Одлука за давање согласност за основање на автокамп во општина Велес

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 6 став (5) од Законот за автокампови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/13, 152/15 и 31/16), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 10.10.2017 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА АВТОКАМП ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Член 1

Со оваа одлука се дава согласност за основање на автокамп на дел од КП 108/49 КО Башино Село – вон – град на површина од 7738 м 2 , запишан во Имотен лист бр. 608 сопственост на Република Македонија.

Член 2

Минималната категорија која треба да ја исполнува автокампот е четврта категорија со една ѕвездичка.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 44-4003/1

Заменик на претседателот

10 октомври 2017 година

на Владата на Република

Скопје

Македонија,

Оливер Спасовски, с.р.