Правилник за измени и дополнување на правилникот за распределба на авторските надоместоци

СОБРАНИЕ НА ЗАМП

Врз основа на членовите 132 ст. 2 и 144 ст. 4 и 5 од Законот за авторското право и сродните права на Република Македонија („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 140/10, 51/11. 147/13, 154/15 и 27/16), како и членовите 13, 24 и 48 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права (во понатамошниот текст ЗАМП), Собранието на ЗАМП на седницата одржана на ден 24.2.2016 година донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА АВТОРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ

Член 1

Членот 37 се менува и гласи:

Средствата на организацијата остварени од камати на вложени средства во банка и други приходи, во износ од 30% се распределуваат меѓу авторите, сразмерно на исплатата на надоместокот кои тие го оствариле согласно со податоците за користени дела од членот 135 став (1) од ЗАПСП, а во износ од 70% се распределуваат меѓу авторите, во согласност со податоците за користени дела од системот за електронска евиденција, односно во согласност со податоците од член 135 ставови (6) и (7) од ЗАПСП.

Средставата кои организацијата ги прибира од корисниците, а се пресметуваат во паушални износи и средствата кои организацијата ги прибира од кабелско реемитување авторски дела, се распределуваат меѓу авторите сразмерно на исплатата на надоместокот кои тие го оствариле во согласност со податоците за користени дела од системот за електронска евиденција односно во согласност со со податоците од член 135 ставови (6) и (7) од ЗАПСП.

Член 2

Овој Правилник за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци ќе се применува почнувајќи со распределбата на авторските надоместоци за 2015 година, што ќе биде утврдена со општата пресметка во 2016 година.

Член 3

Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци по неговото донесување согласно ЗАПСП и Статутот на ЗАМП се објавува во „Сл. весник на Република Македонија”.

Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.

Бр. 56-1-0201

Собрание на ЗАМП

25 февруари 2016 година

Претседател,

Скопје

проф. Живоин Глишиќ, с.р.