Правилник за дополнување на правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Врз основа на член 27 став 3 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11 и 95/12), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСВЕНОСТ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГОЛЕМИНАТА НА ПОВРШИНАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ВО ЗАКУП

Член 1

Во Правиникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде под закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/08 и 26/12), во членот 4 по став 2 се додава нов став 3 кој гласи:
„По исклучок на став 2 на овој член, кога се доделуваат површини над 1000 ха на еден понудувач, под материјално техничката опременост се подразбираат предвидените капацитети за соодветното земјоделско производство согласно бизнис планот, за кој пред склучување на договорот за закуп се доставува изјава од понудувачот за реализација на бизнис планот и банкарска гаранција за исполнување на бизнис планот.“

Ставот 3 станува став 4.

Член 2

Материјално техничката опременост од член 1 на овој правилник се применува и на постапки за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за кои пред влегување во сила на овој правилник не е склучен договор за закуп.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр.22–185/1

 Министер за земјоделство,

3 јануари 2013 година

шумарство и водостопанство,

Скопје

Љупчо Димовски, с.р.