Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на категоризирани автокампови

Врз основа на член 46 став 2 од Законот за автокампови („Службен весник на Република Македонија” бр. 13/13 година), министерот за економија, донесе

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА КАТЕГОРИЗИРАНИ АВТОКАМПОВИ

Член 1

Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водење на регистарот на категоризирани автокампови.

Член 2

Регистарот на категоризирани автокампови (во натамошниот текст – Регистар ) се води во форма на тврдо вкоричена книга со димензии 430 х 300мм, со поврзани и нумерирани страници. Книгата е со темно зелени корици и на предната страна има натпис со букви со златна боја „Регистар на категоризирани автокампови”.

Член 3

Странaтa на Регистарот треба да ги содржи следните податоци: реден број; барање за категоризација (уп.бр./дата); подносител на барањето; автокамп кој се категоризира (име и адреса); решение за категоризација (уп.бр./дата); дадена категорија; решение за неисполнети услови за категоризација (уп.бр./дата); заклучок за одбивање на барањето (уп.бр./дата); потпис на лицето што извршило впишување во регистарот.

Формата и содржината на регистерот се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.

Член 4

На една страна од Регистарот може да се впишуваат податоци само за еден правен субјект. По пополнување на страната на Регистарот се отвара нова страна на која се означува страната на Регистарот од која е извршен преносот како и бројот на новата страна на Регистарот.

Регистарот се води рачно или електронски.

Член 5

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр.13-3257/7

Министер

17 септември 2013 година

за економија,

Скопје

Ваљон Сараќини , с.р.