Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавните службеници во јавните установи за социјална заштита основани од Владата на Република Македонија за 2019 година

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 88 став 3 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 22.1.2019 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТ НА БОДОТ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ОСНОВАНИ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2019 ГОДИНА

Член 1

Вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници во јавните установи за социјална заштита основани од Владата на Република Македонија за периодот од 1.1.2019 година до 31.8.2019 година изнесува 77,24 денари, а за периодот од 1.9.2019 година до 31.12.2019 година изнесува 81,10 денари.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 45-416/1

Заменик на претседателот

22 јануари 2019 година

на Владата на Република

Скопје

Македонија,

м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.