Правилник за стандардите кои треба да ги исполнат квалификуваните електронски временски жигови, стандардите кои ги содржат потврдите за квалификувана електронска препорачана достава и стандардите кои треба да ги исполнува квалификуваниот сертификат за автентичност на веб страниците

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 51 став (2), член 53 став (2) и член 55 од Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19), министерот за информатичко општество и администрација донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА СТАНДАРДИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНАТ КВАЛИФИКУВАНИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ВРЕМЕНСКИ ЖИГОВИ, СТАНДАРДИТЕ КОИ ГИ СОДРЖАТ ПОТВРДИТЕ ЗА КВАЛИФИКУВАНА ЕЛЕКТРОНСКА ПРЕПОРАЧАНА ДОСТАВА И СТАНДАРДИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА КВАЛИФИКУВАНИОТ СЕРТИФИКАТ ЗА АВТЕНТИЧНОСТ НА ВЕБ СТРАНИЦИТЕ

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат стандардите кои треба да ги исполнат квалификуваните електронски временски жигови, стандардите кои ги содржат потврдите за квалификувана електронска препорачана достава и стандардите кои треба да ги исполнува квалификуваниот сертификат за автентичност на веб страниците.

Член 2

Квалификуваните електронски временски жигови треба да се сообразни на стандардот ETSI EN 319 422.

Член 3

Потврдите за квалификувана електронска препорачана достава треба да се издадени во процедура која е сообразна на стандардот ETSI EN 319 532.

Член 4

Квалификуваниот сертификат за автентичност на веб страницата треба да ги исполнува условите и да е сообразен на стандардите:
– ETSI EN 319 411-1;
– ETSI EN 319 411-2 и
– ETSI TS 119 495.

Член 5

Квалификуваните сертификати за автентичност на веб страница содржат:
(а) показател во форма погодна за автоматска обработка, дека сертификатот е издаден како квалификуван сертификат за проверка на автентичност на веб страница;
(б) збир на податоци кои недвосмислено го претставуваат давателот на квалификуваната доверлива услуга кој го издал квалификуваниот сертификат за автентичност на веб страницата, вклучувајќи ги најмалку податоците за државата во која е основан тој давател на квалификувани услуги и тоа:
– за правно лице: името и регистрацискиот број според официјалната евиденција на правни лица во која е запишано правното лице,
– за физичко лице: името на лицето;
(в) квалификуваниот сертификат за автентичност на веб страници, во зависност од тоа на кого се издава содржи и:
– за физички лица: најмалку името на лицето на кое му е издаден сертификатот или псевдонимот. Доколку се користи псевдоним, истиот треба јасно да се наведе;
– за правни лица, најмалку името на правното лице на кое му е издаден сертификатот и единствениот матичен број на субјектот;
(г) елементи од адресата, вклучувајќи ги најмалку, градот или земјата на физичкото или правно лице на кое му е издаден сертификатот;
(д) името (имињата) на доменот (домените) со кој (кои) управува физичкото или правното лице на кое му е издаден сертификат;
(ѓ) информации за почетокот и крајот на периодот на важност на сертификатот за автентичност на веб страници;
(е) идентификациски код на сертификатот за автентичност на веб страници, кој е единствен за давателот на квалификувани доверливи услуги;
(ж) напреден електронски потпис или напреден електронски печат на давателот на квалификувани доверливи услуги кој го издал сертификатот за автентичност на веб страници;
(з) локација каде што сертификатот кој го поддржува напредниот електронски потпис или напредниот електронски печат, наведен во точката (е), без надомест;
(ѕ) локација на услугите за проверка на статусот на валидност на сертификатот кој може да се користи за проверка на валидноста на квалификуваниот сертификат за автентичност на веб-страницата.

Член 6

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 11/1-4031/9

Министер за информатичко

31 декември 2019 година

општество и администрација,

Скопје

Дамјан Манчевски, с.р.