Правилник за формата и содржината на педагошката документација и евиденција во основното училиште, како и за начинот на нивното водење

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Врз основа на член 44-ѓ став (3) и член 103 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија” бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 64/18), министерот за образование и наука донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПЕДАГОШКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ЕВИДЕНЦИЈА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ, КАКО И ЗА НАЧИНОТ НА НИВНОТО ВОДЕЊЕ

Член 1

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на педагошката документација и евиденција во основното училиште, како и начинот на нивното водење.

Член 2

Педагошката документација согласно Законот за основното образование опфаќа:
– главна книга на учениците,
– дневник на паралелката,
– евидентни листови за успехот на учениците,
– ученичка легитимација,
– ученичка книшка,
– свидетелство и
– преведница.

Дневникот на паралелката, евидентните листови за успехот на учениците, преведницата и свидетелството соодветно се водат согласно воспитно-образовните периоди од прво до трето одделение и од четврто до деветто одделение, како и за учениците во основно музичко и балетско образование.

Член 3

Главната книга на учениците се води по одделенија и содржи листови кои се во корици и се прошиваат со емственик од кои двата краја се потпечатуваат со црвен восок на внатрешната страна од задната корица на книгата.

Кориците на главната книга имаат темно црвена боја.

Главната книга на ученици се води на Образец број 1 со димензии 49 см х 34 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 4

Дневникот на паралелката за прво до трето одделение на основно училиште се води на Образец број 2 со димензии 35 см х 29 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Кориците на дневникот имаат темно црвена боја.

Член 5

Дневникот на паралелката за четврто до деветто одделение на основно училиште се води на Образец број 3 со димензии 42 см х 29,7 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Кориците на дневникот имаат црвена боја.

Член 6

Дневникот за групна настава во основното музичко и балетско образование се води на Образец број 4 со димензии 28 см х 20 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Листовите на дневникот се во корици со црвена боја и се прошиени со емственик од кои двата краја се потпечатуваат на внатрешната страница на задната корица на дневникот.

Член 7

Дневникот за индивидуална настава во основното музичко и балетско образование се води на Образец број 5 со димензии 28 см х 20 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Листовите на дневникот се во корици со окер боја и се прошиени со емственик од кои двата краја се потпечатуваат на внатрешната страница на задната корица на дневникот.

Член 8

Евидентниот лист за успехот на ученикот/ученичката од прво до трето одделение се издава на Образец број 6 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 9

Евидентниот лист за успех на ученикот/ученичката од четврто до шесто одделение се издава на Образец број 7 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 10

Евидентниот лист за успехот на ученикот/ученичката од седмо до деветто одделение се издава на Образец број 8 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 11

Евидентниот лист за успехот на ученикот/ученичката од прво до трето одделение во основното училиште во кое се реализира ИБ програма се издава на Образец број 9 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 12

Евидентниот лист за успехот на ученикот/ученичката од четврто до шесто одделение во основното училиште во кое се реализира ИБ програма се издава на Образец број 10 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 13

Евидентниот лист за успехот на ученикот/ученичката од седмо до деветто одделение во основното училиште во кое се реализира ИБ програма се издава на Образец број 11 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 14

Ученичката легитимација се издава на Образец број 12 со димензии 12,5 см х 8,5 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Кориците на ученичката легитимација имаат црвена боја.

Член 15

Ученичка книшка со постигнат успех на ученикот/ученичката на крајот од првото полугодие од прво до деветто одделение во основното училиште во кое се реализира ИБ програма се издава на Образец број 13 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 16

Свидетелството за завршено прво, второ, односно трето одделение се издава на Образец број 14 на светло зелена основа, со димензии 29,7 см х 21 см, на кој е претставен грбот на Република Северна Македонија. Образецот број 14 е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 17

Свидетелството за завршено четврто до деветто одделение се издава на Образец број 15 на светло сина основа, со димензии 29,7 см х 21 см, на кој е претставен грбот на Република Северна Македонија. Образецот број 15 е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 18

Преведницата за учениците од прво, второ, односно трето одделение се издава на Образец број 16 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 19

Преведницата за учениците од четврто до деветто одделение се издава на Образец број 17 со димензии 29,7 см х 21 см, кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Член 20

Обрасците број 14 и 15 се печатат на хартија А1-115 грамска со воден жиг и флуоросцентни влакна, а грбот на Република Северна Македонија се печати со златна фолија со заштитни знаци.

Член 21

Педагошката документација и евиденција се водат уредно, за што се грижат директорот на основното училиште, одделенскиот раководител, раководителот на паралалката, наставниците по одделни наставни предмети и стручните соработници на училиштето.

Член 22

Во педагошката документација во која е извршена погрешен упис, може да се вршат исправки.

Исправката се врши така што со црвено мастило со тенка линија се прецртува податокот што се исправа и над него, со истото мастило се испишува исправениот податок, а потоа во забелешка се внесува бројот на решението со кое се врши исправката и забелешката се заверува со печат и потпис на директорот на основното училиште.

Член 23

Педагошката документација на основните училишта се чува и тоа:
– главната книга на учениците се чува трајно и
– дневникот на паралелката, дневникот за групна настава во основното музичко и балетско образование, дневникот за индивидуална настава во основното музичко и балетско образование и преведницата се чуваат најмалку една година по завршувањето на школувањето на учениците во училиштето.

Член 24

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на педагошката документација и евиденција во основното училиште, како и начинот на нивното водење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 224/16 и 97/17).

Член 25

Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 18-4584/1

Министер за образование

15 април 2019 година

и наука,

Скопје

д-р Арбер Адеми, с.р.

Додаток: Педагошка документација и евиденција во основното училиште