Правилник за изменување и дополнување на правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Врз основа на член 27 став 3 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГОЛЕМИНАТА НА ПОВРШИНАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ПОД ЗАКУП

Член 1

Во Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп („Службен весник на Република Македонија“ бр 12/08), во членот 3 став 1 зборовите: “помала од 10 хектари”, се заменуваат со зборовите: “до 10 хектари”.

Во алинејата 1 бројот „60“ се заменува со бројот „30“.

Во алинејата 2 бројот „40“ се заменува со бројот „25“.

По алинејата 2 се додаваат две нови алинеи 3 и 4 кои гласат:

– „правниот статус на понудувачот – 30 бодови; и
– видот на планираното производство – 15 бодови.“

Во став 2 по точката на крајот од реченицата се додаваат зборовите “Доколку понудувач е подружница на домашно правно лице се зема во предвид седиштето на правното лице кое ја основало подружницата“.

Во став 3 формулата се менува и гласи:
“ C = (П/Пмаx) x 25 бодови
C – број на бодови
П – понудена закупнина
Пмаx – највисока понудена закупнина”

По ставот 3 се додаваат два нови става 4 и 5 кои гласат:

„Критериумот од став 1 алинеја 3 на овој член значи дека понудувачот е регистриран вршител на земјоделска дејност и осигуреник во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како индивидуален земјоделец, трговец поединец или правно лице кои ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделското земјиште

Критериумот од став 1 алинеја 4 на овој член се однесува на понудувач кој аплицира за добивање на земјоделско земјиште во државна сопственост, за видот на планираното производството според условите од огласот.“

Ставот 4 станува став 6.

Член 2

Во членот 4 став 3 алинеја 1 бројот „15“ се заменува со бројот „50“.

Во алниејата 2 бројот „30“ се заменува со бројот „100“.

Во алинеја 3 бројот „50“ се заменува со бројот „150“.

Алинејата 4 се менува и гласи:
”за површини над 150 xа бројот/капацитетот на механизацијата сразмерно да расте со големината на површината која ќе се обработува и на секој 50 xектари планирано по еден вработен во редовен работен однос”.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”

Бр. 22-195/3

Министер за земјоделство,

14 февруари 2012 година

шумарство и водостопанство,

Скопје

Љупчо Димовски , с.р