Општа пресметка за распределба на прибраните авторски надоместоци по основ на право на јавно соопштување на музички несценски дела за 2018 година

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА АВТОРСКИ МУЗИЧКИ ПРАВА ЗАМП

На Втората седница одржана на ден 28.03.2019 година Собранието на Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП, врз основа на член 13 став 1 алинеја 4 од Статутот на ЗАМП, донесе

ОДЛУКА

Да се усвои Општата пресметка за распределба на прибраните авторски надоместоци по основ на право на јавно соопштување на музички несценски дела за 2018 година и истата да се објави во „Службен весник на РМ“ согласно член 144 став 8 од Законот за авторското право и сродните права на Р. Македонија.

Одлуката стапува на сила со денот на донесувањето.

Бр. 0201-125/1

 Собрание на ЗАМП

29 март 2019 година

 Претседател,

Скопје

проф. Живоин Глишиќ, с.р.

ОПШТА ПРЕСМЕТКА
ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА ПРИБРАНИТЕ АВТОРСКИ НАДОМЕСТОЦИ ПО ОСНОВ НА ПРАВО НА ЈАВНО СООПШТУВАЊЕ НА МУЗИЧКИ НЕСЦЕНСКИ ДЕЛА ЗА 2018 ГОДИНА

I) Репартициони класи за јавно соопштување на музички несценски дела се:

100) РАДИО
– Приходите од Јавното претпријатие македонско радио,
– Дел од приходите од јавното пренесување т.е. јавното соопштување преку звучник, екран или друго техничко средство согласно чл. 32, 33 ст. 3 и 37 ст. 2 од Правилнокот за распределба на авторските надоместоци („Сл. весник на РМ“ бр. 141/14 и 36/16).
– Приходи од радијските кабелски мрежи.

200) КОНЦЕРТИ НА СЕРИОЗНА МУЗИКА
– Приходите од концерти на сериозна музика,

300) ТЕЛЕВИЗИЈА
– Приходите од Јавното претпријатие македонска телевизија,
– Дел од приходите од јавното пренесување т.е. јавното соопштување преку звучник, екран или друго техничко средство согласно чл. 32, 33 ст. 3 и 37 ст. 2 од Правилнокот за распределба на авторските надоместоци („Сл. весник на РМ“ бр. 141/14 и 36/16).
– Дел од приходите од телевизиските кабелски мрежи.

400) ПРИРЕДБИ
– Приходите од забави, игранки,, другарски вечери, матурски, дипломски, модни ревии, артистички и спортски натпревари и сл.

500) УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ СО ЖИВА МУЗИКА
– Приходите остварени врз оваа основа.

600) КОНЦЕРТИ НА ПОПУЛАРНА МУЗИКА
– Приходи од концертите на популарна музика.

700) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ЛОКАЛНО НИВО
– Приходите од радио и телевизиски програмиски сервиси врз ова основа,
– Дел од приходите од јавното пренесување т.е. јавното соопштување преку звучник, екран или друго техничко средство согласно чл. 32, 33 ст. 3 и 37 ст. 2 од Правилнокот за распределба на авторските надоместоци („Сл. весник на РМ“ бр. 141/14 и 36/16).
– Приходите од телевизиските и радијските кабелски мрежи.

800) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА РЕГИОНАЛНО НИВО

900) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ДРЖАВНО НИВО – РАДИЈА
– Приходите од радио програмиски сервиси врз ова основа,
– Дел од приходите од јавното пренесување т.е. јавното соопштување преку звучник, екран или друго техничко средство согласно чл. 32, 33 ст. 3 и 37 ст. 2 од Правилнокот за распределба на авторските надоместоци („Сл. весник на РМ“ бр. 141/14 и 36/16).
– Приходите од телевизиските и радијските кабелски мрежи.

910) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ДРЖАВНО НИВО – ТЕЛЕВИЗИИ
– Приходите од телевизиски програмиски сервиси врз ова основа,
– Дел од приходите од јавното пренесување т.е. јавното соопштување преку звучник, екран или друго техничко средство согласно чл. 32, 33 ст. 3 и 37 ст. 2 од Правилнокот за распределба на авторските надоместоци („Сл.весник на РМ“ бр. 141/14 и 36/16).
– Приходите од телевизиските и радијските кабелски мрежи.

II) Фондовите на сите репартициони класи се товарат со трошоците на заштитата, распределбата и останатите трошоци на заштитата во единствен процент. Овие трошоци во календарската 2018 год. изнесуваа 15% согласно член 144 став 1 точка 4 од ЗАПСП („Сл. весник на РМ“ бр. 115/10; 140/10; 51/11; 147/13; 154/15 и 27/16) и член 50 став 1 од Статутот на ЗАМП.

III) Врз основа на чл. 37 став 1 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци (Сл. Весник на РМ бр. 141/14 и 36/16) фондовите на репартиционите класи се зголемени со средствата на организацијата остварени од камати на вложени средства во банка и други приходи, во износ од 30% се распределуваат меѓу авторите, сразмерно на исплатата на надоместокот кои тие го оствариле согласно со податоците за користени дела од членот 135 став (1) од ЗАПСП а во износ од 70% се распределуваат меѓу авторите, во согласност со податоците за користени дела од системот за електронска евиденција, односно во согласност со податоците од член 135 ставови (6) и (7) од ЗАПСП.

Согласно на погоре искажаното износот од 1.607.916,00 ден. остварен од камати на вложени средства во банка и други приходи се распределува во следните репартициони класи и тоа:

100) РАДИО

448.217,79 ден.

200) КОНЦЕРТИ НА СЕРИОЗНА МУЗИКА

8.818,19 ден.

300) ТЕЛЕВИЗИЈА

147.471,92 ден.

400) ПРИРЕДБИ

303.088,26 ден.

500) УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ СО ЖИВА МУЗИКА

12.632,04 ден.

600) КОНЦЕРТИ НА ПОПУЛАРНА МУЗИКА

157.836,50 ден.

700) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ЛОКАЛНО НИВО

65.992,93 ден.

800) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА РЕГИОНАЛНО НИВО

98.041,22 ден.

900) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ДРЖАВНО НИВО – РАДИЈА

37.681,13 ден.

910) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ДРЖАВНО НИВО – ТЕЛЕВИЗИИ

328.136,02 ден.

_____________

ВКУПНО КАМАТА:

1.607.916,00 ден.

IV) Врз основа на чл. 37 став 2 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Сл. весник на РМ“ бр. 141/14 и 36/16) фондовите на репартиционите класи се зголемени со средствата кои организацијата ги прибира од корисниците, а се пресметуваат во паушални износи и средствата кои организацијата ги прибира од кабелско реемитување авторски дела, се распределуваат меѓу авторите сразмерно на исплатата на надоместокот кој тие го оствариле во согласност со податоците за користени дела од системот за електронска евиденција односно во согласност со податоците од член 135 ставови (6) и (7) од ЗАПСП.

Согласно на погоре искажаното износот кој ЗАМП го има прибрано од корисниците, а е пресметан во паушални износи изнесува 23.629.846,00 ден. а износот кој ЗАМП го има прибрано од корисниците од кабелско реемитување по основ на музички дела изнесува 29.249.620,00 ден.

V) За делата за кои авторските надоместоци кои по истекот на три години не се распределени, се распределуваат во вонредни приходи и се вклучени во системот на распределба во фондовите на репартиционите класи 700, 800 и 900 и се зголемени за 5.608.858,00 ден.

VI) Авторските надоместици за заштитени дела во репартиционите класи РАДИО, КОНЦЕРТИ НА СЕРИОЗНА МУЗИКА, ТЕЛЕВИЗИЈА, КОМЕРЦИЈАЛНИ РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ СТАНИЦИ НА ЛОКАЛНО, РЕГИОНАЛНО И ДРЖАВНО НИВО пресметани се по основ на вредност од еден поен.

Вредноста на еден поен утврдена е така што нето паричниот фонд на секоја од наведените репартициони класи е добиен по претходно наведена постапка, поделен со вкупниот фонд на поени на секоја репартициона класа, кои се добиени со обработка на податоците за емитувани и изведени музички несценски дела од соодветени програми.

VII) Авторските надоместоци за заштитените дела во репартиционите класи ПРИРЕДБИ, УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ СО ЖИВА МУЗИКА И КОНЦЕРТИ НА ПОПУЛАРНА МУЗИКА, пресметани се така што наплатениот авторски надомест за секој програм во поединечната репартициона класа распределен е на автори чии дела се јавуваат во тој програм сразмерно траењето на нивното изведување.

I. УТВРДЕНИ НЕТО ПАРИЧНИ ФОНДОВИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА ПО РЕПАРТИЦИОНИ КЛАСИ

Врз основа на Одлуката на Собранието на ЗАМП бр. 0201-125/1 од 29.03.2019 год. за приходите и расходите на авторските надоместоци собрани во 2018 год. по основ на мали права, како и Одлуката на Управниот одбор на ЗАМП бр. 0202-120/1 од 29.03.2019 год. утврдено е:

за 2018

за 2017

Вкупниот фонд изнесува:

89.211.914,00 ден.

84.269.004,00 ден.

Денарски депозити:

1.607.916,00 ден.

1.953.269,00 ден.

Вкупни приходи вклучени во системот на распределба постари од три години:

5.608.858,00 ден

5.155.632,00 ден.

         _________________________________________________________________

ВКУПЕН ФОНД ЗА РАСПРЕДЕЛБА ИЗНЕСУВА:

96.428.688,00 ден.

91.377.905,00 ден.

II. ПРЕСМЕТКА НА АВТОРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ ЗА РЕПАРТИЦИОНИТЕ КЛАСИ РАДИО 100), КОНЦЕРТИ (С) 200), ТЕЛЕВИЗИЈА 300), ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ЛОКАЛНО НИВА 700), ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА РЕГИОНАЛНО НИВО 800), ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ДРЖАВНО НИВО – РАДИЈА 900) И ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ДРЖАВНО НИВО – ТЕЛЕВИЗИИ 910).

Врз основа на утврдените нето парични фондови и поени на фондовите, пресметана е вредноста на еден поен во наведените репартициони класи:

100) РАДИО
Со поделбата на нето паричниот фонд од оваа репартициона класа во износ од

17.551.973,00 ден. во 2018 год. и

8.342.398,00 ден. во 2017 год. со вкупен фонд на поени по овој основ, утврдена е

за 2018 год. вредност на 1 (еден) поен

41.61 ден.

за 2017 год. вредност на 1 (еден) поен

13.62 ден.

200) КОНЦЕРТИ НА СЕРИОЗНА МУЗИКА
Со поделбата на нето паричниот фонд од оваа репартициона класа во износ од

85.722,00 ден. во 2018 год. и

59.324,00 ден. во 2017 год. со вкупен фонд на поени по овој основ, утврдена е

за 2018 год. вредност на 1 (еден) поен

0.89 ден.

за 2017 год. вредност на 1 (еден) поен

0.93 ден.

300) ТЕЛЕВИЗИЈА
Со поделбата на нето паричниот фонд од оваа репартициона класа во износ од

6.498.083,00 ден. во 2018 год. и

2.755.431,00 ден. во 2017 год. со вкупен фонд на поени по овој основ, утврдена е

за 2018 год. вредност на 1 (еден) поен

21.35 ден.

за 2017 год. вредност на 1 (еден) поен

17.41 ден.

700) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ЛОКАЛНО НИВО
Со поделбата на нето паричниот фонд од оваа репартициона класа во износ од

4.829.485,00 ден. во 2018 год. и

8.529.610,00 ден. во 2017 год. со вкупен фонд на поени по овој основ, утврдена е

за 2018 год. вредност на 1 (еден) поен

1.80 ден.

за 2017 год. вредност на 1 (еден) поен

3.24 ден.

800) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА РЕГИОНАЛНО НИВО
Со поделбата на нето паричниот фонд од оваа репартициона класа во износ од

7.152.018,00 ден. во 2018 год. и

11.627.476,00 ден. во 2017 год. со вкупен фонд на поени по овој основ, утврдена е

за 2018 год. вредност на 1 (еден) поен

3.71 ден.

за 2017 год. вредност на 1 (еден) поен

4.40 ден.

900) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ДРЖАВНО НИВО – РАДИЈА
Со поделбата на нето паричниот фонд од оваа репартициона класа во износ од

2.755.857,00 ден. во 2018 год. и

6.353.602,00 ден. во 2017 год. со вкупен фонд на поени по овој основ, утврдена е

за 2018 год. вредност на 1 (еден) поен

5.93 ден.

за 2017 год. вредност на 1 (еден) поен

10.21 ден.

910) ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА НА ДРЖАВНО НИВО – ТЕЛЕВИЗИИ
Со поделбата на нето паричниот фонд од оваа репартициона класа во износ од

14.461.969,00 ден. во 2018 год. и

13.568.753,00 ден. во 2017 год. со вкупен фонд на поени по овој основ, утврдена е

за 2018 год. вредност на 1 (еден) поен

57.07 ден.

за 2017 год. вредност на 1 (еден) поен

51.49 ден.

III. ПРЕСМЕТКА НА АВТОРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ ЗА РЕПАРТИЦИОНИТЕ КЛАСИ

400) ПРИРЕДБИ
500) УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ СО ЖИВА МУЗИКА
600) КОНЦЕРТИ НА ПОПУЛАРНА МУЗИКА

Врз основа на утврдениот нето фонд, како и одлуката за оваа општа пресметка пресметани се авторските надоместоци на горе наведените класи како и вредноста на факторите и тоа:

Износ:

вредност на фактор:

400) ПРИРЕДБИ

за 2018 год.

8.656.623,00 ден.

1.23

за 2017 год.

7.991.047,00 ден.

1.24

500) УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ СО ЖИВА МУЗИКА

за 2018 год.

377.204,00 ден.

1.40

за 2017 год.

322.903,00 ден.

3.34

600) КОНЦЕРТИ НА ПОПУЛАРНА МУЗИКА

за 2018 год.

2.118.758,00 ден.

0.89

за 2017 год.

1.253.164,00 ден

0.90

Према наведените пресметки да се изврши поединечна пресметка и исплата на авторските надоместоци на домашните и странските автори и носители на авторски права за 2018 год.

Бр. 02-130/1

 Собрание на ЗАМП

29 март 2019 година

  Претседател,

Скопје

  проф. Живоин Глишиќ, с.р.