Програма за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2020 година

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 22 став 2 од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14, 177/14, 72/15, 153/15, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16 и 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 и 244/19), Владата на Република Северна Македонија, на седница, одржана на 28 декември 2019 година, донесе

ПРОГРАМА
ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ЗА 2020 ГОДИНА

1. Финансирањето за изградба и реконструкција на спортски објекти се врши согласно член 22 став 2 од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14, 177/14, 72/15, 153/15, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16 и 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 и 244/19).

Како еден од основите за финансирање во изградбата и реконструкцијата на спортските објекти, воедно и приоритети на Владата на Република Северна Македонија во дејноста спорт е обезбедување на услови за реализација на наставата по физичко воспитување во основното и средното образование, спортување и рекреација на студентите, за функција на спортските клубови и спортските федерации, како и рекреативните активности на граѓаните и спроведување на децентрализацијата на спортот. Затоа, приоритет во капиталните инвестиции од спортската инфраструктура е изградба на современи објекти за спорт и реконструкција на веќе постоечките.

Со оваа програма се планира изградба на нови и реконструкција на веќе постоечките спортски објекти, во рамките на средствата во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и врз основа на одредбите од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/19).

Средствата за реализација на оваа програма во вкупен износ од 201.760.000,00 денари се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/19), на Раздел 16101 – 15229 – 637 – 16 Агенција за млади и спорт, Програма 2 – спорт и Потпрограма 2А – спортски објекти, ставка 482 – други градежни објекти.

Опис на планирани активности и распределба на финансиски средства обезбедени со Програма 2 – спорт и Потпрограма 2А – спортски објекти:

Реден бр.

Опис

Износ во денари

1.

Изградба на спортски објекти во 2020

  • Проект ,,Изградба на пливачки базен во општина Охрид”

  • Проект ,,Изградба на 14 затворени училишни базени” – со почеток во 2020 година

  • Проект ,,Изградба на сала за боречки вештини”

  • Проект ,,Изградба на баскет игралишта”

  • Проект ,,Изнајмување на монтажни лизгалишта”

  • Проект ,,Изградба на Дом на спортови”

50.000.000,00

55.000.000,00

5.000.000,00

10.000.000,00

500.000,00

8.000.000,00

2.

Реконструкција (санација) на спортски објекти во 2020 година

  • Проект ,,Реконструкција на спортска сала во општина Неготино”

  • Проект ,,Реконструкција на фудбалски стадион во општина Велес”

  • Проект ,,Реконструкција на фудбалски стадион во општина Кавадарци”

  • Проект ,,Реконструкција на базен во Струга”

  • Реконструкција на спортска инфраструктура во општините: Кисела Вода, Битола, Илинден, Демир Капија, Гостивар – с. Чегране, Гостивар – с. Форино, хокеј арена во СЦБТ, Карпош, Кичево, Липково, Долнени и Струга.

7.000.000,00

6.000.000,00

3.000.000,00

10.000.000,00

40.510.000,00

3.

Проектирање и ревизија за изградба и реконструкција на спортски објекти и Стручно – технички надзор при изградба и реконструкција на спортски објекти;

4.000.000,00

4.

Геодетски услуги, техничка документација за проектни програми и елаборати за изградба и реконструкција на спортски објекти;

1.500.000,00

5.

Стандарден приклучок на спортски објекти со електрична енергија

1.250.000,00

Вкупно

201.760.000,00

2. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.

Бр. 45-10039/1

Претседател на Владата

28 декември 2019 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Зоран Заев, с.р