Правилник за начинот за прибирање и обработка на податоците, образецот на барањето и содржината и начинот на водењето на евиденцијата на автори и носители на сродните права

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Врз основа на член 195-а став (3) од Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/10, 51/11 и 147/13), министерот за култура донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА НАЧИНОТ ЗА ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕТО НА ЕВИДЕНЦИЈАТА НА АВТОРИ И НОСИТЕЛИ НА СРОДНИТЕ ПРАВА

Член 1

Со овој правилник се пропишува начинот за прибирање и обработка на податоците, образецот на барањето за запишување во евиденцијата на автори и носители на сродните права, содржината и начинот на водењето на евиденцијата на автори и носители на сродните права кои се државјани на Република Македонија, односно имаат свое седиште во Република Македонија.

Член 2

Барањето од член 1 од овој правилник, се поднесува на Образец „Барање за запишување во евиденцијата на автори и носители на сродните права“, на хартија со бела боја со А4 формат, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник.

Образецот на барањето од ставот 1 на овој член содржи:
1. назив на органот до кој се поднесува барањето;
2. наслов на барањето;
3. податоци за подносителот на барањето (автор):
– име и презиме;
– псевдоним (факултативно);
– адреса на живеење;
– вид на авторското дело.
4. податоци за подносителот на барањето (носител на сродното право) :
– име и презиме;
– псевдоним (факултативно);
– назив на правното лице (доколку носителот на сродното право е правно лице);
– адреса на живеење;
– седиште на правното лице (доколку носителот на сродното право е правно лице) ;
– вид на предметот на сродното право.
5. податоци за подносителот на барањето (состав на изведувачи):
– назив на составот;
– име и презиме на членовите на составот;
– псевдоним (факултативно);
– адреса на живеење;
– овластен претставник на членовите на составот;
– видови на изведба/и.
6. придружни документи (во копија заверена на нотар или во оргинал):
– уверение за државјанство (за автор, носител на сродното право – физичко лице и за членовите на состав на изведувачи);
– решение издадено од Централниот регистар на Република Македонија или Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица издадена од Централниот регистар на Република Македонија (за носител на сродно право – правно лице);
7. датум и место и
8. потпис на подносителот на барањето.

Член 3

Во евиденцијата за автори и за носители на сродните права, се внесуваат следните податоци:
1. реден број на уписот;
2. евидентен број и датум на поднесување на барање за воведување во евиденција;
3. податоци за подносителот на барањето (автор):
– име и презиме;
– псевдоним (факултативно);
– адреса на живеење;
– вид на авторското дело.
4. податоци за подносителот на барањето (носител на сродното право):
– име и презиме;
– псевдоним (факултативно);
– назив на правното лице;
– адреса на живеење;
– седиште на правното лице;
– вид на предметот на сродното право.
5. податоци за подносителот на барањето (состав на изведувачи):
– назив на составот;
– име и презиме на членовите на составот;
– псевдоним (факултативно);
– адреса на живеење;
– овластен претставник на членовите на составот;
– видови на изведба/и.

Во евиденцијата покрај податоците од ставот 1 на овој член, се внесуваат и сите промени на податоците.

Евиденцијата од ставот 1 на овој член се води во пишана и/или електронска форма.

Член 4

Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 57-316/3

24 март 2014 година

Министер,

Скопје

д-р Елизабета Канческа Милевска, с.р.

Додаток