Правилник за формата и содржината на барањето за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште сопственост на Република Македонија како и на барањето за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште сопственост на правни или физички лица како и потребната документација

Врз основа на член 36 став (5) од Законот за автокампови (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/13) и член 4 став (2) од Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13), министерот за транспорт и врски донесе

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АВТОКАМП ПРЕДВИДЕН НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КАКО И НА БАРАЊЕТО ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АВТОКАМП ПРЕДВИДЕН НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА ПРАВНИ ИЛИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА КАКО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Член 1

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште сопственост на Република Македонија како и на барањето за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште сопственост на правни или физички лица, како и потребната документација.

Член 2

(1) Барањето за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште сопственост на Република Македонија се поднесува на образец во А-4 формат со бела боја.

(2) Барањето од став (1) на овој член содржи:
– назив и седиште на органот до кого се поднесува;
– име и презиме на физичкото лице или назив на правното лице;
– адреса на физичкото лице или седиште на правното лице;
– датум и место на поднесување на барањето и
– име и презиме и потпис на барателот.

(3) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.

Член 3

(1) Кон барањето за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште сопственост на Република Македонија се приложуваат следните докази:
1) извод од Централен регистар на Република Македонија;
2) назив и седиште на автокампот;
3) информација за услугите кои ќе бидат предмет на работење на автокампот;
4) копија од пријавата за исполнетост на условите за работа на автокампот и започнување со работа, која е доставена до Државниот пазарен инспекторат;
5) податоци и докази за раководителите и другите вработени (свидетелство/диплома/уверение за соодветно образование и сертификат/уверение за познавање на странски јазик);
6) одобрен план за уредување на просторот за кампирање согласно Законот за автокампови;
7)договор за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија наменето за автокамп.

Член 4

(1) Барањето за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште сопственост на правни и физички лица се поднесува на образец во А-4 формат со бела боја.

(2) Барањето од став (1) на овој член содржи:
– назив и седиште на органот до кого се поднесува;
– име и презиме на физичкото лице или назив на правното лице;
– адреса на физичкото лице или седиште на правното лице;
– датум и место на поднесување на барањето и
– име и презиме и потпис на барателот.

(3) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.

Член 5

(1) Кон барањето за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште сопственост на правни или физички лица се приложуваат следните докази:
1) извод од Централен регистар на Република Македонија;
2) назив и седиште на автокампот;
3) информација за услугите кои ќе бидат предмет на работење на автокампот;
4) копија од пријавата за исполнетост на условите за работа на автокампот и започнување со работа, која е доставена до Државниот пазарен инспекторат;
5) податоци и докази за раководителите и другите вработени (свидетелство/диплома/уверение за соодветно образование и сертификат/уверение за познавање на странски јазик);
6) одобрен план за уредување на просторот за кампирање согласно Законот за автокампови;
7) одлука за давање на согласност за основање на автокамп донесена од Владата на Република Македонија;
8) предлог на категорија на автокампот;
9) извод од урбанистичко-планска документација со која е предвиден автокамп,
10) геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште со имотен лист со утврдено право на сопственост или право на закуп на градежното земјиште.

Член 6

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на барањето за категоризација на автокамп (“Службен весник на Република Македонија“ број 107/13).

Член 7

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 01-11912/1

Министер

13 декември 2013 година

за транспорт и врски,

Скопје

Миле Јанакиески , с.р.

Прилог – Барања за категоризација на автокамп предвиден на градежно земјиште