Одлука за висината на единствениот надоместок од умножување за приватно користење

Врз основа на членот 48 став (1) од Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/10 и 51/11), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 22.10.2011 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ВИСИНАТА НА ЕДИНСТВЕНИОТ НАДОМЕСТОК ОД УМНОЖУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНО КОРИСТЕЊЕ

Член 1

Со оваа одлука се утврдува висината на единствениот надоместок од умножување за приватно користење на пишани дела, фонограми и видеограми.

Член 2

Надоместокот за тонско и/или визуелно аналогно или дигитално снимање се плаќа при прва продажба или увоз посебно за секој вид средства за тонско и/или визуелно снимање, што според декларација на производителот овозможуваат тонско и/или визуелно снимање и тоа:

1. Касетофон, магнетофон и друго соодветно средство за тонско снимање

30,00 денари

2. Видеорекордер и друго соодветно средство за визуелно снимање

210 денари

3. Средства за аудио снимање (ЦД), средства за аудио/видео снимање (ДВД), средства за снимање на минидиск (МД) и други соодветни средства за тонско и/или визуелно снимање

360 денари

4. Средства што не се исклучиво наменети за тонско и/или визуелно снимање (компјутер како компјутерска целина, хард дискови, УСБ меморија, ДВД снимачи, МП3, МП4 плејери, мобилни телефони и други средства со интегрирана меморија) и друго соодветно средство

50.00 денари.

Член 3

Надоместокот за тонско и/или визуелно аналогно или дигитално снимање се плаќа и при првата продажба или увоз на нови неснимени носачи на тон, односно на тон и слика. Надоместокот се однесува на секој посебен носач, што, според декларацијата на производителот овозможува тонско и/или визуелно снимање на дела и тоа:

1. Аналогни носачи:

Аудиокасета, видеокасета, магнетофонска лента и друг соодветен носач:

а) Носачи на тон во траење до 120 мин.

1,20 денари

б) Носачи на тон во траење над 120 мин.

2,40 денари

в) Носачи на тон и слика во траење до 180 мин.

2,40 денари

г) Носачи на тон и слика во траење над 180 мин.

3,60 денари.

2. Дигитални носачи:

(а) Аудио (ЦД), видео (ДВД), минидиск (МД) и друг соодветен носач За секоја почната 90 минута од времето на снимање

1,00 денари

б) Преносен носач со интегрирана мемориска целина, што исклучиво е наменет за визуелно снимање за:

– Носач што вклучува и меморија со капацитет до 16 ГБ

250,00 денари

– Носач со капацитет над 16 ГБ

510,00 денари

в) Носач што не е исклучиво наменет за аудио и/или визуелни снимки: Аудио податоци (ЦД), видео податоци (ДВД), компјутерски тврд диск, мемориска картичка (пр. ЦФ, СД, СДХЦ), преносен носач со интегрирана мемориска целина што не е исклучиво наменет за дигитални аудио и/или визуелни снимки (на пример: мобилен телефон, преносен комјутер) и друг соодветен носач. За секој започнат 1 ГБ мемориски капацитет 2,00 денари, но не повеќе од 1.020,00 денари.

Член 4

(1) Надоместокот за фотокопирање на пишано дело од член 12 став (2) точка 1) од Законот за авторското право и сродните права, се плаќа за прва продажба или увоз на нови средства за фотокопирање, за секое посебно средство, што според декларацијата на производителот овозможува фотокопирање или други техники за репродуцирање со ист ефект на фотокопирање (факс, печатар, фотопечатар и друго соодветно средство) и тоа:

1. До 12 фотокопии/страни во минута

200,00 денари

2. Од 13 до 36 фотокопии/страни во минута

300,00 денари

3. Над 36 фотокопии/страни во минута

500,00 денари

4. Други средства без разлика на учинокот (скенер и други)

80,00 денари

(2) Висината на надоместокот од став (1) на овој член за секое посебно средство за фотокопирање во боја е во двоен износ, од износот утврден во став (1) од овој член.

Член 5

(1) Надоместокот посебно за секој фотокопиран примерок на пишано дело од член 12 став (2) точка 1) од Законот за авторското право и сродните права, наменет за продажба на физичко лице, изработена во црно бела техника изнесува 1% од продажната цена посебно за секој фотокопиран примерок.

(2) Висината на надоместокот од став (1) на овој член посебно за секој фотокопиран примерок пишано дело во боја, наменет за продажба на физички лица е во двоен износ, од износот утврден во став (1) од овој член.

Член 6

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за висината на вкупниот надоместок за репродуцирање на авторското дело за приватно користење (“Службен весник на Република Македонија ” бр. 25/08).

Член 7

Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр.51-5667/1

 Претседател на Владата

22 октомври 2011 година

на Република Македонија,

Скопје

м-р Никола Груевски , с.р.