Правилник за изменување на правилникот за условите за категоризација на автокампови

Врз основа на член 34 став (5) од Законот за автокампови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/13, 152/15 и 31/16), министерот за економија донесе

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УСЛОВИТЕ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АВТОКАМПОВИ

Член 1

Во Правилникот за условите за категоризација на автокампови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/14) Прилогот се заменува со нов Прилог кој е составен дел на овој правилник.

Член 2

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 13-428/2

17 мај 2016 година

Министер за економија,

Скопје

Дритон Кучи, с.р.

Прилог – Категоризација на автокампови 2016