Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение за категоризација на автокамп односно недонесување на решение за одбивање на барањето за категоризација на автокамп

Врз основа на член 38 став (2) од Законот за автокампови (“Службен весник на Република Македонија“ број 13/13) министерот за транспорт и врски, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АВТОКАМП ОДНОСНО НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АВТОКАМП

Член 1

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради недонесување на решение за категоризација на автокамп односно недонесување на решение за одбивање на барањето за категоризација на автокамп во рокот од член 37 став (2) од Законот за автокампови.

Член 2

(1) Барањето заради недонесување на решение за категоризација на автокамп односно недонесување на решение за одбивање на барањето за категоризација на автокамп се поднесува на образец “Барање заради недонесување на решение за категоризација на автокамп односно недонесување на решение за одбивање на барањето за категоризација на автокамп“, во А-4 формат на хартија во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник.

(2) Образецот на барањето од став (1) на овој член содржи: во горниот лев агол назив на органот до кој се поднесува барањето, место за број и датум, во средишниот дел називот на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице-подносител на барањето, седиште на правно лице односно адреса на физичкото лице-подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето и место за потпис на подносителот на барањето.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија.“

Бр.01-7460/1

 Mинистер

26 јули 2013 година

 за транспорт и врски,

Скопје

Миле Јанакиески, с.р.