Правилник за престанување на важењето на Правилникот за формата и содржината на образецот на барање за почеток со работа на библиотека и за формата и содржината на образецот на барање за донесување на решение за исполнување на посебните услови за почеток со работа на библиотеката

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), министерот за култура донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК СО РАБОТА НА БИБЛИОТЕКА И ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПОСЕБНИТЕ УСЛОВИ ЗА ПОЧЕТОК СО РАБОТА НА БИБЛИОТЕКАТА

Член 1

Со овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на образецот на барање за почеток со работа на библиотека и за формата и содржината на образецот на барање за донесување на решение за исполнување на посебните услови за почеток со работа на библиотеката („Службен весник на Република Македонија“ бр. 86/11).

Член 2

Овој правилник влегува во сила од наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 58-5073/1

7 април 2016 година

Министер за култура,

Скопје

д-р Елизабета Канческа Милевска, с.р.