарска класа;
– површина изразена во метри квадратни,
– број на имотен лист и
– катастарска oпштина.
6) намена на земјиштето;
7) податоци за тоа дали има склучено договор за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост;
8) податоци за времетраење на закупот доколку го има;
9) службености или други товари на земјиштето;
10) состојба во која се наоѓа земјиштето (под култура или не) и
11) условите од член 21 од Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Член 3

Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр.41-6453/3

 Претседател на Владата

18 септември 2013 година

на Република Македонија,

Скопје

м-р Никола Груевски, с.р.