Правилник за измена и дополнување на правилникот за содржината на програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на надоместокот за полагање на ловечкиот испит и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Врз основа на член 58, став (11) од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СОДРЖИНАТА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИОТ ИСПИТ, ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИОТ ИСПИТ И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ НА СТРУЧНАТА КОМИСИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИОТ ИСПИТ

Член 1

Во Правилникот за содржината на програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на надоместокот за полагање на ловечкиот испит и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит („Службен весник на Република Македонија“ бр. 93/18), во членот 4 бројот “230,00” се заменува со бројот “125,00”.

Член 2

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 50-4873/3

Министер за земјоделство,

20 мај 2019 година

шумарство и водостопанство,

Скопје

Љупчо Николовски, с.р.