Правилник за изменување на правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Врз основа на член 27 став 3 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15 и 7/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГОЛЕМИНАТА НА ПОВРШИНАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП

Член 1

Во Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп („Службен весник на Република Македонија” бр. 12/08, 26/12, 2/13, 158/13, 110/15, 120/15 и 129/15), во член 4 ставот 2 се менува и гласи:
„Под материјално – техничка опременост во смисла на став 1 од овој член, се подразбира трактор како основно средство за обработка на земјоделско земјиште во сопственост на понудувачот заради што треба да достави соодветен доказ (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или да достави договор за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар), односно бројот на грла добиток во сопственост на понудувачот во постапка по јавен оглас за што треба да достави потврда од овластено ветеринарно друштво.“

Во ставот 6 во алинејата 1 зборовите “0,7 хектари“ се заменуваат со зборовите “0,6 хектари“.

Алинејата 2 се менува и гласи:
„- големината на површината која може да се даде под закуп сразмерно да расте со број на грла добиток во сопственост на понудувачот, но не може да изнесува повеќе од 20 хектари на еден учесник во постапка по јавен оглас.“

Во ставот 7 зборовите: “став 5 од овој член изнесува 3,5 хектари“ се заменува со зборовите: “став 6 од овој член изнесува 3 хектари“.

Член 2

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 17 – 1779/2

Министер за земјоделство,

12 февруари 2016 година

шумарство и водостопанство,

Скопје

м-р Михаил Цветков, с.р.