Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на членот 33 став 7 од Законот за буџетите („Службен весник на Република Македонија“ број 64/2005, 4/2008, 103/2008, 156/2009, 95/10, 180/11, 171/12, 192/15 и 167/16), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 17 декември 2019 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ПОМЕЃУ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ И ПОМЕЃУ ФОНДОВИТЕ

Член 1

Во Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, во посебниот дел во втора потколона од колоната Расходи на Основен буџет, се врши следната прераспределба на средства:

Во Разделот 04001 – Влада на Република Северна Македонија, во потпрограма 30 – Информатичка поддршка на Владата, ставката 485 – Вложувања и нефинансиски средства се намалува за 140.000.000 денари;

Во Разделот 05001 – Министерство за одбрана, во потпрограма 20 – Функционирање на АРСМ, ставката 401 – Основни плати се намалува за 17.000.000 денари и ставката 402 – Придонеси за социјално осигурување се намалува за 10.000.000 денари, потпрограма 22 – Логистика во АРСМ, ставката 423 – Материјали и ситен инвентар се намалува за 59.000.000 денари и ставката 424 – Поправки и тековно одржување се намалува за 12.000.000 денари, во потпрограма 30 – Мировни и хуманитарни мисии, ставката 426 – Други тековни расходи се намалува за 20.000.000 денари и во потпрограма ВА – Интеграција во НАТО, ставката 480 – Купување на опрема и машини се намалува за 170.000.000 денари;

Во Разделот 10002 – Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ, во потпрограма Д6 – Поддршка на инвестициони вложувања, ставката 464 – Разни трансфери се намалува за 128.000.000 денари;

Во Разделот 22001 – Државен завод за статистика, во потпрограма 30 – Програма за попис, ставката 480 – Купување на опрема и машини се намалува за 154.000.000 денари;

Во раздел 04001 – Влада на Република Северна Македонија, во потпрограма 10 – Администрација, ставката 485 – Вложувања и нефинансиски средства се зголемува за 90.000.000 денари и во потпрограма С4 – Програма за намалување на аерозагадувањето, ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС се зголемува за 620.000.000 денари.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 08-6828/1

Претседател на Собранието

17 декември 2019 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

м-р Talat Xhaferi, с.р.