Методологија за утврдување на максимална и кумулативна површина на земјоделско земјиште во државна сопственост што е предмет на продажба

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 8 став (2) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2013 и 106/2013), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 18.09.2013 година, донесе

МЕТОДОЛОГИЈА
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНА И КУМУЛАТИВНА ПОВРШИНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ ШТО Е ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА

Член 1

Со оваа методологија се утврдуваа максималната и кумулативната површина на земјоделско земјиште во државна сопственост што е предмет на продажба.

Член 2

Максималната површина на земјоделско земјиште во државна сопственост која може да се продаде на едно физичко, односно на едно правно лице, вклучително и меѓусебно поврзани лица предвидени со Годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост (во понатамошниот текст: Програмата) се утврдува како процент од вкупната површина на земјоделско земјиште во државна сопственост предвидена во Програмата.

Член 3

Кумулативната површина на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да биде предмет на продажба и да се продаде на едно физичко, односно на едно правно лице, вклучително и меѓусебно поврзани лица, се утврдува како процент од вкупната површина на земјоделско земјиште во државна сопственост во Република Македонија.

Кумулативната површина од став (1) на овој член се утврдува на начин што се собираат сите површини кои едно физичко, односно на едно правно лице, вклучително и меѓусебно поврзани лица, ги имаат стекнато преку купување на земјоделско земјиште во државна сопственост во претходни години согласно Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Член 4

Вкупната површина на земјоделско земјиште во државна сопственост во Република Македонија, се утврдува според податоците од Земјишниот регистар кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделското земјиште.

Член 5

Оваа методологија влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 41-6453/2

Претседател на Владата

18 септември 2013 година

 на Република Македонија,

Скопје

 м-р Никола Груевски, с.р.