Одлука за формирање на работни групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), а во врска со член 45-а од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/01, 98/02, 9/03, 47/03, 64/03, 67/03, 51/06, 5/07, 15/07, 26/07, 30/07, 58/07, 105/07, 116/07, 129/07, 157/07, 29/08, 51/08, 86/08, 114/08, 42/09, 62/09, 141/09, 162/09, 40/10, 83/10, 166/10, 172/10, 95/11, 151/11, 170/11, 67/13, 145/14, 62/15, 41/16, 153/16 и 113/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 9 јули 2019 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИ ГРУПИ ЗА ПОДГОТОВКА НА НАЦИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА И ПОДГОТОВКА НА ПРЕГОВАРАЧКИТЕ ПОЗИЦИИ ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Член 1

Со оваа одлука, како помошни тела на Работниот комитет за европска интеграција, се формираат работни групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија (во натамошниот текст: Работните групи).

Член 2

Работните групи:
– ги планираат активностите и определуваат предлог-приоритети за превод и усогласување со правото на Европската Унија;
– го подготвуваат делот од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (во натамошниот текст: НПАА) кој се однесува на поглавјето за кое се надлежни и го усогласуваат со другите делови од НПАА, како и со приоритетите за користење на странска помош;
– прават проценка на трошоците и потребните ресурси за градење на капацитетите за спроведување на преземените обврски од преговорите;
– го следат и редовно го ажурираат делот од НПАА кој се однесува на поглавјето за кое се надлежни;
– прават проценка на потребните ресурси (човечки, материјални, технички и др.) за градење на капацитетите за спроведување на законодавството;
– поднесуваат извештаи за спроведувањето на соодветните поглавја од Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија до Работниот комитет за европска интеграција и до Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија;
– даваат препораки за предлозите на законите и на подзаконските акти со кои се врши усогласување со правото на Европската Унија кои спаѓаат во нивното поглавје до предлагачот, до Секретаријатот за европски прашања и до Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија;
– ги подготвуваат нацрт-преговарачките позиции на Република Северна Македонија во процесот на преговарање со Европската Унија и ги поднесуваат до Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, како и до главниот политички преговарач и главниот технички преговарач за натамошно постапување;
– вршат стручна консултација за терминологија при подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија во поглавјето за кое се надлежни и
– вршат и други работи кои како насоки ги добиваат од Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија или од Државната делегација за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Член 3

За секое поглавје за преговори се образува посебна работна група.

За политичкиот, економскиот и административниот критериум за пристапување во членство во Европската Унија се образуваат посебни работни групи.

За стручна консултација за терминологија за правото на Европската Унија се образува посебна работна група.

За секоја работна група од ставовите 1, 2 и 3 на овој член се определува институција носител на ниво на поглавје од која се определува раководителот на работната група.

За секое подрачје во рамките на поглавјето се определува институција носител на ниво на подрачје од која се определува одговорното лице по подрачје.

Член 4

Се формираат следните работни групи:

1. Работна група – Поглавје 1: СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ, за која група институција носител е Министерството за економија, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за култура
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за здравство
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за економија – Биро за метрологија
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
– Институт за акредитацијана Република Северна Македонија.

Подрачја на работната група:

– ОПШТИ ПРИНЦИПИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Министерство за култура
– Министерство за правда
– Министерство за економија – Биро за метрологија
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за економија – Државен инспекторат за техничка инспекција
– Агенција за лекови и медицински средства
– Агенција за храна и ветеринарство.

– ХОРИЗОНТАЛНИ МЕРКИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за култура
– Министерство за економија – Биро за метрологија
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за економија – Државен инспекторат за техничка инспекција
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
– Институт за акредитација на Република Северна Македонија
– Агенција за храна и ветеринарство
– Агенција за лекови и медицински средства.

– СТАР ПРИОД НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ПРОИЗВОДИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за економија – Биро за метрологија
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Агенција за лекови и медицински средства
– Агенција за храна и ветеринарство
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија.

– НОВ И ГЛОБАЛЕН ПРИОД НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ПРОИЗВОДИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за економија – Биро за метрологија
– Агенција за лекови и медицински средства
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
– Институт за акредитација на Република Северна Македонија
– Агенција за храна и ветеринарство.

– ПРОЦЕДУРАЛНИ МЕРКИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за култура.

2. Работна група – Поглавје 2: СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА РАБОТНИЦИ, за која група институција носител е Министерството за труд и социјална политика, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
– Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

Подрачја на работната група

– ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУД (ОПШТИ ПРИНЦИПИ) – ЕУРЕС за кое подрачје институција носител е Министерството за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија- Агенција за вработување на Република Северна Македонија

– ЕУРЕС за кое подрачје институција носител е Министерството за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за надворешни работи
– Министерство за здравство
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија
– Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

– КООРДИНАЦИЈА НА СИСТЕМИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за надворешни работи
– Министерство за здравство
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
– Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

– ЕВРОПСКА КАРТИЧКА ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за здравство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за здравство
– Министерство за надворешни
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
– Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

3. Работна група – Поглавје 3: ПРАВО НА ОСНОВАЊЕ И СЛОБОДА НА ДАВАЊЕ УСЛУГИ, за која работна група институција носител е Министерството за економија, а во која ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Подрачја на работната група

– ПРАВО НА ОСНОВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Централен регистар на Република Северна Македонија
– Министерство за правда.

– СЛОБОДА НА ДАВАЊЕ НА УСЛУГИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за здравство
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за образование и наука
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за култура
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Министерство за финансии
– Агенција за супервизија на осигурувањето
– Агенција за катастар на недвижности
– Агенција за храна и ветеринарство.

– ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ за кое подрачје институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Агенција за пошти.

– ВЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ за кое подрачје институција носител е Министерството за образование и наука, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за правда
– Министерство за финансии
– Министерство за здравство
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за култура
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Министерство за одбрана
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Министерство за образование и наука – Биро за развој на образованието
– Агенција за храна и ветеринарство
– Центар за стручно образование и обука.

4. Работна група – Поглавје 4: СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛ, за која работна група институција носител е Министерството за финансии, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за финансии – Државен девизен инспекторат
– Централен регистар на Република Северна Македонија
– Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Подрачја на работната група

– ДВИЖЕЊА НА КАПИТАЛ И ИСПЛАТИ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Државен девизен инспекторат
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Централен регистар на Република Северна Македонија.

– СИСТЕМИ НА ИСПЛАТА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија- Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

– СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
– Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање.

5. Работна група – Поглавје 5: ЈАВНИ НАБАВКИ, за која работна група институција носител е Министерството за финансии, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Државен завод за ревизија.

Подрачја на работната група

– ОПШТИ ПРИНЦИПИ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии – Биро за јавни набавки, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за економија
– Државна комисија за жалби по јавни набавки
– Државен завод за ревизија.

– КОНЦЕСИИ И ДРУГИ ВИДОВИ НА ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за финансии – Биро за јавни набавки
– Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
– Државна комисија за жалби по јавни набавки
– Државен завод за ревизија.

– ДОДЕЛУВАЊЕ ЈАВНИ ДОГОВОРИ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии – Биро за јавни набавки, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за економија
– Државен завод за ревизија
– Државна комисија за жалби по јавни набавки.

– ПРАВНИ ЛЕКОВИ за кое подрачје институција носител е Државната комисија за жалби по јавните набавки, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Биро за јавни набавки
– Државен завод за ревизија
– Државна комисија за жалби по јавни набавки.

6. Работна група – Поглавје 6: ПРАВО НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, за која работна група институција носител е Министерството за економија, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Централен регистар на Република Северна Македонија
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Подрачја на работната група

– ПРАВО НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за финансии
– Министерство за економија
– Централен регистар на Република Северна Македонија
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија
– Комисија за заштита на конкуренцијата.

– СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Централен регистар на Република Северна Македонија
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија
– Институт за овластени ревизори на Република Северна Македонија
– Совет за унапредување и надзор на ревизија.

7. Работна група – Поглавје 7: ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ, за која работна група институција носител е Државниот завод за индустриска сопственост, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за образование и наука
– Министерство за економија
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за култура
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
– Комисија за заштита на конкуренцијата
– Академија за судии и јавни обвинители.

Подрачја на работната група

– АВТОРСКО И СРОДНИ ПРАВА за кое подрачје институција носител е Министерството за култура, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Државен завод за индустриска сопственост
– Министерство за правда
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за економија
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за култура
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Државен завод за индустриска сопственост.

– ПРАВА НА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ за кое подрачје институција носител е Државниот завод за индустриска сопственост, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за култура
– Министерство за економија
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– СПРОВЕДУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Државниот завод за индустриска сопственост, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Академија за судии и јавни обвинители
– Агенција за лекови и медицински средства
– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

8. Работна група – Поглавје 8: ПОЛИТИКА ЗА КОНКУРЕНЦИЈА, за која работна група институција носител е Министерство за економија, а во која ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Комисија за заштита на конкуренцијата.

Подрачја на работната група

– АНТИТРAСТОВИ ВКЛУЧУВАЈЌИ И СПОЈУВАЊА за кое подрачје институција носител е Комисијата за заштита на конкуренцијата, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за правда
– Министерство за внатрешни работи
– Комисија за заштита на конкуренцијата

– ДРЖАВНА ПОМОШ за кое подрачје институција носител е Комисијата за заштита на конкуренцијата, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за финансии
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за образование и наука.

– ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА за кое подрачје институција носител е Комисијата за заштита на конкуренцијата, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за транспорт и врски
– Агенција за електронски комуникации
– Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
– Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
– Агенција за цивилно воздухопловство
– Агенција за пошти
– Агенција за регулирање на железничкиот сектор.

9. Работна група – Поглавје 9: ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ, за која работна група институција носител е Министерството за финансии, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за внатрешни работи
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Подрачја на работната група

– БАНКИ И ФИНАНСИСКИ КОНГЛОМЕРАТИ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Народна банка на Република Северна Македонија.

– ОСИГУРУВАЊЕ И ПРОФЕСИОНАЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Агенција за супервизија на осигурувањето, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС
– Агенција за супервизија на осигурувањето.

– ИНФРАСТРУКТУРА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПАЗАРИ за кое подрачје институција носител е Министерство за финансии.

– ПАЗАРИ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И ИНВЕСТИЦИСКИ УСЛУГИ за кое подрачје институција носител е Министерство за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

10. Работна група – Поглавје 10: ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И МЕДИУМИ, за која работна група институција носител е Министерството за информатичко општество и администрација, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедницитe
– Дирекција за заштита и спасување.

Подрачја на работната група

– ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ за кое подрачје институција носител е Министерството за информатичко општество и администрација, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Агенција за електронски комуникации
– Комисија за заштита на конкуренцијата
– Дирекција за заштита на личните податоци
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
– Центар за управување со кризи
– Дирекција за заштита и спасување.

– УСЛУГИ НА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО за кое подрачје институција носител е Министерството за информатичко општество и администрација, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за образование и наука
– Министерство за финансии
– Министерство за економија
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за култура
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Дирекција за заштита на личните податоци.

– АУДИОВИЗУЕЛНА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за информатичко општество и администрација, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за култура
– Агенција за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги
– Агенција за филм на Република Северна Македонија
– Државен завод за индустриска сопственост
– ЈРП Национална радио телевизија
– ЈП Национална радиодифузија.

11. Работна група – Поглавје 11: ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ, за која работна група институција носител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Државен инспекторат за земјоделство
– Агенција за храна и ветеринарство.

Подрачја на работната група

– ХОРИЗОНТАЛНИ ПРАШАЊА за кое подрачје институција носител е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за шумарство и ловство
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Агенција за катастар на недвижности
– Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
– Биро за стокови резерви
– Управа за хидрометеоролошки работи
– Управа за водостопанство.

– ЗАЕДНИЧКО УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ за кое подрачје институција носител е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
– Агенција за храна и ветеринарство.

– РУРАЛЕН РАЗВОЈ за кое подрачје институција носител е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за економија
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
– Агенција за храна и ветеринарство.

– ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО за кое подрачје институција носител е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ за кое подрачје институција носител е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за финансии
– Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
– Државен завод за индустриска сопственост.

12. Работна група – Поглавје 12: БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА, ВЕТЕРИНАРНА И ФИТОСАНИТАРНА ПОЛИТИКА, за која работна група институција носител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство
– Агенција за храна и ветеринарство
– Дирекција за радијациона сигурност.

Подрачја на работната група

– ОПШТО за кое подрачје институција носител е Агенција за храна и ветеринарство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за здравство
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Дирекција за радијациона сигурност.

– ВЕТЕРИНАРНА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Агенција за храна и ветеринарство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство
– Агенција за храна и ветеринарство.

– СТАВАЊЕ НА ПАЗАР НА ХРАНА, НУС-ПРОИЗВОДИ И ДОБИТОЧНА ХРАНА за кое подрачје институција носител е Агенција за храна и ветеринарство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Агенција за храна и ветеринарство.

– ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА за кое подрачје институција носител е Агенција за храна и ветеринарство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за здравство
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Агенција за храна и ветеринарство.

– ПОСЕБНИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИТОЧНА ХРАНА за кое подрачје институција носител е Агенција за храна и ветеринарство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство
– Агенција за храна и ветеринарство.

– ФИТОСАНИТАРНА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за семе и саден материјал
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за шумарство и ловство
– Агенција за храна и ветеринарство.

13. Работна група – Поглавје 13: РИБАРСТВО, за која работна група институција носител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за внатрешни работи
– Агенција за храна
– Хидробиолошки завод – Охрид.

Подрачја на работната група

– УПРАВУВАЊЕ, ИНСПЕКЦИЈА И КОНТРОЛА НА РЕСУРСИ И ФЛОТИ за кое подрачје институција носител е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за транспорт и врски – Капетанија на пристаништата
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство
– Министерство за економија
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за финансии – Царинска управа.

– СТРУКТУРНИ АКТИВНОСТИ за кое подрачје институција носител е Агенција за храна и ветеринарство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за финансии.

– ПАЗАРНА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Агенција за храна и ветеринарство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за транспорт и врски – Капетанија на пристаништата
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство
– Министерство за економија
– Министерство за финансии
– Министерство за финансии – Царинска управа.

14. Работна група – Поглавје 14: ТРАНСПОРТНА ПОЛИТИКА, за која работна група институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за животна средина и просторно планирање.

Подрачја на работната група

– ПАТЕН СООБРАЌАЈ за кое подрачје институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за транспорт и врски – Државен инспекторат за транспорт
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Јавно претпријатие за државни патишта.

– ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ за кое подрачје институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за транспорт и врски – Државен инспекторат за транспорт
– Агенција за регулирање на железничкиот сектор.

– ВНАТРЕШЕН ВОДЕН СООБРАЌАЈ за кое подрачје институција носител е Министерство за транспорт и врски – Капетанија на пристаништата, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за животна средина и просторно планирање

– КОМБИНИРАН СООБРАЌАЈ за кое подрачје институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за животна средина и просторно планирање.

– ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ за кое подрачје институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Агенција за цивилно воздухопловство.

– ДРЖАВНА ПОМОШ за кое подрачје институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Комисија за заштита на конкуренцијата.

– САТЕЛИТСКА НАВИГАЦИЈА за кое подрачје институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Агенција за цивилно воздухопловство
– Дирекција за заштита и спасување.

15. Работна група – Поглавје 15: ЕНЕРГЕТИКА, за која работна група институција носител е Министерството за економија, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за финансии
– Центар за управување со кризи
– Дирекција за заштита и спасување.

Подрачја на работната група

– БЕЗБЕДНОСТ ПРИ СНАБДУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Центар за управување со кризи
– Дирекција за заштита и спасување
– Комисија за заштита на конкуренцијата
– Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
– Агенција за енергетика на Република Северна Македонија
– Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

– ВНАТРЕШЕН ПАЗАР НА ЕНЕРГИЈА за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за транспорт и врски
– Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

– ДРЖАВНА ПОМОШ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Комисија за заштита на конкуренцијата.

– ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
– Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија.

– ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за транспорт и врски
– Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија
– Комисија за заштита на конкуренцијата
– Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

– НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Дирекција за радијациона сигурност.

– НУКЛЕАРНА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ОД РАДИЈАЦИЈА за кое подрачје институција носител е Дирекцијата за радијациона сигурност, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за економија
– Министерство за одбрана
– Дирекција за радијациона сигурност
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија.

16. Работна група – Поглавје 16: ДАНОЦИ, за која работна група институција носител е Министерството за финансии, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Министерство за финансии – Царинска управа.

Подрачја на работната група

– ИНДИРЕКТНО ОДАНОЧУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Министерство за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Министерство за финансии – Царинска управа.

– ДИРЕКТНО ОДАНОЧУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Министерство за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи.

– АДМИНИСТРАТИВНА СОРАБОТКА И МЕЃУСЕБНА ПОМОШ за кое подрачје институција носител е Министерство за финансии – Управа за јавни приходи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за финансии-Царинска управа.

– ОПЕРАТИВЕН КАПАЦИТЕТ И КОМПЈУТЕРИЗАЦИЈА за кое подрачје институција носител е Министерство за финансии – Управа за јавни приходи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Министерство за финансии – Царинска управа.

17. Работна група – Поглавје 17: ЕКОНОМСКА И МОНЕТАРНА УНИЈА, за која работна група институција носител е Министерството за финансии, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за економија.

Подрачја на работната група

– МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Народна банка на Република Северна Македонија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за финансии.

– ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за економија
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

18. Работна група – Поглавје 18: СТАТИСТИКА, за која работна група институција носител е Државен завод за статистика, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за финансии
– Министерство за економија
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија.

Подрачја на работната група

– СТАТИСТИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА за кое подрачје институција носител е Државен завод за статистика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Министерство за финансии.

– КЛАСИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРИ за кое подрачје институција носител е Државен завод за статистика.

– СТАТИСТИКА ПО СЕКТОРИ за кое подрачје институција носител е Државен завод за статистика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за здравство
– Министерство за финансии
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Царинска управа.

19. Работна група – Поглавје 19: СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ВРАБОТУВАЊЕ, за која работна група институција носител е Министерството за труд и социјална политика, а во која ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците
– Министерство за економија
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија
– Министерство за образование и наука.

Подрачја на работната група

– ТРУДОВО ПРАВО за кое подрачје институција носител е Министерство за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Министерство за економија
– Министерство за финансии
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

– ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА за кое подрачје институција носител е Министерство за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за здравство
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– ЈЗУ Институт медицина на трудот на Република Северна Македонија
– Државен инспекторат за техничка инспекција.

– СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ за кое подрачје институција носител Министерство за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

– ПОЛИТИКА НА ВРАБОТУВАЊЕ И ЕВРОПСКИОТ СОЦИЈАЛЕН ФОНД за кое подрачје институција носител е Министерство за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за финансии
– Министерство за образование и наука
– Министерство за образование и наука – Центар за стручно образование и обука
– Министерство за образование и наука – Биро за развој на образованието
– Министерство за образование и наука – Центар за образование на возрасни
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија
– Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

– СОЦИЈАЛНА ВКЛУЧЕНОСТ за кое подрачје институција носител е Министерство за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците – Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците
– Министерство за образование и наука
– Министерство за економија
– Министерство за правда
– Министерство за здравство
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија
– Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

– СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА за кое подрачје институција носител е Министерство за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
– Агенција за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

– АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА И ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ за кое подрачје институција носител е Министерство за труд и социјална политика, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците – Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците
– Министерство за здравство
– Министерство за локална самоуправа
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедницитe
– Народен правобранител на Република Северна Македонија
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија
– Комисија за заштита од дискриминација
– Агенција за остварување на правата на заедниците.

20. Работна група – Поглавје 20: ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА, за која работна група институција носител е Министерството за економија, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за економија
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за локална самоуправа
– Министерство за правда
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за финансии
– Министерство за образование и наука
– Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија
– Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија
– Комисија за заштита на конкуренцијата.

Подрачја на работната група

– ПРИНЦИПИ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за локална самоуправа – Министерство за финансии
– Министерство за образование и наука
– Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
– Државен завод за индустриска сопственост
– Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија
– Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија
– Комисија за заштита на конкуренцијата
– Фонд за иновации и технолошки развој.

– ИНСТРУМЕНТИ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за образование и наука
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за транспорт и врски
– Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
– Државен завод за индустриска сопственост.

– ПОЛИТИКИ ПО СЕКТОРИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

21. Работна група – Поглавје 21: ТРАНС-ЕВРОПСКИ МРЕЖИ, за која работна група институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за финансии
– Министерство за животна средина и просторно планирање.

Подрачја на работната група

– ТРАНС-ЕВРОПСКИ ТРАНСПОРТНИ МРЕЖИ за кое подрачје институција носител е Министерството за транспорт и врски, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за економија
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за локална самоуправа – Државен инспекторат за локална самоуправа
– Министерство за транспорт и врски – Државен инспекторат за транспорт
– Јавно претпријатие за државни патишта.

– ТРАНС-ЕВРОПСКИ ЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање.

22. Работна група – Поглавје 22: РЕГИОНАЛНА ПОЛИТИКА И КООРДИНАЦИЈА НА СТРУКТУРНИ ИНСТРУМЕНТИ, за која работна група институција носител е Министерството за финансии, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за локална самоуправа
– Секретаријат за европски прашања
– Комисија за заштита на конкуренцијата.

Подрачја на работната група

– ПРАВНА РАМКА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за локална самоуправа
– Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој
– Министерство за локална самоуправа – Државен инспекторат за локална самоуправа
– Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

– ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за локална самоуправа
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за економија
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

– АДМИНИСТРАТИВЕН КАПАЦИТЕТ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за локална самоуправа
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за економија
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој
– Секретаријат за европски прашања
– Министерство за правда
– Министерство за образование и наука
– министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Министерство за внатрешни работи.

– ПРОГРАМИРАЊЕ за кое подрачје институција носител е Секретаријат за европски прашања, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерството за финансии
– Министерство за транспорт и врски – Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за економија
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за локална самоуправа
– Секретаријат за европски прашања
– Министерство за правда
– Министерство за образование и наука
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Министерство за внатрешни работи
– Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

– СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Секретаријат за европски прашања
– Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

– ФИНАНСИСКО УПРАВУВАЊЕ И КОНТРОЛА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Секретаријат за европски прашања
– Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

23. Работна група – Поглавје 23: ПРАВОСУДСТВО И ТЕМЕЛНИ ПРАВА, за која работна група институцијата носител е Министерството за правда, а во која ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за внатрешни работи

Подрачја на работната група

– СУДСТВО за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Врховен суд на Република Северна Македонија
– Јавно обвинителство на Република Северна Македонија,
– Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
– Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија
– Државно правобранителство на Република Северна Македонија
– Академија за судии и јавни обвинители
– Судски совет на Република Северна Македонија
– Управен суд на Република Северна Македонија
– Судски буџетски совет.

– АНТИКОРУПЦИСКА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање
– Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
– Министерство за финансии – Биро за јавни набавки
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Јавно обвинителство Република Северна Македонија,
– Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
– Државна комисија за спречување на корупција
– Државен завод за ревизија
– Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
– Основен суд Скопје I
– Академија за судии и јавни обвинители.

– ТЕМЕЛНИ ПРАВА за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за труд и социјална политика
– Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
– Министерство за здравство
– Министерство за правда – Управа за извршување на санкции
– Министерство за образование и наука
– Министерство за култура
– Министерство за финансии
– Народен правобранител на Република Северна Македонија
– Агенција за остварување на праватa на заедниците
– Дирекција за заштита на лични податоци
– Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
– Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европски суд за човекови права
– Комисија за заштита од дискриминација.

– ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА ЕУ за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за надворешни работи
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за труд и социјална политика.

24. Работна група – Поглавје 24: ПРАВДА, СЛОБОДА И БЕЗБЕДНОСТ, за која работна група институцијата носител е Министерството за внатрешни работи, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за образование и наука
– Министерство за надворешни работи

Подрачја на работната група

– МИГРАЦИЈА за кое подрачје институција носител е Министерството за внатрешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за здравство
– Министерство за правда
– Министерство за образование и наука

– АЗИЛ за кое подрачје институција носител е Министерството за внатрешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за здравство
– Министерство за образование и наука
– Министерство за надворешни работи
– Управен суд на Република Северна Македонија

– ВИЗНА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за надворешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за правда.

– НАДВОРЕШНИ ГРАНИЦИ И ГРАНИЦИ НА ШЕНГЕН – ЗОНАТА за кое подрачје институција носител е Министерството за внатрешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Национален координативен центар за гранично управување
– Министерство за надворешни работи
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за транспорт и врски.

– СУДСКА СОРАБОТКА ВО КРИВИЧНИ И ГРАЃАНСКИ ПРЕДМЕТИ за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за надворешни работи
– Врховен суд на Република Северна Македонија
– Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

– ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА И БОРБА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ за кое подрачје институција носител е Министерството за внатрешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање
– Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
– Јавно обвинителство на Република Северна Македонија

– БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ за кое подрачје институција носител е Министерството за внатрешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за одбрана
– Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање
– Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
– Национален координатор за борба против тероризам и насилен екстремизам
– Агенција за национална безбедност
– Јавно обвинителство на Република Северна Македонија
– Дирекција за радијациона сигурност.

– БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ДРОГА за кое подрачје институција носител е Министерството за внатрешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за здравство
– Јавно обвинителство на Република Северна Македонија
– Агенција за лекови и медицински средства.

– ЦАРИНСКА СОРАБОТКА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии – Царинска управа, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за внатрешни работи.

– ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ЕВРОТО за кое подрачје институција носител е Министерството за внатрешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

25. Работна група – Поглавје 25: НАУКА И ИСТРАЖУВАЊЕ, за која работна група институција носител е Министерството за образование и наука, а во која ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерство за информатичко општество и администрација.

Подрачја на работната група

– ПОЛИТИКА НА ИСТРАЖУВАЊЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за образование и наука, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за финансии
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за здравство
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за одбрана
– Фонд за иновации и технолошки развој
– Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
– Државен завод за индустриска сопственост
– Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија.

– РАМКОВНИ ПРОГРАМИ за кое подрачје институција носител е Министерството за образование и наука, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за локална самоуправа
– Фонд за иновации и технолошки развој
– Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
– Државен завод за индустриска сопственост
– Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија.

– ЕВРОПСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОСТОР за кое подрачје институција носител е Министерството за образование и наука, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија.

26. Работна група – Поглавје 26: ОБРАЗОВАНИЕ И КУЛТУРА, за која работна група институција носител е Министерството за образование и наука, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедницитe
– Министерство за труд и социјална политика.

Подрачја на работната група

– ОБРАЗОВАНИЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за образование и наука, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за образование и наука – Државен просветен инспекторат
– Министерство за образование и наука – Биро за развој на образованието
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците
– Министерство за образование и наука – Државен испитен центар
– Агенција за вработување на Република Северна Македонија
– Центар за стручно образование и обука
– ЈУ Центар за образование на возрасните
– Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

– МЛАДИ за кое подрачје институција носител е Министерството за образование и наука, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците
– Агенција за млади и спорт
– Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

– КУЛТУРА за кое подрачје институција носител е Министерството за култура, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за култура
– Агенција за филм на Република Северна Македонија.

– ПРОГРАМИ НА УНИЈАТА за кое подрачје институција носител е Министерството за образование и наука, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедницитe
– Министерство за финансии
– Секретаријат за европски прашања
– Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

27. Работна група – Поглавје 27: ЖИВОТНА СРЕДИНА, за која работна група институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Дирекција за радијациона сигурност.

Подрачја на работната група

– ХОРИЗОНТАЛНО ЗАКОНОДАВСТВО за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за хидрометеоролошки работи
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Министерство за правда
– Министерство за економија
– Министерство за здравство
– Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
– Дирекција за заштита и спасување
– Центар за управување со кризи.

– KВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за хидрометеоролошки работи
– Министерство за економија
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Министерство за транспорт и врски
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Агенција за цивилно воздухопловство.

– УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за локална самоуправа
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Агенција за храна и ветеринарство.

– КВАЛИТЕТ НА ВОДАТА за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за хидрометеоролошки работи
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за водостопанство
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа
– Министерство за економија
– Министерство за внатрешни работи
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Агенција за храна и ветеринарство
– Центар за управување со кризи.

– ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за шумарство и ловство
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Агенција за храна и ветеринарство.

– КОНТРОЛА НА ИНДУСТРИСКО ЗАГАДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина- Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Дирекција за заштита и спасување
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
– Институт за акредитација на Република Северна Македонија
– Центар за управување со кризи.

– ХЕМИКАЛИИ за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна Управа
– Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Министерство за здравство
– Министерство за економија
– Агенција за храна и ветеринарство
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Дирекција за заштита и спасување
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
– Центар за управување со кризи.

– ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНИ ОРГАНИЗМИ за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за семе и саден материјал
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Агенција за храна и ветеринарство.

– БУЧАВА за кое подрачје институција носител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за економија – Државен инспекторат за техничка инспекција
– Акционерско друштво во државна сопственост М-НАВ
– Агенција за цивилно воздухопловство.

– ШУМАРСТВО за кое подрачје институција носител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за шумарство и ловство
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
– Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.

28. Работна група – Поглавје 28: ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, за која работна група институција носител е Министерството за економија, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за здравство
– Дирекција за радијациона сигурност.

Подрачја на работната група

– ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за образование и наука
– Министерство за здравство
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Агенција за храна и ветеринарство.

– ЈАВНО ЗДРАВСТВО за кое подрачје институција носител е Министерството за здравство, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за здравство
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
– Агенција за храна и ветеринарство.

29. Работна група – Поглавје 29: ЦАРИНСКА УНИЈА, за која работна група институција носител е Министерството за финансии – Царинска управа, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии.

Подрачја на работната група

– ЗАКОНОДАВСТВО ОД ОБЛАСТА НА ЦАРИНА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за економија
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Министерство за култура
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за култура – Управа за заштита на културно наследство
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за здравство.

– АДМИНИСТРАТИВЕН И ОПЕРАТИВЕН КАПАЦИТЕТ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии – Царинска управа, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за економија
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
– Министерство за култура
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Министерство за култура – Управа за заштита на културно наследство
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство
– Агенција за лекови и медицински средства
– Државен завод за индустриска сопственост
– Агенција за храна и ветеринарство
– Дирекција за радијациона сигурност.

30. Работна група – Поглавје 30: НАДВОРЕШНИ ОДНОСИ, за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
– Министерство за финансии
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за култура
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Агенција за супервизија на осигурување
– Македонска банка за обнова и развој.

– ЗАЕДНИЧКА ТРГОВСКА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за финансии.

– БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ СО ТРЕТИ ЗЕМЈИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија.
– Министерство за надворешни работи
– Министерство за финансии.

– РАЗВОЈНА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за надворешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за финансии.

– ХУМАНИТАРНА ПОМОШ за кое подрачје институција носител е Министерството за надворешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Центар за управување со кризи
– Дирекција за заштита и спасување.

31. Работна група – Поглавје 31: НАДВОРЕШНА, БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА, за која работна група институција носител е Министерството за надворешни работи, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за одбрана
– Министерство за внатрешни работи.

Подрачја на работната група

– ЕБОП за кое подрачје институција носител е Министерството за надворешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за одбрана
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање
– Национален координатор за борба против тероризам и насилен екстремизам
– Агенција за национална безбедност
– Центар за управување со кризи
– Дирекција за заштита и спасување

– ЗНБП за кое подрачје институција носител е Министерството за надворешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за одбрана
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за економија
– Министерство за правда
– Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за здравство
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Дирекција за безбедност на класифицирани информации
– Национален координатор за борба против тероризам и насилен екстремизам
– Агенција за национална безбедност.

32. Работна група – Поглавје 32: ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА, за која работна група институција носител е Министерството за финансии, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
– Министерство за финансии
– Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија
– Државен завод за ревизија
– Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
– Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

Подрачја на работната група

– JАВНА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА И НАДВОРЕШНА РЕВИЗИJА за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
– Државен завод за ревизија.

– ЗАШТИТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ЕУ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
– Министерство за внатрешни работи
– Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

33. Работна група – Поглавје 33: ФИНАНСИСКИ И БУЏЕТСКИ ОДРЕДБИ, за која работна група институција носител е Министерството за финансии, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии
– Министерство за култура
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Подрачја на работната група

– ТРАДИЦИОНАЛНИ СОПСТВЕНИ РЕСУРСИ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Државен завод за статистика
– Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

34. Работна група – Поглавје 34: ИНСТИТУЦИИ, за која работна група институција носител е Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

35. Работна група – Поглавје 35: ДРУГИ ПРАШАЊА, за која работна група институција носител е Секретаријатот за европски прашања, а во која ќе учествуваат и претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

36. Работна група – ПОЛИТИЧКИ КРИТЕРИУМИ, за која група институција носител е Секретаријатот за европски прашања, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија
– Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија
– Кабинет на претседателот на Собрание на Република Северна Македонија
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Подрачја на работната група:

– ДЕМОКРАТИЈА И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО 36..1. СОБРАНИЕ за кое подрачје институција носител е Собранието на Република Северна Македонија.

36..2. ВЛАДА за кое подрачје институција носител е Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за локална самоуправа
– Министерство за финансии
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедницитe.

36..3. ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА за кое подрачје институција носител е Министерството за информатичко општество и администрација, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
– Министерство за правда
– Министерство за правда – Државен управен инспекторат
– Министерство за финансии
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедницитe.

36..4. ПРАВОСУДСТВО за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Врховен суд на Република Северна Македонија
– Јавно обвинителство на Република Северна Македонија
– Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија
– Државно правобранителство на Република Северна Македонија
– Академија за судии и јавни обвинители
– Судски совет на Република Северна Македонија
– Судски буџетски совет.

36..5. АНТИКОРУПЦИСКА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Државна комисија за спречување на корупцијата
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање
– Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
– Јавно обвинителство на Република Северна Македонија
– Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
– Државен завод за ревизија
– Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
– Основен суд Скопје I.

– ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА НЕМНОЗИНСКИ ЗАЕДНИЦИ за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Министерство за правда – Управа за извршување на санкции
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедницитe
– Министерство за труд и социјална политика
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за надворешни работи
– Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
– Народен правобранител на Република Северна Македонија
– Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
– Агенција за унапредување на правата на заедниците.

– РЕГИОНАЛНИ ПРАШАЊА И МЕЃУНАРОДНИ ОБВРСКИ за кое подрачје институција носител е Министерството за надворешни работи, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за внатрешни работи
– Министерство за животна средина и просторно планирање
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за правда
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за финансии
– Центар за управување со кризи.

37. Работна група – ЕКОНОМСКИ КРИТЕРИУМИ, за која група институција носител е Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, а во која ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Министерството за економија.

Подрачја на работната група:

– МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ СООДВЕТНА СТАБИЛНОСТ НА ЦЕНИТЕ И ОДРЖЛИВИ ЈАВНИ ФИНАНСИИ И НАДВОРЕШНИТЕ СМЕТКИ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Народна банка на Република Северна Македонија.

– ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ЦЕНИТЕ И ТРГОВИЈАТА (РАМНОТЕЖА МЕЃУ ПОНУДАТА И ПОБАРУВАЧКАТА ПРЕКУ СЛОБОДНО ВЗАЕМНО ДЕЈСТВО НА ПАЗАРНИТЕ СИЛИ) за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Агенција за електронски комуникации
– Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

– СПОСОБНОСТ НА ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР ДА ГИ НАСОЧИ ЗАШТЕДИТЕ КОН ПРОДУКТИВНО ИНВЕСТИРАЊЕ (БАНКАРСКИ СЕКТОР, НЕБАНКАРСКИ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ) за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Народна банка на Република Северна Македонија
– Агенција за супервизија на осигурување
– Комисија за хартии од вредност
– Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

– ПРЕСТРУКТУИРАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТА И ПРЕТПРИЈАТИЈАТА (ПРИВАТИЗАЦИЈА И СТРУКТУРНИ РЕФОРМИ) за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Централен регистар на Република Северна Македонија.

– НЕПОСТОЕЊЕ НА ПОЗНАЧАЈНИ БАРИЕРИ ЗА ВЛЕЗ (ОТВОРАЊЕ НА НОВИ ФИРМИ) И ИЗЛЕЗ ОД ПАЗАРОТ (СТЕЧАЈ, ЛИКВИДАЦИЈА) за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за финансии – Царинска управа
– Централен Регистар на Република Северна Македонија.

– ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРАВНИОТ СИСТЕМ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО РЕГУЛИРАЊЕТО НА ИМОТНИТЕ ПРАВА, СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНИТЕ И ДОГОВОРИТЕ, И ЕФЕКТИВНОСТА НА СУДСКИОТ СИСТЕМ ВО ВРСКА СО ЕКОНОМСКИТЕ ПРАШАЊА за кое подрачје институција носител е Министерството за правда, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Агенција за катастар на недвижности.

– ДОВОЛНО КОЛИЧЕСТВО, ПО СООДВЕТНА ЦЕНА, НА ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ОБРАЗОВАНИЕ И ИСТРАЖУВАЊЕ И ИДЕН РАЗВОЈ НА ОВА ПОЛЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за образование и наука, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за транспорт и врски
– Министерство за финансии

– ДОВОЛНО КОЛИЧЕСТВО, ПО СООДВЕТНА ЦЕНА, НА ФИЗИЧКИ КАПИТАЛ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ИНФРАСТРУКТУРА (ЕНЕРГИЈА, ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ, ТРАНСПОРТ ИТН.) И ИДЕН РАЗВОЈ НА ОВА ПОЛЕ за кое подрачје институција носител е Министерството за финансии, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за економија
– Министерство за транспорт и врски
– Народна Банка на Република Северна Македонија
– Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.

– СТЕПЕН И ДИНАМИКА НА ТРГОВСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈАТА СО ЕУ ПРЕД ПРОШИРУВАЊЕТО (ОВА СЕ ОДНЕСУВА НА ОБЕМОТ И ПРИРОДАТА НА ДОБРАТА ШТО ВЕЌЕ СЕ ТРГУВААТ СО ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Државен завод за статистика.

– МСП И УЧЕСТВОТО НА МАЛИТЕ ФИРМИ за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следната институција:
– Државен завод за статистика.

– СТЕПЕНОТ ДО КОЈ ВЛАДИНАТА ПОЛИТИКА И ЗАКОНОДАВСТВОТО ВЛИЈААТ НА КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕКУ ТРГОВСКАТА ПОЛИТИКА, ПОЛИТИКАТА НА КОНКУРЕНЦИЈА, ДРЖАВНАТА ПОМОШ, СДИ, ПОДДРШКА ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ИТН за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Комисија за заштита на конкуренцијата.

– РЕФОРМИ ВО СЕКТОРИ НАСОЧЕНИ КОН ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА И КОНКУРЕНТНОСТА (ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ, СЕКТОР НА ПРОИЗВОДСТВО, ВКЛУЧУВАЈЌИ ДИВЕРСИФИКАЦИЈА НА ИНДУСТРИСКАТА БАЗА) за кое подрачје институција носител е Министерството за економија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

38. Работна група – АДМИНИСТРАТИВНИ КАПАЦИТЕТИ, за која работна група институција носител е Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за политички систем и односи меѓу заедницитe
– Министерство за информатичко општество и администрација.

Подрачја на работната група

– ХОРИЗОНТАЛНИ ПРАШАЊА – РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА за кое подрачје институција носител е Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за правда
– Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
– Министерство за локална самоуправа
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Агенција за администрација

– ЈАКНЕЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, а во кое ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Министерство за информатичко општество и администрација
– Секретаријат за европски прашања
– Агенција за администрација.

39. Работна група – СТРУЧНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ТЕРМИНОЛОГИЈА ЗА ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, за која работна група институција носител е Секретаријатот за европски прашања, а во која ќе учествуваат и претставници на следните институции:
– Секретаријат за законодавство
– Раководители на сите работни групи
– Институт за македонски јазик.

Член 5

Работните групи ги сочинуваат:
– член на Групата за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија;
– раководител на работната група;
– заменик на раководителот на работната група;
– членови;
– секретар на работната група и
– заменик на секретарот на работната група.

Член 6

Во сите работни групи од член 4 од оваа одлука, членуваат претставници на Секретаријатот за европски прашања, Секретаријатот за законодавство, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Државниот завод за статистика.

Во работните групи за кои како институција носител е утврден Секретаријатот за европски прашања, покрај раководителот и заменик на раководителот на работната група, се одредува и дополнителен претставник во работната група од Секретаријатот за европски прашања.

Во сите работни групи, претставникот на Секретаријатот за европски прашања е секретар на работната група.

Членовите на работните групи можат да бидат од: државните органи, службите на Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа и управни организации, правните лица на кои им е доверено вршење на јавни овластувања, регулаторните тела, правосудните органи, единиците на локалната самоуправа, деловната заедница и стопанските комори, синдикатите, академската заедница и граѓанското општество, како и други засегнати страни.

Член 7

Предлог за определување на составот на работните групи даваатглавниот политички и главниот технички преговарач, а по претходна консултација со раководното лице на институцијата носител на поглавјето, односно надлежниот министер.

Предлог за определување на претставниците на деловната заедница и стопанските комори, синдикатите, академската заедница, претставници на граѓанскиот сектор и другите засегнати страни во работните групи даваат главниот политички и главниот технички преговарач, а по претходна консултација со раководното лице на институцијата носител на поглавјето, односно надлежниот министер.

Членовите на работните групи ги определува заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен политички преговарач со решение, а по предлог на главниот технички преговарач,согласно ставовите 1 и 2 на овој член.

Член 8

Со работата на работната група раководи раководител на работната група на кого му помагаат заменикот на раководителот на работната група, секретарот на работната група и заменикот на секретарот на работната група.

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања и главен политички преговарач во согласност со главниот технички преговарач, а по претходна консултација со раководниот орган на институцијата носител за работата на работната група и предлага на Владата на Република Северна Македонија определување на раководител на работната група и заменик на раководителот на работната група, како и заменик на секретарот на работната група.

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања и главен политички преговарач во согласност со главниот технички преговарач, од редот на вработените во Секретаријатот за европски прашања и предлага на Владата на Република Северна Македонија определување на секретарот на работната група.

Член 9

Раководителот на работната група раководи со работната група во соработка со членот на Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија задолжен за координацијата на преговорите во соодветното поглавје и Секретаријатот за европски прашања.

Раководителот на работната група е одговорен за својата работа пред главниот политички преговарач, главниот технички преговарач и пред раководителот на институцијата носител определена со член 4 од оваа одлука.

Член 10

Работата на работните групи поблиску се уредува со Деловник за работа кој го донесува Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, најдоцна две недели по формирањето на работната група.

Член 11

За својата работа работните групи одговараат пред главниот политички преговарач, главниот технички преговарачи и пред раководителот на институцијата носител определена со член 4 од оваа одлука.

Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија ја следи работата на работните групи врз основа на извештаи за работата на работните групи.

Член 12

При работата на работните групи, Секретаријатот за европски прашања во координација со Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија:
– ја координира и управува работата на работните групи преку обезбедување на насоки кои го определуваат извршувањето на главните задачи на работните групи наведени во член 2 од оваа одлука;
– утврдува временска рамка, содржина, методологии и алатки за подготовка на НПАА и други прегледи;
– ја следи работата на работните групи врз основа на извештаите од работните групи за спроведување на НПАА;
– врши контрола на квалитетот на добиените материјали од работните групи, и во соработка со работните групи, врши корекција во содржината и форматот, согласно дадените насоки и методолошки упатства;
– ја чува целокупната документација подготвена од страна на работната група во електронска форма;
– врши консултација со донаторите во врска со планирањето и спроведувањето на странска помош за поддршка на приоритетите на НПАА;
– дава мислење по усогласеноста на приоритетите на НПАА со националните стратешки програми.

Член 13

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката за образување на работни групи за подготовка на националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 137/09 и 66/15).

Член 14

При формирањето на работните групи се почитува начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.

Член 15

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 45-5668/7

Претседател на Владата

9 јули 2019 година

на Република Македонија,

Скопје

Зоран Заев, с.р.