Одлука за давање согласност за основање на Автокамп “АС“, КО Мислешево Општина Струга

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 7 став (5) од Законот за автокампови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/13, 152/15 и 31/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 март 2019 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА АВТОКАМП “АС“, КО МИСЛЕШЕВО ОПШТИНА СТРУГА

Член 1

Со оваа одлука се дава согласност за основање на автокамп на дел од КП бр. 2141, КО Мислешево, викано место Езерски Лозја, на површина од 81504 м2, запишан во Имотен лист бр. 100169, сопственост на Инекс Дрим АД Струга .

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 45-1124/1

Претседател на Владата

26 март 2019 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Зоран Заев, с.р.