Правилник за содржината на програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на надоместокот за полагање на ловечкиот испит и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Врз основа на член 58 став (11) од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА СОДРЖИНАТА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИОТ ИСПИТ, ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИОТ ИСПИТ И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ НА СТРУЧНАТА КОМИСИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИОТ ИСПИТ

Член 1

Co овој правилник се пропишува содржината на програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на надоместокот за полагање на ловечкиот испит како и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит.

Член 2

Програмата за полагање на ловечкиот испит се состои од следното:
1. Законот за ловството,
2. Морфологија и биологија на дивечот,
3. Одгледување, размножување и заштита на дивечот,
4. Уредување на ловишта,
5. Ловна кинологија,
6. Ловечко оружје, муниција и ловна балистика,
7. Ловење и користење на дивечот и неговите делови,
8. Ловечки трофеи,
9. Корист и штета од дивеч и на дивеч,
10. Траги од дивеч,
11. Болести на дивечот и
12. Незгоди во ловот и прва помош.

Член 3

Висината на надоместокот за полагање на ловечкиот испит изнесува 1.000,00 денари.

Член 4

Висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит изнесува 230,00 денари по член за секој кандидат кој полагал ловечки испит.

Член 5

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за содржината на програмата за полагање на ловечкиот испит и висината на трошоците на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/09 и 82/10).

Член 6

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 19-5948/2

Министер за земјоделство,

16 мај 2018 година

шумарство и водостопанство,

Скопје

Љупчо Николовски, с.р.