Правилник за содржината на договорот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Врз основа на член 20 став (2) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр. 87/13, 106/13, 137/13, 61/15 и 97/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА СОДРЖИНАТА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Член 1

Со овој правилник се пропишува содржината на договорот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

Член 2

Договорот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост содржи:
– површина на земјоделското земјиште во државна сопственост што се продава;
– катастарски податоци содржани во имотниот лист;
– состојба во која се наоѓа земјиштето (под култура или не);
– одредби со кои се утврдува дека земјоделското земјиште во државна сопственост кое е предмет на продажба не смее да се продава, да се разменува со друго земјоделско земјиште и не смее да се пренаменува во градежно земјиште во период од осум години од денот на склучувањето на договорот за продажба;
– продажна цена;
– начин на плаќање;
– услови и постапка за раскинување на договорот;
– услови и постапка за ништовност на договорот и
– други одредби согласно Законот за облигациони односи.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 22-9895/3

Министер за земјоделство,

29 септември 2015 година

 шумарство и водостопанство,

Скопје

м-р Михаил Цветков, с.р.