Правилник за користење на фонограми

MАКЕДОНСКА МУЗИЧКА ИНДУСТРИЈА

Врз основа на член 146 од Законот за авторски и сродни права („Сл. весник на РМ“ бр. 47/96, 3/98) и член 22 од Статутот на Македонска Музичка Индустрија – Здружение на фонограмски продуценти (во натамошниот текст ММИ), Собранието на Здружението, на 22.05.2003 година, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФОНОГРАМИ

Член 1

Овој правилник ги одредува условите под кои корисниците – физичките или правните лица (во натамошниот текст: корисници) на територијата на РМ, можат да ги обавуваат следните активности:
– радиодифузно емитување и друго јавно соопштување на фонограми со снимени изведби на несценски музички дела, издадени за комерцијални цели или нивни репродукции, коишто непосредно се користат за радиодифузно емитување и друго јавно соопштување;
– кабловско реемитување на фонограмите, независно дали се работи за нивните сопствени права или правата им се пренесени од страна на другите носители на правата;
– репродуцирање на фонограми со снимени изведби на несценски музички дела – механички права;
– изнајмување на фонограми;
– јавно соопштување, односно репродуцирање делови на фонограми со снимени авторски музички дела и изведби за наставни цели; (во натамошниот текст: користење).

Член 2

Корисникот треба користењето на фонограми да го пријави во ММИ, а ММИ ќа ја утврди висината на надоместот за соодветното користење, согласно важечката Тарифа. ММИ со корисникот може да склучи и договор (во натамошниот текст: индивидуална спогодба) со којшто ќе се утврди висината на надоместокот за користење (во натамошниот текст: надомест).

ММИ има право да наплатува надоместок за користење и тогаш, кога корисникот нема да го пријави користењето и не склучи индивидуална спогодба со којашто ќе биде утврдена висината на надоместокот. Во тој случај, се применува важечката Тарифа за користење којашто претставува составен дел на овој правилник.

Член 3

Корисниците се должни во рок од 15 дена по користењето на фонограмите да достават список на сите употребени фонограми до ММИ, а во случај, кога се плаќа месечен паушал (точка 1 и 3 од член 1 од овој правилник), тие се должни списоците да ги доставуваат еднаш месечно.

Член 4

Должности на корисникот се:
– да и ги доставува на ММИ сите релевантни податоци за утврдување на висината на надоместокот;
– да го подмири утврдениот, односно договорениот износ на надоместок во одредениот рок, а корисникот кој го плаќа надоместокот паушално, мора во рокот одреден со овој правилник или индивидуалната спогодба, да ги подмирува износите на месечниот паушал;
– да исполнува и други услови, одредени за одделен начин на користење, утврдени во овој правилник или индивидуална спогодба;
– да ги почитува изведувачките и моралните права на изведувачите и сите права на производителите на фонограми.

Секое друго однесување, ММИ ќе го третира како кршење на правата на изведувачите и на производителите на фонограми.

Член 5

Корисниците не треба да пријавуваат користење на фонограми во наставата во училишта и градинки, каде што се изведува редовно школување и воспитување, ниту пак во музички училишта.

Користењето на фонограми во наставата, за којашто учесниците треба да плаќаат школарина (освен музичките училишта), корисниците мораат да го пријават најдоцна 10 работни дена пред почетокот на учебната година или на курсот, а ММИ ќе одреди еднократен надоместок за користење за времетраењето на школската година или на курсот.

Корисникот мора да го подмири надоместокот пред почетокот на наставата или на курсот, ако во индивидуалната спогодба не е утврдено поинаку.

Член 6

Добротворните приредби се ослободени од плаќање на надоместок, со тоа што организаторите мораат износот на надоместокот, којшто би морале да го платат за користењето на фонограми, во рокот одреден за плаќање на надоместокот, да го дозначат на ММИ и воедно, да наведат на која жиро-сметка ќе одат средствата за добротворни цели.

ММИ, надоместокот од претходниот став на овој член, во рок од 15 дена ќе го префрли на жиро-сметка отворена за добротворни средства.

Организаторите на добротворни приредби, мораат на ММИ, покрај списокот на употребени фонограми, да и достават и потребни докази за добротворниот карактер на приредбата.

Во случај, ако ММИ оцени дека фонограмите не биле употребени на приредбата чијшто профит е наменет исклучиво за добротворни цели, во рок од 8 дена од приемот на уплатата, го известува корисникот и му поставува дополнителен рок за доставување на потребните докази за добротворниот карактер на приредбата.

Во случај кога корисникот и во оставениот рок не ги поднесе задоволителните и веродостојните докази, или ММИ утврди дека приредбата не била до таа мера добротворна за да може корисникот да биде ослободен од плаќање на надоместот, користењето на фонограми на таа приредба ММИ ќе ја третира и пресмета како и секое друго користење.

Во случај ако ММИ утврди дека корисникот употребил само дел од средствата собрани на приредбата во добротворни цели, може корисникот да го ослободи од плаќање на само сразмерниот дел на средства што се собрани и употребени во добротворни цели.

Член 7

За добротворни приредби се сметаат:
– приредби чиј организатор е организација, регистрирана како непрофитна организација за добротворни дејности;
– приредби на коишто сите учесници настапуваат бесплатно, а организаторот за тоа поднесува соодветни докази;
– приредби за кои финансовата документација којашто организаторот мора да ја поднесе најдоцна 15 дена по приредбата, докажува дека трошоците не надминуваат 35% од сите приходи.

Член 8

ММИ може со корисниците кои се здружени во интересни заедници или здруженија, а во одделни случаи и со корисниците кои ќе ги одреди Собранието на ММИ, да склучи посебни тарифни спогодби ако тие содржат и одредби, коишто би претставувале поекономично работење на ММИ, овозможуваат посредување на подетални податоци за користење или други поволности за поефектно остварување на целите на ММИ.

Член 9

Освен при јавно емитување, кога корисникот може да избира меѓу различните начини за утврдување на надоместокот, коишто содржат различни критериуми и параметри, основа за одредување на надоместокот е приходот остварен при користење на фонограмите.

Кај начините на користење, кај коишто тешко може да се утврди непосредна или посредна имотна корист, се зема предвид трошковна пресметка на користење бруто хонорар којшто го примаат учесниците ако тој го надминува износот на други приходи (влезници или други облици на плаќање), или ако влезот е слободен, а надоместокот може да се одреди и во паушален износ.

Член 10

Измени на тарифата предлага Собранието на ММИ.

Министерството за култура ги одобрува предложените измени.

Член 11

Радиодифузните организации се должни на ММИ да и доставуваат еднаш месечно прегледи на емитуваните дела (во натамошниот текст: прегледи).

Организаторите на културно-уметнички и забавни приредби се должни на ММИ да и доставуваат преглед за тоа кои фонограми ги употребиле.

Прегледот има значење на финансиски документ, па затоа корисникот одговара за правилноста и вистинитоста на податоците коишто ги содржи истиот.

Член 12

Прегледот од претходната точка од овој правилник треба да ги содржи следните податоци:
– целосно и правилно определување на снимката
– изведувач/и
– производител на фонограмот на којшто е издадена снимката
– датум на користење.

ММИ може по потреба да им одреди на корисниците, за секое користење, а може и само за одделни начини на користење, да достават и евентуални други податоци, потребни за правилна пресметка на надоместокот и подоцнежната распределба на надоместоците.

ММИ може на корисниците да им одреди посебен образец или облик (на пример, компјутерски преглед) за пријава на употребените фонограми. Собранието на ММИ може да одлучи, на корисникот кој прегледот на употребени фонограми го доставува во облик којшто ги намалува трошоците на работата на ММИ, навремено да им признае посебен попуст.

Член 13

Корисникот мора да го пријави користењето на фонограми во ММИ, најдоцна 5 работни дена пред почетокот на користењето, ако со овој правилник или некој друг евентуален акт не е поинаку определено, а во случајот на паушално плаќање за користење, најдоцна 15 дена по користење, односно до секој 10-ти во месецот за претходниот месец.

Член 14

Заедно со податоците за употребените фонограми, корисниците мораат во рокот од претходниот член од овој правилник, да ги достават и релевантните податоци коишто ММИ ќе ги употреби како основица за пресметка на надоместокот.

Со овој правилник утврдени се три начини за определување на основицата, при што, секогаш се употребува само еден од начините. Ако основицата може да се определи на повеќе начини, истата се одредува на начинот којшто во овој правилник е наведен пред другите можни начини.

1 начин

Основицата се одредува во проценти во зависност од:
– приходот остварен при користење на фонограмите (влезници, консумација, покачена цена во моментот на користење на фонограмите)
– пресметката на трошоците на приредбата или
– бруто хонорарот на учесниците во приредбата, ако е тој поголем од приходите од приредбата.

2 начин

Во случај кога учесниците настапуваат бесплатно, ако влезот е слободен, ако не можат да се достават податоците за одредување на висината на надоместокот според претходниот став на овој член, или пак, податоците за приходот од приредбата или за хонорарите на учесниците се нереални, основицата се одредува спрема бројот на седиштата или на можните посетители, а може и по м2 од просторот за приредби, така што на 1 м2 се сметаат по 2 можни посетители; тарифата може да го одреди најмалиот број на посетители. Утврдениот или добиениот број на посетители се множи со просечната цена на влезницата за истородни или слични приредби во ист временски период.

3 начин

Во случај кога приредбата на којашто се употребуваат фонограми е целосно без приход и сите учесници настапуваат бесплатно, или пак, надоместокот е помал од најнискиот паушално утврден износ определен за одделен начин на користење и за основицата, не може да се земе ниту еден друг податок за приредба или за користење на фонограми, основицата не се одредува, туку корисникот плаќа паушален надомест одреден со тарифата за истиот начин на користење, на која фонограмот бил употребен.

Член 15

Во случај кога податоците за одредување на основицата од претходниот член на овој правилник, коишто ги доставува корисникот, не се доволни за одредување на основицата или пак, ММИ оцени дека не се веродостојни, може од корисникот да побара, во одреден рок да ги дополни податоците или да достави дополнителни докази за податоците, врз основа на кои ќе се пресмета основицата.

Ако корисникот во одредениот рок не ги дополни податоците или не достави дополнителни веродостојни докази, ММИ може да се обиде сама да ги пронајде податоците коишто би можеле да претставуваат основица. Во случај да не можат да се најдат таквите податоци, а податоците коишто ги доставил корисникот се нереални или отстапуваат од податоците карактеристични за користењето на фонограмите коишто корисникот ги пријавил, ММИ може според сопствена оценка да ја одреди висината на основицата, такашто ќе ги употреби просечните податоци за вообичаеноста на користење на фонограмите, на начинот којшто го пријавил корисникот.

Член 16

Правилникот влегува во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник на РМ“.

А.бр. 8/03

Претседател

22 мај 2003 година

на Собранието на ММИ,

Скопје

Златко Ристовски , с.р.

ТАРИФА
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФОНОГРАМИ

Тарифните ставки на одделни тарифни броеви се однесуваат на одделни начини на утврдување на основицата за плаќање на надоместокот, утврдена во члeн 14 од Правилникот за користење на фонограми, а за јавно емитување во член 9 од истиот правилник.

I. Јавно изведување со помош на фонограми

А. Концерти, забавни приредби и караоке, освен дискотеки, каде што изведувачите настапуваат на музичка основа (плеј-бек), а најмалку вокалот е отпеан во живо

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

6%

20

2.250,00 ден

Во случај изведувачите да настапуваат со целосна снимка (целосен плеј-бек), износот на надоместокот се зголемува за 25%.

Надоместокот е одреден за една приредба и се плаќа за секоја приредба одделно.

Б. Дискотеки и угостителски објекти каде што изведувачите настапуваат на музичка основа (плеј-бек), а најмалку вокалот е отпеан во живо

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

6 %

30

2.800,00 ден

Во случај изведувачите да настапуваат со целосна снимка (целосен плеј-бек), износот на надоместокот се зголемува за 25%.

Надоместокот е одреден за една приредба и се плаќа за секоја приредба одделно.

В. Повремени приредби со танци во сали за танцување или други простории, коишто не се наведени во другите тарифни броеви, со исклучок на угостителските објекти и дискотеки, без оглед на начинот на емитување на фонограмите

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

6 %

30

2.800,00 ден

Надоместокот е утврден само за една приредба и се плаќа за секоја приредба одделно.

II. Емитување со фонограми, јавно пренесување и секундарно емитување

А. Дискотеки

Надоместокот се пресметува паушално, во зависност од просечниот број работни денови во месецот, без оглед на фактичкиот број работни денови во месецот.

Број работни денови месечно

Можен број посетители

1 – 4

5 – 8

9 – 12

до 50

5.700,00ден

7.080,00ден

8.760,00ден

од 51 до 100

7.075,00ден

8.155,00ден

10.100,00ден

од 101 до 150

8.155,00ден

9.770,00ден

11.455,00ден

од 151 до 200

9.770,00ден

11.117,00ден

12.800,00ден

од 201 до 250

11.117,00ден

12.465,00ден

13.475,00ден

од 251 до 350

12.465,00ден

13.812,00ден

14.815,00ден

од 351 до 450

13.812,00ден

15.160,00ден

16.170,00ден

од 451 до 600

15.160,00ден

16.510,00ден

17.518,00ден

од 601 натаму

800,00 ден. за секои дополнителни 100 можни посетители

Број работни денови месечно

Можен број посетители

13 – 16

17 – 20

до 5010.590,00ден12.130,00ден
од 51 до 10011.790,00ден13.475,00ден
од 101 до 15013.140,00ден14.800,00ден
од 151 до 20014.485,00ден16.170,00ден
од 201 до 25015.835,00ден17.520,00ден
од 251 до 35017.180,00ден18.870,00ден
од 351 до 45018.530,00ден20.215,00ден
од 451 до 60019.880,00ден21.560,00ден
од 601 натаму800,00 ден. за секои дополнителни 100 можни посетители

Надоместокот се плаќа месечно.

Б. Угостителски објекти

Можен број посетители

Надоместок

до 50

1.350,00ден

од 51 до 100

1.880,00ден

од 101 до 150

2.700,00ден

од 151 до 200

3.500,00ден

од 201 до 250

4.550,00ден

од 251 до 300

5.350,00ден

од 301 до 350

6.150,00ден

од 351 до 450

6.700,00ден

од 451 до 550

7.750,00ден

од 551 натаму

550,00 ден. за секои дополнителни 100 можни посетители

Надоместокот се плаќа месечно и се употребува за локалите каде што употребените фонограми не ја преминуваат вообичаената разговорна гласност и за користење не може да се користи некој друг тарифен број. Во случај, гласноста на употребените фонограми да ја надминува вообичаената разговорна гласност, ако постои можност за танцување, ако фонограмите ги емитува DJ или посебен уред наменет за таа цел, за таквите денови, покрај надоместокот според тој тарифен број, се наплаќа и надоместок според тарифниот број II/A, а во случај на поинакво користење, се пресметува по тарифниот број којшто ја одредува висината на надоместокот за таквиот начин на користење.

В. Ноќни клубови

Можен број посетители

Надоместок

до 50

1.600,00ден

од 51 до 100

2.150,00ден

од 101 до 150

3.200,00ден

од 151 до 200

4.000,00ден

од 201 до 250

5.000,00ден

од 251 до 300

6.150,00ден

од 301 до 350

7.200,00ден

од 351 натаму

550,00 ден. за секои дополнителни 100 можни посетители

Надоместокот се плаќа месечно и се употребува за клубовите каде што употребените фонограми не ја надминуваат вообичаената разговорна гласност и за користење не може да се користи некој друг тарифен број. Во случај, гласноста на употребените фонограми да ја надминува вообичаената разговорна гласност, ако постои можност за танцување, ако фонограмите ги емитува DJ или посебен уред наменет за таа цел, за таквите денови, покрај надоместокот според тој тарифен број, се наплаќа и надоместокот според тарифниот број II/A, а во случај на поинакво користење, според тарифниот број којшто ја одредува висината на надоместокот за таквиот начин на користење.

Г. Танцови натпревари, ревии на мраз или слични приредби кај коишто станува збор за комбинација на различни уметнички видови и кај коишто фонограмите не се употребуваат за звучна кулиса, туку како дел од приредбата

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

7 %

30

3.350,00 ден

Надоместокот се плаќа за секоја приредба одделно.

Д. Театри

Надоместокот се плаќа за користење на непорачани фонограми коишто се изведуваат во драмско-сценски претстави како придружба, илустрација, или пак, се вклучени во драмското дело и за порачаните фонограми, за коишто изведувачите не ги пренеле правата на нарачателот, односно на корисникот.

Траење на музиката

1.

2.

3.

до 10 минути
до 20 минути
над 30 минути

1 %
2 %
3 %

8
13
17

1.150,00 ден
1.690,00 ден
2.250,00 ден

Во случај, кога фонограмите употребени во претставата, се употребени и пред почетокот на претставата, за време на паузата или по завршувањето на претставата, надоместокот се зголемува за 25 %.

Надоместокот се плаќа за секоја претстава одделно.

Во случај, фонограмите да се употребуваат пред претставата, за време на паузата или по завршувањето на претставата, а тие не се употребуваат во претставата, за секоја одделна пиеса се плаќа по 2.250.00 ден. месечно, без оглед на тоа колку пати во месецот претставата била прикажана.

Ѓ. Кина

Надоместокот се плаќа за користење на фонограми пред претставата, за време на паузата или по претставата.

Можен број посетители

Надоместок

до 300противвредност на пет влезници
од 301 напредпротиввредност на седум влезници
над 500противвредност на десет влезници

Надоместокот се плаќа за секоја претстава одделно, при што вкупниот годишен износ за одделна кино сала не смее да биде понизок од:

Можен број посетители

Надоместок

до 2008.000,00 ден
до 30012.000,00 ден
до 40016.000,00 ден
500 и повеќе20.000,00 ден

Е. Различни приредби на коишто се употребуваат фонограми

1. Прослави, академии

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

20

1.150,00 ден

2. Веселби

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

7 %

17

2.680,00 ден

3. Банкети, забави, матурски балови, свадби и други слични приредби

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

4 %

13

2.000,00 ден

4. Пречек на Нова година, прочка (карневал) и други празнични или традиционални приредби, коишто не можат да се рангираат во некои други тарифни броеви

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

8 %

31

3.350,00 ден

Ж. Школи за танцување

Се плаќа месечен паушал којшто изнесува 2.150.00 ден.

З. Модни ревии, натпревари во убавина и други слични приредби

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

3 %

15

1.600,00 ден

Ѕ. Спортски и рекреативни приредби со музика (ритмичка гимнастика, уметничко лизгање, дресурно јавање…)

Начин

1.

2.

3.

Надоместок

2 %

30

1.100,00 ден

И. Фитнес студио, рекреативен центар и други слични установи

Се плаќа месечен паушал којшто изнесува 1.350.00ден

Ј. Игралишта, стадиони, спортски сали (за фонограми коишто се употребуваат пред приредбата, за време на паузите и по приредбата)

Можен број посетители

Надоместок

до 1.000

550,00 ден

од 1.001 до 5.000

1.150,00 ден

од 5.001 до 10.000

1.690,00 ден

од 10.001 до 20.000

2.250,00 ден

од 20.001 до 30.000

10.550,00 ден

од 30.001 натаму за секои дополнителни 500 посетители уште по 1.100,00ден

Надоместокот се плаќа за секоја приредба одделно.

К. Базени, лизгалишта

1. Базени

Се плаќа месечен паушал којшто изнесува 2.650,00 ден.

2. Лизгалишта

Во случај да е потребно да се плати влезница за влез во лизгалиште, се плаќа месечен паушал во висина од 4.000,00 ден, а инаку се плаќа паушал наведен во претходната точка (базени).

Л. Артистички приредби и забавни паркови

1. Артистички приредби во циркуси

Број на седишта

Дневно

Неделно

Месечно

до 200

450,00ден

900,00ден

1.470,00ден

од 201 до 400

900,00ден

1.750,00ден

2.150,00ден

од 401 до 600

1.350,00ден

2.700,00ден

2.950,00ден

од 601 натаму

1.750,00ден

3.475,00ден

3.880,00ден

2. Забавни паркови

Број посетители

Дневно

Неделно

Месечно

до 200

215,00ден

450,00ден

890,00 ден

од 201 до 400

450,00ден

890,00ден

1.790,00ден

од 401 до 600

890,00ден

1.350,00ден

2.450,00ден

од 601 натаму

1.350,00ден

1.790,00ден

3.350,00ден

Љ. Juke box (џубокс)

Се плаќа месечен паушал во висина од 3.350,00ден

М. Интернет (сајбер) кафе

За секој компјутер поврзан во мрежа, за којшто корисникот не треба да плаќа надоместок за користење или евентуален друг надоместок, годишниот надоместок изнесува 1.600,00 ден.

Во случај кога за користењата на компјутер треба да се плати надоместок за користење или евентуален друг надоместок, за сите компјутери заедно се плаќа паушален месечен надоместок според следната пресметка:
– просечен надоместок за еден корисник-х број на работни часови, х број на работни денови во месецот, но не помалку од 500,00 ден за секој компјутер.

Н. Угостителски објекти со радио или ТВ приемник

За приемник со еден или два звучника месечниот надоместок изнесува 800,00 ден. За секој нареден звучник којшто не претставува неделлива целина со приемната единица, се плаќа дополнителен месечен надоместок во висина од 55,00 ден.

Ако корисникот има музички столб или друг сличен уред којшто содржи повеќе компоненти, односно уреди за емитување на фонограми, месечниот надоместок се одредува според тарифниот број II/Б, односно II/Б.

Њ. Кабловска ретрансмисија во хотели 10

За секој радио или ТВ приемник во соба се плаќа месечен надоместок во висина од 16,00 ден.

За радио и ТВ приемници во заеднички простории, односно просториите каде имаат пристап поголем број на луѓе, се плаќа месечен надоместок според тарифниот број II/O.

О. Трговски фирми и стоковни центри, продавници, пазари, бензински пумпи

Површина на продажниот простор

Надоместок

од 51 м2 до 100 м2

650,00 ден

од 101 м2 до 200 м2

850,00 ден

од 201 м2 до 300 м2

1.150,00 ден

од 301 м2 до 400 м2

1.450,00 ден

од 401 м2 до 500 м2

1.750,00 ден

од 501 м2 до 600 м2

1.850,00 ден

Ако површината на продажниот простор надминува 600 м2, се плаќа дополнителен надоместок:

Површина на продажниот простор

Надоместок

од 601 м2 до 1.000 м2105,00 ден за секои започнати 100 м2 дополнителен простор
од 1.001 м2 до 2.000 м2105,00 ден за секои започнати 200 м2 дополнителен простор
од 2.001 м2 до 5.000 м2105,00 ден за секои започнати 500 м2 дополнителен простор
над 5.000 м255,00 ден за секои започнати 100 м2 дополнителен простор

Надоместокот се плаќа месечно.

П. Превозни средства

1. Автобуси

a. Радио приемници

Релација

Надоместок

Градски и приградски сообраќај

55,00 ден

Меѓуградски сообраќај

80,00 ден

Меѓународен сообраќај

100,00 ден

б. Други уреди (ЦД, касетофон …)

Релација

Надоместок

Градски и приградски сообраќај

80,00 ден

Меѓуградски сообраќај

135,00 ден

Меѓународен сообраќај

190,00 ден

Ако надоместокот се пресмета според тарифниот број II/П 1b, тогаш не треба да се плаќа надоместок според тарифниот број II/П 1a.

Надоместокот се плаќа месечно.

2. Авиони и други воздушни летала

Надоместокот се плаќа во паушален годишен износ од 5.600,00 ден за секој авион или друго воздушно летало.

3. Бродови

Надоместокот се плаќа во паушален годишен износ од 10.160,00 ден.

4. Возови

Надоместокот се плаќа месечно по 250,00 ден за секој вагон.

Р. Дуќани, работилници, деловни простори, чекални и друг јавен простор

1. Дуќани и работилници

За радио или ТВ приемник се плаќа полугодишен надомест во износ од 3.350,00 ден.

Во случај на користење на грамофон, касетофон, радио-касетофон, ЦД или музички столб, се плаќа полугодишен надоместок во износ од 5.080,00 ден, но не треба да се плаќа надоместок од претходниот став на овој тарифен број.

2. Фризерски салони

За радио или ТВ приемник се плаќа полугодишен надомест во износ од 2.680,00 ден.

Во случај на користење на грамофон, касетофон, радио-касетофон, ЦД или музички столб, се плаќа полугодишен надоместок во износ од 5.350,00 ден, но не треба да се плаќа надомест од претходниот став на овој тарифен број.

3. Деловни простори со масовен достап на странки

Површина на деловниот простор

Надоместок

до 50 м2

4.000,00 ден

од 51 м2 до 100 м2

6.000,00 ден

од 101 м2 до 200 м2

8.000,00 ден

над 200 м2

11.000,00 ден

Надоместокот се плаќа еднаш годишно.

4. Деловни простори – озвучување за вработените

Површина на деловниот простор

Надоместок

до 500 м2

650,00 ден

од 501 м2 до 750 м2

1.350,00 ден

од 751 м2 до 1.000 м2

2.000,00 ден

над 1.000 м2

2.650,00 ден

Надоместокот се плаќа на три месеци.

5. Саеми

За озвучување коешто се употребува на саемскиот простор, дневниот надоместок изнесува 650,00 ден, неделниот 1.850,00 ден, месечниот 4.800,00 ден.

За користење на фонограми на одделни изложбени простори, без оглед на плаќањето на надоместокот од претходниот став, се плаќа уште 250,00 денари на ден.

6. Изложби, музеи и галерии

Неделниот надоместок изнесува 160,00 ден, месечниот 550,00 ден.

7. Чекални, станици и аеродроми

За чекалните се плаќа годишен надоместок во висина од 3.350,00 ден.

За користење на фонограми на автобуски и железнички станици, вклучувајќи ги и чекалните на тие станици, се плаќа месечен надоместок во висина од 900,00 ден.

За користење на фонограми на аеродроми се плаќа месечен надоместок во висина од 3.200,00ден.

8. Паркинзи и паркирни куќи

За паркинзи се плаќа месечен надоместок во висина од 1.100,00 ден, а за паркирни куќи – месечен надоместок во висина од 600,00 ден. за секои 100 паркинг места.

9. Лифтови

Годишниот надоместок за користење на фонограми во лифтови изнесува 1.350,00 ден. за секоја кабина.

10. Други јавни места

Плаќањето се одредува во согласност со Правилникот за користење на фонограми, чијшто составен дел е оваа тарифа и е во согласност со значењето на фонограмите за дејноста на корисникот.

С. Цркви

За јавно емитување на фонограми во цркви се плаќа годишен надоместок во висина од 4.300,00ден.

Т. Воени установи

За користење на фонограми во воени установи се плаќа месечен надоместок во износ од 1.200,00ден.

Ќ. Друго

1. Услуги по телефон

Месечниот надоместок за користење на фонограми по телефон, изнесува 4% од приходите остварени со такво користење.

У. Користење на фонограми во компјутерски мрежи

Висината на тарифата се одредува со индивидуална спогодба, а надоместокот се одредува во зависност од обемот, намената и значењето на фонограмите за дејноста на корисникот. Во случај на истовремено јавно емитување (simulcasting) или исклучиво емитување во мрежа (webcasting), се употребува тарифата утврдена за јавно емитување.

III. Радиодифузно емитување

Висината на надоместокот за јавна радиодифузија се одредува со индивидуални спогодба со радиодифузните друштва, или со спогодба со здруженија на радиодифузните друштва. Доколку таква спогодба не е склучена, висината на надоместокот се одредува со користење на еден од следните начини:

1. 4% од бруто приходот на радиодифузното друштво, остварен во изминатата година, при што месечниот надоместок претставува 1/12 од тој дел

или

2. по 3,50 ден месечно за секој слушател на одделна програма, при што минималниот месечен надоместок изнесува 50.000,00 ден месечно и по 2,25 ден. месечно за секој гледач на одделна програма, при што минималниот месечен надоместок изнесува 33.500,00 ден.

Во случај на емитување на програма по нарачка (TV on demand) надоместокот изнесува 2,5 ден месечно за секој корисник одделно, а минималниот месечен надоместок 40.000,00 ден.

Во случај на кабловско емитување, надоместокот изнесува 10,00 ден месечно за секој кориснички кабловски приклучок одделно

или

3. варијабилниот дел на месечниот надоместок којшто претставува 1/12 од 2% од бруто приходот на радиодифузната организација во изминатата календарска година и фиксниот дел на месечниот надоместок за секоја одделна програма, којшто се одредува според бројот на жителите кои живеат на подрачјето што го покрива програмата со својот сигнал (потенцијален аудиториум).

Број жители

Фиксен дел на надоместокот

до 150.000

27.000,00ден

од 150.001 до 299.999

64.000,00ден

од 300.000 до 399.999

100.500,00ден

од 400.000 до 499.999

133.500,00ден

од 500.000 до 999.999

215.000,00ден

од 1.000.000 до 1.499.000

268.000,00ден

над 1.500.000

400.000,00ден

IV. Изнајмување  на фонограми

За изнајмување на фонограми, дневниот надоместок изнесува 20% од надоместокот за изнајмување на секој одделен фонограм. Надоместокот за секој изнајмен фонограм не смее да биде понизок од 13,00 ден за секој ден од изнајмувањето.