Правилник за висината на надоместокот на трошоците во постапката за нострификација врз основа на направените реални трошоци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Врз основа на член 159 став (2) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15 и 30/16), министерот за образование и наука донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ НА ТРОШОЦИТЕ ВО ПОСТАПКАТA ЗА НОСТРИФИКАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА НАПРАВЕНИТЕ РЕАЛНИ ТРОШОЦИ

Член 1

Со овој правилник се пропишува висината на надоместокот на трошоците во постапката за нострификација врз основа на направените реални трошоци.

Член 2

Висината на надоместокот на трошоците во постапката за нострификација се определува во висина на направените реални трошоци и тоа за нострификација на завршено основно образование, односно за завршено одделно оделение од основното образование во странство и изнесува 2.000,00 денари.

Со износот од став 1 на овој член се покриваат направените реални трошоци во постапката за нострификација на завршено основно образование, односно за завршено одделно одделение од основното образование во странство.

Член 3

Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 20-9934/1

Министер

7 јули 2016 година

за образование и наука,

Скопје

 Пиштар Лутфиу, с.р.