Одлука за распишување на референдум

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на членот 73 став 1 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 30 јули 2018 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА РАСПИШУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ

Член 1

Се распишува референдум за консултирање на граѓаните на целата територија на Република Македонија.

На референдумот граѓаните ќе се изјаснат за прашањето:
„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

„ЗА“

„ПРОТИВ“

Член 2

Референдумот ќе се одржи на 30 септември 2018 година.

Член 3

Референдумот ќе се спроведе на начин и по постапка утврдени со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.

Член 4

Референдумот ќе го спроведе Државната изборна комисија.

Член 5

Оваа одлука влегува во сила со нејзиното објавување во „Службен весник на Република Македонија“.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Бр. 08 – 4666/1

Претседател на Собранието

30 јули 2018 година

на Република Македонија,

Скопје

м-р Талат Џафери, с.р.