Одлука за давање согласност за основање на автокамп во општина Петровец

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 6 став (5) од Законот за автокампови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/13, 152/15 и 31/16), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 4.9.2018 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА АВТОКАМП ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

Член 1

Со оваа одлука се дава согласност за основање на автокамп на дел од КП бр. 91/1, КО Катланово, катастaрска култура шума, катастaрска класа 5, на површина од 19620 м2, запишан во Имотен лист бр. 1132, сопственост на Република Македонија.

Член 2

Минималната категорија која треба да ја исполнува автокампот е четврта категорија со една ѕвездичка.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 44-7262/1

Претседател на Владата

4 септември 2018 година

на Република Македонија,

Скопје

Зоран Заев, с.р.