МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Врз основа на член 155 став (2) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) министерот за образование и наука во согласност со министерот за информатичко општество и администрација, дoнесе
ПРАВИЛНИК
ЗА ОБРАЗЕЦ НА БАРАЊЕТО ЗА НОСТРИФИКАЦИЈА И ПРИЗНАВАЊЕ НА СВИДЕТЕЛСТВО ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ СТЕКНАТО ВО СТРАНСТВО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Член 1
Со овој правилник се пропишува образецот на барањето за нострификација и признавање на свидетелство за основно образование стекнато во странство и потребната документација.
Член 2
Образецот од член 1 од овој правилник се печати на хартија со бела боја во А4 формат и е даден во Прилог број 1, кој е составен дел на овој правилник.
Образецот од став 1 на овој член содржи:
– податоци за ученикот,
– податоци за документот свидетелство за кое се поднесува барањето,
– изјава за давање согласност за обработка на лични податоци,
– име и презиме, број на лична карта/патна исправа на подносителот на барањето и
– датум на поднесување на барањето.
Член 3
Потребната документација е содржана во Прилог број 2, кој е составен дел на овој правилник.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Бр.12/2-3491/2 | Бр. 12-12009/1 |
1 септември 2016 година | 31 август 2016 година |
Скопје | Скопје |
Министер за информатичко | Министер за образование |
општество и администрација, | и наука, |
Марта Арсовска Томовска, с.р. | Пиштар Лутфиу, с.р. |