Уредба за минималните технички стандарди и услови во поглед на опремата (хардверот), како и функционалноста на софтверот за електронското јавно наддавање

Врз основа на член 10, став 7 од Законот за автокампови („Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2013), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 10.9.2013 година, донесе

УРЕДБА ЗА МИНИМАЛНИТЕ ТЕХНИЧКИ СТАНДАРДИ И УСЛОВИ ВО ПОГЛЕД НА ОПРЕМАТА (ХАРДВЕРОТ), КАКО И ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА СОФТВЕРОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Член 1

Co оваа уредба се пропишуваат техничките стандарди и услови во поглед на опремата (хардверот), како и функционалноста на софтверот за електронското јавно наддавање.

Член 2

Софтверот за електронското јавно наддавање кој функционира како централна веб апликација, која ќе се води при Заедницата на единиците на локалната самоуправа, потребно е да ги исполнува следните минимални технички стандарди и услови:
– Најмалку два сервери со минимални карактеристики;
– Четири јадрен процесор со 2 GHz брзина на процесор;
– Четири GB RAM меморија;
– Два хард диска од по 120 GB (2×120 GB) поврзани во RAID технологија;
– Мрежен контролер;
– Оптички уред CD/DVD RW;
– Графичка карта со VGA излез;
– Влезно излезни единици: тастатура, маус, монитор;
– Еден уред за непрекинато напојување со електрична енергија UPS (Unlimited – Power Supply) 750 Watt;
– Мрежен уред за поврзување на целиот систем;
– Оперативен систем кој обезбедува работна платформа за функционирање на софтверот за електронско јавно наддавање;
– Централизирано безбедносно решение со антивирус кое обезбедува сигурност на целиот систем на упади, вируси и ја гарантира сигурноста на целиот систем;
– Интернет апликациски сервер кој ги обезбедува сите функции во позадина, а кои се потребни да функционира софтверот за електронското јавно наддавање;
– База на податоци за нормално функционирање на софтверот за електронско јавно наддавање каде што ќе се складираат податоците и ќе се чуваат безбедни;
– Backup решение за базите со податоци и
– Изнајмена симетрична интернет линија со загарантирана брзина од 2 Mbit/s брзина на симнување (download) и 2 Mbit/s (upload) и загарантирана достапност до интернет од 99,99% од времето.

Член З

Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањсто во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 41-6040/1

Заменик на претседателот

10 септември 2013 година

на Владата на Република

Скопје

Македонија,

м-р Владимир Пешевски , с.р.