Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2018 година

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 88, став 1 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 9.1.2018 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТ НА БОДОТ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА 2018 ГОДИНА

Член 1

Вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2018 година изнесува 76,8 денари.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува со исплата на платата за јануари 2018 година.

Бр. 44-456/1

Заменик на претседателот

9 јануари 2018 година

на Владата на Република

Скопје

Македонија,

Хазби Лика, с.р.