Правилник за образецот на барањето и потребната документација за издавање на акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во основните, односно средните училишта

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Врз основа на член 34 став (9) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) и член 24-а став (9) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14,10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16), министерот за образование и наука во согласност со министерот за информатичко општество и администрација, дoнесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА АКРЕДИТАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА НАСТАВНИЦИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАТПРЕВАРИ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ, ОДНОСНО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Член 1

Со овој правилник се пропишува образецот на барањето и потребната документација за издавање на акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во основните, односно средните училишта.

Член 2

Образецот на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во основните, односно средните училишта е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат и е даден во Прилог број 1, кој е составен дел на овој правилник.

Образецот од став 1 на овој член содржи:
– името од здружението на наставници за организирање на натпревари на учениците во основните и средните училишта, име на наставниот предмет за кој се доставува барањето и одговорното лице и
– податоци за здружението на наставници.

Член 3

Потребната документација е содржана во Прилог број 2, кој е составен дел на овој правилник.

Член 4

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 12/2-3514/2

Бр. 20-12264/1

2 септември 2016 година

2 септември 2016 година

Министер

Министер

за информатичко општество

за образование

и администрација,

и наука,

Марта Арсовска Томовска, с.р.

Пиштар Лутфиу, с.р.

Додаток: Oбразец на барањето и потребната документација за издавање на акредитација на здруженија на наставници