Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 24, став (1), точка 1), алинеја 16 и член 149 од Законот за енергетика (“Службен весник на РМ” бр. 96/2018 и “Службен весник на РСМ” бр. 96/2019) и член 8 од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт (“Службен весник на РСМ” бр. 103/2019 и 212/2019), а имајќи ги во предвид Законот за акцизите (“Службен весник на РСМ” бр. 108/2019, 143/2019, 225/2019 и 275/2019), Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ” бр. 44/99…198/18 и “Службен весник на РСМ” бр. 98/2019, 124/2019 и 275/2019), Законот за животната средина (“Службен весник на РМ“ бр. 53/2005… 99/18) и Уредбата за начинот на утврдување, пресметување и уплатување на надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што се плаќаат при увоз и/или производство на нафтени деривати (“Службен весник на РМ“ бр. 138/09…51/14), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 08.01.2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ МАЛОПРОДАЖНИ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ И ГОРИВА ЗА ТРАНСПОРТ

Член 1

(1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин –

68,00 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 95

– Моторен бензин –

70,00 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98

– Дизел гориво –

62,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

– Масло за горење –

51,50 (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

– Мазут М-1 НС

38,548 (денари/килограм)

(2) Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени од став (1) од овој член.

(3) Највисоките малопродажни цени формирани согласно став (1) на овој член, освен цената за мазутот М-1 НС, важат франко пумпна станица, а цената на мазутот М-1 НС важи франко склад на трговец на големо со нафтени деривати и горива за транспорт во земјата.

(4) Во највисоките малопродажни цени формирани согласно овој член содржан е данокот на додадена вредност согласно Законот за данокот за додадена вредност.

Член 2

(1) Во највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт утврдени со членот 1 од оваа Одлука, содржани се и највисоките набавни цени, кои изнесуваат:

– Моторен бензин –

28,535 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 95

– Моторен бензин –

30,276 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98

– Дизел гориво –

31,304 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

– Масло за горење –

30,925 (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

– Мазут М-1 НС

30,778 (денари/килограм)

Член 3

Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа Одлука, содржан е надоместок за трошоци за работење преку склад и трговска маржа, кој за Еуросупер БС – 95 и за Еуросупер БС – 98 е во износ од 5,600 денари/литар, за Еуродизел БС (Д-Е V) е во износ од 5,461 денари/литар, за Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е во износ од 5,493 денари/литар, додека за мазутот М-1 НС надоместокот е во износ од 1,00 денар/килограм.

Член 4

Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа Одлука, со исклучок за мазутот М-1 НС, содржан е надоместокот за транспортни трошоци од склад до бензински станици во износ од 0,75 денари/литар за сите нафтени деривати.

Член 5

Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа Одлука содржан е надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон и тоа:

– Моторен бензин –

0,080 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 95

– Моторен бензин –

0,080 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98

– Дизел гориво –

0,030 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

– Масло за горење –

0,040 (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

– Мазут М-1 НС

0,050 (денари/килограм

Член 6

Во малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа Одлука содржан е надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати и тоа:

– Моторен бензин –

0,890 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 95

– Моторен бензин –

0,890 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98

– Дизел гориво –

0,300 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

– Масло за горење –

0,300 (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

– Мазут М-1 НС

  0,740 (денари/килограм)

Член 7

Во малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа одлука акцизите кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот за акцизите, изнесуваат и тоа:

– Моторен бензин –

21,772 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 95

– Моторен бензин –

21,726 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98

– Дизел гориво –

15,121 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

– Масло за горење –

6,136 (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

– Мазут М-1 НС

0,100 (денари/килограм)

Член 8

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 00:01 часот на 09.01.2020 година и истата ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Бр. 02-33/1

8 јануари 2020 година

  Претседател,

Скопје

Марко Бислимоски, с.р.