Програма за развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот под заштита во репроцентрите за 2019 година

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 7 став (5) од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 15.1.2019 година, донесе

ПРОГРАМА
ЗА РАЗВОЈ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЛОВСТВОТО И ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ДИВЕЧОТ ПОД ЗАШТИТА ВО РЕПРОЦЕНТРИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА

I

Со оваа програма се утврдува видот и обемот на активностите кои ќе се финансираат со средствата од Буџетот на Република Македонија за 2019 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 238/18), извршителите на работата, изворот и износот на средствата, како и начинот на користење на средствата за развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот под заштита во репроцентрите за 2019 година.

II

За извршување на активностите од дел I на оваа програма, се предвидени средства во Буџетот на Република Македонија за 2019 година, раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Програма 2 – Шумарство, Потпрограма 20 – Шумарство, Ставка 485 – Вложувања и нефинансиски средства, во износ од 6.000.000 денари и тоа за:

ВИД НА МЕРКА

КРИТЕРИУМ
И ВИСИНА НА ПОДДРШКА

ВКУПНО ИЗДВОЕНИ СРЕДСТВА

Финансиска поддршка за развој и унапредување на ловството

Исполнување на обврските на Владата на Република Македонија за управување на државните ловишта Лешница, Полаки, Јасен и Јасен I

А. Финансирање на трошоци за храна на дивечот

Критериум:
– потпишан договор за управување со дивечот во ловиште

Висина на поддршка:
50% од трошоците

6.000.000,00

Б. Финансирање на трошоци за изградба на ловнотехнички објекти (хранилишта, солишта, поилишта и др.).

Критериум:
– потпишан договор за управување со дивечот на ловиште

Висина на поддршка:
50% од трошоците

ВКУПНО:

6.000.000,00

III

Финансиските средства од оваа програма ги користат управувачите со дивечот во државните ловишта.

IV

Исплатата на средства се врши согласно договорот за управување со дивечот во државното ловиште потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и управувачите на државните ловишта.

V

Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 44-11614/1-18

Заменик на претседателот

15 јануари 2019 година

на Владата на Република

Скопје

Македонија,

д-р Кочо Анѓушев, с.р.