Уредба за изменување на уредбата за содржината на Годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 8 став (3) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија” бр. 87/13, 106/13, 137/13, 61/15 и 97/15), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.8.2015 година, донесе

УРЕДБА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Член 1

Во Уредбата за содржината на Годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/13), во членот 2 став 1 точката 3) зборовите: „во наредната година“ се бришат.

Во точката 4) зборовите: „во наредната година“ се бришат.

Член 2

Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 42-7584/1

 Заменик на претседателот

12 август 2015 година

на Владата на Република

Скопје

Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р.