Правилник за изменување на правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп

Врз основа на член 27 став 3 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15 и 98/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГОЛЕМИНАТА НА ПОВРШИНАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП

Член 1

Во Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп (“Службен весник на Република Македонија” бр. 12/08, 26/12, 2/13, 158/13 и 110/15), во членот 3 став 1 во алинејата 1 бројот “30“ се заменува со бројот “40’.

Во алинејата 3 бројот “30“ се заменува со бројот “20“.

Член 2

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Бр.22-7926/3

Министер за земјоделство,

14 јули 2015 година

шумарство и водостопанство,

Скопје

м-р Михаил Цветков, с.р.