Правилник за формата и содржината на барањето за донесување решение за давање дозвола за колективно управување на авторското право и сродните права

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Врз основа на член 151-а, а во врска со член 149 од Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/10 и 51/11), министерот за култура, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ ЗА ДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОЛЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

Член 1

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за донесување решение за давање дозвола за колективно управување на авторското право и сродните права, во случај на недонесување решение за давање дозвола за колективно управување, во рокот утврден во членот 149 став 1 од Законот за авторското право и сродните права.

Член 2

(1) Барањето од член 1 од овој правилник, се поднесува на Образец: „Барање за донесување решение за давање дозвола за колективно управување на авторското право и сродните права “, во А4 формат, на бела хартија, даден во Прилог, кој е составен дел на овој правилник.

(2) Образецот на барањето од став 1 на овој член содржи:
– примател на барањето – писарница на министерот за култура;
– наслов: „Барање за донесување решение за давање дозвола за колективно управување на авторското право и сродните права“;
– податоци за подносителот на барањето;
– целосен назив на подносителот на барањето;
– податоци за овластеното лице (име и презиме, функција/звање);
– адреса;
– податоци за контакт,
– краток опис на барањето;
– потпис на подносителот на барањето и
– датум и место.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 54-9025/1

8 јули 2011 година

Министер,

Скопје

м-р Елизабета Канческа – Милевска , с.р.

Додаток