Одлука за алоцирање на средства од Договорот за заем за “Проект за поврзување на локални патишта”

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 155/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 148/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), а во врска со член 2 од Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 261/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 декември 2019 година, донесе

ОДЛУКА ЗА АЛОЦИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА „ПРОЕКТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА“

Член 1

Со оваа одлука се алоцираат дел од средствата од заемот за Проектот за поврзување на локални патишта во износ од 62.800.000,00 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка согласно Договорот за заем за Проектот за поврзување на локални патишта, а се наменети за градежни работи во општините и општините во градот Скопје со исклучок на Град Скопје, за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици, вклучувајќи дополнителни работи, надзор над градежните работи и проектирање.

Овие средства се дел од вкупниот износ утврден со Договорот за заем за Проектот за поврзување на локални патишта, кој изнесува 70.000.000,00 ЕВРА.

Табеларен преглед на алокации на средства по општини за Проект за поврзување на локални патишта:

Бр.

ОПШТИНА

Износ на средства
алоцирани по
општини во ЕВРА
(вклучува
градежни работи,
дополнителни работи,
надзор и проектирање)

1

АРАЧИНОВО

554,858.00

2

БЕРОВО

738,908.00

3

БИТОЛА

1,426,263.00

4

БОГДАНЦИ

598,790.00

5

БОГОВИЊЕ

721,875.00

6

БОСИЛОВО

673,554.00

7

БРВЕНИЦА

657,291.00

8

ВАЛАНДОВО

727,815.00

9

ВАСИЛЕВО

671,417.00

10

ВЕВЧАНИ

541,313.00

11

ВЕЛЕС

1,199,789.00

12

ВИНИЦА

799,150.00

13

ВРАПЧИШТЕ

711,035.00

14

ГЕВГЕЛИЈА

824,026.00

15

ГОСТИВАР

1,156,537.00

16

ГРАДСКО

620,023.00

17

ДЕБАР

697,021.00

18

ДЕБАРЦА

676,642.00

19

ДЕЛЧЕВО

791,485.00

20

ДЕМИР КАПИЈА

630,660.00

21

ДЕМИР ХИСАР

701,349.00

22

ДОЈРАН

585,874.00

23

ДОЛНЕНИ

707,552.00

24

ЖЕЛИНО

742,449.00

25

ЗЕЛЕНИКОВО

570,002.00

26

ЗРНОВЦИ

544,132.00

27

ИЛИНДЕН

614,530.00

28

ЈЕГУНОВЦЕ

656,262.00

29

КАВАДАРЦИ

1,133,220.00

30

КАРБИНЦИ

669,921.00

31

КИЧЕВО

1,232,449.00

32

КОНЧЕ

601,847.00

33

КОЧАНИ

980,472.00

34

КРАТОВО

850,316.00

35

КРИВА ПАЛАНКА

1,001,756.00

36

КРИВОГАШТАНИ

577,572.00

37

КРУШЕВО

621,325.00

38

КУМАНОВО

1,997,055.00

39

ЛИПКОВО

951,189.00

40

ЛОЗОВО

584,534.00

41

МАВРОВО И РОСТУШЕ

831,470.00

42

МАКЕДОНСКИ БРОД

803,804.00

43

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

630,518.00

44

МОГИЛА

619,924.00

45

НЕГОТИНО

813,938.00

46

НОВАЦИ

684,520.00

47

НОВО СЕЛО

665,965.00

48

ОХРИД

1,091,752.00

49

ПЕТРОВЕЦ

593,972.00

50

ПЕХЧЕВО

601,729.00

51

ПЛАСНИЦА

547,633.00

52

ПРИЛЕП

1,282,393.00

53

ПРОБИШТИП

817,047.00

54

РАДОВИШ

893,092.00

55

РАНКОВЦЕ

689,350.00

56

РЕСЕН

773,980.00

57

РОСОМАН

588,542.00

58

СТАРО НАГОРИЧАНЕ

845,728.00

59

СВЕТИ НИКОЛЕ

851,023.00

60

СОПИШТЕ

582,377.00

61

СТРУГА

1,157,019.00

62

СТРУМИЦА

1,040,127.00

63

СТУДЕНИЧАНИ

633,192.00

64

ТЕАРЦЕ

682,618.00

65

ТЕТОВО

1,091,428.00

66

ЦЕНТАР ЖУПА

613,504.00

67

ЧАШКА

812,503.00

68

ЧЕШИНОВО ОБЛЕШЕВО

627,967.00

69

ЧУЧЕР САНДЕВО

586,229.00

70

ШТИП

1,191,259.00

71

АЕРОДРОМ

819,004.00

72

БУТЕЛ

689,990.00

73

ГАЗИ БАБА

851,048.00

74

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

691,369.00

75

КАРПОШ

809,652.00

76

КИСЕЛА ВОДА

775,226.00

77

САРАЈ

697,191.00

78

ЦЕНТАР

825,917.00

79

ЧАИР

689,960.00

80

ШУТО ОРИЗАРИ

563,779.00

Вкупно во ЕВРА

62,800,000.00

Член 2

Алоцираните средства по општините и општините во градот Скопје со исклучок на Град Скопје ќе се реализираат согласно условите и начинот на користење утврдени со Договорот за заем за „Проектот за поврзување на локални патишта“ бр. 9034-МК од 23.12.2019 година.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 45-10995/1

 Претседател на Владата

28 декември 2019 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

 Зоран Заев, с.р.