Одлука за утврдување на висината на коморската членарина

АДВОКАТСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на одредбата од член 15, 35 и 36 од Законот за адвокатура и членовите 23, 45, 82 и 83 од Статутот на Адвокатската Комора на Република Македонија, Управниот одбор на Адвокатската Комора на Република Македонија, на седницата одржана на 29.01.2003 година ја донесе следната

ОДЛУКА
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КОМОРСКАТА ЧЛЕНАРИНА

Член 1

Висината на коморската членарина изнесува 5000,00 денари годишно.

Член 2

Коморската членарина се плаќа тримесечно.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

Адвокатска комора

на Република Македонија

Управен одбор на АКРМ