Правилник за изменување и дополнување на правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Врз основа на член 27 став 3 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15 и 98/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГОЛЕМИНАТА НА ПОВРШИНАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП

Член 1

Во Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп (“Службен весник на Република Македонија” бр. 12/08, 26/12, 2/13 и 158/13), во членот 3 став 1 бројот „10“ се заменува со бројот „3“.

Во ставот 6 бројот „10“ се заменува со бројот „3“.

Член 2

Во членот 4 по ставот 2 се додава нов став 3 кој гласи:
“По исклучок од став 2 на овој член, за земјоделското земјиште до 3 хектари кое може да се даде во закуп на еден учесник по пат на јавен оглас, понудувачот треба да достави доказ за сопственост или договор за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште.“

Ставовите 3, 4, 5 и 6 стануваат ставови 4, 5, 6 и 7.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 22-7177/3

Министер за земјоделство,

30 јуни 2015 година

шумарство и водостопанство,

Скопје

м-р Михаил Цветков, с.р.