Изборен законик

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Cо овој законик се уредуваат начинот, условите и постапката за избор на претседател на Република Македонија (во натамошниот текст: претседател на Републиката), за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија (во натамошниот текст: пратеници), за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје (во натамошниот текст: членови на советите), за избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје (во натамошниот текст: градоначалник), начинот и постапката на евидентирање на избирачкото право, водење на Избирачкиот список, определување на границите на изборните единици и утврдувањето, менувањето и објавувањето на избирачките места, како и условите за функционирање на избирачките места. 

1. Поимник

Член 2

Определени поими во овој законик го имаат следново значење:

1. “Избирачко право” има секој државјанин на Република Македонија со наполнети 18 години живот и деловно способен;

2. “Избирачкиот список” е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право;

3. “Изборни органи” се органите надлежни за спроведување на изборите утврдени со овој законик;

4. “Член на изборен орган” се претседателот, членовите и нивните заменици кои ги сочинуваат изборните органи и ги спроведуваат изборните дејствија;

5. “Подносител на листа” се регистрираните политички партии или нивни коалиции регистрирани во Државната изборна комисија, група избирачи и пратеници;

6. “Кандидат” е државјанин на Република Македонија утврден од надлежната изборна комисија во согласност со овој законик, за кој ќе се гласа на избори;

7. “Независен кандидат” е кандидат за избор на претседател на Републиката, пратеник, градоначалник или член на совет кој е поддржан од “група избирачи”;

8. “Политичка партија” е регистрирана политичка партија во согласност со закон;

9. “Позицијата” ја сочинуваат политичките партии на власт кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови;

10. “Опозицијата” ја сочинуваат политичките партии во опозиција кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови;

11. “Овластен претставник” е лице ополномоштено од еден регистриран кандидат, политичка партија или коалиција за застапување на нивните интереси пред изборните органи;

12. “Коалиција” е здружување врз основа на договор на две или повеќе регистрирани политички партии за заедничко настапување за време на одржување на избори;

13. “Изборна кампања” е јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми во предизборниот период за одреден вид на избори;

14. “Учесник во изборна кампања” е овластено лице од политичка партија, коалиција или група избирачи кои ја организираат изборната кампања;

15. “Набљудувачи” се претставници на домашни и странски регистрирани здруженија на граѓани кои имаат овластување од Државната изборна комисија за набљудување на изборите;

16. „Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија” се претставништва на Република Македонија во други држави и во меѓународни организации кои вршат работи утврдени со закон;

17. „Државјани на Република Македонија на привремена работа или престој во странство”, во смисла на овој закон, се државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, а на денот на изборите привремено престојуваат во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година согласно со евиденцијата од надлежен орган;

18. “Вработените во јавната администрација” ја сочинуваат категоријата на лица вработени во дејностите образование, здравство, култура, наука и социјална заштита, а кои според закон вршат задачи од јавен интерес;

19. “Вработените во државната, општинската администрација и администрацијата на градот Скопје” ја сочинуваат категоријата на лица со статус на државен службеник во согласност со закон и

20. “Изборна администрација” ја сочинуваат вработените во стручната служба на Државната изборна комисија, членовите на изборните органи, секретарите на општинските изборни комисии, нивните заменици и други лица времено ангажирани за изборен процес во помошните тела на Државната изборна комисија.

21. “Изборен процес“ е времето од донесувањето на актот за распишување на изборите до објавувањето на конечните резултати од одржаните избори, на ниво на општина, градот Скопје, односно изборната единица каде што се врши изборот;

22. “Облици на изборно медиумско претставување“ се дневно-информативните емисии, програмите што им овозможуваат директен пристап на учесниците во изборната кампања до избирачите, и посебните информативни емисии;

23. “Дневно-информативни емисии“ се сите изданија на радио и на телевизиските вести и дневници;

24. “Директен пристап до избирачите“ се облиците на бесплатно политичко претставување и на платено политичко рекламирање, преку кои учесниците во изборната кампања слободно ги промовираат своите програми, ставови и кандидати;

25. “Бесплатно политичко претставување“ е директен пристап на учесниците во изборната кампања до избирачите, преку кој слободно и без паричен надоместок се промовираат изборните програми, ставови и кандидати;

26. “Платено политичко рекламирање“ е директен пристап на учесниците во изборната кампања до избирачите, преку кој за паричен надоместок се промовираат изборните програми, ставови и кандидати. Видови на платено политичко рекламирање се огласи, соопштенија, политички изборни спотови, музички спотови што функционираат како химни на учесниците во изборната кампања, преноси или снимки од митинзи, средби и други настапи на учесниците во изборната кампања;

27. “Посебни информативни програми“ се програми наменети за информирање на граѓаните за начинот и за техниката на гласањето и за остварувањето на избирачкото право и информативно-политички програми жанровски реализирани како интервјуа, дебати или ТВ/радио соочувања: актуелно информативни програми, актуелно информативни програми со документаристички пристап и тематски специјализирани информативни програми и

28. “Изборно медиумско претставување“ е промовирање (непосредно или посредно) на ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и друго на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници.

2. Еднакво избирачко право

Член 3

(1) Претседателот на Републиката, пратениците, членовите на советите и градоначалникот на општината се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.

(2) Никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал.

3. Изборен модел

Член 4

(1) Избор на претседател на Републиката се врши на територијата на Република Мaкедонија и во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, како една изборна единица според мнозинскиот модел.

(2) Во Собранието на Република Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици утврдени со овој законик и во секоја се избираат по 20 пратеници и 3 пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија.

(3) Првиот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија.

(4) Вториот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила двојно поголем број на гласови од бројот на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија.

(5) Третиот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила тројно поголем број на гласови од бројот на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија.

(6) Доколку во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, ниту една од листите на пратеници не го добила потребниот број на гласови утврден во ставот (3) на овој член, не се избира ниту еден пратеник.

(7) Во изборните единици во Република Македонија бројот на избирачите може да отстапува најмногу од минус 5% до плус 5% во однос на просечниот број на избирачи во изборната единица.

(8) Изборот на членови на советите се врши на подрачјето на општината, односно градот Скопје според пропорционалниот модел.

(9) Изборот за градоначалник се врши на подрачјето на општината, односно градот Скопје според мнозинскиот модел.

4. Избирачки список

Член 5

(1) Избирачкиот список е јавна исправа и се води за целата територија на Република Македонија.

(2) Врз основа на Избирачкиот список се спроведуваат изборите и референдумот на државно и локално ниво во Република Македонија.

5. Право да избира и да биде избран

Член 6

Право да избира  има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.

(2) Државјаните на Република Македонија кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство, а се запишани во Избирачкиот список врз основа на евиденцијата од надлежниот орган и пријава за гласање, гласаат за избор на претседател на Републиката и за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларни канцеларии, во согласност со одредбите на овој законик.

Член 7

(1) Кандидат за претседател на Републиката може да биде лице кое ги исполнува условите за избор на претседател на Републиката утврдени со Уставот.

(2) Кандидат за пратеник, член на совет и градоначалник може да биде државјанин на Република Македонија, ако:
– наполнил 18 години живот и
– има деловна способност.

(3) Кандидат за пратеник, член на совет и градоначалник не може да биде лице кое:
– е осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци, чие издржување се уште не е започнато и
– се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело.

(4) Покрај условите утврдени во ставот (2) на овој член кандидат за член на совет и градоначалник може да биде граѓанин со постојано живеалиште во општината и градот Скопје каде што се врши изборот.

6. Неспојливост на функцијата претседател на Републиката, пратеник, градоначалник и член на совет

Член 8

(1) Функцијата пратеник, член на совет и градоначалник е неспојлива со функцијата  претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија (во натамошниот текст: Собранието) и Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата).

(2) Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата градоначалник и со член на совет во општината и градот Скопје.

(3) Функцијата пратеник и градоначалник е неспојлива со:
– извршување на стручни и управни работи во органите на државната управа,
– извршување на стопанска или друга профитна дејност и
– членување во управни одбори на јавни претпријатија, јавни установи, фондови, агенции, заводи и во други правни лица, како и со изборот на претставник на државниот и општествен капитал во трговските друштва.

(4) Функцијата градоначалник на градот Скопје и функцијата член на Советот на градот Скопје е неспојлива со функцијата градоначалник на општина и функцијата член на советот на општината на подрачјето на градот Скопје.

(5) Со денот на верификацијата на мандатот за пратеник, член на совет и градоначалник на носителите на функциите од ставовите (1) и (2) на овој член, функцијата им престанува.

(6) Со денот на верификацијата на мандатот за пратеник и градоначалник на лицата од ставот (3) алинеја 1 на овој член, работниот однос им мирува.

(7) Со денот на верификацијата на мандатот за пратеник и градоначалник на лицата од ставот (3) алинеи 2 и 3 на овој член, работниот однос во стопанската или друга профитна дејност им мирува, а членувањето во управни одбори на јавни претпријатија, јавни установи, фондови, агенции, заводи и во други правни лица, како и претставник на државниот и општествен капитал во трговските друштва им престанува.

(8) Со денот на верификацијата на мандатот на член на совет на лицата вработени во  општинската администрација на општината и администрацијата на градот Скопје, работниот однос  им мирува во согласност со закон.

Член 8-а

(1) Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може:
– укината 
– да се започне изградба со средства од Буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од Буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година и
– да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори.
– да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

(2) Во периодот од 20 дена пред започнувањето на изборна кампања па до завршувањето на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите и до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може:
– укината 
– да се одржуваат јавни настани по повод започнувањето на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти. Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира особено давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање.

(3) Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршувањето на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период.

(4) Министерството за финансии две недели по распишување на изборите поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесувањето на извештајот кој се објавува на веб страницата на Министерството за финансии.

Член 8-б

(1) За потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста.

(2) Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица.

Член 8-в

(1) Од денот на донесување на одлуката за распишување на избори, политичките партии учесници во изборниот процес, потпишуваат Кодекс за фер и демократски избори.

(2) Со Кодексот од ставот (1) учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи финансирани од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините и градот Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

(3) Со Кодексот од ставот (1) учесниците во изборниот процес, исто така, недвосмислено се обврзуваат дека ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на било каква закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или неподдржување на која било политичка партија или кандидат.

Член 9

(1) На припадниците на вооружените сили на Република Македонија, припадниците на униформираниот дел на полицијата, овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и во Агенцијата за разузнавање од денот кога ќе бидат утврдени како кандидати, работниот однос им мирува.

(2) Со денот на верификацијата на мандатот на лицата од ставот (1) на овој член, работниот однос им мирува.

7. Професионалност и неотповикливост на функцијата

Член 10

(1) Пратениците не можат да бидат отповикани.

(2) Функцијата пратеник и градоначалник се врши професионално.

8. Ослободување од плаќање на данок, царина и такса

Член 11

(1) За дејствијата, актите, поднесоците и други списи во врска со спроведувањето на изборите, набавката на стоки, работи и услуги за потребите на изборниот процес, не се плаќа царина и данок.

(2) Сите дејствија и акти на државните органи, сите поднесоци и докази во врска со евиденцијата на избирачкото право се ослободени од плаќање на такси и данок.

(3) Министерот за финансии го пропишува постапувањето при оданочување со данок на додадена вредност на прометот на гласачките ливчиња и изборниот материјал потребен за спроведување на изборите, како и нивно царинење.

II. РАСПИШУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

1. Распишување на изборите

Член 12

(1) Актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржувањето на изборите.

(2) Актот за распишување на изборите се доставува до Државната изборна комисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.

(3) Актот за распишување на изборите се објавува во “Службен весник на Република Македонија”.

(4) Од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.

2. Известување за одржување на изборите

Член 13

(1) Граѓаните за одржувањето на изборите се известуваат преку јавен повик и истакнување плакати на видни места.

(2) Известувањето од ставот (1) на овој член го врши надлежната изборна комисија.

3. Одржување на изборите

За претседател на Републиката

Член 14

(1) Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

(2) Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката, од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

За пратеници

Член 15

(1) Изборите за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

(2) Предвремени избори за пратеници се спроведуваат во согласност со одредбите на овој законик, а сите рокови за изборните дејствија се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања.

(3) Роковите за спроведување на изборните дејствија од ставот (2) на овој член со роковникот ги утврдува Државната изборна комисија.

(4) Мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години.

За членови на совет и за градоначалник

Член 16

(1) Изборите за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во октомври.

(2) Предвремени избори за членови на совет и за градоначалник се распишуваат и одржуваат според одредбите на овој законик, а по исполнување на условите за престанок на мандатот утврдени со Законот за локалната самоуправа.

(3) Предвремените избори за членови на совет и за градоначалник нема да се спроведат ако до редовните избори има помалку од шест месеца.

III. ОРГАНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

1. Видови изборни органи

Член 17

Органи за спроведување на изборите се:
– Државната изборна комисија,
– општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје
– избирачките одбори и
– избирачките одбори за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија (во натамошниот текст: ДКП), односно конзуларните канцеларии

2. Член на изборен орган

Член 18

(1) Член на изборен орган не може да биде:
– лице кое не ги исполнува посебните услови утврдени со овој закон, 
– лице осудено за казниво дело поврзано со изборите и
– лице кое претходно учествувало во спроведување на изборите и во чија работа како член на изборен орган се утврдени неправилности поради кои е поништено гласањето.

(2) Во општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје и избирачкиот одбор, членови не можат да бидат и:
– избрани или именувани функционери од Владата, односно Собранието и лица вработени во државната администрација на Народниот правобранител, Министерството за правда, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Секретаријатот за законодавство, Државниот завод за статистика, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, стручната служба во Управниот суд, стручната служба на Државната изборна комисија, стручната служба на Државната комисија за спречување на корупцијата и вработените во Стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

(3) Лицето избрано за член на изборниот орган може да не прифати да ја извршува таа должност само поради здравствени или семејни причини, при што за неприфаќањето на членот одлучува органот кој го избира, врз основа на приложена соодветна документација.

(4) Извршувањето на работите и работните задачи на вработените во органите на државната власт на денот на изборите, а заради остварување на нивното избирачко право, се организира во смени.

Член 19

(1) Претседателот и членовите на изборните органи својата функција ја извршуваат непристрасно, совесно и одговорно во согласност со надлежностите утврдени со овој законик.

(2) Претседателот и членовите на изборните органи, и изборната администрација, имаат право на надоместок што се утврдува со акт на Државната изборна комисија.

3. Неспојливост на функцијата член на изборен орган

Член 20

Ако претседателот, член на изборен орган, секретарот, како и нивен заменик, прифати кандидатура за претседател на Републиката, пратеник, член на совет и градоначалник, функцијата на претседател, член, секретар, односно заменик во изборните органи му престанува.

4. Принцип на соодветна и правична и полова застапеност во изборните органи

Член 21

(1) При изборот на членовите на Државната изборна комисија се применува принципот на соодветна и правична застапеност.

(2) При изборот на  членовите на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје и избирачките одбори, во општините во кои живеат најмалку 20% од граѓаните припадници на другите заедници се одразува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници.

(3) Во составот на изборните органи секој пол ќе биде застапен со најмалку 30%.

(4) За спроведување на ставовите (1), (2) и (3) на овој член Државната изборна комисија со акт го утврдува составот на членовите на општинските изборни комисии, односно Изборната комисија на градот Скопје и избирачките одбори.

(5) Одлуките за именување на членовите на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија”.

5. Предлагање на претставник на подносителот на листата

Член 22

(1) Секој подносител на листа на кандидатите за избор на претседател на Републиката, пратеници, членови на совет и градоначалник има право да определи претставник и негов заменик кои ќе ја следат работата во изборните органи од започнувањето на изборите се до утврдувањето и објавувањето на резултатите.

(2) Секој подносител на листа на кандидати за избор на претседател на Републиката или пратеници за гласањето во изборните единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија определува овластен претставник и негов заменик во Република Македонија кои ќе ја следат работата на изборните органи од започнувањето на изборите се до утврдувањето и објавувањето на конечните резултати.

(3) Овластен претставник и негов заменик пред изборните органи од ставовите (1) и (2) на овој член не може да биде лице утврдено за кандидат.

(4) Подносителот на листата на претставникот му издава овластување и за тоа ги известува изборните органи најдоцна два дена пред денот на изборите

(5) Претставникот на подносителот на листата на седницата на изборните органи, може да предупреди за неправилности во нивната работа, а доколку не биде прифатено предупредувањето, може да побара тоа да биде внесено во записникот.

(6) Овластениот претставник на подносителот на листата е должен да носи беџ со бројот на избирачкото место за кое е овластен да врши набљудување.

(7) Овластениот претставник на подносителот на листата има право на седница на изборен орган да побара и да изврши целосен увид во целокупната документација на изборниот орган.

6. Начин на работа на изборните органи

Член 23

(1) Изборните органи можат да работат и да одлучуваат ако на седниците присуствуваат мнозинство од членовите, а одлуките  ги донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови, освен ако не е поинаку предвидено со овој Законик.

(2) Во случај на отсуство на член на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје или на член на избирачкиот одбор, во работата на седниците учествуваат нивните заменици.

(3) При спроведувањето на изборите во работата на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје и избирачките одбори, во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во службена употреба е и јазикот и писмото  што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во таа општина.

Член 24

Работата на изборните органи е јавна и право да присуствуваат на работата  на изборните органи имаат овластените претставници на подносителите на листи и акредитираните набљудувачи.

7. Поддршка на работата на изборните органи

Член 25

(1) Собранието, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика и Службата за општи и заеднички работи на Владата и нивните подрачни единици, како и општините и градот Скопје се должни на органите за спроведување на изборите да им обезбедат технички, просторни и други услови за работа.

(2) За вршење на работите од ставот (1) на овој член, на органите им се обезбедуваат средства од Буџетот на Република Македонија.

8. ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

8.1. Состав на Државната изборна комисија

Член 26

(1) Државната изборна комисија е составена од претседател, потпретседател и пет члена.

(2) Претседателот и потпретседателот се членови на Државната изборна комисија.

(3) Претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија функцијата ја вршат професионално.

(4) Мандатот на претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија трае од денот на изборот од Собранието на Република Македонија до изборот на нов состав на Државната изборна комисија, но не подолго од две години.

(5) Државната изборна комисија има генерален секретар и негов заменик.

(6) Државната изборна комисија има својство на правно лице.

(7) Средствата за работа на Државната изборна комисија се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

(8) По правило седницата на Државната изборна комисија ја свикува и со неа раководи претседателот на Државната изборна комисија.

(9) Во случај на отсуство или спреченост на претседателот на Државната изборна комисија, седницата на Државната изборна комисија ја свикува и со неа раководи потпретседателот на Државната изборна комисија.

(10) Државната изборна комисија ќе одржи седница и на предлог на член на Државната изборна комисија, ако предлогот е поддржан од мнозинството од вкупниот број на членови на Државната изборна комисија.

Избор на составот на Државната изборна комисија

Член 27

(1) За претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
– да е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија,
– да има завршено високо образование, со најмалку осум години работно искуство,
– да не е член на орган на политичка партија.

(2) Собранието го огласува изборот на претседателот, потпретседател и членовите на Државната изборна комисија во „Службен весник на Република Македонија” и во дневниот печат. Огласот трае осум дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

(3) Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието подготвува предлог на листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието.

(4) Од кандидатите на предлогот на листата политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна комисија, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на Државната изборна комисија.

(5) Претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

(6) На претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија од денот на изборот, работниот однос им мирува.

Престанок на функцијата во Државната изборна комисија пред истекот на мандатот

Член 28

(1) Функцијата на претседателот, потпретседателот и член на Државната изборна комисија им престанува пред истекот на мандатот:
– ако престане еден од условите утврдени во членот 27 став (1) на овој законик,
– по сила на закон,
– на нивно лично барање,
– поради нестручно и несовесно вршење на функцијата,
– поради исполнување услови за старосна пензија утврдени со закон,
– поради смрт и
– ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор од над шест месеци.

(2) Државната изборна комисија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови може да даде предлог до Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, за разрешување на нејзин член поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Рок за предлагање на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија

Член 29

(1) Претседателот на Собранието ги известува политичките партии од членот 27 став (4) на овој законик во рок од три дена од денот на приемот на известувањето да му достават предлог за претседател и двајца членови, односно потпретседател и тројца членови на Државната изборна комисија.

(2) Ако политичките партии не ги утврдат и не ги достават имињата на претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија во рокот определен во ставот (1) на овој член, претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија ги предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието.

8.2. Стручна служба на Државната изборна комисија

Член 30

(1) Државната изборна комисија именува генерален секретар за време од пет години.

(2) За генерален секретар може да биде избрано лице кое:
– е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија;
– има завршено високо образование во областа на менаџмент, јавна администрација и други општествени науки;
– не е член на орган на политичка партија;
– има стручно познавање и искуство во областа на менаџмент во јавниот сектор;
– е од редот на административните службеници од категорија Б, односно од редот на раководните вработени согласно со Законот за административни службеници.

(3) Генералниот секретар не влегува во составот на Државната изборна комисија и нема право на глас.

(4) Генералниот секретар својата работа ја врши професионално.

(5) За вршење на стручно-административните и организационо-технички работи на Државната изборна комисија, се формира стручна служба на Државната изборна комисија.

(6) Со стручната служба раководи генералниот секретар на Државната изборна комисија.

(7) Генералниот секретар и вработените во стручната служба на Државната изборна комисија имаат статус на државни службеници.

8.3. Надлежности на Државната изборна комисија

Член 31

(1) Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите во согласност со овој законик и врши надзор над работата на изборните органи.

(2) Државната изборна комисија:
1) бара податоци од надлежните органи за вработените во државната, општинската и администрацијата на градот Скопје, како и за јавната администрација и го именува составот на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје и Изборната комисија на градот Скопје 
2) дава упатства, појаснувања и препораки за примената на одредбите на овој законик и други закони кои се однесуваат на прашањата поврзани со изборите;
3) го разрешува секој член на изборен орган во случај на против законско работење;
4) ја контролира законитоста во работата на изборните органи и презема мерки кога е констатирана повреда на законитоста во подготовките, постапката на кандидирањето, спроведувањето и утврдувањето на резултатите на изборите, како и во спроведување на упатствата и препораките дадени од неа;
5) ги потврдува и објавува листите на кандидати за избор на претседател и за избор на пратеници и со ждрепка го утврдува нивниот редослед;
5-а) со ждрепка го утврдува редоследот на единствената листа на кандидати за членови на совет, односно градоначалник;
6) донесува програма и востановува стандарди за задолжителна едукација на сите изборни органи и ја координира истата;
7) врши задолжителна едукација на членовите на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје пред секои избори и им издава уверенија на начин и во рокови пропишани со програмата;
8) го пропишува образецот на уверенијата за посетување на обуката на членовите на изборните органи;
9) определува единствени стандарди за изборниот материјал, се грижи за негово обезбедување и го пропишува видот на средството со кој се обележуваат и проверуваат лицата кои гласале (УВ ламби, спреј и графитно перниче);
10) пропишува обрасци за  спроведување на изборите и обрасци за собирање на потписи од избирачи и пратеници за предлагање на кандидати и ги објавува во “Службен весник на Република Македонија”;
11) го определува начинот на ракување и чување на изборниот материјал;
12) ги утврдува квалитетот, формата, големината, бојата и сериските броеви на гласачките ливчиња;
13) го организира печатењето на гласачките ливчиња и листите на кандидати и набавка на системот за идентификација на избирачот;
14) го предава, прима и чува изборниот материјал од и на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје;
14-а) го чува изборниот материјал од изборите за претседател на Републиката, за пратеници во Собранието на Република Македонија и референдум на државно ниво;
15) ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право;
16) донесува кодекс за правилата за набљудување на изборите на домашни и странски набљудувачи во согласност со меѓународните стандарди и им обезбедува исправи за идентификација;
17) врши контрола на гласачките места на денот на спроведувањето на изборите каде што се пријавени неправилности при гласањето;
18) ги потврдува со решение усвоените листи на кандидати или ги отфрла доколку не се составени согласно со одредбите на овој законик;
19) донесува правилник со кој се утврдуваат критериумите за начинот и постапката за изборот и разрешување на претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во изборните органи;
20) ги сумира и утврдува резултатите од гласањето за листите на кандидати на ниво на изборна единица;
21) ги објавува првичните резултати од спроведените избори за претседател на Републиката, за пратеници, за советници и за градоначалник врз основа на податоците од записниците од изборните органи;
22) ги објавува конечните резултати од спроведените избори;
23) издава уверенија на кандидатот избран за претседател на Републиката и кандидатите избрани за пратеници;
24) донесува правилник и упатство за надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација, врз основа на бројот на избирачи, видот, сложеноста, како и обемот на работите и времетраењето за нивното извршување;
25) до Собранието поднесува извештај за спроведените избори во рок од 45 дена од денот на објавувањето на конечните резултати од изборите на ниво на општина, градот Скопје, односно изборна единица каде што се врши изборот и финансиски преглед и го објавува на својата интернет страница;
26) врши распределба на надоместокот на трошоците на избраните кандидати по доставениот финансиски извештај и го објавува на својата интернет страница;
27) го донесува актот за организација и систематизација на стручната служба на Државната изборна комисија во рамките на која се организира и систематизира правна служба и формира помошни тела;
28) ги објавува во дневниот печат описите на избирачките места;
28-а) воспоставува електронски систем за управување со предмети и приговори;
28-б) единствено е надлежна за водење на Избирачкиот список;
28-в) обезбедува електронски пристап до Избирачкиот список согласно со овој законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на овој законик;
28-г) државната изборна комисија го објавува Избирачкиот список на својата веб страница со следниве податоци име, презиме и адреса на избирачите. Секој граѓанин има право да поднесе барање до Државната изборна комисија да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини;
28-д) еднаш месечно Државната изборна комисија го ажурира Избирачкиот список врз основа на известувања за промени на податоци на граѓаните. На секои шест месеци Државната изборна комисија јавно ги повикува граѓаните да извршат увид во своите податоци и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена на истите;
28-ѓ) секој член на Државната изборна комисија, заради утврдување на недоследности во податоците на Избирачкиот список и проверка на неговата веродостојност, има право да побара од Државната изборна комисија да ја овласти правната служба да изврши увид во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи за издавање на биометриски исправи, како и во базите на податоци и евиденции на граѓани на други државни органи и институции, во постапка утврдена со законски, односно подзаконски акт и во рок од пет работни дена да добие писмено известување од истата за извршените проверки;
28-е) Државната изборна комисија усвојува Правилник за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на проверка. Државната изборна комисија го усвојува правилникот од точка 28-е по претходна согласност на четирите најголеми политички партии во Собранието на Република Македонија;
28-ж) Државната изборна комисија усвојува Правилник за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки заради ажурирање на истиот. Државната изборна комисија го усвојува правилникот од точка 28-ж по претходна согласност на четирите најголеми политички партии во Собранието на Република Македонија.
29) врши евиденција на избирачкото право и се грижи за заштитата на личните податоци на граѓаните содржани во Избирачкиот список;
30) врши проверка на интегритетот на базата на податоци на Избирачкиот список;
31) го потпишува Избирачкиот список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите;
32) остварува контакти со меѓународните асоцијации и организации кои имаат овластување да ги набљудуваат изборите, односно референдум на државно ниво, за прашања во врска со Избирачкиот список;
33) доставува податоци на јавните гласила за бројот на избирачите запишани во потпишаниот Избирачки список, односно изводите;
34) донесува Деловник со кој го уредува начинот на работата и одлучувањето на членовите на Државната изборна комисија;
34-а) Државната изборна комисија работи на седници ако на истите присуствуваат мнозинство од вкупниот број на членови;
34-б) Државната изборна комисија донесува одлуки со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на комисијата. При одлучувањето членовите на Државната изборна комисија ќе се изјаснат со „за“ или „против“. Не е дозволено изјаснување со “воздржан” и во случај на такво изјаснување, таквиот глас ќе се смета како изјаснување “против”;
34-в) одлука на Државната изборна комисија се смета за донесена доколку за истата гласале мнозинството од вкупниот број на членови на комисијата, oсвен во случајот определен во точките 34-г и 34-ѓ на овој член;
34-г) во случај кога предлог-одлуката се однесува на интереси на немнозинска заедница, пред ставање на предлог-одлуката на гласање, кој било член на Државната изборна комисија кој припаѓа на немнозинската заедница има право да побара Државната изборна комисија да одлучува по таквата предлог-одлука со консензус;
34-д) во случајот предвиден со точка 34-г на овој член, предлог-одлуката ќе биде доставена на повторно разгледување до правната служба и од истата ќе биде побарана стручно мислење и препорака;
34-ѓ) членот на Државната изборна комисија од точка 34-г на овој член и членот односно членовите на Државната изборна комисија кои што имаат спротивставено мислење ќе се советуваат со правната служба во рок од еден работен ден од поднесувањето на барањето од точка 34-г на овој член. Овие членови на Државната изборна комисија, во рок од два работни дена, ќе предложат дополнета и образложена одлука. За да се смета за донесена, поднесената предлог-одлука мора да биде изгласана со консензус од страна на Државната изборна комисија;
34-е) доколку во рок од два работни дена, во смисла на точката 34-ѓ), не биде постигнат консензус по однос на предлог-одлуката и не биде донесена одлука со консензус од страна на Државната изборна комисија, се смета дека одлуката не е донесена и против истата е дозволена тужба пред Управниот суд;
34-ж) против одлуката на Управниот суд, само во случај на точките 34-г), 34-ѓ) и 34-е) е дозволена право на жалба пред Вишиот управен суд. Вишиот управен суд по поднесената жалба одлучува во роковите утврдени со овој Законик во рамките на кои одлучува Управниот суд;
34-з) на начинот и постапката на одлучување предвидени во точката 34-ѓ) на овој член не се применуваат роковите предвидени во членовите од 147 до 149 од овој Законик.
35) одлучува по приговори врз основа на увид во изборниот материјал и други докази;
36) во соработка со Министерството за внатрешни работи донесува правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите;
37) донесува упатство за решавање по приговори и жалби;
38) го следи започнувањето и завршувањето на изборната кампања и презема мерки предвидени со овој законик;
39) го пропишува образецот за пријава за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии;
40) ги избира и формира избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии и избирачки одбор за гласање на членовите на избирачките одбори во ДКП, односно конзуларните канцеларии;
40-а) донесува Упатство за организирање на гласањето на членовите на избирачките одбори во ДКП, односно конзуларните канцеларии;
41) го предава и го прима изборниот материјал на и од избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии, преку Министерството за надворешни работи;
42) ги сумира и утврдува резултатите од гласањето за листата на кандидат за избор на тројца пратеници од изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија.
43) пополнува и доставува статистички податоци за потребите на Државниот завод за статистика на Република Македонија и
43-а) јавно ги објавува ценовниците на радиодифузерите и печатените медиуми на својата интернет страница.
43-б) за своите седници води записници и усвоените записници ги објавува на својата веб страница во рок од 48 часа од денот на усвојувањето;
44) врши и други работи утврдени со овој законик.

(3) Седниците на Државната изборна комисија се јавни.

(4) Државната изборна комисија покренува иницијатива за дисциплинска постапка, поднесува барање за поведување прекршочна постапка, или поднесува кривична пријава до надлежниот орган, при постоење на основи на сомнение дека е сторена повреда на одредбите на овој Законик.

(5) Обрасците и целокупниот изборен материјал за општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмото што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во таа општина.

(6) Обрасците и целокупниот изборен материјал за изборните единици број 7, 8 и 9 од овој закон, во кои најмалку 20% од запишаните гласачи во избирачкиот список за таа изборна единица зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмото што го зборуваат најмалку 20% од запишаните гласачи во избирачкиот список за таа изборна единица.

(7) Право да присуствуваат при работата и одлучувањето на Државната изборна комисија имаат овластените претставници на подносителите на листи, по чии приговори се одлучува.

Член 32

(1) Државната изборна комисија во рок од три дена од денот на распишувањето на изборите доставува барање до органот на државната управа надлежен за водење евиденција на државни и јавни службеници и надлежните органи за доставувањe на податоци за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата на градот Скопје, како и јавната администрација, систематизирани по општини според адресата на местото на живеење.

(2) Органите од ставот (1) на овој член податоците до Државната изборна комисија ги доставуваат во рок од пет дена од денот на добиеното барање.

9. ОПШТИНСКА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

9.1. Избор и состав на општинска изборна комисија

Член 33

(1) Општински изборни комисии се формираат во:

Општините со седиште во град

Општините со седиште во село

Општини во градот Скопје

1) Општина Берово

34) Општина Арачиново

71) Општина Аеродром

2) Општина Битола 35) Општина Босилово 72) Општина Бутел
3) Општина Богданци 36) Општина Брвеница

73) Општина Гази Баба

4) Општина Валандово 37) Општина Василево

74) Општина Ѓорче Петров

5) Општина Велес 38) Општина Вевчани 75) Општина Карпош
6) Општина Виница 39) Општина Врапчиште

76) Општина Кисела Вода

7) Општина Гевгелија 40) Општина Градско 77) Општина Сарај
8) Општина Гостивар 41) Општина Дебарца 78) Општина Центар
9) Општина Дебар 42) Општина Дојран 79) Општина Чаир
10) Општина Делчево 43) Општина Долнени

80) Општина Шуто Оризари

11) Општина Демир Капија

44) Општина Желино

81) Градот Скопје (оваа изборна комисија се формира само за спроведување на избори за градоначалник и членови на Советот на градот Скопје)

12) Општина Демир Хисар

45) Општина Зелениково
13) Општина Кавадарци 46) Општина Зрновци
14) Општина Кичево 47) Општина Илинден
15) Општина Кочани 48) Општина Јегуновце
16) Општина Кратово 49) Општина Боговиње

17) Општина Крива Паланка

50) Општина Карбинци
18) Општина Крушево 51) Општина Конче
19) Општина Куманово 52) Општина Кривогаштани

20) Општина Македонска Каменица

53) Општина Липково

21) Општина Македонски Брод

54) Општина Лозово
22) Општина Неготино

55) Општина Маврово и Ростуша

23) Општина Охрид 56) Општина Могила
24) Општина Пехчево 57) Општина Новаци
25) Општина Прилеп

58) Општина Ново Село

26) Општина Пробиштип

59) Општина Петровец
27) Општина Радовиш 60) Општина Пласница
28) Општина Ресен 61) Општина Ранковце

29) Општина Свети Николе

62) Општина Росоман
30) Општина Струга 63) Општина Сопиште
31) Општина Струмица

64) Општина Старо Нагоричане

32) Општина Тетово 65) Општина Студеничани
33) Општина Штип 66) Општина Теарце

67) Општина Центар Жупа

68) Општина Чашка

69) Општина Чешиново Облешево

70) Општина Чучер – Сандево

(2) Општинските изборни комисии се со седиште во општините утврдени во ставот (1) на овој член и се надлежни за спроведување на изборните дејствија во изборните единици и избирачките места определени со овој законик.

Член 34

(1) Општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје е составена од претседател и четири члена.

(2) Претседателот и членовите од ставот (1) на овој член имаат заменици.

(3) Општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје има секретар и негов заменик кој ги именува претседателот на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје од редот на дипломираните правници за време од пет години.

(4) Претседателите на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје и нивните заменици, четири члена и нивните заменици се избираат од вработените во државната, општинската и администрацијата на градот Скопје, со високо образование по случаен избор за време од пет години.

(5) Секретарот и неговиот заменик од ставот (2) на овој член ги извршуваат стручно-административните и организационо-техничките работи на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје .

Член 35

(1) Државната изборна комисија во рок од пет дена од денот на добивањето на податоците во согласност со членот 32 од овој законик ги формира општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје. Одлуките со кои се формираат општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија”.

(2) Начинот и постапката за именување на претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје се уредуваат со акт на Државната изборна комисија.

(3) Начинот и постапката за утврдување на одговорноста за незаконито работење на претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје се уредуваат со Законот за државните службеници.

Член 36

Претседателот и членовите на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје и нивните заменици, по правило имаат живеалиште на подрачјето на општината за којa e формирана општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје.

9.2.Надлежност на општинската изборна комисија и Изборната комисија на градот Скопје

Член 37

(1) Општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје и Изборната комисија на градот Скопје се грижи за законитоста во подготовката и спроведувањето на изборите во согласност со овој законик и врши надзор на работата на избирачките одбори. 

(2) Општинската изборна комисија и Изборната комисија на градот Скопје:
1) го именува составот на избирачките одбори со решение и со депонирани потписи на членовите го доставува до Државната изборна комисија;
2) ги разрешува членовите на избирачкиот одбор во случај на нивно противзаконско работење пред денот на изборите и на денот на изборите;
3) дава упатство за работење на избирачките одбори;
4) ги огласува утврдените листи за кандидати;
5) ја организира и спроведува едукацијата на членовите на избирачките одбори според планот и програмата на Државната изборна комисија пред секои избори и им издава уверенија за завршена обука;
6) презема технички подготовки за спроведување на изборите според упатствата и инструкциите на Државната изборна комисија;
7) ја контролира законитоста на работењето на избирачките одбори и интервенира во случаите кога е констатирана повреда на законитоста во подготовките, кандидирањето и спроведувањето и утврдувањето на резултатите на изборите, како и на упатствата и препораките дадени од неа;
8) изготвува извештај и го доставува до Државната изборна комисија;
9) ги информира граѓаните за местото на гласање;
10) ги евидентира и потврдува овластените претставници за следење на работата на општинската изборна комисија и на избирачките одбори и им издава беџови со бројот на избирачкото место на овластените претставници кои ќе ја следат работата на избирачките одбори
11) ги  предава и собира изборните материјали на и од избирачките одбори на начин утврден со овој законик;
12) по спроведените избори за претседател на Републиката ги сумира резултатите од гласањето на листата на кандидати, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал го доставува до Државната изборна комисија веднаш, а најдоцна до 12 часа од завршување на гласањето;
13) пополнува и доставува статистички податоци за потребите на Државниот завод за статистика;
14) по спроведувањето на изборите за пратеници во Собранието, врз основа на записниците од избирачките места, ги сумира резултатите според изборните единици за избирачките места за кои е таа надлежна и според нивната припадност на изборната единица;
15) во рок од пет часа од приемот на целокупниот изборен материјал од избирачките одбори ги сумира резултатите од гласањето за листата на кандидати од избирачките места за кои е надлежна, составува записници и истите и ги предава на Државната изборна комисија;
16) одлучува по приговори во согласност со овој законик;
17) обезбедува доказни материјали при одлучување по правните лекови.

(3) При спроведување на локалните избори, Изборната комисија на градот Скопје ги врши надлежностите утврдени во ставот (2) на овој член, освен надлежностите утврдени во точките 1, 2, 3, 5, 10, 11, 12 и 14.

(4) При спроведувањето на локалните избори покрај надлежностите утврдени во ставовите (1) и (2) на овој член општинската изборна комисија и Изборната комисија на градот Скопје:
1) утврдува дали предложените листи на кандидати за избор на членови на совет и листата на кандидат за градоначалник се поднесени во согласност со овој законик;
2) ги потврдува листите на предложените кандидати;;
3) го чува изборниот материјал од локалните избори;
4) ги утврдува резултатите од гласањето во општината и градот Скопје и на избраните кандидати за членови на советот, односно на избраниот градоначалник, им издава уверение за изборот веднаш по конечноста на изборите и
5) врши и други работи утврдени со овој законик.

10. ИЗБИРАЧКИ ОДБОР

10.1. Избор и состав на избирачки одбор

Член 38

(1) Избирачки одбор се формира за секое избирачко место.

(2) Избирачките одбори се составени од претседател и четири члена.

(3) Претседателот и членовите имаат заменици.

(4) Претседателот на избирачкиот одбор и неговиот заменик се избираат од редот на вработените во државната, јавната, општинската и администрацијата на градот Скопје, со високо образование, два члена и нивни заменици се избираат од редот на вработените во државната, јавната, општинската и администрацијата на градот Скопје со најмалку средно образование, по случаен избор за време од четири години.

(5) Еден член на избирачкиот одбор и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии во опозиција кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

(6) Еден член на избирачкиот одбор и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии на власт кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

(7) Политичките партии од ставовите (5) и (6) на овој член предлозите за членови на избирачки одбори и нивните заменици ги доставуваат до општинската изборна комисија во рок од пет дена од денот на добивањето на известување од општинската изборна комисија.

(8) Политичките партии од ставовите (5) и (6) на овој член за секои избори доставуваат нови предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици.

(9) Ако политичките партии не го достават предлогот во рокот утврден во ставот (7) од овој член именувањето на членовите го врши општинската изборна комисија во согласност со ставот (4) на овој член.

Член 38-а

(1) Гласањето во ДКП, односно конзуларните канцеларии го спроведува избирачки одбор составен од претседател и четири члена.

(2) Изборот на членови на избирачките одбори во ДКП, односно конзуларните канцеларии го врши Државната изборна комисија.

(3) Претседателот и членовите имаат заменици.

(4) Претседателот и заменикот на претседателот се избираат од редот на дипломатите, вработени во соодветното ДКП, односно конзуларните канцеларии, по случаен избор за време од четири години.

(5) Доколку во соодветното ДКП, односно конзуларните канцеларии нема доволно вработени лица кои можат да бидат избрани за претседател и заменик на претседателот, заменик претседателот се избира на предлог на политичките партии од власта и опозицијата по пат на ждрепка.

(6) Членовите и нивните заменици се избираат на предлог на политичките партии од власта и опозицијата од редот на државјани на Република Македонија со постојано живеалиште во државата во која се спроведува гласањето или државјанин на Република Македонија со постојано живеалиште во Република Македонија. Членовите и нивните заменици во избирачкиот одбор се избираат од редот на државјани на Република Македонија со постојано живеалиште во Република Македонија, доколку политичката партија од власт или опозиција во роковите утврдени со овој Законик не може да предложи членови и нивни заменици од редот на државјани на Република Македонија со постојано живеалиште во државата во која се спроведува гласањето, за време од четири години.

(7) Два члена на избирачкиот одбор и нивните заменици се именуваат на предлог на политичките партии на власт кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

(8) Два члена на избирачкиот одбор и нивните заменици се именуваат на предлог на политичките партии во опозиција кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

Член 38-б

За гласање на членовите на избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцелари составот на избирачкиот одбор за гласање во ДИК е идентичен со составот на избирачките одбори за гласање во Република Македонија кој се формира согласно со членот 38 од овој закон.

Член 39

(1) Државната изборна комисија во рок од три дена од денот на формирањето на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје доставува податоци до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје во согласност со членот 32 од овој законик заради формирање на избирачките одбори.

(2) Општинската  изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од пет дена од денот на добивањето на податоците од ставот (1) на овој член ги формира избирачките одбори за избирачките места што се во нејзина надлежност.

(3) Начинот и постапката за именување на претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во избирачките одбори се уредува со акт на Државната изборна комисија.

(4) Начинот и постапката за утврдување на одговорноста за незаконито работење на претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во избирачките одбори се уредуваат со Законот за државните службеници и Законот за работните односи.

10.2. Надлежност на избирачкиот одбор

Член 40

(1) Избирачкиот одбор се грижи за законито спроведување на изборите.

(2) Избирачкиот одбор:
1) непосредно го спроведува гласањето на гласачкото место;
2) обезбедува правилност и тајност на гласањето;
3) обезбедува слободно и мирно одржување на гласањето;
4) го утврдува и сумира резултатот од гласањето на гласачкото место;
5) резултатите од гласањето ги објавува на самото место каде што се спроведувало гласањето и
6) изготвува извештај и води дневник за својата работа и ги доставува до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје.

(3) Избирачкиот одбор составува записник за работа и за сумирање на резултатите на единствен образец пропишан и потврден со печат од Државната изборна комисија и заедно со изборниот материјал го доставува до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје.

(4) Во случаите на грешка при пополнување на записникот избирачкиот одбор постапува согласно со упатството на Државната изборна комисија.

(5) Избирачкиот одбор работите од својата надлежност ги врши во согласност со овој законик и упатствата од Државната изборна комисија.

(6) Избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии ги извршуваат работите согласно со надлежностите утврдени во овој член.

IV. ЕВИДЕНЦИЈА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

1. Водење на Избирачкиот список

Член 41

(1) Избирачкиот список го води Државната изборна комисија и е единствено надлежна за неговото ажурирање.

(2) Избирачкиот список се води според Регистарот на државјаните во вид на регистар на избирачи со автоматска обработка на податоците на магнетен медиум. Државната изборна комисија има пристап до базите на податоци на државните органи кои што располагаат со регистри на граѓани по различни основи.

(3) Личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список се запишуваат на јазиците и писмата на кои се водат податоците во изворните евиденции, во согласност со закон.

(4) Во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа.

(5) Во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на Република Македонија и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство.

(6) Во Избирачкиот список не се запишуваат граѓаните на кои со правосилна судска одлука им е одземена деловната способност.

(7) Во Избирачкиот список граѓаните се запишуваат според општината на чие подрачје имаат живеалиште.

(8) Од Избирачкиот список се изготвуваат изводи за секоја изборна единица, општина и избирачко место.

(9) За изборите што истовремено се спроведуваат, се издаваат толку потпишани изводи од Избирачкиот список за секое избирачко место колку што има видови избори, односно изборни кругови.

(10) Содржината на Избирачкиот список, односно изводите на денот на изборите (прв круг) не можат да се менуваат до завршувањето на изборите.

(11) Средствата за ажурирање и изготвување на Избирачкиот список се обезбедуваат од Буџетот на Државната изборна комисија согласно членот 26 ставови (7), (8) и (9).

Член 42

(1) Државната изборна комисија врши запишување, дополнување и бришење во Избирачкиот список по службена должност врз основа на податоци од матичните книги, евиденцијата за живеалиште и за државјанството на Република Македонија, други службени евиденции и со непосредно проверување.

(2) Државната изборна комисија врши запишување, дополнување и бришење во Избирачкиот список и по барање на граѓани, а врз основа на усвоениот Правилник за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

(3) Државната изборна комисија врши бришење во Избирачкиот список на починато лице или лице кое по било кој основ го загубило избирачкото право по барање на политичка партија со доставување на податоци за починатото лице или кое по било кој основ го загубило избирачкото право, врз основа на претходна проверка во податоците од матичните книги, евиденцијата на живеалиште и за државјанство на Република Македонија, други службени евиденции и со непосредно проверување, согласно со усвоениот Правилник за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

(4) Запишувањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се врши и врз основа на доставена пријава во ДКП, односно конзуларните канцеларии.

2. Надлежност на органите за достава на податоци за евиденција во Избирачкиот список

Член 43

(1) Министерството за внатрешни работи до Државната изборна комисија доставува податоци за граѓаните:
– со наполнети 18 години живот на денот на изборите кои имаат важечка лична карта или патна исправа,
– со наполнети 18 години живот кои починале,
– со наполнети 18 години живот кои се доселиле или отселиле од определена општина, или ја промениле адресата на живеење во општината,
– со наполнети 18 години живот кои го промениле името или презимето,
– со наполнети 18 години живот кои стекнале или го изгубиле државјанството на Република Македонија и
– со наполнети 18 години живот кои се на привремена работа или престој во странство.

(2) Основните судови до Државната изборна комисија доставуваат податоци за лицата на кои со правосилна судска одлука им е одземена деловната способност  и податоци за лицата на кои им е изречена мерката куќен притвор

(3) Податоците од ставовите (1) и (2) на овој член се доставуваат четирипати годишно од 1 до 10 февруари, од 1 до 10 мај, од 1 до 10 септември и од 1 до 10 декември. Во случаите кога се распишани избори, односно референдум податоците се доставуваат наредниот ден од денот на распишувањето на изборите, односно референдум на магнетен медиум и задолжително го содржат единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ).

(4) Согласно со ставот (3) на овој член, Министерството за внатрешни работи, исто така, доставува до Државната изборна комисија четирипати годишно извештај за новоиздадените биометриски лични карти и патни исправи, основот за издадените лични карти и патни исправи, систематизирани по име и презиме и општини.

Член 44

(1) Органот надлежен за извршување на санкциите, најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, односно референдум на државно ниво доставува податоци за лицата кои се во притвор или се наоѓаат на издржување казна затвор врз основа на евиденцијата што ја води овој орган до Државната изборна комисија.

(2) Податоците се доставуваат на магнетен медиум и задолжително го содржат единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ).

3. Содржина на Избирачкиот список и отпечатените изводи

Член 45

(1) Избирачкиот список ги содржи следниве податоци единствен матичен број на граѓаните (ЕМБГ), презиме, име на еден од родителите и име, пол, лична фотографија (во формат како на лична карта или патна исправа), адреса на живеење (општина, населено место, улица, куќен број, влез и стан), датум на запишување и бришење и датум и вид на дополнување на податоците.

(2) Отпечатените изводи од Избирачкиот список и посебните изводи од Избирачкиот список, се водат по азбучен ред на презимето на граѓанинот и ги содржат следниве рубрики, односно податоци реден број, презиме, име, пол, датум на раѓање, лична фотографија (во формат како на лична карта или патна исправа) и адреса на живеење (населено место, улица, куќен број, влез и стан), потпис или отпечаток за избирачот.

(3) Граѓаните кои за време на изборите се наоѓаат на привремена работа или престој во странство, а доставиле пријава за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии, не се запишуваат во изводите од Избирачкиот список на кои се гласа во Република Македонија.

(4) Граѓаните кои за време на изборите се наоѓаат на привремена работа или престој во странство, a кои не доставиле пријава за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии, се запишуваат во посебни изводи на Избирачкиот список за гласање во Република Македонија.

4. Печатење на посебните изводи од Избирачкиот список

Член 46

За спроведување на гласањето во ДКП, односно конзуларните канцеларии во казнено-поправните установи и во Државната изборна комисија се изготвуваат посебни изводи од Избирачкиот список, и тоа:
– за гласање на граѓаните кои за време на изборите се наоѓаат на привремена работа или престој во странство, а врз основа на пријава за гласање,
– за гласање на граѓаните кои за време на изборите се наоѓаат во притвор или издржување казна затвор.
– за гласање на членовите на избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии.

Член 47

Посебните изводи од Избирачкиот список од членот 46 на овој законик се изготвуваат во два примерока, и тоа:
– за граѓаните кои за време на изборите се наоѓаат на привремена работа или престој во странство едниот примерок е систематизиран според избирачкото место и изборната единица и во забелешка стои земјата во која граѓанинот е на привремена работа или престој во странство и местото на ДКП, односно конзуларните канцеларии, а вториот примерок е систематизиран според земјата во која граѓаните се на привремена работа или престој во странство, местото на ДКП, односно конзуларните канцеларии и во забелешка стои бројот на избирачкото место и изборната единица и
– за граѓаните кои за време на изборите се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор, едниот примерок е систематизиран според избирачкото место или општината и во забелешката стои општината во која се наоѓа казнено- поправната установа, а вториот примерок е систематизиран според казнено-поправната установа и општината каде што се наоѓа и во забелешката стои бројот на избирачкото место и општината на која припаѓа тоа избирачко место.
– за членовите на избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии првиот примерок е систематизиран според избирачко место, општина и изборна единица и во забелешката стои ДИК, а вториот примерок е систематизиран според ДИК, а во забелешката стои избирачко место, општина и изборна единица. 

5. Проверка на податоците во Избирачкиот список

Член 48

(1) Граѓанинот може во текот на целата година да бара да изврши увид во изводот од Избирачкиот список во службените простории на подрачните одделенија на Државната изборна комисија, ДКП, односно конзуларните канцеларии, како и преку Интернет

(2) Ако при увидот се утврди дека тој или друг граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или се утврди дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците, до подрачното одделение на Државната изборна комисија има право да поднесе барање за запишување, дополнување или бришење на податоците со кое приложува и соодветна документација.

(3) Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ако при увидот во ДКП, односно конзуларните канцеларии утврдат дека тој или друг граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или се утврди дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците со кое приложува и соодветна документација се доставуваат по електронска пошта преку ДКП, односно конзуларните канцеларии до Државната изборна комисија или директно до Државната изборна комисија.

(4) Државната изборна комисија најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето ќе ја провери точноста на податоците и приложените документи од страна на граѓанинот и ако утврди дека барањето е основано, со решение врз основа на веродостојна документација и согласно со Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, а во спротивно ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето.

(5) Против решението на Државната изборна комисија граѓанинот во рок од три дена од денот на приемот на решението може да поднесе тужба за поведување управен спор до Управниот суд.

(6) По тужбата од ставот (4) на овој член Управниот суд решава во рок од три дена од денот на приемот на тужбата.

(7) Правосилното решение на Управниот суд донесено по тужбата е основа за запишување, промена и бришење на податоците во Избирачкиот список.

(8) Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство тужба против решението на Државната изборна комисија можат да поднесат по електронска пошта преку ДКП, односно конзуларните канцеларии до Управниот суд или директно до Управниот суд.

6. Јавен увид во Избирачкиот список

Член 49

(1) Државната изборна комисија најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список го става на јавен увид во своите подрачни одделенија и месните канцеларии со состојба на податоци за:
– граѓаните со наполнети 18 години живот на денот на изборите (прв круг на гласање),
– умрените лица 30 дена пред денот на распишувањето на изборите и
– другите податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите.

(2) Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП, односно конзуларните канцеларии посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган, за ставање на јавен увид.

(3) Државната изборна комисија по ставањето на изводите од Избирачкиот список на јавен увид, преку јавните гласила ги известува граѓаните за местото на кое се врши увидот начините преку кои се врши увидот, времетраењето на увидот и можноста за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список.

(4) Јавниот увид трае 20 дена.

(5) Политичките партии во текот на јавниот увид до заклучувањето и потпишувањето на избирачкиот список можат да направат увид на податоците во Избирачкиот список.

Член 49-а

(1) Во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавниот увид Државната изборна комисија избирачкиот список го доставува до политичките партии.

(2) Политичките партии во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до Државната изборна комисија доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

(3) Државната изборна комисија по поднесеното барање одлучува со решение во рок од три дена од денот на приемот на барањето, согласно со Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

(4) Против решението од ставот (3) на овој член може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

(5) Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

7. Промена на податоците во Избирачкиот список ставени на јавен увид

Член 50

(1) Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што се ставени на јавен увид, во рокот од членот 49 став (4) на овој законик, може да поднесе секој граѓанин, ако:
– тој или некој друг граѓанин не е запишан во Избирачкиот список,
– е запишано лице кое нема избирачко право или нема живеалиште на подрачјето на општината или лице кое е починато и
– личното име и адресата на лицето или личното име и адресата на друго лице се неправилно запишани.

(2) Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците од ставот (1) на овој член се поднесува писмено до подрачното одделение на Државната изборна комисија или месната канцеларија на подрачјето на живеење.

(3) Со барањето се приложуваат и потребните докази.

7-а. Пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство.

Член 50-а

(1) Државната изборна комисија веднаш, а најдоцна два дена од денот на распишувањето на изборите до Министерството за надворешни работи, доставува известување за објавување на јавен повик за распишување на изборите. Министерството за надворешни работи го објавува јавниот повик на својата веб страница во рок од еден ден.

(2) Министерството за надворешни работи веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на добивањето на известувањето од ставот (1) на овој член е должно да го достави до ДКП, односно конзуларните канцеларии заради објавување на нивната веб страница во рок не подолг од три дена.

(3) Известувањето од ставот (1) на овој член се објавува на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на јазиците и писмата на заедниците наведени во преамбулата на Уставот на Република Македонија и на службениот јазик на соодветната земја на веб страницата на ДКП, односно конзуларните канцеларии.

(4) Известувањето од ставот (1) на овој член содржи податоци за видот на изборите за кои се гласа, повик за јавен увид во избирачкиот список и за пријавување за гласање, денот на започнувањето и завршувањето на пријавувањето за гласање, потребните документи, како и појаснување кој може да гласа и каде ќе се спроведува гласањето.

(5) Јавниот повик во рокот утврден во ставот (1) на овој член се објавува и на веб страницата на Државната изборна комисија.

(6) Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до Државната изборна комисија.

(7) Во посебните изводи од Избирачкиот список се запишуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство со пријавено последно живеалиште во Република Македонија и кои поднеле пријава за гласање за претстојните избори до Државната изборна комисија.

(8) Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид државјаните на Република Македонија од ставот (7) на овој член можат да достават пријава своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори.

(9) На изборите за избор на претседател и пратеници можат да гласаат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список.

(10) Пријавата од ставот (8) на овој член, ДКП, односно конзуларните канцеларии веднаш, а најдоцна во рок од два дена по завршувањето на јавниот увид ги доставува по електронска пошта до Министерството за надворешни работи, а Министерството за надворешни работи веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на приемот на истите ги доставува до Државната изборна комисија.

Член 51

(1) Државната изборна комисија по барањата и пријавите на граѓаните од членовите 50 и 50-а од овој Законик е должен да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето и ако утврди дека барањето е основано, согласно со Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, со решение ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список и истото ќе му го достави по електронски пат на граѓанинот. Во спротивно, ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето и истото ќе му го достави по електронски пат на граѓанинот.

(2) Против решението од ставот (1) на овој член, со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат.

(3) По тужба од ставот (2) на овој член Управниот суд решава во рок од 24 часа по приемот на тужба и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

(4) Правосилното решение на Управниот суд донесено по тужбата за запишување, промена и бришење е составен дел на потпишаниот Избирачки список од страна на Државната изборна комисија.

8. Заклучување и потпишување на избирачкиот список

Член 52

Државната изборна комисија Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, го заклучува најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид.

Член 53

(1) Избирачкиот список, односно изводот се заклучува со назначување на: бројот на страниците кои ги има тој список, односно изводот, бројот на запишаните избирачи (означени со број и букви), критичен момент на податоците утврдени во членот 49 став (1) на овој законик, датум на заклучувањето, потпис на овластено лице и печат.

(2) Заклучениот Избирачки список ги содржи и податоците за граѓаните чии барања за бришење, запишување или промена на податоците од Избирачкиот список се позитивно решени од страна на, Државната изборна комисија и Управниот суд.

Член 54

Избришан 

9. Заштита на податоците во Избирачкиот список

Член 55

(1) Личните податоци содржани во Избирачкиот список се заштитени во согласност со закон и не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на избирачкото право на граѓаните во согласност со овој законик.

(2) На регистрираните политички партии и на независните кандидати, при учество на избори, Државната изборна комисија по претходно писмено барање им дава во печатена форма или електронски облик на ЦД-ром податоци од потпишаниот или претходно подготвен извод од Избирачкиот список за секое избирачко место во кои се содржани податоците од членот 45 став (2) на овој законик во рок од десет дена и изводите од Избирачкиот список за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии

(3) Подносителите на барањето ги сносат реалните трошоци за изработка на податоците од Избирачкиот список во печатена или електронска форма.

(4) Регистрираните политички партии, коалициите и независните кандидати, односно овластените претставници и нивните заменици на подносителите на листа на кандидати не можат да ги користат избирачките списоци на денот на изборите за евидентирање на лицата кои гласале.

Член 56

Овластениот службеник или кое било друго лице, тело или орган кој е запознат со личните податоци содржани во Избирачкиот список е должен да ги чува и заштитува во согласност со членот 55 од овој законик.

V. КАНДИДИРАЊЕ

1. Предлагање на кандидати

Член 57

(1) Предлагањето на кандидати за избор на претседател на Републиката, кандидати за пратеници, кандидати за членови на совет и за градоначалник се врши со поднесување на листа на кандидат за претседател на Републиката, листа на кандидати за пратеници, листа на кандидати за  членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник.

(2) Кандидат за претседател на Републиката, пратеник, кандидати за членови на совет и за градоначалник може да биде предложен само во една листа.

2. Подносител на листа

Член 58

(1) Подносителот на листа може да поднесе само една листа на кандидат за претседател на Републиката, кандидати за пратеници, кандидати за членови на советот, како и една листа на кандидат за градоначалник.

(2) При спроведувањето на локалните избори, подносителот на листите од ставот (1) на овој член во единицата на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, поднесувањето на листите на кандидати, односно листа на кандидати за градоначалник се врши на јазикот и писмото што го употребуваат граѓаните во таа единицата на локалната самоуправа.

(3) При спроведувањето на парламентарните избори, подносителот на листите од ставот (1) на овој член во изборните единици во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, поднесувањето на листите на кандидати може да се врши покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребуваат граѓаните во таа единицата на локалната самоуправа.

Подносител на листа на кандидат за претседател на Републиката

Член 59

(1) Право да поднесат листа на кандидат за претседател на Републиката имаат најмалку 10.000 избирачи или 30 пратеници.

(2) Кога подносител на листа на кандидат за претседател на Републиката е група избирачи потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список.

(3) Кога подносител на листа на кандидат за претседател на Републиката се пратеници е потребно да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Подносител на листа на кандидати за пратеници, членови на совет и градоначалник

Член 60

(1) Право да поднесат листа на кандидати за пратеници, листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник имаат регистрираните политички партии самостојно, коалиции, како и група избирачи (во натамошниот текст: подносител на листа).

(2) Државната изборна комисија го утврдува субјективитетот на подносителот на листата на кандидати за избор на пратеници врз основа на договорот на политичките партии кои настапуваат како коалиција на изборите.

(3) Општинската изборна комисија и Изборната комисија на градот Скопје го утврдува субјективитетот на подносителот на листата на кандидати за избор на членови на совет и градоначалници врз основа на договорот на политичките партии кои настапуваат како коалиција на изборите за избор на членови на совет и градоначалници.

(4) Договорот за коалицирање од ставовите (2) и (3) на овој член го склучуваат претставниците на политичките партии кои настапуваат заедно и тој го содржи името на коалицијата, симболот, општината/те, односно изборната/те единица во која настапуваат заедно.

(5) Листата на кандидати ја потпишува лично овластен претставник на подносителот на листата.

(6) Називот на листата се означува според името на подносителот на листата.

(7) Ако подносител на листата на кандидати е група избирачи, називот на листата се означува со “група избирачи” и името и презимето на кандидатот.

Подносител на листа на кандидати за пратеници со собрани потписи

Член 61

Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, е потребно да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица.

(2) Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија.

Подносител на листа на кандидати за членови на совет и градоначалник со собрани потписи

Член 62

Кога подносител на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, е потребно да се соберат:
– во општината до 10.000 жители најмалку 100 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината,
– во општината од 10.001 до 30.000 жители најмалку 150 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината,
– во општината од 30.001 до 50.000 жители најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината,
– во општината од 50.001 до 100.000 жители најмалку 350 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината,
– во општината над 100.001 жители најмалку 450 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината и
– во градот Скопје најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на подрачјето на градот Скопје.

3. Постапка на собирање на потписи за предлагање на кандидат

Член 63

(1) Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат пред службените лица на Државната изборна комисија на образец, кој содржи име и презиме, постојано живеалиште единствен матичен број на предложените кандидати, како и име и презиме и единствен матичен број на избирачот кој го потпишува предлогот.

(2) Собирањето потписи пред Државната изборна комисија започнува петнаесеттиот ден од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена.

(3) Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидати за претседател на Републиката, кандидати за пратеници, за членови на совет и кандидат за градоначалник.

(4) Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на изборната единица, општината, односно градот Скопје.

4. Содржина на листата што се поднесува

Член 64

(1) Поднесената листа на кандидат за претседател на Републиката содржи: назив на листата, име и симболот ако го има на подносителот на листата, име и презиме на предложениот кандидат за претседател со означување на неговото постојано живеалиште, и единствен матичен број на граѓанинот.

(2) Поднесената листа на кандидати за пратеници содржи: број на изборна единица, назив на листата, име и симболот ако го има на подносителот на листата, име и презиме на носителот на листата, име и презиме на секој кандидат за пратеник и содржи онолку кандидати колку што се избираат во изборната единица со означување на нивното постојано живеалиште,, единствен матичен број на граѓанинот и изјава за припадност на одредена заедница 

(3) Поднесената листа на кандидати за членови на совет, односно листата на кандидат за градоначалник содржи: означување на советот на општината, односно градот Скопје за кои се врши изборот, назив на листата, име и симболот ако го има на подносителот на листата, име и презиме на носителот на листата, име и презиме на секој кандидат и содржи онолку кандидати колку што се избираат за членови на совет со означување на неговото постојано живеалиште, и единствен матичен број на граѓанинот.

(4) Поднесената листа на кандидат за градоначалник содржи: име на општината, односно градот Скопје за кој се предлага, назив на листата, име и симболот ако го има на подносителот на листата, име и презиме на предложениот кандидат за градоначалник со означување на нивното постојано живеалиште, и единствен матичен број на граѓанинот.

(5) Во поднесената листа на кандидати за пратеници од ставот (2) на овој член и за членови на совет на општината и градот Скопје од ставот (3) на овој член, најмалку 40% од кандидатите му припаѓаат на помалку застапениот пол и тоа на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол и дополнително уште најмалку по едно место на секои десет места.

(6) Договорот за коалицирање, потврдата од Централниот регистар и решението од надлежниот суд за регистрација на политичката партија, кои се доставуваат во прилог на поднесената листа на кандидати, се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

(7) По исклучок од ставот (6) на овој член договорот за коалицирање, потврдата од Централниот регистар и решението од надлежниот суд за политичката партија, кои се поднесуваат во прилог на поднесената листа на кандидати за избор на членови на совет, односно градоначалник, се поднесуваат во оригинал или копија. Доколку бидат поднесени во копија, оригиналот од договорот за коалицирање, потврдата од Централниот регистар и решението од надлежниот суд за политичката партија се депонира во Државната изборна комисија.

5. Постапка за поднесување на листата

Член 65

(1) Листата на кандидат, односно кандидати се поднесува на пропишан образец од Државната изборна комисија.

(2) Кога подносител на листа на кандидат, односно кандидати е политичка  партија мора да приложи потврда за регистрација од надлежниот суд.

(3) Кога подносител на листа на кандидат, односно кандидати е коалиција мора да го приложи договорот од членот 60 став (4) на овој законик.

(4) Кога подносител на листа на кандидат, односно кандидати е група избирачи, мора да се поднесе и потребниот број на потписи утврден во членот 61, односно членот 62 на овој законик.

(5) За секоја кандидатура е потребна писмена согласност (изјава) на кандидатот која е неотповиклива.

(6) Редоследот на кандидатите во листата на кандидати го утврдува подносителот на листата во согласност со членот 64 на овој законик.

Член 66

(1) Листата на кандидат за претседател на Републиката, овластените претставници на предлагачите ја доставуваат до Државната изборна комисија.

(2) Листите на кандидати за пратеници, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до Државната изборна комисија.

(3) Листите на кандидати за членови на советот, односно листата на кандидат за градоначалник, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје и Изборната комисија на градот Скопје 

(4) Листите на кандидати од ставовите (1), (2) и (3) на овој член се доставуваат до надлежната изборна комисија најдоцна 30 дена пред денот на одржувањето на изборите.

Член 67

(1) Државната, односно општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје од членот 66 на овој законик по приемот на листата на кандидат, односно кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на овој законик.

(2) Ако Државната, односно општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје утврди дека во листата има одделни неправилности, ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата, односно првопотпишаниот пратеник на листата на кандидат, да ги отстранат неправилностите во рок од 48 часа од приемот на листите.

(3) Ако Државната, односно општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на овој законик, односно констатираните неправилности или пропусти, подносителите на листата ги отстраниле во рокот утврден во ставот (2) од овој член, поднесената листа ќе ја потврди со решение.

(4) Ако Државната, односно општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје утврди дека листите се поднесени ненавремено, односно констатираните неправилности или пропусти, подносителите на листите не ги отстраниле во рокот утврден во ставот (2) од овој член, поднесената листа ќе ја отфрли со решение во рок од 24 часа од приемот на листите.

(5) Против решението на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје од ставот (4) на овој член може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.

(6) Против решението на Државната изборна комисија од ставот (4) на овој член може да се поднесе тужба до Управниот суд преку Државната изборна комисија во рок од 24 часа од приемот на решението.

(7) Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 24 часа од приемот на тужбата.

(8) Доставување на приговор и тужба по пошта не е дозволено.

(9) Доставување приговор и тужба за гласање во странство се врши исклучиво по електронски пат, лично или преку овластен претставник. Како време на поднесување на приговорот се смета времето во кое што граѓанинот ја испратил електронската пошта до Државната изборна комисија.

6. Постапка во случај на смрт на кандидат на потврдена кандидатска листа за член на совет на општината и градот Скопје

Член 67-а

(1) Ако некој од кандидатите на потврдената кандидатска листа умре во периодот од денот на потврдувањето на кандидатските листи, политичката партија, односно коалиција, кои го предложиле тој кандидат, можат на местото на истиот да предложат друг кандидат, а ако е предложен од страна на група на избирачи може наместо него да предложат друг кандидат без собирање на потписи во постапката за кандидирање утврдена со овој закон, во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите.

(2) Кандидатот кој починал ќе се избрише од кандидатската листа, а кандидатот со кој е дополнета кандидатската листа ќе биде ставен на местото на кое бил предложен починатиот кандидат или ставен на последно место на кандидатската листа, при што во тој случај редоследот на другите кандидати од листата предложени на листата под кандидатот кој починал се поместуваат за едно место погоре.

(3) Ако кандидатот кој починал е носител на листа, листата ќе се дополни на начин утврден во ставот (2) на овој член, а носител на листата ќе стане кандидатот од кандидатската листа предложен од предлагачот на листата.

(4) Кандидатската листа дополнета со нов кандидат согласно со ставовите (2) и (3) на овој член се објавува на начин утврден со овој закон за објавување на единствената листа во рок од 24 часа од денот на дополнувањето на кандидатската листа.

(5) Ако некој од потврдените кандидати на кандидатските листи умре во период пократок од десет дена пред одржувањето на изборите, кандидатската листа останува во сила.

7. Постапка во случај на смрт на кандидат на потврдена кандидатски листи за избор на градоначалник

Член 67-б

(1) Ако некој кандидат од потврдена кандидатска листа за избор на градоначалник умре во периодот од денот на потврдувањето на кандидатската листа политичката партија, односно коалиција, кои го предложиле тој кандидат, можат на местото на истиот да предложат друг кандидат, а ако е предложен од страна на група на избирачи може наместо него да предложат друг кандидат без собирање на потписи во постапката за кандидирање утврдена со овој закон во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите.

(2) Кандидатската листа заменета со нов кандидат согласно со ставот (1) на овој член се објавува на начин утврден со овој закон за објавување на единствената листа во рок од 24 часа од денот на извршената измена на кандидатот на кандидатската листа.

(3) Ако некој од потврдените кандидати на кандидатските листи умре во период пократок од десет дена пред одржувањето на изборите, замената на кандидатот на кандидатската листа ќе се изврши во постапка пропишана во ставовите (1) и (2) на овој член, а надлежната изборна комисија во соработка со ДИК ќе определи поместување на датумот на одржувањето на изборите за таа општина за 14 дена.

8. Постапка во случај на смрт на кандидат на потврдена кандидатски листи за избор на пратеници

Член 67-в

(1) Ако некој од кандидатите кои се предложени на потврдената кандидатска листа за избор на пратеници умре во периодот од денот на потврдувањето на кандидатските листи, политичката партија, односно коалицијата, кои го предложиле тој кандидат, можат на местото на истиот да предложат друг кандидат, а ако е предложен од страна на група на избирачи може наместо него да предложат друг кандидат без собирање на потписи во постапката за кандидирање утврдена со овој закон, најдоцна десет дена пред денот на одржувањето на изборите.

(2) Кандидатската листа заменета со нов кандидат согласно со ставот (1) на овој член се објавува на начин утврден со овој закон за објавување на единствената листа во рок од 24 часа од денот на извршената измена на кандидатот на кандидатската листа.

(3) Ако некој од потврдените кандидати на кандидатска листа умре во период пократок од десет дена пред денот на одржувањето на изборите, ќе се постапи на начин што кандидатот кој е починат, а е избран за пратеник ќе се замени со првиот нареден кандидат кој не е избран, а е предложен од политичката партија која ја предложила кандидатската листа, односно еден од наредните кандидати кој не е избран, а ќе го предложи носителот на коалицијата. Кандидатот кој починал, а е избран од независна листа во изборната единица се заменува со првиот нареден кандидат кој не е избран од таа листа.

Член 68

(1) Редоследот на кандидати во листата на кандидат, односно редоследот на листите на кандидати Државната изборна комисија го утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици, односно општини, a во изборната единица односно општина кадешто нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата да биде изоставен и на негово место да биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место.

(2) Листа на кандидати за членови на совет и листа на кандидат за градоначалник кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини (или само во општината).

(3) Листите на кандидати предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини, односно изборни единици, имаат ист реден број во сите општини, односно во сите изборни единици.

(4) Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје по потврдување на листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник ги доставува до Државната изборна комисија заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати согласно со ставовите (1) и (2) на овој член.

(5) Државната изборна комисија за активностите што ќе ги преземе во согласност со ставовите (1) и (2) на овој член, задолжително претходно ги известува овластените претставници на подносителите на листите.

9. Објавување на утврдените листи

Член 69

(1) Државната изборна комисија утврдената единствена листа на кандидат за избор на претседател на Републиката ќе ја објави најдоцна 25 дена пред денот на одржувањето на изборите во “Службен весник на Република Македонија”.

(2) Државната изборна комисија утврдените единствени листи на кандидати за пратеници во изборните единици ќе ги објави во дневниот печат од кој еден е на јазикот на заедницата што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите.

(3) Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи во рок од 48 часа ќе ги достави до ДКП, односно конзуларните канцеларии утврдените единствени листи заради јавно објавување.

(4) Општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје утврдените единствени листи на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник ќе ги огласи најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината.

(5) Општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје утврдените единствени листи на кандидати за пратеници ќе ги објават во избирачките места во општините за кои се надлежни.

(6) Утврдените листи на кандидати во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се објавуваат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

VI. ИЗБОРНА КАМПАЊА

Член 69-а

(1) За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на организаторот на кампањата, јавно истакнување на плакати, видеопрезентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

(2) Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

(3) Во случај на поднесен приговор за непочитување на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член Државната изборна комисија е должна да ги испита наводите и да постапи по поднесениот приговор во рок не подолг од седум дена од денот на поднесувањето на приговорот.

1. Организатор на изборната кампања

Член 70

(1) Подносителот на листа на кандидати чии листи на кандидати за избор на претседател на Републиката, пратеници, членови на совет, односно листа на кандидати за градоначалник се потврдени од надлежната изборна комисија, имаат право да организираат изборна кампања (во натамошниот текст: организатори на изборната кампања).

(2) Учесниците во изборната кампања имаат право на рамноправен пристап и под еднакви услови да ги користат сите видови на политичка пропаганда, известување и други облици на пропаганда чија цел е да се влијае на одлуката на избирачите при гласањето.

(3) Странски правни и физички лица не можат да организираат изборна кампања.

Член 71

(1) Заради прибирање на средства за финансирање на изборната кампања, политичката партија, коалиција, носителот на независна листа од група избирачи, односно лица кои имаат намера да се кандидираат, пред надлежниот орган задолжително обезбедуваат ЕДБ со назнака “за изборна кампања“ и кај носител на платен промет во Република Македонија отвораат трансакциона сметка со назнака “за изборна кампања“ и истите не може да се користат за друга намена.

(2) Субјектите од ставот (1) на овој член се должни да обезбедат ЕДБ и да ја отворат трансакционата сметка од ставот (1) на овој член најдоцна 48 часа по потврдувањето на листата за кандидати, а најрано 48 часа по распишувањето на изборите и во тој рок од 48 часа доказот за обезбеден ЕДБ и отворената трансакциона сметка се доставува до надлежната изборна комисија.

(3) Обезбедувањето на ЕДБ и отворањето на трансакциона сметка од ставот (1) на овој член за коалиција, политичка партија, група избирачи, односно лица кои имаат намера да се кандидираат, се уредува со договор за коалиција, односно изјава на волја заверена на нотар за политичка партија, група избирачи, односно лица кои имаат намера да се кандидираат.

(4) Ако политичката партија, коалицијата, носителот на независна листа од група избирачи, односно лица кои имаат намера да се кандидираат не обезбедат ЕДБ и не отворат трансакциона сметка во роковите од ставот (2) на овој член, кандидатската листа се отфрла со решение на надлежната изборна комисија, односно потврдената листа за кандидати се поништува со решение на надлежната изборна комисија.

(5) Кога трансакциона сметка е отворена од страна на носителот на независната листа од група избирачи, односно лицата кои имаат намера да се кандидираат, потписник на трансакционата сметка е носителот на независната листа или лице овластено од него.

(6) На трансакционата сметка од ставот (1) на овој член, ќе се депонираат сите средства добиени од правни или физички лица за финансирање на изборната кампања. Донации за финансирање на изборната кампања можат да се уплатуваат исклучиво на трансакциона сметка од ставот (1) на овој член, најдоцна до рокот определен за доставување на финансиски извештај за финансирање на изборната кампања утрден во членот 85 став (1) од овој законик.

(7) На трансакционата сметка од ставот (1) на овој член, можат да се депонираат и средства од основната жиро сметка на политичката партија, како и од посебните жиро-сметки за средствата обезбедени преку кредит. Политичката партија може да врши пренос од трансакциската сметка од ставот (1) на овој член на основната жиро-сметка на партијата.

(8) Во случај на не поднесување, односно непотврдување на листата на кандидати, субјектите од ставот (1) на овој член кои обезбедиле ЕДБ и отвориле трансакциона сметка се должни непотрошените донации да ги вратат на давателите на донацијата сразмерно на донираниот износ во рок од 60 дена.

(9) Во случај на здружување за заедничко настапување за време на одржување на избори на субјектите од ставот (1) на овој член, кои пред склучувањето на договорот за коалиција обезбедиле ЕДБ и отвориле трансакциона сметка, се должни ЕДБ да го избришат од регистарот на надлежниот орган, а отворената трансакциона сметка да ја затворат со пренесување на средствата, правата и обврските на трансакционата сметка отворена согласно со договорот за коалиција и обезбедениот ЕДБ во роковите од ставот (2) на овој член.

(10) Сите средства наменети за финансирање на изборната кампања се уплатуваат на трансакционата сметка од ставот (1) на овој член и сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка.

(11) Трансакциската сметка од ставот (1) на овој член се затвора во рок од три месеци од денот на објавување на конечните изборни резултати од одржаните избори за претседател на Република Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

(12) Трансакциската сметка од ставот (1) на овој член се затвора во рок од девет месеци од денот на објавување на конечните изборни резултати од одржаните избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, избор за градоначалник на општината и градоначалник на градот Скопје.

Член 72

(1) За законитоста на спроведувањето на изборната кампања е одговорен учесникот во изборната кампања.

(2) Учесникот во изборната кампања е одговорен и за оние дејствија на изборната кампања за кои ќе овласти други лица.

Член 73

(1) Кандидатите имаат право, ако во времето на изборната кампања, односно во настапите или пропагандните известувања на одделни организатори на изборната кампања им се повредуваат правата (со попречување и оневозможување на кампањата на противкандидатите), веднаш да покренат постапка за заштита на своите права пред надлежниот основен суд.

(2) По барањето за заштита на правата, основниот суд ќе одлучи во рок од 48 часа од денот на поднесувањето на барањето.

(3) Против одлуката на основниот суд може да се изјави жалба во рок од 48 часа од денот на приемот на одлуката до надлежниот апелационен суд.

(4) Надлежниот апелационен суд одлучува во рок од 48 часа од денот на поднесувањето на жалбата.

(5) Правосилната одлука веднаш се објавува во јавните гласила.

2. Траење на изборната кампања

Член 74

(1) Во случај на поднесен приговор за непочитување на одредбата од членовите 8-а и чле 8-б од овој Законик, Државната комисија за спречување на корупција е должна на јавна седница да ги испита наводите и да постапи по поднесениот приговор во рок не подолг од пет дена од денот на поднесувањето на приговорот.

(2) Државната комисија за спречување на корупцијата одлучува по приговорите од ставот (1) на овој член на јавна седница и своите одлуки во рок од 24 часа ги објавува на својата веб страница. На седницата може да присуствува и подносителот на приговорот.

(3) Против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција од ставот (2) на овој член подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на одлуката.

(4) Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа од приемот на тужбата.

Член 74-а

(1) Во случај на поднесен приговор за непочитување на одредбите за финансирање на изборната кампања од овој Законик, Државниот завод за ревизија е должен да ги испита наводите и да одлучи по поднесениот приговор во рок од пет дена по поднесувањето на приговорот.

(2) За секој поднесен приговор согласно со ставот (1) на овој член, Државниот завод за ревизија во рок од 24 часа ќе ги извести Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

(3) Против одлуката на Државниот завод за ревизија од став (1) на овој член подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на приговорот.

(4) Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

2. Медиумско претставување 

Член 75

(1) Радиодифузерите, односно Јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва и електронските медиуми (интернет порталите) што одлучиле да ги покриваат изборите се должни тоа да го прават на правичен, избалансиран и непристрасен начин во својата вкупна програма.

(2) Радиодифузерите, без оглед на јазикот на кој го емитуваат својот програмски сервис, се должни за време на изборната кампања на учесниците во кампањата да им овозможат подеднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување – вести, посебни информативни програми (интервјуа, дебати, ТВ/радио соочувања, актуелно информативни програми, актуелно информативни програми со документаристички пристап и тематски специјализирани информативни програми), бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање.

(3) Програмите наменети за малолетната публика не смеат да се користат за изборно медиумско претставување.

(4) Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), како и нивните поврзани лица не смеат на било каков начин да финансираат или да даваат донации на политичките партии. Како поврзани лица се сметаат лицата дефинирани во членот 36 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Член 75-а

(1) Радиодифузерите ќе обезбедат избалансирано покривање на изборите во сите облици на изборно медиумско претставување на следниов начин:
а) за избор на претседател на Републиката, во согласност со принципот на еднаквост за сите кандидати за претседател и во првиот и во вториот круг од изборите;
б) за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници и
в) за локалните избори:
– за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје, во согласност со принципот на еднаквост за сите кандидати за градоначалници и во првиот и во вториот круг од изборите и
– за избор на членови на советите на општините, односно членови на советот на градот Скопје, за радиодифузерите на државно и регионално ниво во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за членови на советите на општините, односно членови на градот Скопје, а за радиодифузерите на локално ниво во согласност со принципот на еднаквост.

(2) При утврдувањето на избалансираноста во покривањето на изборите ќе се има предвид интензитетот на активностите во рамките на кампањите на учесниците во изборна кампања.

(3) Од принципот на пропорционалност, односно еднаквост, се иззема платеното политичко рекламирање.

Член 75-б

Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за активностите на правни и на други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, во програмите на радиодифузерите и на Програмскиoт сервис наменет за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија, во периодот од денот на распишување на изборите до нивното завршување не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.

Член 75-в

(1) Уредници, новинари, водители на програма и презентери ангажирани во подготвување на програми на радиодифузерите не смеат да учествуваат во предизборни активности на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници, односно учесници во изборна кампања.

(2) Доколку се определат да учествуваат во вакви активности, нивниот ангажман во програмите на радиодифузерите им мирува од денот на распишувањето на изборите до нивното завршување.

Член 75-г

(1) Радиодифузерите се должни да го снимаат излезниот сигнал на својата програма од денот на распишувањето на изборите до нивното завршување, а снимките од целокупната програма да ги чуваат најмалку 30 дена по завршувањето на изборите.

(2) На барање од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, радиодифузерите се должни најдоцна во рок од 48 часа од добивањето на барањето на Агенцијата да и достават снимки од бараната емитувана програма, како и други податоци поврзани со медиумското покривање на изборите.

Член 75-д

(1) Од денот на распишување на изборите па се до почетокот на изборната кампања, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (портали) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање, освен огласи и соопштенија за собирање потписи за поддршка на кандидатура на група избирачи.

(2) Огласите и соопштенијата за собирање потписи за поддршка на кандидатура на група избирачи, трговските радиодифузни друштва треба да ги емитуваат само во означени рекламни блокови во рамките на дозволеното време за рекламирање на еден реален час емитувана програма во времетраење од вкупно шест минути, од кои за еден учесник во изборната кампања можат да одвојат најмногу две минути, при што нарачателот треба да биде јасно означен.

(3) Огласите и соопштенијата од ставот (2) на овој член треба да содржат само основни податоци за кого се собираат потписи, на кои места граѓаните можат да го дадат својот потпис и во кој временски период од денот. Тие не смеат да содржат дополнителни податоци за кандидатите.

(4) Од денот на распишувањето на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите и печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања.

Член 75-ѓ

(1) За време на изборната кампања и во првиот и во вториот круг на гласање, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат вкупно девет минути дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за политичките партии на власт можат да одвојат најмногу четири минути, за политичките партии во опозиција можат да одвојат најмногу четири минути, за политичките партии во Собранието на Република Македонија кои немаат пратеничка група и за политичките партии кои не се застапени во Собранието на Република Македонија можат да одвојат една минута.

(2) При распределба на дополнителното време за рекламирање во еден реален час емитувана програма за платено политичко рекламирање, а кога постои интерес за спојување на блоковите на една политичка партија во два последователни реални часа, медиумот е должен да обезбеди гаранција дека спојувањето на блокови во два последователни часа два пати по ред нема биде од иста политичка партија и ќе обезбеди гаранција за најизменична застапеност на политичките партии од власт и опозиција.

(3) Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес.

(4) Во периодот од утврдување на ценовниците до започнување на изборната кампања, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни најмалку двапати јавно да ги објават ценовниците од ставот (2) на овој член на своите програми, односно во своите изданија или интернет страници.

(5) Печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни ценовниците од ставот (2) на овој член да ги достават до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите, а радиодифузерите да ги достават до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите.

(6) Електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, се должни во рок од три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во Државната изборна комисија. Електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во Државната изборна комисија, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

(7) Регистарот на електронски медиуми (интернет портали) се води врз основа на поднесено барање за упис до Државната изборна комисија, со прилог тековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Македонија, не постара од шест месеци.

(8) Ценовниците не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања.

(9) Радиодифузерите, печатените медиуми се должни постојните ценовници за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа цената по секунда за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните три месеци пред денот на распишување на изборите а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за искористен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните три месеци пред денот на распишување на изборите.

(10) Радиодифузерите и печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) во Република Македонија се должни на сите учесници на изборниот прецес да им обезбедат рамномерен пристап за платено политичко рекламирање.

(11) Учесникот во изборната кампања нарачател на платено политичко рекламирање кај радиодифузерите и печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) е должен да достави медиа план за платено политичко рекламирање.

Член 76

(1) Платеното политичко рекламирање мора да биде соодветно и видливо означено како „платено политичко рекламирање” и јасно одвоено од другите содржини на медиумите.

(2) Во сите облици на платеното политичко рекламирање нарачателот на рекламирањето мора да биде јасно означен.

(3) Не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.

(4) Радиодифузерите не смеат да емитуваат платено политичко рекламирање во вести, посебни информативни програми, образовни и програми за деца и во преноси од верски, спортски, културни, забавни и други настани.

(5) Јавниот радиодифузен сервис не смее да емитува платено политичко рекламирање.

(6) Со цел за гласачите објективно да се информираат за текот на изборната кампања и заради заштита на новинарската професија од какво било политичко влијание за време на изборното медиумско претставување, посебните информативни програми не смеат да се користат како облик на платено политичко рекламирање.

(7) Кампањите на Државната изборна комисија за едукација на гласачите за остварување на избирачкото право и за фер и демократски избори не се сметаат за платено политичко рекламирање. Тие треба да бидат издвоени од другиот дел од програмата и нивниот нарачател да биде јасно означен.

(8) Радиодифузерите не смеат да емитуваат бесплатно политичко претставување во своите програми од денот на распишување на изборите до нивното завршување.

3. Избришана 

Член 76-а

(1) Јавниот радиодифузен сервис е должен, без надоместок, во соработка со Државната изборна комисија, да ги информира граѓаните за начинот и техниката на гласање и да емитува други информации поврзани со изборниот процес.

(2) За време на изборната кампања Јавниот радиодифузен сервис е должен да обезбеди рамноправен пристап во информативната програма при што 30% од времето емитува за дневните настани од земјата и светот, 30% од времето за активностите на политичките партии на власт, 30% од времето за активностите на политичките партии во опозиција и 10% од времето за активностите на политичките партии кои не се претставени во Собранието на Република Македонија.

(3) Времето за информирање за активностите на кампањата на политичките партии ќе биде распределено согласно со принципите на избалансирано известување.

(4) Јавниот радиодифузен сервис е должен да обезбеди редовно информирање за изборниот процес и за лицата со оштетен слух.

(5) За време на изборната кампања и во првиот и во вториот круг на гласање, Јавниот радиодифузен сервис е должен да емитува бесплатно политичко претставување на учесниците во изборниот процес во согласност со принципите за избалансирано покривање на изборите утврдени во членот 75-а од овој Законик.

(6) Датумот и редоследот за емитување на бесплатно политичко претставување на учесниците во изборната кампања се утврдува со ждрепка.

(7) Бесплатното политичко претставување на телевизиските програмски сервиси на Јавниот радиодифузен сервис треба да се емитува во периодот од 16,00 до 23,00 часот.

(8) Програмскиoт сервис наменет за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија во времетраење од по три часа ќе обезбеди бесплатно политичко претставување на кампањите на политичките партии застапени во Собранието на Република Македонија, како и еден час за бесплатно политичко претставување на кампањите на подносителите на листи кои не се застапени во Собранието на Република Македонија. Во однос на користењето на трите часа односно на едниот час, учесниците во кампањата можат да одлучат да достават снимен материјал од активности за спроведување на изборна кампања или своето време може да го искористат и за директно обраќање од студио.

(9) Бесплатното политичко претставување мора да биде соодветно и видливо означено како „бесплатно политичко претставување” во текот на целото времетраење на емитувањето.

(10) Јавниот радиодифузен сервис во рок од 60 дена од денот на донесувањето на овој Законик донесува Правила за рамномерно политичко медиумско претставување, во консултација со учесниците во изборниот процес и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и истите ги објавува на својата веб страница.

(11) Од денот на распишување на изборите до изборниот молк Јавниот радиодифузен сервис е должен да организира дебатни емисии, односно соочувања на најголемите политички партии од власта и опозицијата, како и на останатите учесници во изборниот процес.

(12) Од денот на распишување на изборите до нивно завршување, во известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за активностите на правни и на други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања во програмите на радиодифузерите не смее да биде во функција на изборно медиумско претставувања на ниту еден политички субјект.

Член 76-б

(1) За време на изборниот молк престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборна кампања.

(2) Радиодифузерите и за време на изборниот молк продолжуваат да известуваат за изборниот процес на денот на гласањето.

(3) При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле изборниот молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Член 76-в

(1) Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е должна да го следи изборното медиумско претставување и програмскиот сервис на радиодифузерите, во Република Македонија од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на гласањето на денот на одржувањето на изборите.

(2) Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е должна од денот на распишување на изборите да доставува седмични извештаи до Државната изборна комисија, а за време на изборната кампања дневни извештаи и истите ги објавува на веб страницата на Агенцијата.

(3) Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е должна во рок од 48 часа по утврдувањето на прекршувања на одредбите од овој законик, против радиодифузерот што ги повредил одредбите, да покрене прекршочна постапка пред надлежен суд.

(4) Надлежниот суд е должен по барање за прекршочна постапка од ставот (4) на овој член да одлучи во рок од 48 часа од денот на приемот на барањето.

(5) Против одлуката на надлежниот суд може да се изјави жалба во рок од 24 часа од приемот на одлуката.

(6) Второстепениот суд е должен по жалбата да одлучи во рок од 48 часа од денот на приемот на жалбата.

(7) Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, доколку утврди прекршување на одредбите за избалансирано покривање на изборите од страна на Јавниот радиодифузен сервис, ќе поднесе предлог за покренување на постапка за разрешување на директорот на Јавниот радиодифузен сервис.

(8) Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е должна во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој законик да донесе Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, за време на изборните процеси и истите ги објавува на својата веб страница.

Член 76-г

(1) За исполнување на законските обврски на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги финансиски средства се обезбедуваат од средствата на Буџетот на Република Македонија, кои се исплаќаат на посебна сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

(2) Овие средства се наменети исклучиво за финансирање на активностите на Агенцијата за време на изборниот процес.

(3) Ако одобрените средства се поголеми од реалните трошоци направени за активностите на Агенцијата во врска со изборниот процес, остатокот од средствата Агенцијата е должна да го врати на сметката на Буџетот на Република Македонија.

Член 76-д

(1) За исполнување на законските обврски на радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (портали) во делот на објавувањето на платено политичко рекламирање, финансиски средства се обезбедуваат од средствата на Буџетот на Република Македонија.

(2) Овие средства се наменети исклучиво за финансирање на радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (портали) во делот на објавувањето на платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес.

(3) Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (портали). Прилог на доставената фактура е медиа план и Извештај за реализирани услуги потврдени покрај од радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (портали) и од учесникот во изборната кампања.

(4) Пред исплата на трошоците за објавеното платено политичко рекламирање, согласно со ставот (3) на овој член, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е должна да достави извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите до Државната изборна комисија на десеттиот ден од денот на изборната кампања и на седмиот ден по завршувањето на изборната кампања.

(5) Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање на радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (портали), на 12-тиот ден од денот на изборната кампања и десет дена по завршувањето на изборната кампања.

4. Испитување на јавното мислење

Член 77

(1) Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите за првиот и вториот круг на гласање.

(2) При објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, медиумите и електронските медиуми (интернет порталите) се должни да наведат податоци за името на нарачателот кој го побарал и го платил испитувањето, институцијата што го извршила испитувањето, применетата методологија, големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето.

(3) Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред 19,00 часот, односно пред затворањето на избирачките места.

5. Изборни плакати

Член 78

(1) Изборни плакати е дозволено да се истакнуваат без надоместок на места што ги утврдува општината, односно градот Скопје.

(2) Општината и градот Скопје имаат обврска да ги обележат местата од ставот (1) на овој член, за секој подносител на листи одделно.

(3) Општината и градот Скопје можат да утврдат и дополнителни места за истакнување на изборни плакати со надоместок.

(4) Дел од средствата од ставот (3) на овој член општината и градот Скопје, непосредно по завршувањето на изборите, се должни да ги искористат за отстранување на сметот направен за време на изборната кампања.

(5) Општината и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати, најдоцна 50 дена пред одржувањето на изборите.

(6) Општината и градот Скопје се должни да обезбедат еднакви услови за сите организатори на изборната кампања при истакнувањето на плакати на утврдените места.

(7) Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.

(8) Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде  што се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.

Рекламни паноа и билборди

Член 78-а

(1) Дозволено е политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди.

(2) Максималниот број на рекламни паноа и билборди од ставот (1) на овој член кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите.

(3) Политичките партии имаат право на закуп за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди на транспарентен и недискриминаторски начин согласно со следните критериуми:
– 40% од вкупниот број се достапни на партиите на власта;
– 40% од вкупниот број се достапни на партиите во опозицијата во Собранието на Република Македонија;
– 10% од вкупниот број се достапни на парламентарните партии кои немаат пратенички групи во Собранието на Република Македонија и
– 10% од вкупниот број се достапни на вонпарламентарните партии во Република Македонија.

(4) Општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди. Цената не смее да се менува за време на изборниот процес и истата не смее да биде поголема од просечната цена за закуп пресметана во последните три месеци пред денот на распишување на изборите.

(5) Општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни локациите кои се нудат за политичко рекламирање да ги распоредат согласно со критериумите од ставот (3) на овој член по пат на ждрепка.

(6) Ждрепката од ставот (5) на овој член ја спроведува Државната изборна комисија на Република Македонија.

(7) Доколку некоја политичка партија или коалиција не го искористи вкупниот процент за закуп на рекламни паноа и билборди или извлечените локации, останатите политички партии имаат право на закуп на истите.

Член 79

(1) Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други учесници во изборната кампања е забрането.

(2) Учесникот во изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.

6. Предизборни собири

Член 80

(1) Предизборните собири се јавни.

(2) За одржување на редот на собирите се грижи органот надлежен за внатрешни работи.

Член 81

Учесникот во изборната кампања за организирање на предизборен собир на јавни места и на места каде што се одвива јавен превоз, писмено го известува органот надлежен за внатрешни работи, преку неговата подрачна единица, најдоцна 48 часа пред денот на одржувањето на собирот.

Член 82

(1) Предизборните собири не смеат да се одржуваат во воени објекти, верски објекти, болници, домови за стари лица, училишта, детски градинки и други јавни институции.

(2) По исклучок, на организаторите може да им биде дозволено да одржуваат предизборни собири во просториите на училишта, или културни центри, доколку во општината нема друг објект за да се одржи собирот.

(3) Дозволата за одржување предизборни собири ја дава одговорното лице на установата под еднакви услови за сите организатори на изборната кампања.

(4) За потребите на изборната кампања не е дозволено да се користат просториите, опремата или другиот имот што е наменет за работа на државните органи и органите на општината и градот Скопје.

(5) По исклучок, можат да се користат просториите на органите од ставот (4) на овој член, доколку во местото не постојат никакви други соодветни простории за потребите на изборната кампања.

(6) Дозволата ја дава одговорното лице на органот под еднакви услови за сите организатори на изборната кампања.

7. Финансирање на изборите

Член 83

(1) Изборната кампања не смее да се финансира од:
– средства од Буџетот на Република Македонија, освен средствата определени во членот 86 став (2) на овој законик,
– средства од буџетите на општините и градот Скопје, освен средствата определени во членот 86 став (2) на овој законик,
– средства од јавни претпријатија и јавни установи,
– средства од здружение на граѓани, верски заедници, религиозни групи и фондации,
– средства од странски влади, меѓународни институции, органи и организации на странски држави и други странски лица и
– средства од претпријатија со мешовит капитал каде што е доминантен странскиот капитал.
– средства од неидентификувани извори

(2) Изборната кампања може да се финансира од:
– чланарината на политичката партија,
– физички лица во висина од 3.000 евра во денарска противвредност и
– правни лица во висина од 30.000 евра во денарска противвредност.

(3) Изборната кампања може да се финансира од донации од физички и правни лица во вид на пари, ствари и услуги чија вредност не смее да го надмине износот утврден со ставот (2) алинеи 2 и 3 на овој член.

(4) Ако висината на донацијата е поголема од износот утврден во ставот (2) алинеи 2 и 3 од овој член учесникот во изборната кампања е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на донацијата, разликата меѓу дозволената и донираната вредност да ја префрли во Буџетот на Република Македонија.

(5) Ако не може да се утврди потеклото на донацијата учесникот во изборната кампања е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на донацијата донираната вредност да ја префрли во Буџетот на Република Македонија.

Член 83-а

(1) Како донација од членот 83 на овој закон се смета и:
– давањето бесплатни услуги на учесникот во изборната кампања,
– давањето услуги на учесникот во изборната кампања за кои плаќа трето лице и
– продажба на стоки или давање на услуги на учесникот во изборната кампања по цени пониски од пазарните.

(2) Продавачот на стоката, односно давателот на услугата е должен да го извести учесникот во изборната кампања за пазарната цена на продадената стока, односно извршената услуга и за тоа му доставува фактура.

(3) Разликата меѓу пазарната вредност и фактурираната вредност се смета за донација.

(4) Јавните претпријатија се должни да понудат еднакви цени за своите услуги кон сите учесници на кампањата преку официјални ценовници.

Член 83-б

(1) Учесникот во изборната кампања за време на изборната кампања води регистар на донации со следниве податоци:
– името, односно називот на секој донатор поединечно,
– видот и вредноста на донацијата и
– датумот на добивање на донацијата.

(2) Регистарот на донации содржи податоци и за платени донации на субјекти кои директно или индиректно се поврзани со политичката партија или се под нејзина контрола.

(3) Регистарот на донации се води на образец пропишан со правилник што го донесува министерот за финансии, во кој се утврдуваат формата, содржината и начинот на водењето на регистарот на донации.

Член 84

При финансирањето на изборната кампања, учесникот во изборната кампања може да потроши најмногу до 110 денари по запишан избирач во изборната единица, односно општината за која има поднесено листа на кандидати, односно листа на кандидат во првиот и вториот круг на гласање.

Член 84-а

Од денот на донесувањето на одлука за распишување на изборите се до денот на завршувањето на изборите, државните органи и органите на општините и на градот Скопје не смеат да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, односно од буџетите на општините и на градот Скопје.

Член 84-б

(1) Учесникот во изборната кампања е должен единаесеттиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.

(2) Учесник во изборната кампања е должен еден ден пред одржувањето на вториот круг на гласање да поднесе финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборната кампања за вториот круг на гласање.

(3) Учесникот во изборната кампања е должен еден ден по завршување на изборната кампања да поднесе финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања за втората половина од изборната кампања.

(4) Извештаите од ставовите (1) и (2) на овој член се поднесуваат на образец пропишан од министерот за финансии во кој се содржани податоците за име односно назив на донаторот, вид и вредност на донации, датум на добивање на донации и расходите за секоја донација и приходи и расходи за време на изборната кампања,  како и податоци за донации примени од трето лице.

(5) Составен дел на образецот од ставoт (4) на овој член е Упатството за начинот на пополнување на образецот на извештајот.

(6) Извештаите се поднесуваат до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се должни да ги објават на своите веб страници.

(7) Извештаите кои што политичките субјекти ги доставуваат согласно со ставот (6) се должни да ги објават и на своите веб страници.

8. Финансиски извештај

Член 85

(1) Учесникот во изборната кампања е должен веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на затворање на трансакциска сметка од членот 71 ставови (10) и (11) да поднесе вкупен финансиски извештај за изборната кампања.

(2) Финансискиот извештај за изборната кампања се поднесува на образецот од членот 84-б став (3) на овој законик.

(3) Финансискиот извештај се поднесува до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Собранието на Република Македонија, а за локалните избори и до советот на општината и Советот на градот Скопје.

(4) Финансискиот извештај од ставот (3) на овој член Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата јавно ги објавуваат на своите веб страници.

(5) Учесникот во изборната кампања на група избирачи, вишокот од собраните средства ќе го подари во добротворни цели.

(6) Државниот завод за ревизија во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на извештајот од ставот (1) на овој член е должен да спроведе ревизија. Ревизијата се спроведува од денот на отварањето на трансакционата сметка за изборната кампања до завршувањето на трансакциите на таа сметка.

(7) Државниот завод за ревизија доколку утврди неправилности во финансискиот извештај на учесникот во изборната кампања, кои се спротивни на одредбите на овој законик поднесува барање за поведување на прекршочна постапка или пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од 30 дена од денот на утврдувањето на неправилностите.

(8) Државниот завод за ревизија има право при спроведување на ревизијата на финансискиот извештај на учесникот во изборната кампања да побара дополнителни објаснувања и податоци со цел целосно утврдување на евентуални неправилности во истиот.

(9) Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата склучуваат Меморандум за соработка во врска со спроведувањето на одредбите за финансирањето на изборната кампања за размена на информации за утврдени неправилности во врска со доставените финансиски извештаи и мерките преземени од нивна страна спрема субјектот кој е предмет на надзор.

Член 85-а

(1) Радиодифузерите и печатените медиуми и електронските медиуми (електронските портали) во Република Македонија се должни да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа.

(2) Извештајот од ставот (1) на овој член се поднесува најдоцна 15 дена по денот на завршување на изборната кампања.

(3) Извештајот од ставот (1) на овој член се поднесува Министерството за финансии, до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се должни да го објават на своите интернет страници. 

(4) Извештајот од ставот (1) на овој член се поднесува на образец пропишан од министерот за финансии.

Член 85-б

Ревизорските извештаи од извршената ревизија на финансиските извештаи на учесниците во изборната кампања Државниот завод за ревизија ги објавува на својата веб страница во рокот утврден со закон.

9. Надомест на трошоците за избори

Член 86

Избришан 

Член 87

(1) Надлежниот орган врз основа на одлуката од членот 86 став (4) на овој законик ќе донесе решение за неисплаќање на надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања во согласност со членот 85 став (7) од овој законик.

VII. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

1. Средства за спроведување на изборите

Член 88

(1) Средствата за спроведување на изборите се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија.

(2) Од средствата наменети за изборите две третини служат за покривање на трошоците поврзани со изборните дејствија на органите за спроведување на изборите.

(3) Една третина од средствата за спроведување на изборите служи за покривање на дел од трошоците што ги направиле учесниците во изборната кампања чии кандидати се избрани.

(4) За спроведување на локалните избори средства се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, а средства за изборниот материјал се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија.

(5) По исклучок од ставот (4) на овој член во случај на неможност за обезбедување на средствата за спроведување на локалните избори поради блокирана жиро-сметка од страна на општината и градот Скопје, средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од Буџетот Република Македонија и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје.

2. Изборен материјал

Член 89

Изборниот материјал за спроведување на изборите се состои од:
– кутии за гласање и паравани,
– обрасци на записници и дневник за работа на избирачкиот одбор,
– блок со гласачки ливчиња според изводот од Избирачкиот список,
– листи на кандидати,
– потпишан извод од Избирачкиот список,
– средства за обележување на лицата кои гласале (спреј и УВ ламба),
– графитно перниче
– компјутер, читач на лична карта или патна исправа со биометриски податоци,
– упатство за гласање и
– друг материјал потребен за гласање.

Член 90

(1) Упатството за гласање се истакнува на видно место на гласачкиот параван и на други видни места на гласачките места во согласност со Упатството издадено од Државната изборна комисија. Упатството е печатено на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазиците и писмата на заедниците наведени во Преамбулата на Уставот на Република Македонија.

(2) Листите на кандидати ќе бидат истакнати во просторијата за гласање.

3. Предавање на изборниот материјал

Член 91

(1) Државната изборна комисија изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите.

(2) Државната изборна комисија изборниот материјал за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии го предава на овластено лице во Министерството за надворешни работи најдоцна пет дена пред денот на одржување на изборите.

(3) Министерството за надворешни работи изборниот материјал на ДКП, односно конзуларните канцеларии го доставува веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по приемот.

(4) За предавањето на изборниот материјал се составува записник во кој треба посебно да се наведе вкупниот број на гласачки ливчиња со сериските броеви  и потребниот број  листи на кандидати што  се истакнуваат во просториите за гласање.

Член 92

(1) Општинската изборна комисија е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори  на територијата на Република Македонија

(2) За предавањето на изборниот материјал од општинската изборна комисија на избирачките одбори се составува записник во кој треба да се наведе вкупниот број на гласачки ливчиња со сериските броеви и друг материјал потребен за гласање.

(3) Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на избирачкиот одбор и членот на општинската изборна комисија кој го предава материјалот.

(4) Ако присутните претставници на подносителите на листи имаат забелешки за предавањето на изборниот материјал, тие имаат право да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

(5) Ако на присутните претставници на подносителите на листи не им бидат евидентирани забелешките од ставот (4) на овој член во записникот, имаат право забелешките да ги достават до општинската изборна комисија во рок од 5 часа по потпишувањето на записникот.

(6) При предавање на изборниот материјал право на присуство имаат и овластените набљудувачи.

4. Гласачко ливче

Член 93

(1) Гласачкото ливче се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(2) Името на подносителот на листата, името и презимето на кандидатот, односно носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(3) За припадниците на заедниците, името на подносителот на листата и името и презимето на кандидатот, односно носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на заедницата на која тие припаѓаат.

(4) Во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, гласачките ливчиња за избори се печатат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Член 94

(1) На гласачкото ливче ако има кандидати, односно носители на листа со исто име и презиме, тогаш се наведува и почетната буква на нивното средно име.

(2) На гласачкото ливче кандидатите, односно подносителите на листите се наведени по оној редослед кој е утврден во единствената листа на кандидати.

(3) Гласачкото ливче содржи дел за гласање и дел кој останува на кочанот.

За претседател на Републиката

Член 95

(1) Делот од гласачкото ливче за гласање за избор на претседател на Републиката содржи:
– назив на гласачкото ливче, општина и број на гласачкото место за гласањето во Република Македонија
– назив на гласачкото ливче, седиштето на ДКП, односно конзуларните канцеларии за гласање во странство,
– реден број, име и симбол (ако го има) на подносителот на листата и
– име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната евиденција.

(2) Делот од гласачкото ливче што останува на кочанот на блокот го содржи серискиот број на гласачкото ливче, општината односно седиштето на ДКП, односно конзуларните канцеларии и бројот на гласачкото место.

(3) Во називот на гласачкото ливче е содржано знамето на Република Македонија.

За пратеници

Член 96

(1) Делот од гласачкото ливче за гласање за избор на пратеници содржи:
– назив на гласачкото ливче, бројот на изборната единица, општината и бројот на гласачкото место,
– реден број, име и симбол (ако го има) на подносителот на листата и
– име и презиме на носителот на листата врз основа на податоците од матичната евиденција.

(2) Делот од гласачкото ливче кој останува на кочанот на блокот содржи сериски број на гласачкото ливче, бројот на изборната единица, општината и бројот на гласачкото место.

(3) Во називот на гласачкото ливче се содржани бројот на изборната единица и знамето на Република Македонија.

За членови на совет

Член 97

(1) Делот од гласачкото ливче за гласање за избор на членови на совет содржи:
– назив на гласачкото ливче, бројот на гласачкото место и општината,
– реден број, име и симбол (ако го има) на подносителот на листата и
– име и презиме на носителот на листата врз основа на податоците од матичната евиденција .

(2) Делот од гласачкото ливче кој останува на кочанот на блокот ги содржи серискиот број на гласачкото ливче, општината и бројот на гласачкото место.

(3) Во називот на гласачкото ливче за избор на членови на советот се содржи името на општината, односно градот Скопје за кои се врши изборот.

За градоначалник

Член 98

(1) Делот од гласачкото ливче за гласање за избор на градоначалник содржи:
– назив на гласачкото ливче, број на гласачкото место и општина,
– име и симбол (ако го има) на подносителот на листата и
– реден број, име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната евиденција.

(2) Делот од гласачкото ливче кој останува на кочанот на блокот содржи сериски број на гласачкото ливче, општината и бројот на гласачкото место.

(3) Во називот на гласачкото ливче за избор на градоначалник се содржи името на општината, односно градот Скопје за кои се врши изборот.

5. Гласачко место

Член 99

(1) За секое избирачко место се определува местото (просторија во објектот) на кое се врши гласањето (во натамошниот текст: гласачко место).

(2) Во просторијата во местото определено за гласање се истакнуваат листите на кандидати.

Член 100

(1) Претседателот и членовите на избирачкиот одбор најдоцна еден час пред почетокот на гласањето се собираат во просторијата за гласање и утврдуваат:
– дали просторијата е во истата состојба како што ја оставиле на денот пред изборите,
– дали изборниот материјал е во иста состојба како што бил на денот пред изборите и
– дали гласачката кутија е празна.

(2) Избирачкиот одбор составува записник за утврдената состојба, кој го потпишуваат претседателот и членовите на одборот.

(3) Забелешките на претседателот и членовите на избирачкиот одбор се констатираат во записникот.

(4) Ако овластените присутни претставници на подносителите на листите имаат забелешки, претседателот е должен да им овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

(5) Ако забелешките на овластените присутни претставници на подносителите на листите од ставот (4) на овој член не им бидат евидентирани во записникот, имаат право забелешките да ги достават до општинската изборна комисија во рок од 5 часа по потпишувањето на записникот.

(6) Право на присуство при утврдувањето на состојбата пред почетокот на гласањето имаат и овластените набљудувачи.

6. Времетраење на гласањето

Член 101

(1) Гласањето започнува во 7,00 часот и трае непрекинато до 19,00 часот, а во ДКП, односно конзуларните канцеларии се почитува временската разлика во земјата, односно од 7,00 до 19,00 часот согласно со сметањето на времето во соодветната земја

(2) Во 19,00 часот гласачкото место се затвора, а на избирачите кои се затекнале во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат.

(3) Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија, ако гласале сите избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список, но не започнува со броење на гласовите пред 19,00 часот

7. Обезбедување на гласачкото место

Член 102

(1) Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато почнувајќи од 6,00 часот до 19,00 часот.

(2) По затворањето на гласачкото место, за време на сумирањето на резултатите полицијата го обезбедува објектот и просторијата во која е сместено гласачкото место и избирачкиот одбор и ги отстранува сите неовластени лица од објектот.

(3) Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје, ако е тоа побарано од страна на избирачкиот одбор.

8. Надлежност на избирачкиот одбор за време на гласањето

Член 103

(1) Избирачкиот одбор се грижи за одржување на редот и мирот на гласачкото место.

(2) Избирачкиот одбор може да го отстрани секое лице кое го нарушува редот и мирот на гласачкото место.

(3) Објектот во кој е сместено гласачкото место и приодот до него за време на спроведување на гласањето го обезбедува полиција.

(4) Избирачкиот одбор може да побара помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место.

(5) Никој не смее да дојде на гласачкото место вооружен, освен полицијата во случајот предвиден во ставовите (3) и (4) на овој член.

(6) Во објектот и просторијата каде што се изведува гласањето и во нејзина близина, избирачкиот одбор во соработка со полицијата е должен да ги отстрани пропагандните материјали.

(7) Полицијата по барање на претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор е должна да ги отстрани неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање, како и неовластено присутните лица од објектот каде што се изведува гласањето во радиус од 100 метра.

Член 104

(1) Избирачкиот одбор може да го прекине гласањето, ако на гласачкото место се наруши редот се додека тој не се воспостави.

(2) Гласањето може да се прекине и во случај на временски непогоди или други вонредни околности.

(3) Избирачкиот одбор ќе го прекине гласањето ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба или ако таа е повикана и не се одзвала на повикот.

(4) Претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа.

(5) Ако гласањето е прекинато подолго од 1 час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од 3 часа.

(6) Причините за прекинот на гласањето и времето за кое гласањето се прекинало се внесуваат во записникот.

9. Права и обврски на подносителите на листи и овластените набљудувачи за време на гласањето

Член 105

(1) Претставниците на подносителите на листите, доколку имаат забелешки на работата на избирачкиот одбор за време на гласањето, можат да укажат на неправилностите, со цел тие да бидат отстранети.

(2) Претседателот на избирачкиот одбор е должен на присутните претставници на подносителите на листите, ако имаат забелешки, да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

(3) Ако забелешките од ставот (2) на овој член на претставниците на подносителите на листи не се евидентирани во записникот, тие имаат право да ги достават до општинската изборна комисија во рок од 5 часа по потпишувањето на записникот.

(4) Акредитираните набљудувачи, доколку имаат забелешки на работата на избирачкиот одбор имаат право да ги евидентираат во дневникот на избирачкото место.

(5) Претставниците на подносителите на листите и акредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот кој пристапува на гласање.

Член 106

Претседателот, членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори, односно избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии и нивните заменици, како и претставниците на подносителите на листи и набљудувачите за време на гласањето и на местото на гласањето не смеат да носат ознаки или симболи на политичка партија, коалиција или кандидат.

(2) Овластените претставници на подносителите на листи за време на гласањето и на местото на гласањето носат беџ со бројот на избирачкото место за кое се овластени.

(3) Избирачкиот одбор може да го отстрани секое лице кое при гласањето користи мобилен телефон или апарат за сликање на гласачкото ливче.

10. Гласање

Член 107

(1) Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Македонија и во ДКП, односно конзуларните канцеларии

(2) Гласање за друго лице е забрането, освен во случаите предвидени во членот 111 од овој законик.

Утврдување на идентитетот на гласачот

Член 108

(1) Избирачите пристапуваат да гласаат еден по еден.

(2) Кога избирачот пристапува да гласа, избирачкиот одбор проверува дали избирачот е на соодветното гласачко место и со ултравиолетова ламба проверува дали има небришлив белег на нокотот и палецот на десната рака.

(3) Кога избирачот пристапува да гласа избирачкиот одбор го проверува неговиот личен идентитет.

(4) Личниот идентитет избирачот го докажува со лична карта или патна исправа.

(5) Избирачкиот одбор, по утврдувањето на идентитетот на избирачот, го заокружува неговиот реден број во изводот од Избирачкиот список и избирачот го става својот потпис, а ако е неписмен става отпечаток од десниот показалец. Ако избирачот нема десен показалец, тој ќе стави отпечаток од неговиот лев показалец, а доколку нема ни лев показалец, не се става отпечаток.

(6) По идентификацијата, избирачот добива гласачко ливче и му се обележува со спреј палецот на десната рака, односно палецот на левата рака, доколку нема палец на десната, притоа внимавајќи со спрејот да се опфати и нокотот на палецот. Ако избирачот нема палец на двете раце, нема да се врши обележување.

Член 108-а

Избришан 

11. Начин на гласање

Член 109

(1) Гласањето се врши со едно гласачко ливче за секој вид на избори утврдени со овој законик.

(2) Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.

(3) На избирачот му се објаснува начинот на гласањето и му се овозможува да гласа.

(4) Избирачот гласа истовремено кога се одржуваат два или повеќе видови на избори или референдумско изјаснување.

Член 110

Избирачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред подносителот на листата, односно редниот број пред кандидатот за којшто се определил да гласа и гласачкото ливче преклопено го става во кутијата за гласање.

Гласање на немоќно или болно лице

Член 111

(1) Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице според упатството на Државната изборна комисија), а сака да гласа, за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје најдоцна седум дена пред денот определен за гласање.

(2) Даденото известување од ставот (1) на овој член се однесува и на првиот и на вториот круг на гласање.

(3) Известувањето од ставот (1) на овој член може да се даде и преку полномошник.

(4) Избирачкиот одбор на лицето од ставот (1) на овој член ќе му овозможи да гласа во неговиот дом еден ден пред одржувањето на изборите на начин со кој се обезбедува тајноста на гласањето.

(5) Избирачкиот одбор за гласањето од ставот (3) на овој член обезбедува посебна кутија за гласање која се носи празна во домот каде што се наоѓа избирачот.

(6) Гласањето од ставот (3) на овој член избирачкиот одбор го внесува во записникот.

(7) За денот и часот на гласањето од ставот (3) на овој член претседателот на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје писмено ги известува претставниците на подносителите на листите.

Гласање на избирач кој не може да гласа сам

Член 112

(1) Избирачот кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со овој законик, има право со себе да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето.

(2) Ако избирачот од ставот (1) на овој член не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на избирачите.

(3) Лицето кое ќе му помага на друго лице при гласањето не смее да биде од редот на членовите на избирачкиот одбор, претставниците на подносителите на листите или набљудувачите.

(4) Едно исто лице може да помогне при гласањето најмногу на двајца избирачи од ставот (1) на овој член.

(5) Избирачкиот одбор на лицето од ставовите (1) и (2) на овој член ќе му укаже дека со неговата помош не треба да влијае врз одлуката на избирачот.

(6) Гласањето од ставот (1) на овој член избирачкиот одбор го внесува во записникот.

Гласање на избирач – лице со посебни потреби

Член 112-а

На избирач кој е лице со посебни потреби, а кое не може да влезе во гласачкото место и да гласа согласно со овој законик, избирачкиот одбор е должен да му овозможи да гласа согласно со Упатството на Државната изборна комисија.

Гласање на избирачи кои на денот на гласањето се на издржување казна затвор или се во притвор, односно куќен притвор

Член 113

(1) Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, односно куќен притвор, гласаат во казнено-поправните домови, односно местото каде што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор.

(2) Општинската изборна комисија е должна по добивање на списоците за избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, веднаш да ги достави до казнено-поправните домови каде што избирачите се на издржување казна затвор или се во притвор.

(3) Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, а кои сакаат да гласат, преку овластен полномошник ќе ја известат општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје најдоцна три дена пред денот определен за гласање.

(4) За избирачите од ставовите (2) и (3) на овој член изборите ги спроведува избирачкиот одбор од најблиското избирачко место или посебен избирачки одбор согласно со овој законик и упатството на Државната изборна комисија, еден ден пред денот определен за гласање, а за гласањето се известуваат и претставниците на подносителите на листите заради нивно присуство на гласањето.

(5) На избирачот од ставот (3) на овој член избирачкиот одбор ќе му овозможи да гласа во местото каде што ја издржува мерката куќен притвор, еден ден пред одржувањето на изборите на начин со кој се обезбедува тајноста на гласањето.

(6) Избирачкиот одбор за гласањето од ставот (5) на овој член обезбедува посебна кутија за гласање која се носи празна  во местото каде што избирачот се наоѓа на издржување мерка куќен притвор.

(7) За гласањето на избирачите од ставот (3) на овој член надлежната изборна комисија ги известува надлежниот орган кој ја изрекол мерката куќен притвор и органот надлежен за спроведување на истата.

(8) За гласањето на овие избирачи избирачкиот одбор составува посебни записници.

(9) Записниците и изборниот материјал по завршувањето на гласањето се доставуваат до соодветните општински изборни комисии.

Член 113-а

(1) Избирачите кои на денот на гласањето се на привремена работа или престој во странство гласаат во ДКП односно конзуларните канцеларии еден ден пред денот на одржувањето на изборите во Република Македонија.

(2) Гласањето во странство се спроведува во ДКП или конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство:
Република Албанија – Тирана,
– Република Австрија – Виена, која ја покрива и Словачката Република;
Австралија – Камбера и Мелбурн,
Кралство Белгија – Брисел која го покрива Големото Војводство Луксембург,
Босна и Херцеговина – Сараево,
Република Бугарија – Софија која ја покрива и Република Молдавија,
Канада – Отава и Торонто,
Народна Република Кина – Пекинг која ги покрива Демократска Народна Република Кореја, Монголија и Социјалистичка Република Виетнам,
Република Хрватска – Загреб,
Кралство Данска – Копенхаген,
Арапска Република Египет – Каиро,
Република Естонија – Талин,
Француска Република – Париз и Стразбур која ја покрива Португалската Република,
Сојузна Република Германија – Берлин, Бон и Минхен,
Република Грција – Атина и Солун,
Република Унгарија – Будимпешта,
Индија – Њу Делхи,
Италија – Рим и Венеција која ја покрива Малта,
Држава Израел -Тел Авив,
Света Столица Ватикан,
Кралство Холандија – Хаг,
Република Полска – Варшава,
Романија – Букурешт,
Руска Федерација – Москва која ја покрива Република Белорусија,
Република Србија – Белград,
Република Словенија – Љубљана,
Кралство Шпанија – Мадрид,
Кралство Шведска – Стокхолм која ја покрива Република Финска,
Швајцарска Конфедерација – Берн и Женева која го покрива Принципатот Лихтенштајн,
Република Турција – Анкара и Истанбул која ги покрива Саудиска Арабија, Киргистанската Република, Азербејџанската Република и Република Узбекистан,
Украина – Киев,
Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска – Лондон која ги покрива Ирска и Република Исланд,
САД – Вашингтон, Детроид, Чикаго и Њујорк,
Држава Катар – Доха,
Црна Гора – Подгорица,
Чешка Република – Прага,
Република Косово – Приштина;
Кралство Норвешка – Осло;
– Јапонија – Токио;
– Република Казахстан – Астана и
– Обединети Арапски Емирати – Абу Даби.

(3) Државната изборна комисија е должна веднаш по добивањето на изборниот материјал да го достави на ДКП, односно конзуларните канцеларии преку Министерството за надворешни работи.

(4) За избирачите од ставот (1) на овој член изборите ги спроведуваат избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии.

(5) Избирачките одбори за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии составуваат записници.

(6) Гласачките ливчиња се ставаат во посебни коверти на кои е назначено седиштето на ДКП, односно конзуларните канцеларии и изборната единица и се запечатуваат.

(7) Записниците, запечатените коверти и другиот изборен материјал по завршувањето на гласањето избирачките одбори преку Министерството за надворешни работи ги доставуваат до Државната изборна комисија.

(8) Државната изборна комисија врши сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во странство.

Член 113-б

(1) Членовите на избирачките одбори за гласање во ДКП, односно во конзуларните канцеларии гласаат во Државната изборна комисија три дена пред денот на одржувањето на избори во Република Македонија.

(2) Изборите за избирачите од ставот (1) на овој член ги спроведува избирачкиот одбор за гласање во ДИК.

(3) За гласањето од ставот (2) на овој член се обезбедува посебна кутија за гласање која по завршувањето на гласањето се чува запечатена во просториите на ДИК и се отвора по завршување на гласањето во Република Македонија.

(4) За гласањето на овие избирачи избирачкиот одбор составува посебен записник.

(5) Записникот и изборниот материјал по завршувањето на гласањето во Република Македонија се доставуваат до соодветните општински изборни комисии.

12. Сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на гласачките места

Член 114

Резултатите од гласањето на гласачкото место од страна на избирачкиот одбор се сумираат и утврдуваат на начин што:
– се пребројуваат неупотребените гласачки ливчиња и по пребројувањето, прво се кине десниот долен агол, а потоа се ставаат во посебен плик кој се затвора, запечатува и врз него се запишува бројот на избирачкото место и вкупниот број на неупотребените ливчиња,
– се утврдува вкупниот број на избирачи кои гласале и ставиле потпис, или само отпечаток од запишаните во изводот од Избирачкиот список,
– се отвора гласачката кутија и се пристапува кон пребројување на гласовите,
– со ждрепка се определува еден член кој ќе ги вади и отвора гласачките ливчиња едно по едно од гласачката кутија и ќе му ги предава на претседателот на избирачкиот одбор,
– гласачкото ливче се покажува на сите членови на избирачкиот одбор, на присутните претставници на подносителите на листите и на набљудувачите,
– избирачкиот одбор утврдува дали гласачкото ливче е важечко или не и за која листа на кандидати, односно за кандидат е гласано и
– се регистрира дадениот глас, а гласачкото ливче се става на соодветно место и се пристапува кон вадење ново ливче од гласачката кутија.

Важечко гласачко ливче

Член 115

(1) Гласачкото ливче е важечко ако е во согласност со членот 110 од овој законик.

(2) За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал.

(3) Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати или кандидат.

Записник за гласање

Член 116

(1) Избирачкиот одбор во записникот за гласање ги внесува следниве податоци: редниот број на избирачкото место; бројот на решението за формирање на избирачкиот одбор; времето на започнувањето и завршувањето на гласањето; вкупниот број на избирачи во избирачкото место според изводот од Избирачкиот список; вкупниот број на избирачи кои гласале вкупниот број на болни и немоќни лица кои гласале; вкупниот број на гласачки ливчиња ставени во гласачката кутија; вкупниот број на гласачки ливчиња што не се употребени и вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња и вкупниот број гласови кои ги добила секоја листа на кандидати одделно.

(2) Записникот содржи посебен табеларен дел за сумирањето и утврдувањето на резултатите од избирачкото место.

(3) Во записникот се внесуваат и забелешки дадени од членовите на избирачкиот одбор.

Член 117

(1) Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на избирачкиот одбор.

(2) Записникот е важечки ако е потпишан од мнозинството членови на избирачкиот одбор чии потписи се депонирани.

(3) Претседателот на избирачкиот одбор треба да ги наведе причините за непотпишување на записникот од член на одборот.

(4) Ако записникот не е потпишан од мнозинството членови на избирачкиот одбор, записникот го составува и потпишува општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје, врз основа на целокупниот изборен материјал.

(5) Претседателот на избирачкиот одбор е должен на присутните претставници на подносителите на листите ако имаат забелешки, да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

(6) Ако забелешките на претставниците на подносителите на листите од ставот (5) на овој член не се евидентирани во записникот, тие имаат право да ги достават до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 5 часа од составувањето на записникот и тие забелешки можат да бидат основа за приговор.

(7) Ако записникот од гласањето во ДКП, односно конзуларните канцеларии не е потпишан од мнозинството членови на избирачкиот одбор, записникот го составува и потпишува државната изборна комисија врз основа на целокупниот изборен материјал.

(8) Акредитираните набљудувачи, доколку имаат забелешки, имаат право да ги евидентираат во дневникот на избирачкото место.

Предавање на изборниот материјал на општинската изборна комисија

Член 118

(1) Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје, во рок од 5 часа по завршувањето на гласањето.

(2) Примерок од записниците направени како копија под индиго добива секој претставник на подносителот на листата и акредитираните набљудувачи. Оригиналниот примерок, кој претходно е со печат од Државната изборна комисија, се доставува до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје.

(3) Избирачкиот одбор веднаш по завршувањето на дејствијата од ставовите (1) и (2) на овој член ги објавува и истакнува сумираните резултати од извршеното гласање на гласачкото место.

(4) Изборниот материјал до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје го доставува претседателот на избирачкиот одбор во придружба на заинтересирани членови на избирачкиот одбор, или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.

(5) За предавањето на материјалот од ставот (1) на овој член се составува посебен записник.

Член 118-а

(1) Записниците и другиот изборен материјал од гласањето во ДКП, односно конзуларните канцеларии избирачкиот одбор му ги предава на надлежното лице од ДКП, односно конзуларните канцеларии кое го определува Државната изборна комисија (во натамошниот текст: надлежно лице од ДКП, односно конзуларните канцеларии) во рок од пет часа по завршување на гласањето. За ова предавање се составува посебен записник.

(2) Примерок од записниците од гласањето во ДКП, односно конзуларните канцеларии направени како копија под индиго добива секој претставник на подносителот на листата и акредитираните набљудувачи. Оригиналниот примерок кој претходно е со печат од Државната изборна комисија се доставува до надлежното лице од ДКП, односно конзуларните канцеларии.

(3) Надлежното лице од ДКП, односно конзуларните канцеларии е должно записникот од гласањето во ДКП, односно конзуларните канцеларии целокупниот изборен материјал од гласањето во ДКП, односно конзуларните канцеларии и еден примерок од посебниот записник од ставот (1) на овој член веднаш по дипломатска пошта да ги достави до Државната изборна комисија.

13. Сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за избор на претседател на Републиката

Член 119

Општинската изборна  комисија во рок од 5 часа од приемот на целокупниот изборен материјал  од избирачките одбори ги сумира резултатите од гласањето за листата на кандидати од избирачките места за која е надлежна и ги предава на Државната изборна комисија.

(2) За својата работа општинската изборна комисија составува записник.

(3) Во записникот за гласањето се внесуваат податоци за сумираните гласови од гласањето, редниот број на избирачките места во изборната единица за која е надлежна, вкупниот број на избирачи за тие избирачки места запишани во изводите од Избирачкиот список, вкупниот број на избирачи што гласале, вкупниот број на болни и немоќни лица кои гласале, вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња и вкупниот број на гласови што ги добила секоја листа на кандидати од избирачките места за кои таа општинска изборна комисија е надлежна.

(4) Во записникот се внесуваат и забелешките дадени од членовите на општинската изборна комисија.

Член 119-а

(1) Записникот од членот 119 на овој законик го потпишуваат претседателот и членовите на општинската изборна комисија.

(2) Записникот е важечки ако е потпишан од мнозинството членови на општинската изборна комисија.

(3) Претседателот на општинската изборна комисија е должен да ги наведе причините за непотпишување на записникот од член на комисијата.

(4) Претседателот на општинската изборна комисија е должен на присутните претставници на подносителите на листите ако имаат забелешки, да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

(5) Примерок од записникот добива и секој претставник на подносителот на листата и акредитираните набљудувачи.

Прв круг

Член 120

За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список.

Втор круг

Член 121

(1) Ако во  првиот круг ниту еден кандидат за претседател на Републиката не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

(2) Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.

(3) За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.

Повторување на гласањето

Член 122

(1) Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

(2) Ако за претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Изјава

Член 123

(1) Пред преземањето на должноста, најдоцна во рок од десет дена од денот на објавувањето на конечните резултати, но не порано од денот на престанок на мандатот на претходниот претседател, претседателот на Републиката дава и потпишува свечена изјава пред Собранието, која гласи:

„Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.”

(2) Изјавата од ставот (1) на овој член претседателот на Република Македонија, избран врз основа на избори за претседател поради престанок на мандатот, ја дава во рок од три дена од денот на објавувањето на конечните резултати.

14. Сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за избор на пратеници

Член 124

Општинската изборна комисија во рок од 5 часа од приемот на целокупниот изборен материјал од избирачките одбори за кои таа е надлежна ги сумира резултатите од гласањето за листите на кандидати од избирачките места на соодветната изборна единица.

Записник за гласањето

Член 125

(1) За својата работа општинската изборна комисија составува записник.

(2) Во записникот за гласањето се внесуваат податоци за сумираните гласови од гласањето, и тоа: редниот број на избирачките места во изборната единица за која е надлежна, вкупниот број на избирачи за тие избирачки места запишани во изводите од Избирачкиот список, вкупниот број на избирачи што гласале вкупниот број на болни и немоќни лица кои гласале, вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња и вкупниот број на гласови што ги добила секоја листа на кандидати на ниво на изборна единица од избирачките места за кои таа општинска изборна комисија е надлежна.

Член 126

(1) Записникот од членот 125 на овој законик го потпишуваат претседателот и членовите на општинската изборна комисија.

(2) Записникот е важечки ако е потпишан од мнозинството членови на општинската изборна комисија.

(3) Претседателот на општинската изборна комисија треба да ги наведе причините за непотпишување на записникот од член на комисијата.

(4) Ако присутните претставници на подносителите на листите имаат забелешки, претседателот на општинската изборна комисија е должен на присутните претставници на подносителите на листите, ако имаат забелешки, да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

(5) Примерок од записникот добива и секој претставник на подносителот на листата и акредитираните набљудувачи.

15. Утврдување на резултатите и распределба на мандатите за избор на пратеници

Член 127

(1) Државната изборна комисија ги сумира и ги утврдува вкупните резултати од гласањето во изборните единици.

(2) Државната изборна комисија резултатите од гласањето ги утврдува врз основа на записниците со сумираните резултати од надлежната општинска изборна комисија и целокупниот изборен материјал.

(3) Државната изборна комисија резултатите ги утврдува одделно за секоја изборна единица, според бројот на вкупните гласови што ги добиле листите на кандидати одделно врз основа на сумираните резултати од општинската изборна комисија за избирачките места во изборната единица за која е надлежна.

(4) Утврдувањето на резултатите од изборите се врши со примена на Д’Хондт- овата формула.

(5) По утврдувањето на вкупниот број дадени гласови за тој број на кандидати во изборната единица (таканаречена избирачка маса), секоја листа одделно се дели со низот делители 1, 2, 3, 4 итн. се додека не се распределат според определениот принцип сите пратенички места во изборната единица.

(6) Количниците од делењето од ставот (5) на овој член се редат по големина при што се релевантни онолку најголеми количници колку што се избираат пратеници во изборната единица.

(7) Листата на кандидати добива толкав број на пратенички места колку што има најголеми количници од бројот на количниците од ставот (6) на овој член.

(8) Ако во доделувањето на последното пратеничко место се јават два идентични количника, мандатот се доделува со ждрепка.

(9) При распределбата на пратеничките места за избрани се сметаат онолку кандидати колку што места добила листата.

(10) Од листата на кандидати се избрани кандидатите наведени во листата според утврдениот редослед.

Член 127-а

(1) Државната изборна комисија ги сумира и ги утврдува вкупните резултати од гласањето во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија.

(2) Државната изборна комисија резултатите од гласањето ги утврдува врз основа на записниците со сумираните резултати од ДКП, односно конзуларните канцеларии и целокупниот изборен материјал.

(3) Државната изборна комисија резултатите ги утврдува, според бројот на вкупните гласови што ги добиле листите на кандидати врз основа на сумираните резултати од ДКП, односно конзуларните канцеларии во изборната единица.

(4) Утврдувањето на резултатите од изборите се врши со примена на Д’Хондт- овата формула.

(5) По утврдувањето на вкупниот број дадени гласови за тој број на кандидати во изборната единица (таканаречена избирачка маса), секоја листа одделно се дели со низот делители 1, 2 и 3 се додека не се распределат според определениот принцип сите пратенички места во изборната единица.

(6) Количниците од делењето од ставот (5) на овој член се редат по големина при што се релевантни онолку најголеми количници колку што се избираат пратеници во изборната единица.

(7) Листата на кандидати добива толкав број на пратенички места колку што има најголеми количници од бројот на количниците од ставот (6) на овој член.

(8) Ако во доделувањето на последното пратеничко место се јават два идентични количника, мандатот се доделува со ждрепка.

(9) При распределбата на пратеничките места за избрани се сметаат онолку кандидати колку што места добила листата.

(10) Од листата на кандидати се избрани кандидатите наведени во листата според утврдениот редослед.

Член 128

(1) Државната изборна комисија за утврдувањето на резултатите од гласањето во изборната единица составува записник одделно за секоја изборна единица.

(2) Во записникот се внесуваат податоци за резултатите од гласањето, и тоа:
– вкупниот број на избирачки места,
– вкупниот број на избирачи запишани во изводите од избирачкиот список за изборната единица,
– вкупниот број на болни и немоќни лица и
– вкупниот број на избирачи што гласале,
– вкупниот број на неважечки ливчиња,
– вкупниот број гласови што ги добила секоја листа на кандидати одделно,
– бројот на добиени пратенички места од листата на кандидати и
– името и презимето на избраните кандидати.

Член 129

Избришан 

16. Сумирање, утврдување на резултатите од гласањето за избор на членови на совет и распределба на мандатите

Член 130

(1) Општинската изборна комисија ги пресметува вкупните резултати од гласањето во општината.

(2) Општинската изборна комисија резултатите од гласањето ги пресметува врз основа на записниците со сумираните  резултати од избирачките одбори и целокупниот изборен материјал.

(3) Општинската изборна комисија резултатите ги утврдува според бројот на гласовите што ги добиле листите на кандидати за членови на советот одделно врз основа на сумираните резултати од избирачките одбори.

(4) Изборната комисија на градот Скопје резултатите од гласањето за членови на Советот ги утврдува според бројот на гласовите што ги добиле листите на кандидати за членови на Советот одделно, врз основа на сумираните резултати добиени од општинските изборни комисии на подрачјето на градот Скопје.

(5) Утврдувањето на резултатите од изборите се врши со примена на Д’Хондт -овата формула.

(6) По утврдувањето на вкупниот број дадени гласови за секоја листа на кандидати (таканаречена избирачка маса), секоја листа одделно се дели со низот делители 1, 2, 3, 4 итн. се до бројот на членовите на советот кои се избираат во општината и градот Скопје.

(7) Количниците од делењето од ставот (6) на овој член се редат по големина при што релевантни се онолку најголеми количници колку што се избираат членови на советот.

(8) Листата на кандидати за членови на советот добива толкав број на советнички места колку што има најголеми количници од бројот на количниците од ставот (6) на овој член.

(9) Ако во доделувањето на последното советничко место се јават два идентични количника, мандатот се доделува со ждрепка.

(10) При распределбата на советничките места за избрани се сметаат онолку кандидати колку што места добила листата.

(11) Од листата на кандидати за членови на советот се избрани кандидатите наведени во листата според утврдениот редослед.

Член 131

(1) Општинската изборна комисија за утврдувањето на резултатите од гласањето составува записник.

(2) Во записникот се внесуваат податоци за резултатите од гласањето, и тоа:
– вкупниот број на избирачки места во општината и градот Скопје,
– вкупниот број на избирачи запишани во изводите од Избирачкиот список за општината и градот Скопје,
– вкупен број на болни и немоќни лица кои гласале.
– вкупниот број на избирачи кои гласале,
– бројот на неважечки ливчиња,
– вкупниот број гласови што ги добила секоја листа на кандидати одделно,
– бројот на добиени советнички места од листата на кандидати и
– името и презимето на избраните кандидати.

(3) Примерок од записникот добива и секој претставник на подносителот на листата и акредитираните набљудувачи.

17. Утврдување на резултатите за избор на градоначалник

Прв круг

Член 132

(1) Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

(2) Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

(3) Изборната комисија на градот Скопје резултатите од гласањето за градоначалник ги утврдува според бројот на гласовите што ги добиле листите на кандидати за градоначалник одделно, врз основа на сумираните резултати добиени од општинските изборни комисии на подрачјето на градот Скопје.

(4) Ако за градоначалник е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови од ставот (1) на овој член, се повторува целата изборна постапка.

Втор круг

Член 133

(1) Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, согласно со членот 132 став (1) од овој законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

(2) Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето.

(3) Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Именување на повереник до нови избори

Член 134

(1) Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

(2) По добивањето на известувањето од ставот (1) на овој член, Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите  од надлежност на градоначалникот.

(3) Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереник го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

18. Објавување на резултатите од изборите

Државната изборна комисија

Член 135

(1) Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

(2) Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Општинска изборна комисија

Член 136

(1) Општинската изборната комисија првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

(2) Изборната комисија на градот Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од општинските изборни комисии за градот Скопје и ги истакнува на огласна табла во градот Скопје и ги соопштува на јавните гласила.

(3) Конечните резултати од изборите за членови на совет и градоначалник општинските изборни комисии, односно Изборната комисија на градот Скопје ги објавуваат веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

19. Избори за претседател на Републиката поради престанок на мандатот

Распишување на избори

Член 137

(1) Кога Уставниот суд на Република Македонија ќе донесе акт со кој го утврдува настанувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Република Македонија согласно со членот 81 став 8 од Уставот на Република Македонија, во рок од 24 часа го доставува до претседателот на Собранието и го објавува во “Службен  весник на Република Македонија”.

(2) Претседателот на Собранието, во рок од 48 часа од објавувањето на актот од ставот (1) на овој член, донесува акт за распишување на избори за избор на претседател на Републиката.

Постапка за собирање на потписи

Член 138

Собирањето на потписите во постапката за кандидирање за претседател на Републиката и јавниот увид во Избирачкиот список се спроведуваат пред Државната изборна комисија и започнуваат петтиот ден од денот на распишувањето на  изборите за претседател на Републиката поради престанок на мандатот и траат десет дена.

Поднесување на листа на кандидат

Член 139

(1) Листата на кандидати за претседател на Републиката се доставува до Државната изборна комисија, најдоцна шеснаесеттиот ден од денот на распишувањето на изборите.

(2) Кандидатот може да се откаже од кандидатурата, најдоцна во рок од 17 дена од денот на распишувањето на изборите.

Надлежност на Државната изборна комисија

Член 140

(1) Државната изборна комисија во рок од 24 часа по приемот на листите на кандидати за претседател, утврдува дали тие се поднесени во рокот предвиден со членот 139 став (1) од овој законик.

(2) Ако Комисијата од ставот (1) на овој член по приемот на листата утврди дека се направени одделни пропусти, односно неправилности, ќе ги повика подносителите на листите веднаш, но најдоцна во рок од 24 часа од доставувањето на листата да ги отстранат констатираните пропусти или неправилности.

(3) Ако Комисијата од ставот (1) на овој член утврди дека листите се поднесени во определениот рок и се составени во согласност со овој законик, односно констатираните пропусти и неправилности подносителите на листите ги отстраниле во рокот од ставот (2) на овој член, поднесените листи ќе ги потврди со решение во рок од 24 часа од приемот на листите, односно отстранувањето на пропустите или неправилностите.

Член 141

(1) Ако Државната изборна комисија утврди дека листите се поднесени ненавремено, односно констатираните пропусти и неправилности подносителите на листите не ги отстраниле во рокот предвиден во членот 140 став (2) на овој законик, Комисијата поднесената листа во рок од 24 часа ќе ја отфрли со решение.

(2) Против решението на Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението.

(3) Управниот суд е должен да донесе одлука по тужбата во рок од 24 часа по приемот на тужбата.

(4) Тужбата од ставот (2) на овој член се поднесува преку Државната изборна комисија, а доставувањето на тужбата по пошта не е дозволено.

Објавување на листите

Член 142

Државната изборна комисија утврдените листи ќе ги објави во “Службен весник на Република Македонија” најдоцна дваесет и првиот ден од денот на распишувањето на изборите.

Изборна кампања

Член 143

Изборната кампања започнува дваесет и вториот ден од денот на распишувањето на изборите и завршува 24 часа пред денот на одржувањето на изборите.

Организатор на изборната кампања

Член 144

Избришан 

Медиумско претставување

Член 145

Избришан 

Објавување на описите на избирачките места

Член 146

(1) Државната изборна комисија копие од решението за определување на бројот и описот на секое избирачко место ќе го достави до општинската изборна комисија најдоцна десет дена пред денот определен за изборите.

(2) Општинската изборна комисија најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите ќе ги објави на видно место описите на избирачките места кои се определени за гласање со назначување од кое подрачје избирачите ќе гласаат на определено избирачко место.

VIII. ЗАШТИТА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

Член 147

(1) Постапката за заштита на избирачкото право е итна.

(2) Поднесоците (приговорите и жалбите) за заштита на избирачкото право се доставуваат до надлежните органи преку органите кои претходно одлучувале.

(3) Приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат:
– место, време, опис на направената повреда, сторителот и доказите на кои подносителот се повикува,
– име, презиме и потпис на подносителот на приговорот, односно на овластениот претставник и
– електронско сандаче за прием на писмена.

(4) Доставувањето на приговор и тужба по пошта не е дозволено.

(5) Приговорите можат да се поднесуваат и на посебни обрасци, пропишани од страна на Државната изборна комисија, објавени во “Службен весник на Република Македонија“ и на интернет страницата на Државната изборна комисија.

(6) Доставувањето на приговори и тужби за гласање во странство не е дозволено да се врши по редовна пошта, а се врши преку електронска пошта, лично или преку овластен претставник.

(7) Одлуките на Управниот суд се правосилни и против нив не може да се изјави жалба или друг вид на правна заштита, освен во случаи определени со овој Законик.

1. Постапка за заштита на избирачкото право на подносителите на листите

Член 148

(1) Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето може да поднесе приговор до Државната изборна комисија 

(2) Приговорот од ставот (1) на овој член се поднесува во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати

(3) Државната изборна комисија е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

(4) Одлуката од ставот (3) на овој член се доставува во електронско сандаче за прием на писмена и одлуката се смета за доставена во рок од пет часа од доставувањето во електронското сандаче.

(5) Против одлуката на Државната изборна комисија, подносителот на приговорот по кој одлучувал, Државната изборна комисија може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

(6) Тужба до Управниот суд подносителот ја заснова на основот и врз наводите истакнати во приговорот по кој е донесена првостепената одлука.

2. Постапка за заштита на избирачкото право на избирачите

Член 149

(1) Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право право во постапката на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до Државната изборна комисија, во рок од 24 часа. 

(2) Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право право во постапката за спроведување на гласањето во странство може да поднесе приговор до Државната изборна комисија во рок од 24 часа по брза пошта, а времето на поднесување на приговорот се смета од времето на предавањето на пратката.

(3) Првостепениот орган е должен во рок од 4 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

(4) Против одлуката на првостепениот орган, односно Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа по приемот на решението.

(5) Ако одлуката од ставот (2) на овој член се однесува на одредено дејствие на избирачкиот одбор, а процесот на гласање е во тек, на избирачот ќе му се овозможи остварување на избирачкото право.

Член 149-а

(1) Секој избирач на кого му е повредено лично избирачкото право во секоја фаза од изборниот процес, може да поднесе приговор до Државната изборна комисија, во рок од 24 часа.

(2) Секој избирач на кого му е повредено лично избирачкото право во странство во секоја фаза на изборниот процес, може да поднесе приговор до Државната изборна комисија во рок од 24 часа од денот на повредата, по електронска или брза пошта, а времето на поднесување на приговорот се смета од времето на предавањето на пратката.

(3) Првостепениот орган е должен во рок од 4 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

(4) Против одлуката на Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа по приемот на решението.

3. Одлучување на Управниот суд

Член 150

(1) Управниот суд по тужбите од членовите 148, 149 и 149-а од овој Законик одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка, на јавна седница за која ја информира јавноста и овластените претставници по чии тужби се одлучува.

(2) Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата и истата да ја објави на својата веб страница во рок од 24 часа. Објавените одлуки ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

(3) Управниот суд може да ја потврди или преиначи одлуката.

(4) Одлуките по приговор и тужбата со самото донесување се објавуваат на интернет страницата на Управниот суд, Државната изборна комисија, градската изборна комисија и општинската изборна комисија и на друг соодветен начин.

IX. ПОНИШТУВАЊЕ И ПОВТОРУВАЊЕ НА ГЛАСАЊЕТО

Член 151

(1) Државната изборна комисија по службена должност, или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место во следниве случаи, ако:
– избирачкиот одбор не го спроведува гласањето на начин утврден со овој законик,
– е нарушена тајноста на гласањето,
– гласањето било прекинато подолго од 3 часа,
– полицијата не одговорила на барањето за интервенција од страна на избирачкиот одбор, а за тоа имало потреба и влијаело врз спроведувањето на гласањето на избирачкото место,
– бројот на гласачките ливчиња во гласачката кутија е поголем од бројот на избирачите што гласале и
– некое лице или лица гласале за други лица.

(2) Државната изборна комисија во случаите од ставот (1) алинеи 1, 2, 5 и 6 на овој член, при одлучување по приговори ако фактите на кои се упатува во нив се внесени во записникот, е должна да изврши увид во целокупниот изборен материјал.

(3) Државната, изборна комисија со решение ќе го повтори гласањето на гласачките места во случаите од ставот (1) на овој член каде што гласањето е поништено само ако вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на изборна единица, град, односно општина влијае врз вкупните резултати.

(4)  Против решението од ставовите (1) и (2) на овој член може, во рок од 24 часа од приемот на решението, да се поднесе тужба до Управниот суд преку Државната, изборна комисија. 

(5) Управниот суд е должен да постапи по тужбата во рок од 48 часа по нејзиниот прием. 

(6) Гласањето на гласачкото место кое е поништено ќе се повтори по 14 дена од денот на гласањето.

X. ПОВТОРНИ ИЗБОРИ

1. Престанување на мандатот и дополнителни избори за пратеници

Член 152

(1) На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако:
– поднесе оставка,
– е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години,
– настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник,
– во случај на смрт и
– со правосилно решение е лишен од деловна способност.

(2) Ако пратеникот поднесе оставка, Собранието на првата наредна седница констатира дека на пратеникот му престанува мандатот од денот на одржувањето на таа седница.

(3) Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанувањето на условите од ставот (1) алинеи 2, 3, 4 и 5 на овој член, а Собранието тоа го констатира на првата наредна седница.

Член 153

(1) Ако на пратеник кој е избран од листата на кандидати му престане мандатот според еден од основите утврдени во членот 152 на овој законик, тогаш за остатокот од мандатот, пратеник на Собранието станува наредниот кандидат од листата.

(2) Државната изборна комисија го известува наредниот кандидат од листата во случаите од ставот (1) на овој член, во рок од три дена од престанокот на мандатот на пратеникот.

(3) Ако наредниот кандидат од листата од ставот (2) на овој член не ја извести Државната изборна комисија во рок од осум дена за прифаќањето на мандатот, тоа право се пренесува на наредниот кандидат од листата.

(4) Во случај  кога е исцрпена листата на кандидати согласно со ставовите (1), (2) и (3) на овој  член, остварувањето на ова право започнува повторно од почетокот на листата на кандидати, доколку на листата има кандидати.

Член 153-а

(1) По исклучок од членот 153 од овој законик, ако е жена пратеникот кој е избран од листата на кандидати, а на кого му престанал мандатот според еден од основите утврдени во членот 152 од овој законик, тогаш за остатокот од мандатот, пратеник во Собранието станува наредниот кандидат од листата жена.

(2) Државната изборна комисија го известува наредниот кандидат жена од листата во случаите од ставот (1) на овој член, во рок од три дена од престанокот на мандатот на пратеникот.

(3) Ако наредниот кандидат жена од листата од ставот (2) на овој член не ја извести Државната изборна комисија во рок од осум дена за прифаќањето на мандатот, тоа право се пренесува на наредниот кандидат жена од листата.

(4) Во случај кога е исцрпена листата на кандидати согласно со ставовите (1), (2) и (3) на овој член, остварувањето на ова право се врши согласно со членот 153 од овој законик.

Член 154

Ако на листата на кандидати нема кандидати и ако се исцрпени основите за стекнување мандат на пратеник утврдени во членот 153 на овој законик, се распишуваат дополнителни избори за избор на пратеници во изборната единица од која е избран пратеникот.

2. Престанување, одземање на мандатот и дополнителни избори за членови на совет

Член 155

(1) Ако на член на советот му престане или му биде одземен мандатот поради една од причините утврдени во Законот за локалната самоуправа и овој законик, тогаш член на советот за остатокот од мандатот станува наредниот кандидат од листата.

(2) Општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје го известува наредниот кандидат од листата во случаите од ставот (1) на овој член, во рок од три дена по престанокот на мандатот на советникот.

(3) Кандидатот од ставот (1) на овој член е должен писмено да ја извести општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје дали го прифаќа мандатот во рок од осум дена од денот на приемот на известувањето од ставот (2) на овој член.

(4) Ако кандидатот согласно со ставот (3) од овој член не го прифати мандатот, тоа право се пренесува на наредниот кандидат од листата.

Член 155-а

(1) По исклучок од членот 155 од овој законик, ако е жена член на совет на кого му престанал или ќе му биде одземен мандатот поради една од причините утврдени во Законот за локалната самоуправа и овој законик, тогаш за остатокот од мандатот, член на совет станува наредниот кандидат од листата жена.

(2) Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје го известува наредниот кандидат жена од листата во случаите од ставот (1) на овој член, во рок од три дена од престанокот на мандатот на пратеникот.

(3) Ако наредниот кандидат жена од листата од ставот (2) на овој член не ја извести општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од осум дена за прифаќањето на мандатот, тоа право се пренесува на наредниот кандидат жена од листата.

(4) Во случај кога е исцрпена листата на кандидати согласно со ставовите (1), (2) и (3) на овој член, остварувањето на ова право се врши согласно со членот 155 од овој законик.

Член 156

(1) Во случај кога е исцрпена листата на кандидатите согласно со членот 155 на овој законик, остварувањето на ова право започнува повторно од почетокот на листата на кандидати, доколку на листата има кандидати.

(2) Ако на листата на кандидати, нема кандидати и ако се исцрпени основите за стекнување мандат на член на совет се спроведуваат дополнителни избори за член на совет во општината, односно градот Скопје.

(3) Дополнителните избори ги распишува претседателот на Собранието во рок од 15 дена од престанувањето, односно одземањето на мандатот.

3. Избори за замена на членови на советите

Член 157

(1) Ако со правосилна судска пресуда се утврди дека во текот на изборната постапка, политичката партија, коалицијата или групата избирачи како средство за добивање гласови користеле поткуп и средства од извршени казниви дела, местата (мандатите) што ги освоиле подносителите на листите се поништуваат од страна на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје и за овие места се спроведуваат избори за замена.

(2) Изборите за замена не можат да се распишат шест месеца пред истекот на мандатот за кој е избран советот.

(3) Мандатот на член на советот согласно со ставот (1) на овој член, односно избран на изборите за замена трае до истекот на времето за кое бил избран членот на советот на кој му престанал односно му е одземен мандатот.

(4) Изборите за замена ги распишува претседателот на Собранието по предлог на надлежната општинска изборна комисија.

4. Предвремени избори за градоначалник и членови на советите

Член 158

(1) Ако на градоначалник му престане мандатот поради една од причините утврдени во Законот за локалната самоуправа и овој законик и ако на градоначалникот му е изгласана недоверба во согласност со закон, се распишуваат предвремени избори за градоначалник.

(2) Предвремените избори од ставот (1) на овој член нема да се распишат ако до редовните избори за градоначалник има помалку од шест месеца.

Член 159

Предвремени избори за членови на совет пред истекот на мандатот се распишуваат ако настапи еден од условите утврдени во Законот за локалната самоуправа и овој законик.

5. Повторни избори на членови на советите

Член 160

Ако седницата на советот не се одржи до триесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите, во согласност со членот 37 ставови (2) и (3) од Законот за локалната самоуправа се вршат повторни избори за членови на советот, кои ги распишува претседателот на Собранието.

XI. НАБЉУДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

Член 161

(1) Изборите и изборната постапка можат да ги набљудуваат:
– домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права,
– меѓународни организации и
– претставници на странски земји .

(2) Државната изборна комисија ја утврдува процедурата за набљудување на изборите и изборната постапка.

Член 162

(1) Организациите и лицата од членот 161 на овој законик можат да вршат набљудување на целиот изборен процес по добивање на овластување од Државната изборна комисија.

(2) Барањата за набљудување со потребните исправи за идентификација се доставуваат до Државната изборна комисија од денот на распишувањето на изборите, а најдоцна десет дена пред денот на гласањето.

(3) Државната изборна комисија им издава овластувања на набљудувачите најдоцна седум дена по приемот на барањето.

(4) Државната изборна комисија има право да им го одземе овластувањето за набљудување на субјектите од членот 161 на овој законик, ако започнат да изразуваат поддршка за некој кандидат, партија или коалиција.

Член 162-а

Само акредитираните набљудувачи можат да информираат за текот на изборниот процес и активностите поврзани со неговото набљудување.

XII. ИЗБИРАЧКИ МЕСТА

Член 163

Под избирачко место, во смисла на овој законик, се подразбира населено место или дел од населено место каде што избирачите од тоа подрачје го остваруваат своето избирачко право.

1. Критериуми за определување на избирачките места

Член 164

(1) Избирачките места се определуваат за населени места или за делови од населени места во кои има запишано избирачи во изводите од избирачките списоци за населените места или за деловите од населените места.

(2) Избирачките места се определуваат во рамките на границите на општината.

(3) Во ДКП, односно конзуларните канцеларии на Република Македонија за гласање во странство се определуваат посебни избирачки места.

Член 165

(1) Бројот на избирачите кои гласаат на избирачкото место се определува на начин со кој се овозможува гласањето да се одвива непречено во времето определено за гласање.

(2) Бројот на избирачи кои гласаат на избирачкото место не може да биде поголем од 1.000 избирачи.

(3) Избирачко место не може да се определува за населено место во кое живеат помалку од десет избирачи и во ДКП, односно конзуларните канцеларии каде има пријавено помалку од десет избирачи за гласање

Член 166

Избирачкото место по правило не смее да биде оддалечено повеќе од 3 км од најоддалечената адреса во градските населби и повеќе од 5 км во селските населби.

(2) Правилото утврдено во ставот (1) на овој член не се применува за избирачките места во ДКП, односно конзуларните канцеларии.

2. Постапка за утврдување, менување и објавување на избирачките места

Член 167

Државната изборна комисија во соработка со Министерството за надворешни работи органот надлежен за работите од областа на урбанизмот и градежништвото, органот надлежен за работите на премерот и катастарот и управната организација надлежна за работите од областа на статистиката задолжена за организационо-техничката и методолошката обработка на податоците од Избирачкиот список ги изработува стручно-техничките описи на избирачките места. Стручно-техничкиот опис на избирачките места содржи: општина, број на изборна единица, број на избирачко место, населеното место и локација на избирачкото место (објект и адресата на објектот во кој ќе се гласа, населено место), дали избирачкото место е целосно населено место, улица (назив), индикатор на распределба куќен број (од – до).

Член 168

(1) Државната изборна комисија врз основа на стручно-техничките описи на избирачките места изработени во согласност со членот 167 од овој законик, донесува решение со кое ќе го утврди бројот и описот за секое избирачко место одделно, со назначување на населените места, односно улиците и куќните броеви кои влегуваат во избирачките места и објектот на гласање.

Член 169

(1) Промена на описот на избирачкото место се врши при промена на имињата за улиците, односно куќните броеви и доколку се зголемува бројот на избирачите или просторната оддалеченост за определено избирачко место.

(2) Државната изборна комисија донесува решение со кое ја утврдува промената на описот на избирачкото место.

(3) Промена на описите на избирачките места може да се врши најдоцна 30 дена пред денот определен за изборите, односно гласање на референдум.

Член 170

(1) Општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје најдоцна 15 дена пред денот определен за одржување на изборите, односно гласањето на референдумот ќе ги објави на видно место описите на избирачките места кои се определени за гласање со назначување од кое подрачје избирачите ќе гласаат на одделно избирачко место.

(2) Објавувањето на описите на избирачките места може да се врши и преку локалните средства за јавно информирање.

(3) Државната изборна комисија задолжително ќе организира информирање на избирачите со објавување на описите на избирачките места во печатот и другите средства за јавно информирање.

3. Услови за функционирање на избирачките места

Член 171

(1) Секое избирачко место има реден број.

(2) Редниот број на избирачкото место се истакнува на објектот во кој се врши гласањето за тоа избирачко место, а доколку во еден објект се врши гласање во две или повеќе избирачки места, редниот број на избирачкото место се означува и на секоја просторија што е определена за гласање во тоа избирачко место.

Член 172

Просторијата во која се врши гласањето не смее да се определи во објект во кој има седиште политичка партија или кој се користи за активности на политичките партии.

Член 173

(1) Гласањето се врши во затворена просторија која ги исполнува условите за остварување на лично, слободно и тајно гласање на избирачите.

(2) Во просторијата во која се врши гласањето се истакнуваат имињата на населените места и деловите од населените места (улици и делови од улиците), кои ги опфаќа избирачкото место (описот).

(3) Просторијата определена за гласање е опремена со кабини, односно прегради или завеси така што да не може да се види како избирачот го пополнува гласачкото ливче.

(4) Секое место за гласање мора да биде опремено со хемиски молив за потребите на избирачите при гласањето.

(5) Во просторијата за гласање се поставуваат кутии за гласање изработени од цврст материјал кои на избирачките одбори им се предаваат запечатени со записник.

(6) Просториите определени за гласање мораат да се соодветно стручно-технички уредени заради нивно заклучување и запечатување.

XIII. ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ ЗА ИЗБОР НА ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО

Член 174

Изборните единици ги сочинуваат (опфаќаат) избирачките места во рамките на границите на општините каде што граѓаните го остваруваат избирачкото право.

(2) Изборната единица за гласање во странство ја сочинуваат избирачките места, односно ДКП, односно конзуларните канцеларии во рамките на изборната единица каде што граѓаните го остваруваат избирачкото право согласно со овој Законик.

Член 175

Во Република Македонија се утврдуваат седум изборни единици:

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 1 
Општина КАРПОШ Избирачки места од 2592 до 2653
општина Карпош избирачки места од 2593/1 до 2593/1
општина Карпош избирачки места 2597/1 до 2597/1
општина Карпош избирачки места од 2601/1 до 2601/1
општина Карпош избирачки места од 2614/1 до 2614/1
општина Карпош избирачки места од 2617/1 до 2618/1
општина Карпош избирачки места од 2626/1 до 2626/1
општина Карпош избирачки места од 2644/1 до 2644/1
општина Карпош избирачки места од 2649/1 до 2649/1
општина Карпош избирачки места од 2651/1 до 2653/1
Општина КИСЕЛА ВОДА Избирачки места од 2425 до 2427
општина Кисела Вода избирачки места од 2425/1 до 2426/1
Општина КИСЕЛА ВОДА Избирачки места од 2654 до 2672
општина Кисела Вода избирачки места од 2667/1 до 2667/1
општина Кисела Вода избирачки места од 2669/1 до 2669/1
општина Кисела Вода избирачки места од 2671/1 до 2671/1
Општина КИСЕЛА ВОДА Избирачки места од 2739 до 2751
општина Кисела Вода избирачки места од 2748/1 до 2748/1
општина Кисела Вода избирачки места од 2751/1 до 2751/1
Општина КИСЕЛА ВОДА Избирачки места од 2761 до 2771
општина Кисела Вода избирачки места од 2762/1 до 2762/1
Општина КИСЕЛА ВОДА Избирачки места од 2774 до 2795
општина Кисела Вода избирачки места од 2781/1 до 2782/1
општина Кисела Вода избирачки места од 2784/1 до 2784/1
општина Кисела Вода избирачки места од 2789/1 до 2789/1
општина Кисела Вода избирачки места од 2793/1 до 2793/1
општина Кисела Вода избирачки места од 2795/1 до 2795/1
Општина ЦЕНТАР Избирачки места од 2796 до 2818
општина Центар избирачки места од 2796/1 до 2797/1
општина Центар избирачки места од 2805/1 до 2806/1
Општина ЦЕНТАР Избирачки места од 2822 до 2822
Општина ЦЕНТАР Избирачки места од 2828 до 2828
Општина ЦЕНТАР Избирачки места од 2830 до 2868
општина Центар избирачки места од 2842/1 до 2844/1
општина Центар избирачки места од 2847/1 до 2847/1
општина Центар избирачки места од 2861/1 до 2861/1
општина Центар избирачки места од 2867/1 до 2867/1
Општина ЦЕНТАР Избирачки места од 2870 до 2871
општина Центар избирачки места од 2870/1 до 2871/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2819 до 2821
општина Чаир избирачки места од 2819/1 до 2819/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2823 до 2827
општина Чаир избирачки места од 2826/1 до 2826/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2829 до 2829
општина Чаир избирачки места од 2829/1 до 2829/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2869 до 2869
општина Чаир избирачки места од 2869/1 до 2869/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2872 до 2898
општина Чаир избирачки места од 2873/1 до 2874/1
општина Чаир избирачки места од 2876/1 до 2877/1
општина Чаир избирачки места од 2884/1 до 2884/1
општина Чаир избирачки места од 2886/1 до 2889/1
општина Чаир избирачки места од 2893/1 до 2893/1
Општина АЕРОДРОМ Избирачки места од 2673 до 2738
општина Аеродром избирачки места од 2679/1 до 2680/1
општина Аеродром избирачки места од 2682/1 до 2684/1
општина Аеродром избирачки места од 2714/1 до 2717/1
општина Аеродром избирачки места од 2719/1 до 2721/1
општина Аеродром избирачки места од 2730/1 до 2730/1
општина Аеродром избирачки места од 2732/1 до 2733/1
Општина АЕРОДРОМ Избирачки места од 2752 до 2760
Општина АЕРОДРОМ Избирачки места од 2772 до 2773
општина Аеродром избирачки места од 2772/1 до 2772/1
Општина САРАЈ Избирачки места од 2428 до 2461
општина Сарај избирачки места од 2428/1 до 2428/1
општина Сарај избирачки места од 2430/1 до 2431/1
општина Сарај избирачки места од 2433/1 до 2435/1
општина Сарај избирачки места од 2438/1 до 2438/1
општина Сарај избирачки места од 2447/1 до 2447/1
општина Сарај избирачки места од 2451/1 до 2452/1
општина Сарај избирачки места од 2458/1 до 2458/1
општина Сарај избирачки места од 2460/1 до 2460/1
Општина МАКЕДОНСКИ БРОД Избирачки места од 0224 до 0274
општина Македонски Брод избирачки места од 0247/1 до 0248/1
Општина СОПИШТЕ Избирачки места од 2412 до 2424
општина Сопиште избирачки места од 2423/1 до 2423/1
Општина СТУДЕНИЧАНИ Избирачки места од 2341 до 2361
општина Студеничани избирачки места од 2341/1 до 2341/1
општина Студеничани избирачки места од 2345/1 до 2351/1
општина Студеничани избирачки места од 2353/1 до 2353/1
општина Студеничани избирачки места од 2359/1 до 2359/1
ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 2
Општина ГАЗИ БАБА Избирачки места од 2332 до 2332
Општина ГАЗИ БАБА Избирачки места од 2476 до 2552
општина Гази Баба избирачки места од 2476/1 до 2476/1
општина Гази Баба избирачки места од 2493/1 до 2493/1
општина Гази Баба избирачки места од 2499/1 до 2499/1
општина Гази Баба избирачки места од 2503/1 до 2503/1
општина Гази Баба избирачки места од 2507/1 до 2507/1
општина Гази Баба избирачки места од 2509/1 до 2511/1
општина Гази Баба избирачки места од 2514/1 до 2515/1
општина Гази Баба избирачки места од 2531/1 до 2531/1
општина Гази Баба избирачки места од 2538/1 до 2540/1
Општина ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Избирачки места од 2553 до 2591
општина Ѓорче Петров избирачки места од 2553/1 до 2554/1
општина Ѓорче Петров избирачки места од 2560/1 до 2560/1
општина Ѓорче Петров избирачки места од 2571/1 до 2572/1
општина Ѓорче Петров избирачки места од 2574/1 до 2574/1
општина Ѓорче Петров избирачки места од 2576/1 до 2576/1
општина Ѓорче Петров избирачки места од 2579/1 до 2582/1
општина Ѓорче Петров избирачки места од 2587/1 до 2588/1
општина Ѓорче Петров избирачки места од 2590/1 до 2590/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2899 до 2903
општина Чаир избирачки места од 2900/1 до 2900/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2916 до 2917
општина Чаир избирачки места од 2916/1 о 2917/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2922 до 2922
општина Чаир избирачки места од 2922/1 до 2922/1
Општина ЧАИР Избирачки места од 2924 до 2928
Општина ЧАИР Избирачки места од 2934 до 2945
општина Чаир избирачки места од 2934/1 до 2937/1
општина Чаир избирачки места од 2939/1 до 2939/1
општина Чаир избирачки места од 2941/1 до 2941/1
Општина ШУТО ОРИЗАРИ Избирачки места од 2955 до 2973
општина Шуто Оризари избирачки места од 2955/1 до 2967/1
општина Шуто Оризари избирачки места од 2969/1 до 2972/1
Општина БУТЕЛ Избирачки места од 2904 до 2915
општина Бутел избирачки места од 2904/1 до 2905/1
општина Бутел избирачки места од 2907/1 до 2907/1
општина Бутел избирачки места од 2909/1 до 2909/1
општина Бутел избирачки места од 2911/1 до 2911/1
општина Бутел избирачки места од 2914/1 до 2915/1
Општина БУТЕЛ Избирачки места од 2918 до 2921
општина Бутел избирачки места од 2918/1 до 2921/1
Општина БУТЕЛ Избирачки места од 2923 до 2923
Општина БУТЕЛ Избирачки места од 2929 до 2933
Општина БУТЕЛ Избирачки места од 2946 до 2954
општина Бутел избирачки места од 2948/1 до 2948/1
општина Бутел избирачки места од 2950/1 до 2951/1
Општина АРАЧИНОВО Избирачки места од 2333 до 2340
општина Арачиново избирачки места од 2333/1 до 2337/1
Општина КУМАНОВО Избирачки места од 0995 до 1104
општина Куманово избирачки места од 0995/1 до 0995/1
општина Куманово избирачки места од 1000/1 до 1001/1
општина Куманово избирачки места од 1006/1 до 1006/1
општина Куманово избирачки места од 1008/1 до 1011/1
општина Куманово избирачки места од 1013/1 до 1014/1
општина Куманово избирачки места од 1017/1 до 1017/1
општина Куманово избирачки места од 1020/1 до 1020/1
општина Куманово избирачки места од 1026/1 до 1026/1
општина Куманово избирачки места од 1040/1 до 1042/1
општина Куманово избирачки места од 1047/1 до 1051/1
општина Куманово избирачки места од 1055/1 до 1055/1
општина Куманово избирачки места од 1057/1 до 1061/1
општина Куманово избирачки места од 1064/1 до 1064/1
општина Куманово избирачки места од 1078/1 до 1080/1
општина Куманово избирачки места од 1086/1 до 1087/1
општина Куманово избирачки места од 1091/1 до 1091/1
општина Куманово избирачки места од 1097/1 до 1098/1
општина Куманово избирачки места од 1101/1 до 1103/1
Општина ЛИПКОВО Избирачки места од 1105 до 1130
општина Липково избирачки места од 1111/1 до 1113/1
општина Липково избирачки места од 1119/1 до 1121/1
општина Липково избирачки места од 1125/1 до 1125/1
општина Липково избирачки места од 1128/1 до 1130/1
Општина СТАРО НАГОРИЧАНЕ Избирачки места од 1156 до 1186
Општина ЧУЧЕР- САНДЕВО Избирачки места од 2462 до 2475
ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 3 
Општина БЕРОВО Избирачки места од 0001 до 0016
Општина ВЕЛЕС Избирачки места од 2135 до 2203
општина Велес избирачки места од 2138/1 до 2138/1
општина Велес избирачки места од 2143/1 до 2144/1
општина Велес избирачки места од 2146/1 до 2146/1
општина Велес избирачки места од 2153/1 до 2153/1
општина Велес избирачки места од 2159/1 до 2159/1
општина Велес избирачки места од 2170/1 до 2170/1
општина Велес избирачки места од 2172/1 до 2173/1
општина Велес избирачки места од 2201/1 до 2201/1
Општина ВЕЛЕС Избирачки места од 2207 до 2210
општина Велес избирачки места од 2210/1 до 2210/1
Општина ВИНИЦА Избирачки места од 0303 до 0332
општина Виница избирачки места од 0310/1 до 0311/1
општина Виница избирачки места од 0315/1 до 0315/1
Општина ГРАДСКО Избирачки места од 2217 до 2226
општина Градско избирачки места од 2219/1 до 2219/1
Општина ДЕЛЧЕВО Избирачки места од 0572 до 0604
општина Делчево избирачки места од 0577/1 до 0577/1
општина Делчево избирачки места од 0582/1 до 0583/1
Општина ЗЕЛЕНИКОВО Избирачки места од 2362 до 2376
Општина ЗРНОВЦИ Избирачки места од 0888 до 0891
Општина ИЛИНДЕН Избирачки места од 2393 до 2411
општина Илинден избирачки места од 2393/1 до 2397/1
општина Илинден избирачки места од 2399/1 до 2399/1
Општина КАРБИНЦИ Избирачки места од 2316 до 2331
Општина КОЧАНИ Избирачки места од 0830 до 0874
општина Кочани избирачки места од 0834/1 до 0834/1
општина Кочани избирачки места од 0836/1 до 0838/1
општина Кочани избирачки места од 0857/1 до 0857/1
општина Кочани избирачки места од 0860/1 до 0861/1
Општина КОЧАНИ Избирачки места од 0892 до 0902
Општина КРАТОВО Избирачки места од 0903 до 0937
општина Кратово избирачки места од 0931/1 до 0932/1
Општина КРИВА ПАЛАНКА Избирачки места од 0938 до 0981
општина Крива Паланка избирачки места од 0945/1 до 0947/1
Општина КУМАНОВО Избирачки места од 1131 до 1141
Општина КУМАНОВО Избирачки места од 1144 до 1150
Општина ЛОЗОВО Избирачки места од 1704 до 1712
Општина МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Избирачки места од 0605 до 0618
општина Македонска Каменица избирачки места од 0610/1 до 0612/1
Општина ПЕТРОВЕЦ Избирачки места од 2377 до 2392
општина Петровец избирачки места од 2377/1 до 2378/1
општина Петровец избирачки места од 2382/1 до 2382/1
Општина ПЕХЧЕВО Избирачки места од 0017 до 0025
Општина ПРОБИШТИП Избирачки места од 1530 до 1573
општина Пробиштип избирачки места од 1539/1 до 1539/1
општина Пробиштип избирачки места од 1566/1 до 1566/1
Општина РАНКОВЦЕ Избирачки места од 0982 до 0994
Општина СВЕТИ НИКОЛЕ Избирачки места од 1671 до 1703
општина Свети Николе избирачки места од 1675/1 до 1675/1
општина Свети Николе избирачки места од 1684/1 до 1684/1
Општина СТАРО НАГОРИЧАНЕ Избирачки места од 1142 до 1143
Општина СТАРО НАГОРИЧАНЕ Избирачки места од 1151 до 1155
Општина ЧАШКА Избирачки места од 2204 до 2206
општина Чашка избирачки места од 2205/1 до 2205/1
Општина ЧАШКА Избирачки места од 2211 до 2216
Општина ЧАШКА Избирачки места од 2227 до 2246
општина Чашка избирачки места од 2234/1 до 2234/1
Општина ЧЕШИНОВО- ОБЛЕШЕВО Избирачки места од 0875 до 0887
Општина ШТИП Избирачки места од 2247 до 2315
општина Штип избирачки места од 2247/1 до 2250/1
општина Штип избирачки места од 2255/1 до 2255/1
општина Штип избирачки места од 2268/1 до 2271/1
општина Штип избирачки места од 2280/1 до 2280/1
општина Штип избирачки места од 2294/1 до 2294/1
ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4 
Општина БИТОЛА Избирачки места од 0194 до 0204
Општина БОГДАНЦИ Избирачки места од 0368 до 0377
општина Богданци избирачки места од 0371/1 до 0371/1
општина Богданци избирачки места од 0376/1 до 0376/1
Општина БОСИЛОВО Избирачки места од 1811 до 1826
општина Босилово избирачки места од 1824/1 до 1824/1
Општина БОСИЛОВО Избирачки места од 1842 до 1843
Општина ВАЛАНДОВО Избирачки места од 0280 до 0302
општина Валандово избирачки места од 0284/1 до 0284/1
Општина ВАСИЛЕВО Избирачки места од 1794 до 1810
општина Василево избирачки места од 1800/1 до 1800/1
општина Василево избирачки места од 1804/1 до 1804/1
Општина ГЕВГЕЛИЈА Избирачки места од 0333 до 0367
општина Гевгелија избирачки места од 0349/1 до 0350/1
Општина ДЕМИР КАПИЈА Избирачки места од 1238 до 1248
Општина КАВАДАРЦИ Избирачки места од 0659 до 0712
општина Кавадарци избирачки места од 0660/1 до 0660/1
општина Кавадарци избирачки места од 0668/1 до 0668/1
општина Кавадарци избирачки места од 0672/1 до 0674/1
општина Кавадарци избирачки места од 0684/1 до 0684/1
Општина КОНЧЕ Избирачки места од 1608 до 1617
Општина КРИВОГАШТАНИ Избирачки места од 1508 до 1519
Општина МОГИЛА Избирачки места од 0181 до 0193
Општина МОГИЛА Избирачки места од 0214 до 0223
Општина НЕГОТИНО Избирачки места од 1213 до 1237
општина Неготино избирачки места од 1216/1 до 1216/1
општина Неготино избирачки места од 1221/1 до 1221/1
општина Неготино избирачки места од 1223/1 до 1223/1
Општина НОВАЦИ Избирачки места од 0158 до 0180
општина Новаци избирачки места од 0161/1 до 0161/1
Општина НОВО СЕЛО Избирачки места од 1774 до 1792
општина Ново Село избирачки места од 1791/1 до 1791/1
Општина ПРИЛЕП Избирачки места од 1350 до 1457
општина Прилеп избирачки места од 1367/1 до 1367/1
општина Прилеп избирачки места од 1374/1 до 1375/1
општина Прилеп избирачки места од 1380/1 до 1380/1
општина Прилеп избирачки места од 1385/1 до 1385/1
општина Прилеп избирачки места од 1387/1 до 1387/1
општина Прилеп избирачки места од 1392/1 до 1392/1
општина Прилеп избирачки места од 1400/1 до 1400/1
општина Прилеп избирачки места од 1402/1 до 1402/1
општина Прилеп избирачки места од 1456/1 до 1456/1
Општина ПРИЛЕП Избирачки места од 1494 до 1507
Општина ПРИЛЕП Избирачки места од 1520 до 1529
Општина РАДОВИШ Избирачки места од 1574 до 1607
општина Радовиш избирачки места од 1578/1 до 1583/1
Општина РАДОВИШ Избирачки места од 1618 до 1623
Општина РОСОМАН Избирачки места од 0713 до 0722
Општина ДОЈРАН Избирачки места од 0378 до 0385
Општина СТРУМИЦА Избирачки места од 1713 до 1773
општина Струмица избирачки места од 1720/1 до 1720/1
општина Струмица избирачки места од 1727/1 до 1728/1
општина Струмица избирачки места од 1730/1 до 1731/1
општина Струмица избирачки места од 1763/1 до 1763/1
Општина СТРУМИЦА Избирачки места од 1793 до 1793
Општина СТРУМИЦА Избирачки места од 1827 до 1841
ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 5 
Општина Дебар Избирачките места од 0549 до 0554
општина Дебар избирачки места од 0534 до 0542
Општина Центар Жупа Избирачки места од 0557 до 0571
општина Центар Жупа избирачки места од 0562/1 до 0562/1
Општина ДЕБАРЦА Избирачки места од 1314 до 1334
Општина ДЕБАРЦА Избирачки места од 1343 до 1349
Општина БИТОЛА Избирачки места од 0026 до 0157
општина Битола избирачки места од 0038/1 до 0040/1
општина Битола избирачки места од 0066/1 до 0066/1
општина Битола избирачки места од 0076/1 до 0076/1
општина Битола избирачки места од 0089/1 до 0089/1
општина Битола избирачки места од 0093/1 до 0094/1
општина Битола избирачки места од 0102/1 до 0102/1
општина Битола избирачки места од 0106/1 до 0106/1
општина Битола избирачки места од 0119/1 до 0125/1
општина Битола избирачки места од 0150/1 до 0150/1
Општина БИТОЛА Избирачки места од 0205 до 0213
Општина ВЕВЧАНИ Избирачки места од 1921 до 1923
Општина ДЕМИР ХИСАР Избирачки места од 0619 до 0658
општина Демир Хисар избирачки места од 0623/1 до 0623/1
Општина ДОЛНЕНИ Избирачки места од 1209 до 1211
Општина ДОЛНЕНИ Избирачки места од 1458 до 1493
општина Долнени избирачки места од 1470/1 до 1470/1
Општина КИЧЕВО Избирачки места од 0723 до 0757
општина Кичево избирачки места од 0726/1 до 0726/1
општина Кичево избирачки места од 0733/1 до 0733/1
општина Кичево избирачки места од 0736/1 до 0739/1
општина Кичево избирачки места од 0745/1 до 0745/1
општина Кичево избирачки места од 0751/1 до 0752/1
Општина КИЧЕВО избирачки места од 0758 до 0781
Општина КИЧЕВО избирачки места од 0802 до 0813
Општина КРИВОГАШТАНИ Избирачки места од 1212 до 1212
Општина КРУШЕВО Избирачки места од 1187 до 1208
општина Крушево избирачки места од 1187/1 до 1187/1
Општина ОХРИД Избирачки места од 1249 до 1313
општина Охрид избирачки места од 1253/1 до 1255/1
општина Охрид избирачки места од 1258/1 до 1259/1
општина Охрид избирачки места од 1263/1 до 1264/1
општина Охрид избирачки места од 1268/1 до 1268/1
општина Охрид избирачки места од 1278/1 до 1278/1
општина Охрид избирачки места од 1281/1 до 1283/1
општина Охрид избирачки места од 1298/1 до 1298/1
општина Охрид избирачки места од 1308/1 до 1310/1
Општина ОХРИД Избирачки места од 1335 до 1342
Општина ПЛАСНИЦА Избирачки места од 0275 до 0279
општина Пласница избирачки места од 0276/1 до 0279/1
Општина РЕСЕН Избирачки места од 1624 до 1670
општина Ресен избирачки места од 1631/1 до 1631/1
општина Ресен избирачки места од 1638/1 до 1638/1
општина Ресен избирачки места од 1640/1 до 1640/1
Општина СТРУГА Избирачки места од 1844 до 1920
општина Струга избирачки места од 1846/1 до 1846/1
општина Струга избирачки места од 1848/1 до 1848/1
општина Струга избирачки места од 1853/1 до 1853/1
општина Струга избирачки места од 1858/1 до 1859/1
општина Струга избирачки места од 1863/1 до 1863/1
општина Струга избирачки места од 1872/1 до 1873/1
општина Струга избирачки места од 1875/1 до 1876/1
општина Струга избирачки места од 1883/1 до 1884/1
општина Струга избирачки места од 1895/1 до 1896/1
општина Струга избирачки места од 1899/1 до 1899/1
општина Струга избирачки места од 1905/1 до 1907/1
општина Струга избирачки места од 1909/1 до 1910/1
општина Струга избирачки места од 1916/1 до 1918/1
Општина СТРУГА Избирачки места од 2976 до 2976
ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 6 
Општина БОГОВИЊЕ Избирачки места од 2050 до 2079
општина Боговиње избирачко место од 2050/1 до 2050/1
општина Боговиње избирачко место од 2062/1 до 2062/1
општина Боговиње избирачки места од 2065/1 до 2065/1
општина Боговиње избирачки места од 2069/1 до 2071/1
општина Боговиње избирачки места од 2073/1 до 2074/1
Општина БРВЕНИЦА Избирачки места од 2032 до 2049
општина Брвеница избирачки места од 2036/1 до 2040/1
општина Брвеница избирачки места од 2049/1 до 2049/1
Општина ВРАПЧИШТЕ Избирачки места од 0436 до 0462
општина Врапчиште избирачки места од 0436/1 до 0439/1
општина Врапчиште избирачки места од 0444/1 до 0445/1
општина Врапчиште избирачки места од 0447/1 до 0447/1
општина Врапчиште избирачки места од 0455/1 до 0458/1
општина Врапчиште избирачки места од 0461/1 до 0461/1
Општина ГОСТИВАР Избирачки места од 0386 до 0435
општина Гостивар избирачки места од 0387/1 до 0388/1
општина Гостивар избирачки места од 0396/1 до 0398/1
општина Гостивар избирачки места од 0403/1 до 0403/1
општина Гостивар избирачки места од 0406/1 до 0407/1
општина Гостивар избирачки места од 0413/1 до 0413/1
општина Гостивар избирачки места од 0419/1 до 0419/1
општина Гостивар избирачки места од 0422/1 до 0422/1
општина Гостивар избирачки места од 0424/1 до 0427/1
општина Гостивар избирачки места од 0435/1 до 0435/1
Општина ГОСТИВАР Избирачки места од 0480 до 0480
Општина ГОСТИВАР Избирачки места од 0499 до 0533
општина Гостивар избирачки места од 0499/1 до 0501/1
општина Гостивар избирачки места од 0504/1 до 0508/1
општина Гостивар избирачки места од 0510/1 до 0511/1
општина Гостивар избирачки места од 0518/1 до 0519/1
општина Гостивар избирачки места од 0521/1 до 0521/1
општина Гостивар избирачки места од 0527/1 до 0528/1
општина Гостивар избирачки места од 0531/1 до 0531/1
Општина ГОСТИВАР Избирачки места од 0782 до 0782
Општина ГОСТИВАР Избирачки места од 2974 до 2975
Општина ДЕБАР Избирачки места од 0477 до 0477
општина Дебар избирачки места од 0477/1 до 0477/1
општина Дебар избирачки места од 0543 до 0548
општина Дебар избирачки места од 0544/1 до 0544/1
општина Дебар избирачки места од 0547/1 до 0547/1
Општина Дебар Избирачки места од 0555 до 0556
Општина ЖЕЛИНО Избирачки места од 2089 до 2114
општина Желино избирачки места од 2090/1 до 2091/1
општина Желино избирачки места од 2106/1 до 2110/1
општина Желино избирачки места од 2113/1 до 2114/1
Општина ЈЕГУНОВЦЕ Избирачки места од 2115 до 2134
општина Јегуновце избирачки места од 2132/1 до 2132/1
Општина КИЧЕВО избирачки места од 0783 до 0801
општина Кичево избирачки места од 0783/1 до 0783/1
општина Кичево избирачки места од 0793/1 до 0793/1
Општина КИЧЕВО избирачки места од 0814 до 0829
општина Кичево избирачки места од 0816/1 до 0817/1
општина Кичево избирачки места од 0828/1 до 0828/1
Општина МАВРОВО И РОСТУША Избирачки места од 0463 до 0476
општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0464/1 до 0465/1
општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0470/1 до 0470/1
општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0473/1 до 0474/1
Општина МАВРОВО И РОСТУША Избирачки места од 0478 до 0479
Општина МАВРОВО И РОСТУША Избирачки места од 0481 до 0498
Општина ТЕАРЦЕ Избирачки места од 2007 до 2031
општина Теарце избирачки места од 2021/1 до 2022/1
општина Теарце избирачки места од 2029/1 до 2031/1
Општина ТЕТОВО Избирачки места од 1924 до 2006
општина Тетово избирачки места од 1927/1 до 1932/1
општина Тетово избирачки места од 1939/1 до 1939/1
општина Тетово избирачки места од 1941/1 до 1942/1
општина Тетово избирачки места од 1954/1 до 1954/1
општина Тетово избирачки места од 1958/1 до 1958/1
општина Тетово избирачки места од 1968/1 до 1968/1
општина Тетово избирачки места од 1971/1 до 1973/1
општина Тетово избирачки места од 1981/1 до 1981/1
општина Тетово избирачки места од 1989/1 до 1994/1
општина Тетово избирачки места од 1997/1 до 1997/1
општина Тетово избирачки места од 2000/1 до 2000/1
општина Тетово избирачки места од 2004/1 до 2004/1
Општина ТЕТОВО Избирачки места од 2080 до 2088

(2) За спроведувањето на гласањето за избор на тројца пратеници се утврдува една изборна единица и тоа:
– Изборна единица број 7 за гласање на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, Австралија и Африка, со избирачките места, односно ДКП, односно конзуларните канцеларии во тие земји.

Член 176

Ако некое избирачко место претрпи измени согласно со овој законик, избирачите од новото избирачко место го остваруваат своето избирачко право во изборната единица каде што припаѓало избирачкото место.

Член 177

Државната изборна комисија најдоцна 30 дена пред денот определен за избори ќе ги објави описите на изборните единици утврдени со овој законик.

XIV. КАЗНИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 177-а

(1) Независно од прекршочната одговорност за непочитување на одредбите од овој законик кои се однесуваат на ограничување на трошоците на изборната кампања и доставувањето на финансиските извештаи за финансирање на изборната кампања на учесникот во изборната кампања се определува:
– делумно губење на надоместокот на трошоците за изборна кампања,
– целосно губење на надоместокот на трошоците за изборна кампања или
– забрана на исплата на надоместокот на трошоците за изборна кампања.

(2) На организатори на изборната кампања ќе им се определи делумно губење на надоместокот на трошоците за изборната кампања во случај кога ќе го надминат дозволениот износ на трошоци за изборната кампања, согласно со членот 84 од овој законик.

(3) Делумното губење на надоместокот на трошоците за изборната кампања во случаи од ставот (2) на овој член се состои во намалување на износот за надоместок на трошоците за кампањата за онолку за колку е надминат дозволениот лимит за трошење во изборна кампања. Доколку висината на износот на средствата со кои е надминат дозволениот лимит за трошење во изборна кампања е поголем од износот за надоместокот на трошоците во изборната кампања, ќе се определи целосно губење на надоместокот на трошоците за изборната кампања.

(4) На учесници во изборна кампања ќе им се определи забрана за исплата на надоместокот на трошоците за изборна кампања во случаите кога во пропишаниот рок и содржина не ги достават финансиските извештаи согласно со членовите 84-б ставови (1) и (2) и 85 од овој законик.

(5) Забраната за исплатата на надоместокот на трошоците за изборната кампања во случаите од ставот (4) на овој член трае до уредно исполнување на обврската согласно со членовите 84-б ставови (1) и (2) и 85 од овој законик.

(6) Одлуката за делумно, односно целосно губење на надоместокот на трошоците за изборна кампања од ставовите (2) и (3) на овој член, како и одлуката за запирање на исплатата од ставот (4) на овој член ја носи Државната изборна комисија на предлог на Државниот завод за ревизија.

(7) Против одлуката од ставот (6) на овој член, која е конечна, може да се поведе управен спор.

(8) Одлуката од ставот (7) на овој член се објавува во “Службен весник на Република Македонија“.

Член 178

За спречување на изборите и гласањето; за повреда и злоупотреба на избирачкото право; за повреда на слободата на определувањето на избирачите; за поткуп при изборите и гласањето; за уништување на изборните исправи за постапување спротивно на членот 8-а од овој закон и за извршена изборна измама, сторителот ќе се казни според одредбите на Кривичниот законик.

(2) Обидот на кривичните дела од став (1) на овој член е казнив.

(3) За кривичните дела од ставот (1) на овој член постапката е итна

Член 178-а

За прекршоците предвидени во овој законик прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.

Член 179

(1) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на член на Влада, заменик министер и функционер кој раководи со орган ако постапи спротивно на членот 8-а од овој Законик.

(2) Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на лицето кое учествува во изборната кампања со својата службена униформа (член 9).

(3) Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на член на изборен орган кој работи спротивно на одредбите на овој законик (член 19 став (1)).

Член 179-а

(1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на регистрирана политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако ги употребат податоците од избирачкиот список за други цели, или ги користат на денот на изборите за евидентирање на лицата кои гласаат (член 55 ставови (1) и (4)).

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат ќе му се изрече на овластеното лице на политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 179-б

(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако не го почитува рокот за започнување и завршување на изборната кампања (член 69-а став (2)).

(2) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на претседателот и на членовите на Државната изборна комисија за не постапување во рокот од членот 69-а став (3) од овој законик.

(3) Глоба во износ од 600 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице кое ја попречува и оневозможува изборната кампања (член 73).

(4) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на претседателот и на членовите на Државната комисија за спречување на корупција за не постапување во рокот од членот 74 став (1) од овој законик.

Член 180

(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на регистрирана политичка партија, коалиција односно независен кандидат доколку не се придржуваат до членот 72 од овој Законик.

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат ќе му се изрече на овластеното лице на политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 181

(1) Глоба во износ од 4.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на радиодифузерот, ако:
– известува за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје и на правните лица на кои им е доверено вршење на јавни овластувања, спротивно на членот 75-б од овој закон,
– уредници, новинари, водители на програма и презентери ангажирани во подготвување на програми на радиодифузерите, учествуваат во предизборни активности на организатори на изборна кампања спротивно на членот 75-в од овој законик,
– не го снима излезниот сигнал на својата програма од денот на распишувањето на изборите до нивното завршување и не ги чува снимките од својата програма (член 75- г став (1)),
– не достави снимки и други податоци поврзани со медиумското покривање на изборите спротивно на членот 75-г став (2) од овој законик,
– огласите и соопштенијата за независните кандидати се емитуваат спротивно на членот 75-д став (2) од овој законик,
– не обезбеди рамноправен пристап во информативната програма согласно со членот 76-а ставови (2) и (3) од овој законик,
– јавниот радиодифузен сервис не ги информира граѓаните или лицата со оштетен слух за изборниот процес (член 76-а ставови (1) и (4)) и
– јавниот радиодифузен сервис емитува бесплатно политичко претставување на учесниците во изборниот процес и постапува спротивно на членот 76-а ставови (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11) и (12) од овој Законик.

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на радиодифузерот ќе му се изрече и на одговорното лице на радиодифузерот за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 181-а

(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на радиодифузерот, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), ако:
– не обезбеди покривање на изборите на правичен, избалансиран и на непристрасен начин (член 75 став (1)),
– не овозможи подеднакви услови за пристап до програмите на сите организатори на изборна кампања (член 75 ставови (2)),
– програмите наменети за малолетната публика се користат за изборно медиумско претставување (член 75 став (3)) и
– ако на било каков начин финансираат или даваат донации на политичките партии (член 75 став 4);
– постапат спротивно на членот 75-ѓ од овој законик.

(2) Глоба во износ од 800 до 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на службеното лице кое што одобрило користење средства од Буџетот на Република Македонија или буџетите на општините и градот Скопје за платено рекламирање за време за изборна кампања.

(3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на радиодифузерот, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) ќе му се изрече и на одговорното лице на радиодифузерот, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 182

(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на радиодифузерот, печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал), ако:
– емитуваат, односно објавуваат платено политичко рекламирање спротивно на членот 75-д став (1) од овој законик,
– огласите и соопштенијата за независните кандидати содржат податоци спротивно на членот 75-д став (3) од овој законик,
– емитуваат, односно објавуваат огласи и реклами спротивно на членот 75-д став (6) од овој законик
– не утврдат ценовник за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (член 75-ѓ став (2)),
– не го објават и/или не го достават ценовникот (член 75-ѓ ставови (3) и (4)),
– го изменат ценовникот во текот на изборната кампања (член 75-ѓ став (5)),
– постојните ценовници за платено политичко рекламирање не ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа цената по секунда за платено политичко рекламирање ако ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните три месеци пред денот на распишување на изборите (член 75-ѓ став (6))
– не обезбедат рамноправен пристап согласно со членот 75-ѓ став (7) од овој законик и
– го прекршат изборниот молк (член 76-б).

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на радиодифузерот, печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал), ќе му се изрече и на одговорното лице на радиодифузерот, печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал), за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 183

(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на радиодифузерот, ако:
– го објави изборното пропагандно известување без наведување дека се работи за платено политичко рекламирање и ако не го одвои од другите содржини на медиумите (член 76 став (1)),
– јасно не го означи нарачателот на платеното политичко рекламирање (член 76 став (2)),
– го објави изборното пропагандно известување со учество на малолетници во платено политичко рекламирање (член 76 став (3)) и
– емитува платено политичко рекламирање во вести, информативни, образовни и програми за деца, во преноси од верски, спортски, културни и други настани (член 76 став (4)).
– емитува бесплатно политичко претставување во своите програми од денот на распишување на изборите до нивното завршување (член 76, став 8).

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на радиодифузерот ќе му се изрече и на одговорното лице на радиодифузерот за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 183-а

(1) Глоба во износ од 4.500 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на радиодифузерот, печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал), ако:
– ги објават резултатите од испитувањето на јавното мислење спротивно на членот 77 став (1) од овој законик,
– ги објават резултатите од испитувањето на јавното мислење, а не ги наведат податоците утврдени во членот 77 став (2) од овој законик и
– објават резултатите од испитувањето на јавното мислење спроведено на денот на изборите спротивно на членот 77 став (3) од овој законик.

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на радиодифузерот, печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал), ќе му се изрече и на одговорното лице на радиодифузерот, печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал), за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 184

Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на градоначалникот општината, односно градот Скопје ако не утврди места за лепење на плакати без надоместок и не изврши нивно обележување за секој подносител на листи одделно (член 78).

(2) Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на градоначалникот на општините во Република Македонија и градот Скопје, доколку постапат спротивно на членот 78-а ставови (4) и (5) од овој Законик.

(3) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди, доколку постапат спротивно на членот 78-а ставови (4) и (5) на овој Законик.

(4) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице од ставот (3) на овој член.

Член 185

(1) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на регистрирана политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако во рокот утврден од членот 79 став (2) од овој законик не го отстрани сметот од плакатите.

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за политичката партија, коалицијата, односно независниот кандидат ќе му се изрече на овластеното лице на политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 186

Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице кое врши уништување на изборни плакати или лепење плаката преку друга плаката на учесник во изборна кампања на места определени за нивно истакнување (член 78 став (1)).

Член 187

Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на ќе се казни за прекршок политичка партија, коалиција, односно независен кандидат кој: 
– нема да го пријави изборниот собир најдоцна 48 часа пред неговото одржување и
– го организира собирот спротивно на членовите 81 и 82 од овој законик.

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат ќе му се изрече на овластеното лице на политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 188

Глоба во износ од 450 до 1.200 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на функционерот односно раководното лице на надлежниот државен орган, верска заедница или јавна институција која на учесникот во изборната кампања ќе му дозволи организирање на предизборни собири спротивно на членот 82 од овој законик.

Член 188-а

(1) Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако непотрошените донации не ги вратат во предвидениот рок на давателите на донацијата, сразмерно на донираниот износ, во случај на не поднесување односно не потврдување на листата на кандидати (член 71 став 7).

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за политичката партија, коалицијата, односно независниот кандидат ќе му се изрече на овластеното лице на политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во износ од 900 до 1.350 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на лице кое имало намера да се кандидира за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 189

(1) Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања од членот 85 од овој законик, односно кога за финансирање на изборната кампања се користени средства согласно со членот 83 од овој Законик.

(2) Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на политичка партија, коалиција, односно независен кандидат, доколку во изборната кампања потроши повеќе финансиски средства отколку што е утврдено во членот 84 од овој законик.

(3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за политичката партија, коалицијата, односно независниот кандидат ќе му се изрече на овластеното лице на политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат за прекршокот од ставот (1) и (2) на овој член.

Член 189-а

(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на радиодифузерот или печатениот медиум кој нема да поднесе извештај за рекламниот простор искористен од секој организатор на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа, најдоцна 15 дена по денот на завршувањето на изборната кампања (член 85-а).

(2) Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорниот уредник за дејствијата од ставот (1) на овој член.

Член 190

(1) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на Главниот државен ревизор, доколку постапи спротивно на одредбите на членот 74-а ставови (1) и (2) од овој Законик.

(2) Глоба во износ од 450 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лице кое при гласањето користи мобилен телефон или апарат за сликање на гласачкото ливче.

(3) Глоба во износ од 300 до 750 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лицето од членот 106 на овој законик, ако во времето и местото на гласањето носи ознака или симбол на политичка партија или кандидат и ако за време на гласањето не носи беџ.

Член 191

(1) Глоба во износ од 750 до 2.250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице кое гласа за повеќе лица или гласа во име на друго лице, како и за спречување на присуство на полицијата, ако за тоа имало потреба (членови 102, 103, 111 и 112).

(2) Глоба во износ од 750 до 2.250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на службено лице (полицаец), кое ќе ја злоупотреби својата положба и ќе предизвика неред на гласачкото место (член 102).

XIV-а. ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИСТИ

Член 191-а

За поднесување на листи на кандидати за членови на совет и листи на кандидати за градоначалник од страна на регистрирани политички партии или коалиции се определува дополнителен рок најдоцна до 8 март 2013 година.

Член 191-б

(1) Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје по приемот на листата на кандидати за членови на совет и листа на кандидати за градоначалник утврдува дали истата е поднесена во утврдениот дополнителен рок од членот 191-а од овој законик и дали е составена во согласност со одредбите од овој законик.

(2) Ако општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје утврди дека во листата од ставот (1) на овој член има одделни неправилности, ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата, да ги отстранат неправилностите во рок од пет часа од приемот на листите.

(3) Ако општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје утврди дека листата од ставот (1) на овој член е поднесена во определениот дополнителен рок и е составена во согласност со одредбите од овој законик, односно констатираните неправилности или пропусти, подносителите на листата ги отстраниле во рокот утврден во ставот (2) на овој член, поднесената листа ќе ја потврди со решение.

(4) Ако општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје утврди дека листите од ставот (1) на овој член се поднесени ненавремено, односно констатираните неправилности или пропусти, подносителите на листите не ги отстраниле во рокот утврден во ставот (2) на овој член, поднесената листа ќе ја отфрли со решение во рок од шест часа од приемот на листите.

(5) Против решението на општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје од ставот (4) на овој член може да се поднесе тужба до Управниот суд, преку Државната изборна комисија во рок од шест часа од приемот на решението.

(6) Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од шест часа од приемот на тужбата.

(7) Доставување на приговор и тужба по пошта не е дозволено.

Член 191-в

Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје потврдените листи на кандидати за членови на совет и листи на кандидати за градоначалник доставени во дополнителниот рок од членот 191-а од овој закон, во рок од еден час ги доставува до Државната изборна комисија заради дополнително утврдување на редоследот на веќе утврдената единствена листа на кандидати за спроведување на редовни избори за членови на совет и градоначалник кои ќе се одржат на 24 март 2013 година согласно со овој законик.

Член 191-г

Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје дополнително утврдените единствени листи на кандидати за членови на совет и листи на кандидати за градоначалник ќе ги огласи веднаш по утврдувањето на дополнителната единствена листа на кандидати за членови на совет и листи на кандидати за градоначалник од страна на Државната изборна комисија во сите населени места и на избирачките места во општината.

Член 191-д

(1) Подносителите на дополнително потврдените листи на кандидати за членови на совет и листи на кандидати за градоначалник согласно со овој законик, се должни да обезбедат ЕДБ и да ја отворат трансакциската сметка согласно со членот 71 од овој законик, најдоцна 12 часа по потврдувањето на листата за кандидати и во тој рок од 12 часа доказот за обезбеден ЕДБ и отворена трансакциона сметка се доставува до надлежната изборна комисија.

(2) Ако подносителите на дополнително потврдените листи на кандидати за членови на совет и листи на кандидати за градоначалник не обезбедат ЕДБ и не отворат трансакциска сметка во рокот од ставот (1) на овој член потврдената листа на кандидати се поништува со решение на надлежната изборна комисија.

XV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 192

Cо денот на влегувањето во сила на овој законик престануваат да важат Законот за избор на претседател на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 20/94, 48/99 и 11/2004), Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 42/2002 и 46/2004), Законот за локалните избори (“Службен весник на Република Македонија” број 45/2004, 52/2004, 60/2004 и 4/2005), Законот за избирачки список (“Службен весник на Република Македонија” број 42/2002, 35/2004 и 74/2005), Законот за избирачките места (“Службен весник на Република Македонија” број 50/97) и Законот за изборните единици за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 43/2002).

Член 193

(1) На првите наредни избори за избор на пратеници избирачкиот одбор е составен од пет члена и нивни заменици.

(2) Претседателот на избирачкиот одбор и неговиот заменик се избираат од редот на вработените во државната, општинската и администрацијата на градот Скопје и два члена и нивни заменици се избираат од редот на јавната администрација по случаен избор.

(3) Еден член на избирачкиот одбор и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии во опозиција кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

(4) Еден член на избирачкиот одбор и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии на власт кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

(5) Начинот и постапката за изборот на членовите од ставот (2) на овој член се врши во согласност со членот 39 од овој законик.

(6) Политичките партии од ставовите (3) и (4) на овој член предлозите за членови на избирачки одбори и нивни заменици ги доставуваат до општинската изборна комисија во рок од пет дена од денот на добивањето на известувањето од општинската изборна комисија.

(7) Ако политичките партии не го достават предлогот во рокот утврден во ставот (6) од овој член, именувањето на членовите го врши општинската изборна комисија.

Член 194

(1) Важноста за запишувањето на личните податоци во согласност со членот 41 став (3) од овој законик ќе се примени по создавањето на услови за таа цел.

(2) Државниот завод за статистика ќе продолжи да ја врши организационо-техничката и методолошка обработка на податоците од Избирачкиот список до конечното негово преземање од страна на Министерството за правда.

(3) За спроведување на гласањето на внатрешно раселените лица, Министерството за правда ќе подготви посебни изводи од Избирачкиот список врз основа на евиденција на надлежните органи.

Член 195

Cо денот на влегувањето во сила на овој законик составот на Државната изборна комисија ќе се именува во рок од 15 дена.

Член 196

Подзаконските акти предвидени со овој законик Државната изборна комисија ќе ги донесе во рок од 20 дена од денот на нејзиното формирање.

Член 196-а

Вон сила 

Член 196-б

Вон сила 

Член 196-в

Вон сила 

Член 196-г

Вон сила 

Член 196-д

Вон сила 

Член 196-ѓ

Вон сила 

Член 196-е

Вон сила 

Член 196-ж

Вон сила 

Член 196-з

Вон сила 

Член 196-ѕ

Вон сила 

Член 196-и

Вон сила 

Член 196-j

Вон сила 

Член 196-к

Мандатот на членовите на советите и на градоначалниците од изборите одржани на 24 март 2013 година трае до изборот на новите членови на советите и на градоначалниците.

Член 196-л

Собранието на Република Македонија, во постапка утврдена со ставовите 2 и 3 на овој член, ќе го усогласи составот на Државната изборна комисија согласно со членот 27 став (5) од овој законик најдоцна до почетокот на изборната кампања за изборите кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година за избор на членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје.

Собранието го огласува изборот на член на Државната изборна комисија во „Службен весник на Република Македонија” и во дневниот печат. Огласот трае пет дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Претседателот на Собранието ја известува политичката партија во опозиција, во рок од 24 часа од приемот на известувањето за пријавени кандидати по огласот од ставот 2 на овој член, да му достават предлог за член на Државната изборна комисија. Доставениот предлог, Комисијата за прашања на изборите и именувањата го утврдува и веднаш го доставува до Собранието на Република Македонија“

Член 197

Овој законик влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.