Тарифник за висината на надоместоците за организирање, координирање и спроведување постапки на селекција за вработени во јавниот сектор кои немаат статус на административни службеници

АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 18 став (3) од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14, 199/14, 48/15 и 154/15, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), директорот на Агенција за администрација донесе

ТАРИФНИК
ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ, КООРДИНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКИ НА СЕЛЕКЦИЈА ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР КОИ НЕМААТ СТАТУС НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 1

Со овој тарифник се определува висината на надоместоците за организирање, координирање и спроведување постапки на селекција за вработени во јавниот сектор кои немаат статус на административни службеници.

Член 2

За организирање, координирање и спроведување постапки на селекција за вработени во јавниот сектор кои немаат статус на административни службеници, во Агенцијата за администрација, институциите од јавниот сектор ги плаќаат следните надоместоци:

Вид на услуга

Износ

Објавување на јавен оглас на интернет страницата;

1 200.00 денари

Спроведување на административна селекција по работно
место објавено во јавниот оглас на интернет страницата;

600.00 денари

Обезбедување на термин за спроведување на испит во салата за
полагање на испити за најмногу 40 кандидати во времетраење до 120 минути;
Секоја институција која има потреба од повеќе термини
за спроведување на испити, надоместокот кој што треба да го
плати се зголемува за наведениот износ.

3.100.00 денари

Спроведување на проверка на веродотстојност на докази и интервју,
по кандидат; и

300.00 денари

Објавување на одлуката за избор на кандидат на интернет страницата.

600.00 денари

Член 3

Со денот на влегување во сила на овој тарифник, престанува да важи Тарифникот за висината на надоместоците за организирање, координирање и спроведување постапки на селекција за вработени во јавниот сектор кои немаат статус на административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 3/2016).

Член 4

Овој тарифник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 02-702/1

27 април 2018 година

Директор,

Скопје

Спасе Глигоров, с.р.