Закон за превоз во патниот сообраќај

I ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој закон се уредуваат условите и начинот за вршење превоз на патници и стоки во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Член 2

Превозот на патници и стоки во меѓународниот патен сообраќај се врши согласно со овој закон и меѓународни договори и спогодби што ги ратификувала Република Македонија.

Ако со одделни држави не е склучен договор или спогодба од ставот 1 на овој член, превозот меѓу тие држави и Република Македонија се врши во согласност со овој закон и мултилатералните меѓународни договори ратификувани од Република Македонија почитувајќи го принципот на реципроцитет.

Во постапката при вршење на инспекцискиот надзор ќе се применуваат одредбите на Законот за инспекциски надзор, доколку со овој закон поинаку не е уредено.

Член 3

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

1. Јавен превоз на патници или стока е превоз кој под еднакви услови им е достапен на сите корисници;

2. Превоз во внатрешен патен сообраќај е секој патен превоз на патници или стока на територија на Република Македонија;

3. Превоз во меѓународен патен сообраќај е секој патен превоз на патници или стока преку најмалку една државна граница;

4. Лиценца е документ со кој се одобрува вршење на дејност јавен превоз на патници или стока во патниот сообраќај, превоз за сопствени потреби и организација за превоз;

5. Извод од лиценца е документ што го издава органот надлежен за издавање на лиценци за секое моторно и приклучно возило одделно;

6. Превоз за сопствени потреби е превоз на патници или стока кој физичко или правно лице го врши за задоволување на потребите при вршење на својата дејност, односно задачи од својот делокруг на работа;

7. Домашен превозник е правно или физичко лице – трговец поединец со регистрирано седиште во Република Македонија кое поседува лиценца за вршење на превоз на патници или стоки во внатрешниот или меѓународниот патен сообраќај и правно или физичко лице трговец поединец со регистрирано седиште во Република Македонија кое врши превоз на патници или стоки во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај за кои согласно со одредбите од овој закон не е потребна лиценца;

8. Странски превозник е странско правно или физичко лице кое врши превоз на патници или стоки во меѓународниот патен сообраќај и чие седиште е надвор од границите на Република Македонија;

9. Меѓународен договор е секоја меѓународна мултилатерална или билатерална спогодба со кои се уредува меѓународниот превоз и кој ја обврзува Република Македонија;

10. Билатерален превоз на патници или стоки е меѓународен превоз при кој патниците и стоките се превезуваат меѓу територијата на Република Македонија и територијата на некоја друга држава;

11. Транзитен превоз на патници или стоки е меѓународен превоз при кој патниците и стоките се превезуваат преку територијата на одредена држава без притоа да се истовараат или товарат на територијата на таа држава;

12. Превоз на стоки за и од трета земја е меѓународен превоз што го врши превозник кој нема седиште во земјата во која започнува, односно завршува превозот;

13. Каботажа е секој превоз на патници или стоки меѓу две места во Република Македонија извршен од страна на странски превозник;

14. Вонреден превоз е превоз на стока кај кој димензиите на возилото или возилото заедно со стоката на него или вкупната маса на празното возило или негово осно оптоварување се поголеми од пропишаните;

15. Линија е одредена релација и правец на возење од почетната автобуска станица до крајната автобуска станица на која се превезуваат патници во линискиот патен превоз, согласно со однапред утврден, регистриран и објавен возен ред и цена на превозот;

16. Релација е оддалеченост меѓу кои било две места на линијата, наведени во возниот ред како станица или постојка;

17. Возен ред е документ со кој се утврдува линијата, видот на превозот, релациите на кои се врши превозот, редоследот на станиците и стојалиштата, нивната оддалеченост од почетната станица или стојалиште, времето на пристигнување, застанување и заминување на секоја автобуска станица и стојалиште, периодот во кој превозникот го врши превозот на линијата и времето на важење;

18. Промена на постоен возен ред може да се прави доколку во новиот возен ред кој се предлага се прави промена на времиња на поаѓање и враќање на која било почетна, попатна или крајна станица, додавање и/или кратење на попатни станици, додавање и/или намалување на број на поаѓање и враќање во возниот ред, додавање и менување на ден/денови од возниот ред и промена на режимот на одржување на линијата;

19. Тролејбус е моторно возило наменето за превоз на лица патници, кое покрај седиштето на возачот има повеќе од осум седишта и кое заради напојување на моторот со електрична енергија е врзано за електричен спроводник;

20. Трамвај е возило на шини со електричен погон наменето за превоз на лица патници, кое заради напојување на моторот со електрична енергија е врзано за електричен спроводник;

21. Меѓународен линиски превоз на патници е превоз на определена линија кај која првата станица или стојалиште се наоѓа на територијата на Република Македонија, а последната на територијата на странска земја, како и превоз на определена линија која транзитира преку странска земја при што последната станица или стојалиште на територијата на Република Македонија;

22. Меѓуопштински линиски превоз на патници е јавен превоз што се врши на линии меѓу две или повеќе општини, односно меѓу градот Скопје и определена општина при што почетна или крајна станица е само категоризирана автобуска станица;

23. Општински превоз на патници е јавен превоз кој се врши на подрачјето на една општина, односно градот Скопје;

24. Слободен превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот сообраќај е превоз за кој релацијата и другите услови се утврдуваат посебно за секој превоз меѓу превозникот и корисникот на услугата;

25. Авто такси превоз на патници е превоз што се врши во рамките на една територија на општината или градот Скопје како и превоз кон друга општина или градот Скопје;

26. Авто такси дејност на патници е дејност што се врши со патнички возила со најмногу седум седишта сметајќи го и седиштето на возачот;

27. Мирување на извод од лиценца за вршење на авто такси превоз на патници е временски период во кој авто такси превозник не смее да врши авто такси превоз на патници со одредено возило поради дефект, сообраќајна незгода, потреба од вработување на возач, не обновена регистрација на возило и слично;

28. Сертификат за авто такси возач е сертификат кој се добива согласно со членот 8-ѕ од овој закон и кој авто такси возачот задолжително треба да го има во возилото при вршење на авто такси превоз,;

29. Итинерер е одреден правец на движење на превозното средство на определена линија;

30. Патнички линиски превоз е превоз на патници кај кој патниците согласно со возниот ред влегуваат и излегуваат на сите автобуски станици и стојалишта;

31. Брз линиски превоз е превоз на патници кај кој патниците согласно со возниот ред влегуваат и излегуваат на одредените автобуски станици;

32. Директен линиски превоз е превоз на патници кај кој патниците согласно со возниот ред влегуваат само на почетната и излегуваат само на крајната категоризирана автобуска станица;

33. Автобуска станица е простор одреден за прием и испраќање на автобуси и патници кој треба да има покриени перони, уредени за безбедно влегување и излегување на патниците, простории за задржување на патниците и на мобилните работници, за чување на багажот, санитарен чвор, билетара и со посебни прописи утврдена опрема;

34. Автобуско стојалиште е простор одреден за застанување на автобуси согласно со возниот ред и за безбедно влегување, односно излегување на патниците;

35. Автобуски терминал е уреден простор наменет за трансфер на патниците во општинскиот превоз на патниците и служи за свртување на возилата заради промена на насоката на движење;

36. Автобуско свртувалиште е уреден простор на крајните точки (термикус) во општинскиот линиски превоз наменет за качување и слегување на патниците и служи за свртување на возилата заради промена на насоката на движење;

37. Такси станица е уреден простор на јавна површина определен со пропис на општината или градот Скопје наменет за запирање на такси возила кои чекаат повик за превоз;

38. Странско возило е возило со кое се врши превоз во патниот сообраќај, кое не е регистрирано во Република Македонија;

39. Домашно возило регистрирано на територијата на Република Македонија е возило со кое се врши превоз во патниот сообраќај;

40. Дозвола за превоз е заедничко име за повеќе видови документи утврдени со овој закон или меѓународен договор, со кој на возилото со странска регистрација му се дозволува пристап на македонските патишта и возење по нив, односно на возило со македонска регистрација пристап на патиштата на земјата чиј орган ја издал дозволата и возење по нив;

41. Дозвола на Европската конференција на министрите за транспорт (ЕКМТ) е мултилатерална дозвола за извршување на меѓународен превоз на стока во патниот сообраќај на територијата на државите членки на ЕКМТ, со возила регистрирани во една од државите членки на ЕКМТ;

42. Патен лист е документ кој го користи превозник при вршење на јавен превоз на патници во слободен меѓународен превоз на патници;

43. Товарен лист или ЦМР – образец е документ кој го прати превозот на стока и содржи податоци за името и седиштето на превозникот, на испраќачот и примачот на стоката, местото на утовар и истовар, името на стоката, нејзината категоризација и количина, регистарскиот број на возилото и посебните забелешки и упатства за превозникот, а се употребува при извршување на превозот на стока во внатрешниот и меѓународен патен сообраќај;

44. Патен налог е документ кој содржи податоци за видот на превозот, името и седиштето на превозникот, името и презимето на возачот, главните податоци за правецот на возење, регистарски број на возилото, состојба на броилото на почетокот и на крајот на возењето, податоци специфични за видот на превозот и потпис на овластеното лице кое го издало налогот;

45. Далечинар е документ со кој се утврдува оддалеченоста меѓу автобуските станици, односно автобуските стојалишта издаден од надлежен државен орган за патишта и се користи при одобрувањето на возните редови за линиски превоз на патници;

46. Патник е лице кое превозникот за одредена цена го превезува со возилото за превоз на патници во патниот сообраќај;

47. Возен билет е документ издаден како фискална сметка со наведена релација или билет во книжна форма со прилог фискална сметка или сметка во електронска форма издадена од превозникот за извршена услуга на превоз со кој патникот докажува дека ја платил превозната услуга;

48. Неодржување на линија се подразбира доколку превозникот поаѓањата, попатните станици и доаѓањата дефинирани во возниот ред не ги одржува со качување и слегување на патници од автобуските станици, односно неодржување на линија и кога превозот не се врши и на една од станиците од возниот ред;

49. Орган за оцена на компетентност на правното лице од членот 69 став 4 од овој закон е Институт за акредитација;

50. Посебен линиски превоз е превоз само на определена група патници и ги исклучува другите патници;

51. Наизменичен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај е превоз на претходно организирани групи патници за повеќе патувања од исто место на поаѓање до исто место на пристигнување, при што секоја група на патници која го извршила патувањето во заминување се враќа во местото на тргнување со некое подоцнежно возење во ист состав според термините од циклусот на патувањето. Првото возење при враќање и последното возење во заминување се извршуваат со празно возило;

52. Авто такси возило е возило во смисла на Законот за возила кое ги исполнува минимално-техничките услови за вршење на авто такси превоз;

53. Моторно возило е секое возило на моторен погон кое вообичаено се користи за превоз на лица и стока на патишта или за влечење на возила на патиштата и кое има најмалку четири тркала и максимална проектирана брзина над 25 km/h;

54. Приклучно возило е возило конструирано да биде влечено од моторно возило. Приклучното возило може да биде конструирано како приколка со вртлива оска, централна оска или полуприколка;

55. Група на возила се меѓусебно поврзани возила од најмалку едно влечно и едно приклучно возило, кои во сообраќајот на патиштата учествуваат како целина;

56. Најголема дозволена маса е масата на возилото заедно со неговата носивост и

57. Бис возење е превоз на определена линија во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај кој се врши со повеќе возила на кои е истакнат натпис „бис возење” со назначување на бројот и редоследот на автобусите со римски броеви.

II УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

Член 4

Домашен превозник може да врши превоз на патници или стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца.

Лиценцата за вршење на превоз на патници или стока во меѓународниот патен сообраќај се издава и на англиски јазик.

Трошоците настанати во врска со издавање на лиценците и другата потребна документација за вршење на превоз во патниот сообраќај ги сноси превозникот.

Види

Член 4-а

Изводот од лиценцата што ја издава органот надлежен за издавање на лиценци за секое поединечно моторно возило содржи податоци за органот што ја издава лиценцата, превозникот, единствениот матичен број на субјектот – превозникот, број на лиценцата и рокот на важење, регистарскиот број, број на шасија и типот на возилото, видот на превозот што може да се врши со возилото согласно со издадената лиценца, дата на издавање и потпис и печат на овластеното лице.

Изводот од лиценца за вршење на превоз на патници или стока во меѓународен патен сообраќај од ставот 1 на овој член се издава и на англиски јазик.

Член 5

Превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.

Посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз, формата и содржината на потврдите од ставовите 3 и 4 на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Потврдата за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови за возилата со кои се вршат одделни видови превоз во патниот сообраќај ја издава овластена техничка служба за единечно одобрување на возила за категории на возила согласно со Законот за возила или овластена техничка служба за издавање на ЕКМТ сертификати согласно со овој закон.

При прегледот на возилата овластената техничка служба од ставот 3 на овој член за секое прегледано возило издава и потврда за еколошките стандарди на возилото.

Правното лице од ставот 3 на овој член е должно проверката да ја врши стручно и во целост согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, за што наплаќа надоместок.

За возилата што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови правното лице од ставот 3 на овој член издава потврда.

Член 6

При вршењето на превозот на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај превозникот е должен во возилото да има:
– извод од лиценца,
– дозвола за вршење на превоз во патниот сообраќај, доколку таа се бара согласно со закон, меѓународна спогодба или договор за превоз на патници и стока во патниот сообраќај склучена меѓу Република Македонија и земјата до, од или преку чија територија се извршува превозот,
– сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај, (во натамошниот текст СПК на возач)
– уредно пополнет патен налог и
– евидентен лист за превоз на патници.

При вршење на авто-такси превоз возачот во возилото е должен во возилото да има сертификат за автотакси возач.

Одредбите од ставот 1 алинеи 2, 3 и 4 на овој член не се однесуваат на автотакси превозот, за вршење на превоз со возила од членот 7 став 2 на овој закон со исклучок на превоз за сопствени потреби кој се врши со возила чија најголема носивост не надминува 3.500 кг вклучувајќи ја и приколката и возила со најмногу осум седишта сметајќи го и седиштето на возачот.

Одредбата од ставот 1 алинеја 3 на овој член не се однесува за вршење на превоз во внатрешниот патен сообраќај.

За издадените патни налози превозникот задолжително води евиденција и истите е должен да ги чува најмалку една година.

Формата и содржината на патниот налог за одделни видови на превоз ја пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 7

За вршење на одделни видови на превоз во патен сообраќај се издаваат следниве видови лиценци:
1) во внатрешниот патен сообраќај за:
– општински линиски превоз на патници, односно за линиски превоз на патници за градот Скопје,
– меѓуопштински линиски превоз на патници,
– слободен превоз на патници и посебен линиски превоз на патници,
– превоз на патници за сопствени потреби,
– авто-такси превоз на патници,
– превоз на стоки и
– превоз на стоки за сопствени потреби.
2) во меѓународниот патен сообраќај за:
– меѓународен линиски превоз на патници,
– меѓународен слободен превоз на патници,
– меѓународен превоз на патници за сопствени потреби,
– меѓународен превоз на стоки и
– меѓународен превоз на стоки за сопствени потреби.
3) лиценца за организација на превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Лиценца од ставот (1) од овој член не е потребна ако станува збор за вршење на превоз со возила наменети за потребите на јавната безбедност, одбраната и потребите на државните органи, за превоз со поштенски возила или на возила за интервенции, за медицински и хуманитарен превоз, за превоз за сопствени потреби кој правни и физички лица го вршат со возила чија најголема носивост не надминува 3.500 кг вклучувајќи ја и приколката односно возила со најмногу осум седишта сметајќи го и седиштето на возачот и за превоз со специјални возила кои дополнително се адаптирани за посебна намена и со нив не може да се врши превоз како со стандардните возила и служат за превоз за сопствени потреби (подвижна библиотека, подвижна кантина, работилница, подвижни објекти за спиење и слично) и за општински линиски превоз на патници со трамвај, тролејбус или други шински возила што се врши по пат на договор за воспоставување на концесија или јавно приватно партнерство.

Сите други пропишани услови со овој закон за вршење на превоз на стока во патниот сообраќај (патен налог, сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај, потврда за исполнување на посебно техничко експлоатациони услови и друго) се должни да ги исполнуваат и возилата за кои не е потребен извод од лиценца за вршење на превоз за сопствени потреби.

Формата и содржината на лиценците од ставот 1 на овој член и извод од лиценцата за секое возило од членот 4-а на овој закон ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 8 

Лиценца од членот 7 став 1 од овој закон може да добие домашно правно или физичко лице – трговец поединец (во натамошниот текст: превозник), ако ги исполнува следниве услови:
1. да е впишан во Централниот регистар со регистрирано седиште на територија на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници или стока во патниот сообраќај;
2. за секој одделен вид на лиценца од членот 7 став 1 точки 1 и 2 да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за финансиски лизинг, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај, за меѓуопштински линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за финансиски лизинг за најмалку две возила со капацитет од најмалку 18 седишта по возило несметајќи го и седиштето на возачот, за меѓународен линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за финансиски лизинг за најмалку две возила со капацитет од најмалку 22 седишта по возило несметајќи го и седиштето на возачот, за општински линиски превоз на патници да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за финансиски лизинг за возила со најмалку осум седишта несметајќи го и седиштето на возачот, за линиски превоз на патници во градот Скопје да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила или да има договор за финансиски лизинг за возила со најмалку осум седишта несметајќи го и седиштето на возачот, за слободен превоз и посебен линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за финансиски лизинг за најмалку едно возило со капацитет со најмалку осум седишта по возило несметајќи го и седиштето на возачот, за меѓународен слободен превоз на патници да е сопственик или да има договор за финансиски лизинг за најмалку едно возило со капацитет со најмалку девет седишта по возило несметајќи го и седиштето на возачот, за превоз на патници за сопствени потреби во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај да е сопственик или да има договор за финансиски лизинг за најмалку едно возило со капацитет со најмалку осум седишта по возило несметајќи го и седиштето на возачот, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз;
3. да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
4. да има вработено во работен однос авто-такси возачи;
5. во возилото со кое се врши авто-такси превоз на патници да има вградено баждарен фискален апарат – таксиметар;
6. управителот или од него овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност на лице одговорно за превоз (во натамошниот текст: СПК на одговорно лице);
7. да има солидна финансиска состојба;
8. да има добар углед;
9. за вршење на меѓународен превоз на патници или стока да има вработено возачи кои имаат СПК на возач и
10. авто-такси превозниците да поседуваат опрема за комуникација со такси возилата.

Лиценца за меѓуопштински линиски превоз на патници и лиценца за меѓународен линиски превоз на патници се издава само на превозници кои поседуваат возила со минимум Еуро 2 еколошки стандард.

Одредбите од ставот 1 точка 6 на овој член не се однесуваат за добивање на лиценца за вршење на авто такси превоз на патници за трговец поединец.

Одредбите од ставот 1 точка 7 на овој член не се однесуваат за добивање на лиценца за вршење на превоз во внатрешниот патен сообраќај.

Одредбите од ставот 1 точки 1 и 7 на овој член не се однесуваат за добивање на лиценца за превоз на патници или стока за сопствени потреби во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Превозникот поднесува барање за добивање на лиценца или барање за обновување на лиценцата до Министерството за транспорт и врски или до градоначалникот на општината или до градоначалникот на градот Скопје.

Доказите и податоците за исполнетост на условите од ставот 1 точки 1, 2, 3, 6, 7, 8 и 9 на овој член, ги прибавува овластеното службено лице од Министерството за транспорт и врски кое ја води постапката за издавање лиценца е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган.

Доказите и податоците за исполнетост на условите од ставот 1 точки 1, 4, 5 и 8 на овој член, ги прибавува овластеното службено лице од општините, односно градот Скопје како надлежен орган за издавање на лиценца за општински превоз на патници и авто такси превоз на патници кое е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган.

Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставовите 7 и 8 на овој член да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

Овластеното службено лице во Министерството за транспорт и врски, општината, односно градот Скопје е должно да одлучи по барањето за лиценца во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Доколку превозникот не ги исполнува условите за добивање на лиценцата, Министерството за транспорт и врски односно градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје ќе донесе решение со кое барањето ќе биде одбиено.

Против решението на Министерството за транспорт и врски со кое барањето за издавање на лиценца се одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Против решението на градоначалникот на општината, односно против решението на градоначалникот на градот Скопје со кое барањето за издавање на лиценца се одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Министерството за транспорт и врски.

Општините и градот Скопје доколку поседуваат во сопственост возила за превоз на патници со повеќе од осум седишта за вршење на превоз не треба да поседуваат лиценца.

Организација на превоз може да врши и правно лице кое поседува лиценца за организација за превоз, кое во свое име, а за сметка на корисник на превоз склучува договор за превоз со превозник и кое не поседува возила со изводи од лиценца согласно со овој закон.

Лиценца за организација на превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај може да добие правно или физичко лице кое има регистрирано шифра на дејност – придружни дејности во превозот и кое има запишана главнина и резерви од минимум 100.000 евра во денарска противвредност во билансот на состојба од претходната година и/или запишана главнина за ново трговско друштво, односно гаранција издадена од банка или од осигурително друштво за обезбедување на финансиска состојба. Финансиската состојба се проверува по службена должност секоја година од страна на Министерството за транспорт и врски. Организаторот на превоз доколку нема доволно средства за остварување на финансиска состојба е должен во рок од три месеци по утврдување на состојбата да обезбеди дополнителни средства и достави докази во Министерството за транспорт и врски.

Одредбите од ставот 1 точки 1, 2, 3, 4, 5, 7 и 10 на овој член не се однесуваат за добивање на лиценца за организација на превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Формата и содржината на барањето од ставот 6 на овој член, начинот за добивање, односно за одземање на лиценцата односно на изводот од лиценцата ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 8-а

Сертификатот од членот 8 став 1 точка 6 на овој закон го издава Министерството за транспорт и врски врз основа на записник за положен испит за професинална компетентност.

Испитот за добивање на сертификат од ставот 1 на овој член се полага пред Комисија за полагање на испит за професионална компетентност (во натамошниот текст: Комисијата) формирана од министерт за транспорт и врски.

Комисијата од ставот 2 на овој член се состои од пет члена од кои три члена се од Министерството за транспорт и врски и два члена од правни лица преку кои превозниците ги остваруваат своите интереси од сите аспекти на своето работење.

Испитот се полага во испитна сесија која се спроведува секој месец.

Членовите на комисијата за својата работа добиваат надомест.

За полагање на испитот за професинална компетентност се плаќа надоместок.

Висината на надоместокот треба да биде во рамките на направените трошоци за: обука, литература, потрошен материјал, трошоци за испитната комисија и друго. Трошковникот го утврдува правното лице од ставот 2 на овој член по претходна согласност на министерот за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски води евиденција за лицата кои го положиле испитот за добивање на сертификат за професионална компетентност.

Начинот, постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на СПК на лице одговорно за превоз, формата и содржината на пријавата за полагање на испит, записникот за положен испит и на сертификатот ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 8-б

Сертификатот од членот 8 став 1 точка 9 на овој закон го издава Министерството за транспорт и врски, врз основа на копија од важечка возачка дозвола и записник за положен испит за учество на возачи во меѓународниот патен сообраќај.

Сертификатот за професионална компетентност на возачот за учество во меѓународен превоз на патници и стока го изработува правно лице избрано од страна на Министерството за транспорт и врски, а трошоците за изработка на сертификатот се на товар на подносителот на барањето.

Висината на надоместокот за изработка на сертификатот ја утврдува правното лице по претходна согласност на министерот за транспорт и врски.

Сертификатот за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки се издава со рок на важење од пет години и истиот се продолжува пред истекот на рокот на важење врз основа на записник за положен испит за учество на возачи во меѓународниот патен сообраќај.

Испитот за добивање на сертификат од ставот 1 на овој член се полага пред Комисија за полагање на испит сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки (во натамошниот текст: Комисијата) формирана од министерот за транспорт и врски. 

Комисијата од ставот 3 на овој член се состои од пет члена од кои три члена се од Министерството за транспорт и врски и два члена од правни лица преку кои превозниците ги остваруваат своите интереси од сите аспекти на своето работење.

Испитот за добивање на сертификатот од ставот 1 се полага во испитна сесија која се спроведува секој месец.

Членовите на комисијата за својата работа добиваат надоместок.

Кандидатите за полагање на испитот плаќаат надоместок.

Висината на надоместокот треба да биде во рамките на направените трошоци за обука: литература, потрошен материјал, трошоци за испитната комисија и друго. Трошковникот го утврдува правното лице од ставот 2 на овој член по претходна согласност на министерот за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски води евиденција за лицата кои го положиле испитот за добивање на сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки.

Начинот, постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на СПК на возач, формата и содржината на пријавата за полагање на испит, записникот за положен испит и на сертификатот, ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 8-в 

Солидна финансиска состојба

Солидна финансиска состојба во согласност со овој закон има превозник кој има на располагање капитал и резерви во висина од најмалку 9.000 евра во денарска противвредност за првото возило и по 5.000 евра во денарска противвредност за секое наредно возило.

Солидната финансиска состојба се докажува врз основа на еден од следниве документи:
– впишани податоци за главнина и резерви во билансот на состојба за претходната година или
– гаранција издадена од банка или осигурително друштво со рок на важење идентичен со рокот на важење на лиценцата или
– потврда од банка за депонирани парични средства орочени на рок кој е соодветен на рокот на важење на лиценцата, на износ даден во ставот 1 на овој член, како и гаранција на возила под лизинг кои не се основни средства во фирмата.

Одредбите од ставот 2 алинеја 1 на овој член не се однесуваат за ново основано трговско друштво за првата година на основање, односно пред законски пропишаниот рок за изработка на завршната сметка.

Превозник кој својата солидна финансиска состојба ја докажува со впишани податоци за главнина и резерви во билансот на состојба за претходната година, во периодот на важноста на лиценцата е должен во рок од шест месеци по рокот за предавање на билансот на состојба кај надлежен орган да ја коригира состојбата на контото „запишана главнина и резерви”, доколку има намалување на вредноста во однос на вредноста од ставот 1 на овој член.

Добар углед

Член 8-г 

Добар углед согласно со овој закон мора да има правното лице и одговорното лице во правното лице, односно физичко лице кое сака да извршува превоз во патниот сообраќај.

Добар углед согласно со овој закон немаат правните или физичките лица и одговорното лице во правното лице ако против него е изречена:
– правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството, јавните финансии, вработување и социјалната сигурност, општата сигурност на луѓето, трговија со дрога или луѓе и од областа на безбедноста во јавниот сообраќај со казна затвор од една до десет години и
– изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со казна од еден до десет години, за време на извршување на казната.

Добар углед согласно со овој закон немаат правните или физичките лица – трговци поединци и одговорното лице во правното лице доколку во две последователни години има против нив изречено повеќе од два пати прекршочна санкција за многу сериозни прекршоци од областа на:
– работното време, време на возење, задолжителни одмори на екипаж на возило во патниот сообраќај и манипулација со уредите за запишување во патниот сообраќај,
– загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата со непочитување на максимално дозволена тежина, осно опторетување или димензиите на возилото само или заедно со стоката и
– неисполнување на пропишани техничко-експлотациони услови како услов за обезбедување на услуги за патници или стока во патниот сообраќај.

Правното или физичкото лице повторно ќе стекне добар углед кога ќе престанат правните последици од правосилната судска пресуда.

Ново регистрирано правно лице е правно лице кое е запишано во Централниот регистар на Република Македонија не повеќе од шест месеци и не е должно да ја докажува обврската за добар углед.

Член 8-д 

Стручното оспособување на кандидатите за добивање на СПК на одговорно лице од членот 8 став 1 точка 6 од овој закон го врши правно лице овластено од министерот за транспорт и врски, кое располага со:
– минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обуката,
– информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција и
– минимум три лица вработени во редовен работен однос со полно работно време со високо образование (економски, правен, сообраќаен или машински факултет – смер возила), со најмалку три години работно искуство од областа на патниот сообраќај кои поседуваат сертификат за обучувачи за професионална компетентност издаден од Министерството за транспорт и врски, по претходно положен испит за обучувачи за професионална компетентност врз основа на програма.

Правното лице од ставот 1 на овој член доставува за согласност од министерот за транспорт и врски прирачник за обука изработен согласно со пропишаната програма.

Лицата кои имаат најмалку десет години работно искуство во превозот како управител или овластено лице одговорно за превоз и високо образование, се ослободуваат од полагање на испитот за добивање на СПК на одговорно лице. Министерството за транспорт и врски СПК на одговорно лице го издава врз основа на поднесено барање заедно со докази за исполнување на пропишаните условите од овој став.

Во случај на оштетен, изгубен или украден СПК на одговорно лице, имателот е должен истиот да го објави за неважечки во „Службен весник на Република Македонија” и за истото да го извести Министерството за транспорт и врски при што е должен заедно со барањето, пријавата за оглас да даде и своерачно потпишана изјава со точни информации за околностите под кои СПК на одговорно лице кај превозникот е оштетен, изгубен или украден. Министерство за транспорт и врски ќе му издаде нов сертификат.

Поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица од ставот 1 на овој член и постапката за спроведување на обуката, формата и содржината на потврдата за завршена обука, ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 8-ѓ

Испитите од членовите 8-а, 8-б и 8-з од овој закон се полагаат во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето.

Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски.

Критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испит ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски го создава единствениот електронски систем за полагање на испитите од членовите 8-а, 8-б и 8-з од овој закон најдоцна до денот на примената на овој закон.

Член 8-е

Базите на прашања ги подготвуваат овластените правни лица од членовите 8-д став 2 и 8-ж ставови 3 и 5 од овој закон.

Прашањата за испитот ги верификува Министерството за транспорт и врски за што формира Комисија за верификација составена од членови од Министерството за транспорт и врски (во натамошниот текст: Комисијата). Комисијата врши ревизија и ажурирање на прашањата најмалку двапати годишно, обезбедува три дела од испитните прашања да се од теми кои се заеднички и за превоз на патници и за превоз на стока, а два дела да се од тема која се однесува поодделно на едниот или на другиот вид на превоз, при што Комисијата одлучува најмалку 30% од прашањата да бидат изменети или целосно одстранети од базите од ставот 1 на овој член.

Полагањето на испитите се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

Прашањата содржани во тестот за полагање испит и неговите одговори се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на испит.

Електронскиот систем содржи и јавно достапна база од најмалку 500 прашања од областа која е предмет на обука на кандидатите и истата може да се намали согласно со ставот 2 на овој член.

Резултатите од полагањето на испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот веднаш по неговото завршување.

На денот на полагањето на испитот му се дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем.

По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за испитот.

Во случај на спреченост на спроведување на испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем, полагањето на испитот се прекинува.

Доколку причините од ставот 9 на овој член ќе се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот истиот продолжува веднаш по нивното отстранување.

Доколку причините од ставот 9 на овој член не се отстранат во рокот од ставот 10 на овој член испитот се презакажува за првиот нареден слободен термин..

На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарот во случај доколку има технички проблем со компјутерот. На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува користење на закони, подзаконски акти или други пишани материјали, мобилен телефон или други преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

Ако има технички проблем со одреден компјутер при спроведување на тестот, пречките мора да бидат отстранети за пет минути при што тестот продолжува на истиот компјутер. Во случај кога не може да се отстранат техничките проблеми на кандидатот му се овозможува да го продолжи испитот на друг слободен компјутер или на прв компјутер кој ќе се ослободи со завршување на тест за одреден кандидат.

Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

Доколку кандидатот при полагањето на испитот постапува спротивно на ставот 12 на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија и му се изрекува забрана за полагање на испитот во траење од 3 месеци, за што Министерството за транспорт и врски донесува решение против кое може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Во случаите од ставот 15 на овој член се смета дека кандидатот не го положил испитот и истото се констатира во записникот за полагање на испитот.

На барање на кандидатот Министестерството го информира за направените грешки во тестот за полагање на испитот, со овозможување непосреден увид во тестот.

Член 8-ж

Лице државјанин на Република Македонија или лице од друга држава кој поседува работна виза за вршење професија возач за македонски превозник во меѓународен превоз на патници или стоки со наполнети 18 или 21 година во зависност од пропишаните граници на возраст согласно со прописите за безбедност во сообраќајот, мора да поседува СПК на возач.

За да се стекнат со СПК за возач, возачите на моторни возила мора да посетуваат обука за првична квалификација или забрзана првична квалификација и периодична обука ако управуваат со возила за кои е потребно:
– возачка дозвола од категориите Ц1, Ц1Е, Ц или ЦЕ и
– возачка дозвола од категориите Д1, Д1Е, Д или ДЕ.

Првичната квалификација се состои од теоретска и практична обука во овластени обучени центри која трае 280 часа (140 часа за забрзана првична квалификација) и испит за проверка на стекнатото знаење.

СПК на возач се издава со рок на важење од пет години и истиот се продолжува најдоцна 45 дена пред истекот на рокот на важење, врз основа на записник за положен испит од периодична обука за стручно оспособување на возач.

Периодичната обука на возач за учество во меѓународен патен сообраќај која трае 35 часа ја врши правно лице овластено од министерот за транспорт и врски.

Обуката од ставовите 3 и 5 на овој член ја врши правно лице овластено од министерот за транспорт и врски кое располага со:
– минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обуката,
– ангажирано возило за спроведување на практична обука,
– информатичка технологија и опрема за водење на евиденција и
– минимум три лица вработени во редовен работен однос со полно работно време со високо образование (економски, правен, сообраќаен или машински факултет), со најмалку три години работно искуство од областа на патниот сообраќај кои поседуваат сертификат за обучувачи за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај издаден од Министерството за транспорт и врски по претходно положен испит за обучувачи врз основа на програма.

Министерството за транспорт и врски води евиденција за лицата кои го положиле испитот за добивање на СПК на возачи и за лица на кои им е издаден СПК за возач за учество во меѓународен патен сообраќај.

Во случај на оштетен, изгубен или украден СПК за возач за учество во меѓународен патен сообраќај, имателот е должен истиот да го објави за неважечки во „Службен весник на Република Македонија” и за истото да го извести Министерството за транспорт и врски при што е должен заедно со барањето, пријавата за оглас да даде и своерачно потпишана изјава со точни информации за околностите под кои СПК е оштетен, изгубен или украден. Министерство за транспорт и врски ќе му издаде нов СПК на возач за учество во меѓународен патен сообраќај со ист рок на важење.

Поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица од ставот 3 на овој член, постапката за спроведување на обуката и формата и содржината на потврдата за завршена обука, ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 8-з

Стручните и административните работи за потребите на спроведувањето на стручните испити ги спроведува Министерството за транспорт и врски за што министерот за транспорт и врски определува одговорно лице кое утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар и избрано од министерот за транспорт и врски.

На одговорното лице од ставот 1 на овој член за секоја одржана испитна сесија му следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за транспорт и врски донесува решение.

Овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот е должно да го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот за време на спроведување на испитот.

Агенцијата за електронски комуникации (во натамошниот текст: АЕК) врши постојан мониторинг на блокирањето на радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот, со цел да се спречи секаков вид на електронска комуникација со околината надвор од просторијата за полагање на испитот.

АЕК во просторијата за полагање на испитот инсталира мерна опрема која обезбедува електронски запис од извршените мерења во траење од 30 дена и истите се складираат во централниот контролен систем на АЕК.

АЕК формира тричлена комисија која изготвува извештај врз основа на електронските записи складирани во централниот контролен систем на АЕК и истиот го доставува до Министерството за транспорт и врски најдоцна во рок од 15 дена од завршување на испитната сесија.

Член 8-ѕ

Сертификатот за авто-такси возач го издаваат општините или градот Скопје врз основа на важечка возачка дозвола од Б категорија и положен испит за автотакси возач.

Стручното оспособување на кандидатите за добивање на сертификат за авто-такси возач го врши правно лице овластено од општината или градот Скопје, кое располага со:
– минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обуката,
– информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција и
– минимум три лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку три години работно искуство од областа на транспортот.

Испитот за добивање на сертификат од ставот 1 на овој член се полага според Програма за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач изготвена од правното лице од ставот 2 на овој член пред Комисија за полагање на испит за авто-такси возач (во натамошниот текст: Комисијата) формирана од градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје.

Комисијата од ставот 3 на овој член се состои од пет члена од кои три члена се од општината или градот Скопје и два члена од разни облици на здружување на авто-такси превозници. Комисијата е должна да го спроведува испитот најмалку еднаш неделно доколку е пријавен минимум еден кандидат.

Членовите на Комисијата за својата работа добиваат надоместок.

Сертификатот за авто-такси возач се издава во рок од 15 дена од денот на полагање на испитот.

За полагање на испитот за авто-такси возач се плаќа надоместок. Висината на надоместокот треба да биде во рамките на направените трошоци за обука, литература, потрошен материјал, трошоци за испитната комисија и друго. Трошковникот го утврдува правното лице од ставот 2 на овој член по претходна согласност на градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје.

Општините, односно градот Скопје води евиденција за лицата кои го положиле испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач.

Сертификатот се одзема во случај на:
– смрт или престанок на деловната способност на лицето на кое е издаден сертификатот и
– правосилна пресуда за извршено кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот.

Постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на записникот за положен испит и на сертификатот за авто-такси возач ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 8-и

Сертификатот од членот 8-д став 1 алинеја 3 и членот 8-ж став 6 алинеја 4 од овој закон го издава Министерството за транспорт и врски.

Кандидатите кои сакаат да добијат сертификат од ставот 1 на овој член, треба да поднесат барања за добивање на сертификатите во Министерството за транспорт и врски.

Врз основа на поднесените барања, се врши проверка на знаењата од областа на транспортот на патници и стоки во патниот сообраќај, од страна на Комисија формирана во Министерството за транспорт и врски.

Програмата за полагање на испитите за добивање на сертификатите од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 9

Лиценцата и изводот од лиценцата за секое моторно и приклучно возило со кое ќе се врши превозот предвидени со членот 7 од овој закон ги издава Министерството за транспорт и врски, освен лиценцата и изводот на лиценцата за општински превоз на патници и авто-такси превоз на патници кои ги издава градоначалникот на општината, односно за градот Скопје градоначалникот на градот Скопје.

Кон барањето за издавање извод од лиценца превозникот доставува:
– доказ за сопственост или договор за финансиски лизинг за возилото,
– потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возилата за вршење на одделни видови на превоз,
– доказ за вработени возачи согласно со бројот на моторните возила,
– за извод од лиценца за авто-такси возило, потврда за исправен вграден фискален апарат – таксиметар и
– за извод од лиценца за вршење на меѓународен превоз на патници и стока доказ за солидна финансиска состојба и доказ за поседување доволен број на возачи со важечки СПК на возач.

Лиценцата, изводот од лиценца за превоз на патници или стока и лиценцата за организација на превоз на стока се издаваат со рок на важење од пет години.

Превозникот е должен најдоцна 30 дена пред истекот на важноста на лиценцата да достави барање до надлежниот орган за нејзино обновување. Кон барањето се доставуваат сите докази со кои превозникот ќе докаже дека ги исполнува минимум утврдените критериуми за стекнување со соодветен вид на лиценца согласно со членот 8 став 1 од овој закон.

Податоците за лиценците и за изводите од лиценците за секое моторно и приклучно возило со кое ќе се врши превозот предвидени со членот 7 од овој закон се внесуваат во електронската база на податоци која ја води Министерството за транспорт и врски.

Општините, односно градот Скопје се должни да ги внесуваат податоците за издадени лиценци и изводи од лиценци за општински превоз на патници и авто-такси превоз на патници на дневна основа во електронската база на податоци.

Доказите и податоците за исполнетост на условите од ставот 2 алинеи 1, 2, 3 и 5 на овој член, ги прибавува овластеното службено лице од Министерството за транспорт и врски кое ја води постапката за издавање лиценца е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган.

Доказите и податоците за исполнетост на условите од ставот 2 алинеи точки 1, 2, 3 и 4 на овој член, ги прибавува овластеното службено лице од општините, односно градот Скопје како надлежен орган за издавање на лиценца за општински превоз на патници и авто такси превоз на патници кое е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган.

Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставовите 7 и 8 на овој член да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

Овластеното службено лице во Министерството за транспорт и врски, општината, односно градот Скопје е должно да одлучи по барањето за лиценца во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Доколку превозникот не ги исполнува условите за добивање на лиценцата, Министерството за транспорт и врски односно градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје ќе донесе решение со кое барањето ќе биде одбиено.

Против решението на Министерството за транспорт и врски со кое барањето за издавање на лиценца се одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Против решението на градоначалникот на општината, односно против решението на градоначалникот на градот Скопје со кое барањето за издавање на лиценца се одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Министерството за транспорт и врски.

Член 9-а

Носителите на семејно земјоделско стопанство евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои имаат во сопственост или под лизинг најмногу две возила за сопствени потреби не треба да поседуваат лиценца согласно со овој закон, односно превозот го вршат врз основа на потврда за секое возило одделно издадена од Министерството за транспорт и врски.

Член 9-б

Потврдата од членот 9-а од овој закон може да добие носител на семејно земјоделско стопанство ако ги исполнува следниве услови:
1) да поседува потврда или друг акт дека е евидентиран во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како носител на семејно земјоделско стопанство и
2) да е сопственик или да има склучено договор за лизинг на најмногу две регистрирани возила за превоз што ги исполнува посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот патен сообраќај.

Потврдата од членот 9-а од овој закон се издава со важност од пет години.

Потврдата од членот 9-а од овој закон може да се продолжи за период од пет години, со поднесување на барање за продолжување на потврдата пред истекот на рокот на важност на важечката потврда.

Формата и содржината на потврдата од членот 9-а од овој закон ја пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 9-в

Носителот на семејно земјоделско стопанство кој ги исполнува условите од членот 9-б од овој закон поднесува барање за добивање на потврдата од членот 9-а од овој закон до Министерството за транспорт и врски, со доставување на писмени докази за исполнување на условите пропишани со овој закон.

Министерството за транспорт и врски ја издава потврдата најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на комплетното барање за издавање на потврдата.

Потврдата од членот 9-а од овој закон се издава на име на носителот на семејно земјоделско стопанство и не може да се пренесува на друг.

Носителот на семејно земјоделско стопанство е должен веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена за сите промени настанати во поглед на исполнувањето на условите за добивање на потврда од членот 9-б од овој закон да го извести надлежниот орган за нејзино издавање.

Формата и содржината на барањето и потребната документација од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски ќе донесе решение за одземање на потврдата, ако:
– носителот на семејно земјоделско стопанство доставил неточни податоци кои се потребни за издавање на потврдата,
– носителот на семејно земјоделско стопанство поднесе барање за откажување од потврдата и
– носителот на семејно земјоделско стопанство престане да исполнува некој од условите пропишани за нејзино издавање.

Против решението донесено од Министерството за транспорт и врски може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и во постапка за работни односи.

Носителот на семејното земјоделско стопанство е должен по правосилноста на решението со кое му е одземена потврдата веднаш, а најдоцна во рок од осум дена да ја врати потврдата на Министерството за транспорт и врски.

Член 9-г

За издадените потврди од членот 9-а од овој закон Министерството за транспорт и врски води евиденција. Евиденцијата содржи податоци за име и презиме на носителот на земјоделското стопанство, односно назив на правното лице, ИДБР, податоци за возилата согласно со членот 14 став 4 алинеја 5 од овој закон и други податоци доколку се потребни.

Податоците од ставот 1 на овој член Министерството за транспорт и врски ги проверува по службена должност преку размена на податоци со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Агенцијата за храна и ветеринарство.

Член 10

Избришан 

Член 10-а

Во општините или во Градот Скопје каде има ограничен број на возила кои можат да добијат извод од лиценца, превозник кој поседува лиценца за вршење на авто такси превоз може да поднесе до органот кој ја издал лиценцата барање за мирување на изводот од лиценцата за одредено возило за период од најмногу два месеци во тековната година. Во една тековна година превозникот само еднаш може да поднесе барање за мирување на изводот од лиценцата за конкретно возило.

Општините или Градот Скопје во рок од пет дена од денот на приемот на барањето за мирување донесуваат решение со кое се уважува или одбива барањето.

Против решението од став 2 на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од приемот на истото до министерот за транспорт и врски.

Превозник не смее да врши авто такси превоз на патници со возило за кое е донесено решението од став 2 на овој член.

Доколку овластен инспектор на општината или на градот Скопје констатира постапување спротивно на став 4 на овој член, по предлог на овластен инспектор на општината или на градот Скопје, општината или градот Скопје може да донесе решение за одземање на изводот од лиценца за вршење на авто такси превоз на патници .

Против решението од став 5 на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од приемот на истото до министерот за транспорт и врски.

Член 11

Превозникот може да започне да врши превоз на патници или стоки во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца и извод од лиценцата за моторно возило и приклучно возило.

Општинскиот линиски превоз на патници може да се врши и со шински возила согласно со договор за воспоставување на концесија или јавно приватно партнерство.

Лиценцата, извод од лиценцата за моторно и приклучно возило се издава на име на превозникот и не може да се пренесе на друг превозник.

Правното лице кое нема во сопственост возила може да врши организација на превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца за организација на превоз на стока.

Превозникот, односно организатор на превоз е должен веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена за сите промени настанати во поглед на исполнувањето на условите за добивање на лиценца од членот 8 од овој закон да го извести надлежниот орган за нејзино издавање.

Превозникот, односно организаторот на превоз е должен на органот за вршење на контрола да му обезбеди услови за вршење на контролата и да му ја даде на увид потребната документација.

За извршената контрола и констатираната состојба, инспекторот поднесува писмен извештај до надлежниот орган што ја издал лиценцата.

Член 12

Органот надлежен за издавање на лиценца, ќе донесе решение за нејзино трајно одземање, ако:
– превозникот доставил неточни податоци кои се потребни за издавање на лиценцата и
– превозникот поднесе барање за откажување од лиценцата.

Органот надлежен за издавање на лиценцата, ќе донесе решение за привремено запирање на вршење на дејноста, ако:
– утврди дека превозот се врши спротивно на издадената лиценца и
– превозникот престане да исполнува некој од условите пропишани за нивното издавање. Вршењето на дејноста привремено се запира на период до шест месеци, односно до отстранување на недостатоците.

Превозникот е должен веднаш да ги достави лиценцата и изводите од лиценцата во Министерството за транспорт и врски. Примерок од решението за привремено запирање на вршење на дејноста се доставува најдоцна во рок од три дена од денот на неговото донесување до Државниот инспекторат за транспорт, односно овластениот инспектор на општината или овластениот инспектор на градот Скопје, до Царинската управа и до надлежните погранични служби.

По изминувањето на периодот утврден во решението или отстранувањето на недостатоците, за тоа се известуваат Државниот инспекторат за транспорт, односно овластениот инспектор на општината или овластениот инспектор на градот Скопје, до Царинската управа и до надлежните погранични служби и му се враќаат на превозникот лиценцата и изводите од лиценцата.

Примерок од конечното решение со кое лиценцата трајно се одзема со наведување на податоци за сите издадени изводи од лиценца за моторни возила и за сите приклучни возила се доставува до Државниот инспекторат за транспорт, односно овластениот инспектор на општината или овластениот инспектор на градот Скопје, до Царинската управа и до надлежните погранични служби.

Против решението донесено од Министерството за транспорт и врски може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Против решението донесено од градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје, може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Министерството за транспорт и врски.

Жалбата не го одлага решението.

По конечност на решение за одземање на лиценца, превозникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена да ги врати сите издадени изводи од лиценца за моторни возила и за секое приклучно возило.

III ЕВИДЕНЦИЈА

Член 13

Министерството за транспорт и врски, односно општината или градот Скопје се должни да водат евиденција во електронска форма за превозниците и возилата регистрирани за вршење на превоз на патници или стока во патниот сообраќај во зависност од видот на превозот.

Евиденцијата од ставот 1 на овој член може да се води како централна информативна база, врз основа на податоците кои ги обезбедуваат и користат Министерството за транспорт и врски, општината или градот Скопје, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар на Република Македонија, Царинската управа, надлежниот првостепен суд, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување.

Евиденцијата од ставот 1 на овој член се води за превозници кои се активни и имаат важечка соодветна лиценца и за превозници кои се неактивни, односно немаат важечка лиценца, а согласно со членот 15 став 3 министерството е должно податоците за неактивните превoзници да ги чува.

Член 14

Евиденцијата од членот 13 од овој закон се дели на евиденција на превозници кои вршат меѓународен превоз и евиденција на превозници кои вршат внатрешен превоз на патници или стока.

Министерството за транспорт и врски е должно да прибира, обработува, чува, посредува и користи податоци потребни за издавање на лиценци за вршење на одделни видови превоз во патниот сообраќај и регистрација на автобуски возни редови, како и податоци потребни за распределба на дозволи за превоз на патници или стока и евиденција за издадени лиценци за организација на превоз и потврди за носители на семејно земјоделско стопанство.

Општината, односно градот Скопје се должни да прибираат, обработуваат, чуваат и користат податоци потребни за издавање на лиценци за општински линиски превоз на патници и за авто-такси превоз на патници, за такси станици, автобуски свртувалишта и терминали.

Податоците потребни за водење на евиденцијата можат да се прибираат и од евиденциите на Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар на Република Македонија, Царинската управа, Министерството за финансии, надлежниот првостепен суд и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, односно Агенција за вработување. При прибирање на податоците за превозникот од веќе постојните збирки на податоци, Министерството за транспорт и врски не е должно да го извести превозникот за кој податоците се однесуваат.

Органите, организациите и поединците кои располагаат со податоците потребни за водење на евиденцијата се должни по претходно барање овие податоци да му ги достават на Министерството за транспорт и врски.

Формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата од ставот 1 на овој член ја пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 15

Податоците од членот 14 на овој закон се водат за цело време додека превозникот е впишан во евиденцијата на превозниците.

Податоците се чуваат уште пет години од денот кога превозникот е избришан од евиденцијата на превозниците.

Податоците од членот 14 на овој закон можат да се даваат на други државни органи, ако тие тоа го бараат и ако нивното барање е поврзано исклучиво со превозничката дејност со која се занимаваат превозниците.

Член 16

Министерството за транспорт и врски, односно општината или градот Скопје ќе го брише превозникот од евиденција на превозници, ако утврди дека превозникот е бришан од Централниот регистар, му престанала важноста на лиценцата, односно му биде  одземена лиценцата за вршење на одделен вид на превоз во патниот сообраќај.

Бришењето се врши со денот кога превозникот е бришан од Централниот регистар, со денот на престанок на важноста на лиценцата, односно со денот на конечноста на решението со кое лиценцата е одземена.

IV ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

Член 17

Превозот на патници во внатрешниот патен сообраќај може да се врши како линиски превоз, слободен и посебен превоз на патници и превоз на патници за сопствени потреби.

Јавниот превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај може да се врши како општински линиски превоз, меѓуопштински линиски превоз, слободен превоз, посебен линиски превоз и автотакси превоз.

Превозот на патници во меѓународниот патен сообраќај може да се врши како линиски превоз на патници, како слободен превоз на патници и превоз на патници за сопствени потреби.

Член 17-а

Патниците кои користат јавен линиски превоз, за цело време на возење, треба да имаат возен билет.

Патникот мора на барање на инспекторот за патен сообраќај, како и на контролорите од превозникот што го одржува превозот да го даде билетот на увид.

Возачот на возилото е должен врз основа на расположливите места во возилото да ги смести патниците и нивниот личен багаж.

Возачот на возилото не смее да качува или слегува патници и товара или истовара багаж надвор од автобуските станици или стојалишта кои се одредени во возниот ред.

1. ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

1.1. Општински линиски превоз на патници

Член 18

Општински линиски превоз на патници можат да вршат превозници кои имаат лиценца за вршење на таков вид превоз.

Член 19

Општински линиски превоз на патници се врши врз основа на дозвола за определена линија што ја издава градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје за подрачјето на градот Скопје.

Превозник кој има лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници може да отпочне со вршење на превоз, откако ќе добие дозвола и ќе регистрира возен ред за определена линија кај градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје.

Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од пет години.

Формата и содржината на дозволата од ставот 2 на овој член ја пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 19-а

При утврдување на општинскиот линиски превоз на патници треба да се води сметка за:
– меѓусебната поврзаност меѓу меѓуопштинскиот превоз и општинскиот линиски превоз на патници и
– меѓусебната поврзаност на општински превоз на патници со други видови на превоз.

Член 19-б

Во општини со над 100.000 жители општината е должна да организира општински линиски превоз на патници како јавна служба.

Член 20

При вршење на општински линиски превоз на патници превозникот е должен во возилото да има извод од лиценца, дозвола патен налог во оригинал и регистриран возен ред во оригинал.

Превозникот е должен да се придржува на регистрираниот возен ред и редовно да ја одржува линијата.

Член 21

Качување и слегување на патници во општински линиски превоз се врши на автобуските стојалишта согласно со утврдениот и регистриран возен ред.

Автобусите на предната и бочната десна страна на видно место треба да го содржат бројот на линијата, почетното и крајното стојалиште.

Член 22

Советот на општината освен советите на општините од градот Скопје го уредуваат општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општината, а линискиот превоз на патници на подрачјето на сите општини на градот Скопје го уредува Советот на градот Скопје, при што особено утврдуваат:
– единствена мрежа на линии,
– возен ред, начин на негово истакнување, одржување и менување,
– начин на организирање на контролата на сообраќајот на автобусите и линиите, како и евиденција за тоа,
– тарифен систем, систем на наплата и начин и контрола на наплата;
– локација на автобуските терминали, свртувалишта, стојалишта и постапка за нивна измена,
– изградба, обележување, опремување, одржување и користење на автобуските терминали, свртувалишта и стојалишта,
– одредување на релација и место на превоз со комби возила со најмалку девет седишта ( 8+1) и
– критериуми за начинот и постапката за издавање и одземање на дозволата за вршење на општински линиски превоз и распределувањето на линиите на превозниците во општинскиот линиски превоз.

Единствениот тарифен систем и начинот на продажба на возни билети, односно електронски карти за сите превозници кои вршат линиски превоз на патници на подрачјето на град Скопје го утврдува Советот на градот Скопје со одлука.

На електронските карти на корисниците на линискиот превоз во град Скопје, во зависност од категоријата на корисникот, се внесуваат следниве податоци име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеалиште, датум на раѓање, фотографија заради визуелна контрола, правно лице, односно институцијата во која работи, име на образовната институција, клас, учебна година, тарифна категорија (ученик, пензионер, вработен и т.н), населено место и општина.

Член 22-а

Градот Скопје може да организира линиски превоз на патници од општините Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани и Чучер Сандево доколку наведените општини или некоја од нив нема или не може да организира превоз до градот Скопје.

За организација на превозот од ставот 1 на овој член градот Скопје со соодветната општина може да склучи договор за утврдување на меѓусебните права и обврски, утврдување на свртувалиштата и постојките и за начинот на финансирање на превозот.

Во случај од ставот 1 на овој член лиценците, дозволите и возните редови за вршење на општински линиски превоз на патници ќе ги издава градот Скопје.

Член 22-б

Бесплатниот превоз на ученици утврден со Законот за основното образование и Законот за средното образование на подрачјата на општините каде што има утврден возен ред се врши од страна на носителите на дозвола за општински линиски превоз, по цени и на начин утврдени од советите на општините и Советот на град Скопје.

Член 23

Една или повеќе општини со седиште во село со општина со седиште во град утврдени со закон кон која гравитираат, можат заеднички да го организираат вршењето на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници со обврска да го запазат временскиот интервал на станиците од делот на заедничката траса на одобрените возни редови за меѓуопштински линиски превоз при склучување на спогодбата.

Начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници од ставот 1 на овој член општините го утврдуваат со спогодба.

Спогодбата од ставот 2 на овој член особено содржи:
– единствена мрежа на линии,
– возен ред, начин на негово истакнување, одржување и менување,
– локација на автобуски стојалишта, нивно обележување, опремување, одржување и користење,
– тарифен систем и систем на наплата и
– критериуми и начин за издавање и одземање на дозволата за вршење на превозот и распределување на возните редови утврдени во единствената мрежа на линии на превозниците од општините кои се согласиле заеднички да го организираат линискиот превоз на патници на нивните подрачја.

Согласност на спогодбата од ставот 2 на овој член дава Министерството за транспорт и врски.

Еден примерок од спогодбата на која е дадена согласност се задржува во Министерството за транспорт и врски.

Доколку општините склучат спогодба, а за истата немаат добиено согласност од министерот за транспорт и врски, истата нема правно дејство, односно е неважечка.

Возачот кој превозот го врши согласно со спогодбата од ставот 2 на овој член е должен истиот да го врши во согласност со дозволата и возниот ред за линијата и да постапува согласно со членот 34 од овој закон.

Член 23-а

Одредбите на членовите, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 34 и 35 од овој закон соодветно се применуваат и за меѓуопштински линиски превоз на патниците од членот 23 од овој закон.

Член 23-б

Вршењето на општински линиски превоз на патници со тролејбус, трамвај или други видови на шински возила може да биде предмет на концесија или јавно приватно партнерство под услови и на начин утврдени со Законот за концесии и јавно приватно партнерство и услови утврдени од советот на општината, односно Советот на градот Скопје.

Концесијата или јавното приватно партнерство за општински линиски превоз на патници со тролејбус, трамвај или други видови на шински возила се уредуваат со договорот за воспоставување на концесија или јавно приватно партнерство.

Одлука за давање на концесија или јавно приватно партнерство за општински линиски превоз на патници со тролејбус, трамвај или други видови на шински возила донесува советот на општината, односно Советот на градот Скопје.

Советот на општината, односно Советот на градот Скопје може да донесе одлука за услови кои треба да се исполнуваат при постапката на концесија или јавно приватно партнерство за општински линиски превоз на патници со тролејбус, трамвај или други видови на шински возила за одвивањето на превозот во општината, односно градот.

Договорот за концесија, односно јавно приватно партнерство се склучува за период од најмногу 35 години.

Договорот за концесија, односно јавно приватно партнерство може да се пренесе со писмена согласност од концедентот, односно јавниот партнер, под услови утврдени со договорот и без нарушување на времетраење на договорот.

1.2. Меѓуопштински линиски превоз на патници

Член 24

Меѓуопштински линиски превоз на патници може да врши само превозник кој има лиценца за вршење на овој вид на превоз.

Меѓуопштинскиот линиски превоз на патници се врши на одредена линија по однапред одобрен возен ред и утврдена и објавена цена на превозот.

Меѓуопштинскиот линиски превоз на патници може да се врши како патнички, директен и брз.

Член 24-а

Одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии врши Министерството за транспорт и врски по барање на заинтересираните превозници.

За одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, Министерството за транспорт и врски објавува оглас на својата интернет страница и во дневниот печат.

Огласот од ставот 2 на овој член се објавува еднаш во текот на годината и тоа во мај во тековната година.

Постапката за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии се врши по електронски пат.

Право да учествуваат на огласот имаат сите превозници кои имаат лиценца за меѓуопштински или меѓународен превоз на патници.

При електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии, односно за промена на возни редови на одобрени линии, доколку на трасата на линијата за веќе одобрен возен ред, има две заеднички станици, превозникот треба да ги има предвид временските интервали на поаѓање и тоа: за меѓуопштински линиски превоз

должина на линијата во км

минимална временска разлика во минути

пред/после

0 – 40 км

30

41- 80 км

50

81-120 км

60

преку 120 км

90

При електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии, односно за промена на возни редови на одобрени линии, доколку на трасата на линијата за веќе одобрен возен ред има две заеднички станици од кои една на територијата на Република Македонија, а друга на територијата на земјата на пристигнување, и доколку се аплицира за нов меѓународен возен ред, превозникот треба да ги има предвид временските интервали на поаѓање за делот на територијата на Република Македонија, и тоа за меѓународен линиски превоз

должина на линијата
во км

минимална временска разлика
во минути

пред/после

0 – 250 км

60

251 – 600 км

180

601 – 1800 км

240

преку 1801 км

360

При електронско барање за одобрување на возен ред за нови линии, доколку на трасата на линијата за веќе одобрен возен ред има две заеднички станици, за поаѓање од Велес, Куманово и Тетово кон Скопје во период од 6,00 до 8,00 часот секој ден и за поаѓање од Скопје кон Велес, Куманово и Тетово во периодот од 15,30 и 17,30 часот секој ден, временскиот интервал од едно до друго поаѓање изнесува 10 минути.

При електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии, односно за промена на возни редови на одобрени линии превозникот треба да ги има предвид одобрените возни редови објавени на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски и одобрените возни редови со спогодба меѓу две општини.

Доколку возниот ред за линијата за меѓуопштински превоз на патници е со едно или со повеќе поаѓања кои не можат да се одржуваат со едно возило, превозникот треба за тие возни редови да поседува толку возила и возачи колку што е потребно за да може да ги одржува сите поаѓања за кои му се издадени дозволи сметајќи ги и возилата кои му се потребни за одржување на ново одобрените возни редови за превоз на патници. Доколку возниот ред за линијата за меѓународен превоз на патници е со едно или со повеќе поаѓања кои не можат да се одржуваат со едно возило, превозникот треба за тие возни редови да поседува толку возила и возачи колку што е потребно за да може да ги одржува сите поаѓања за кои му се издадени дозволи, не сметајќи ги и возилата кои му се потребни за одржување на ново одобрените возни редови за превоз на патници.

Превозникот во зависност од остварената добивка за претходната тековна година го има правото да аплицира за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници и тоа:
– од 300,000 до 1,000,000 денари – најмногу 3 апликации,
– од 1,000,001 до 2,000,000 денари – најмногу 5 апликации,
– од 2,000,001 до 4,000,000 денари – најмногу 9 апликации и
– над 4,000,001 денари – најмногу 11 апликации.

Превозникот кој е основан и се стекнал со соодветната лиценца во годината во која се спроведува огласот, односно пред законски пропишаниот рок за изработка на завршна сметка има право да аплицира за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници онолку апликации колку што поседува возила со извод од лиценца за соодветниот вид на превоз.

Постапката за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии ја следи и контролира Комисија за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии (во натамошниот текст: Комисијата) формирана од министерот за транспорт и врски.

Доказите и податоците за исполнетост на условите од ставовите 11 и 12 на овој член, ги прибавува Комисијата која е должна во рок од три дена од денот на аплицирањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган.

Врз основа на добиените резултати од компјутерски обработените барања, Комисијата од ставот 14 на овој член подготвува предлог листа на одобрени, односно одбиени барања и ја доставува до министерот за транспорт и врски на одобрување.

Врз основа на одобрените листи Министерството за транспорт и врски донесува решение со кое возниот ред за линијата се одобрува или барањето се одбива.

Против решението од ставот 17 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Комисијата од ставот 14 на овој член се состои од пет члена од кои три члена се од Министерството за транспорт и врски и два члена од здруженијата на превозници од патниот сообраќај.

Начинот и поблиските услови за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници, издавање, продолжување и одземање на дозволата за одобрена линија, формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред, ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 24-б

Одредбите од членот 24-а на овој закон соодветно се применуваат и на постапката за одобрување на возни редови за нови линии или промена на одобрени линии во меѓународниот превоз на патници.

Член 25

Превозникот со вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници може да отпочне по добивање на дозвола издадена од Министерството за транспорт и врски.

Дозволата од ставот 1 на овој член се издава со рок на важење од пет години.

Дозволата од ставот 1 на овој член може да ја користи само превозник на кој што му е издадена.

Дозволата за вршење на меѓуопштински линиски превоз содржи: назив на линијата, назив и седиште на превозникот, како и рок на важење.

Составен дел на дозволата е и одобрениот возен ред за линијата регистриран во Министерството за транспорт и врски.

Превозникот при вршење на превозот задолжително треба да поседува патен налог.

Член 25-а

Пренос на дозволи или решенија од еден превозник на друг е дозволен само во случај кога новиот превозник е правен следбеник на превозникот кој престанал да постои, доколку постои раздвојување на имотот на превозникот на два или повеќе нови превозници согласно со спогодбата за раздвојување заверена на нотар или согласно со решение на надлежен суд или врз основа на купопродажен договор меѓу двајцата превозници за промена на сопственоста на превозникот или друг правен акт од кој ќе се утврди промената на сопственоста на превозникот.

Пренос на дозвола од еден превозник на друг превозник е дозволен спогодбено само еднаш во текот на важењето на дозволата која е предмет на преносот и само за периодот на важноста на дозволата.

Член 25-б

Доколку дозволата со возниот ред е со повеќе поаѓања превозникот може да поднесе барање за раздвојување на одделни или на сите поаѓања од возниот ред на посебни дозволи.

Превозникот може да поднесе барање и за спојување на два или повеќе возни редови за кои има посебни дозволи кои се со иста почетна и крајна станица истите да бидат на една дозвола и еден возен ред.

Член 26

За издадените дозволи се води евиденција.

Евиденцијата на издадените дозволи ја води Министерството за транспорт и врски.

Министерството е должно да ги известува автобуските станици за издадените дозволи и за секоја извршена промена.

Превозникот е должен да го извршува меѓуопштинскиот линиски превоз на линијата во согласност со издадената дозвола и регистрираниот возен ред.

За време на вршење на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници во возилото мора да се наоѓа извод од лиценцата, дозвола, регистриран возен ред и патен налог во оригинал.

Член 27

Превозникот самостојно ја утврдува цената на превозот.

Превозникот е должен да склучи договор за регулирање на услугите со категоризираните автобуски станици согласно со возниот ред на линијата и да го достави ценовникот до автобуските станици што ги користи согласно со утврдениот возен ред.

Превозникот е должен преку средствата за јавно информирање да го објави започнувањето на меѓуопштинскиот линиски превоз според возниот ред.

Член 27-а

При вршење на превоз на патници превозникот во возилото не може да има повеќе патници отколку што има седишта во возилото.

Член 27-б

Бесплатниот превоз на ученици утврден со Законот за основното образование и Законот за средното образование на подрачјата на две или повеќе општини каде што има утврден возен ред во рамки на меѓуопштинскиот линиски превоз се врши од страна на носителите на дозвола за меѓуопштински линиски превоз, по цени утврдени од превозниците кои не можат да бидат повисоки од цените за останатите патници.

Член 28

Возниот ред и правецот на движење (итинерер) можат да се менуваат само еднаш во текот на важењето на дозволата со спроведување на постапка од членот 24-а на овој закон.

По исклучок од ставот 1 на овој член, без спроведување на постапката од членот 24-а на овој закон, возниот ред и правецот на движење (итинерерот) може да се изменат пред истекот на важноста на дозволата, доколку:
– превозникот се откаже од одреден број поаѓања во возниот ред,
– во постапката за издавање на транзитни дозволи за редовни линии во меѓународниот патен сообраќај, државата што треба да се транзитира бара измена на должината на трасата и/или времето на патување, или граничните премини за влез и излез,
– странскиот превозник има добиено согласност за промена на возниот ред од надлежниот орган на странска држава, со исклучок на добиена согласност за додавање на станици во возниот ред и промена на време на поаѓањата на територијата на Република Македонија,
– тоа е потребно заради промени кои настанале поради виша сила,
– има промени предизвикани поради реконструкција и пуштање во сообраќај на нови патишта или заради други вонредни настани,
– со одлука на Советот на градот Скопје одредени автобуски стојалишта во градот се определени како попатни станици за вршење на меѓуопштински превоз на патници,
– се менува итинерерот без промена на времињата на поаѓање,
– превозникот бара бришење на определени станици во возниот ред, доколку без станиците кои се бара да се бришат во новиот возен ред почетната и крајната станица се категоризирани автобуски станици, а за меѓународен превоз на патници во новиот возен ред почетната станица да биде категоризирана автобуска станица,
– превозникот бара скратување на релацијата или менување на начинот на одржување на линијата од постојана во сезонска линија и обратно притоа имајќи ги предвид временските интервали утврдени во членот 24-а ставови 6 и 7 од овој закон и
– превозникот бара промена на време на поаѓање на станиците во возниот ред, без додавање на станици во возниот ред и без промена на време на поаѓање на станиците на територијата на Република Македонија на поаѓањето во насока од територијата на Република Македонија кон територијата на странската држава,
– превозникот бара промена на ден/денови во режимот на одржување на меѓународниот возен ред во правец од почетната станица на територијата на странската држава кон територијата на Република Македонија.
– превозникот се откаже од ден/денови во режимот на одржување на возниот ред

За случаите од ставот 2 на овој член, врз основа на писмено барање од превозникот со решение одлучува Министерството за транспорт и врски.

Превозникот е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Министерството за транспорт и врски да достави барање за регистрација на одобрениот возен ред и за издавање на дозвола за линијата за која возниот ред е одобрен.

Доколку превозникот барањето за регистрација на одобрениот возен ред и за издавањето дозвола не го поднесе во рокот од ставот 4 на овој член ќе се смета дека истиот не е заинтересиран за одржување на линијата, а возниот ред за одобрената линија се одзема.

Член 29

За време на важење на дозволата превозот може привремено да се запре, ако настанат и додека траат причините кои превозникот не можел да ги предвиди и чии последици не можел да ги отстрани (виша сила).

Привременото запирање од ставот 1 на овој член превозникот е должен да го пријави до Министерството за транспорт и врски, веднаш по настанувањето на причините кои го предизвикале.

Член 30

Ако превозникот не може да го врши меѓуопштинскиот линиски превоз на патници, за кој има добиено дозвола, должен е до Министерството за транспорт и врски да поднесе барање за одобрување за привремен прекин или за трајно запирање на превозот.

Превозот може привремено да се прекине најдолго за период од шест месеца во текот на важењето на дозволата или трајно да се запре врз основа на решение на Министерството за транспорт и врски.

Со донесувањето на решението за трајно запирање на превозот на патници на одредена линија се одзема дозволата и се врши бришење на возниот ред од евиденцијата на регистрирани возни редови.

Член 31

Превозникот е должен привремениот прекин или трајното запирање на превозот и измената на возниот ред на определена линија да го објави во автобуските станици, кои се наоѓаат во возниот ред.

Член 32

Превозникот не може на одредена линија за која има дозвола да го запре превозот од неоправдани причини и без одобрение на Министерството за транспорт и врски.

Ако превозникот од неоправдани причини не го врши меѓуопштинскиот линиски превоз на определена линија повеќе од пет дена непрекинато или со прекини во период од 30 дена во текот на годината, на предлог на државниот инспектор за патен сообраќај Министерството за транспорт и врски ќе донесе решение за одземање на дозволата. По правосилноста на решението за одземање на дозволата, возниот ред се брише од евиденцијата на регистрирани возни редови.

Доколку при контрола на автобуска станица од сообраќајниот дневник за поаѓање и доаѓање на автобусите на автобуската станица или од извештаите од членот 60 став 2 од овој закон се констатира дека превозникот кој поседува дозвола и возен ред издаден од Министерството за транспорт и врски за вршење на линиски превоз на патници од неоправдани причини не одржува определена линија повеќе од пет дена непрекинато или со прекини во период од 30 дена во текот на годината, државниот инспектор за патен сообраќај задолжително во рок од седум дена ќе достави предлог до Министерството за транспорт и врски за одземање на дозволата. По конечноста на решението за одземање на дозволата, возниот ред се брише од евиденцијата на регистрирани возни редови.

Превозникот е должен во рок од пет работни дена од добивањето на известувањето за правосилност на решението за одземање на дозволата сите примероци од дозволите за предметната линија да ги предаде во Министерството за транспорт и врски, во спротивно со решение му се одзема соодветната лиценца за вршење на превоз на патници.

Против решението од ставот 2, 3 и 6 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Министерството за транспорт и врски е должно примерок од решението од ставот 2 на овој член да достави до Државниот инспекторат за транспорт најдоцна во рок од седум дена по правосилноста на решението.

Министерството за транспорт и врски може да донесе решение за одземање на дозвола доколку видно од електронскиот систем на евиденција, кој го води Царинската управа на Република Македонија, а на кој е поврзано Министерството за транспорт и врски, се утврди дека се исполнети условите од ставот 2 на овој член.

Член 33

Возни билети исклучиво се продаваат преку унифициран електронски систем со електронско плаќање на билетите

По исклучок од ставот 1 на овој член превозникот може да продава возни билети и во автобусот, таму каде што нема организирани места за продажба при што е должен да издаде фискална сметка за продадените билети.

Возни билети може да се продаваат само за само за одобрените линии за кои е издадена дозвола во согласност со одобрениот возен ред и цената. 

Превозникот и автобуската станица се должни на потполно глуви лица со потврда за членство и возен картон издаден од Националниот сојуз за глуви лица, на лица со тешка и длабока ментална попреченост и негов придружник со потврда за членство и возен картон издаден од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектулана попреченост на слепо лице со оштетување на видот над 90% и негов придружник со потврда за членство и возен картон издаден од Сојузот за слепи лица и на инвалидизирано лице со телесна инвалидност од 90% и негов придружник со потврда за членство и возен картон издаден од Сојузот за инвалидизирани лица, да им издадат билет за патување во двата правци (повратен билет) без надомест и во возната книшка да евидентираат дека слепото лице и инвалидизираното лице го искористиле превозот. На слепото лице со оштетување на видот над 90% и неговиот придружник и на инвалидизираното лице и неговиот придружник во текот на една календарска година може да им се издадат билети за максимум шест повратни билети за патување во внатрешниот превоз на патници, на трошок на превозникот.

Возниот билет што го издава превозникот содржи:
– назив на превозникот,
– место на тргнување и пристигнување, односно зона на вршење за општинскиот линиски превоз,
– период на важење на билетот и
– цена на превозот.

Превозникот може на целата линија да врши превоз и со повеќе возила (бис возење). Доколку линијата се одржува со бис возење тогаш не мора сите возила да поаѓаат од почетната или некоја од попатните станици доколку на тие станици има доволно места во возилата кои поаѓаат од тие станици за да бидат превезени сите патници на предметната линија.

Член 34

Во меѓуопштинскиот линиски превоз на патници, качување и слегување на патниците, односно товарање и истоварање на багаж, може да се врши само на категоризирани автобуски станици и автобуски стојалишта што се внесени во дозволата и возниот ред за линијата.

Во местата каде што постојат категоризирани автобуски станици, превозникот кој има дозвола за вршење на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници, качување и слегување на патниците може да врши само на тие автобуски станици.

Член 35

Возачот кој го управува возилото е должен да застане на категоризирана автобуската станица, односно автобуското стојалиште во согласност со дозволата и возниот ред за линијата, условите на станицата и прописите за безбедност.

Возачот кој го управува возилото е должен да го завери патниот налог на секоја категоризирана автобуска станица одобрена во возниот ред и дозволата за определена линија.

1.3. Меѓународен линиски превоз на патници

Член 36

Меѓународен линиски превоз на патници меѓу Република Македонија и друга држава (билатерален) и транзитен превоз преку територијата на Република Македонија се воспоставува во согласност со меѓународните договори, а врз основа на претходно издадени дозволи од министерствата надлежни за транспорт на државите низ кои линијата поминува.

Превозот од ставот 1 на овој член се врши врз основа на дозвола што ја издава Министерството за транспорт и врски.

Член 37

Меѓународниот линиски превоз на патници на територијата на Република Македонија може да се извршува врз основа на дозвола што ја издава Министерството за транспорт и врски.

Дозволата се издава на барање на домашниот и странскиот превозник. Кон барањето превозниците се должни да приложат возен ред, ценовник итинерер, план за возење на возачите, договор за заедничко одржување на превозот и други прилози определени со меѓународна спогодба.

Странскиот превозник барањето за издавање на дозволата го доставува преку надлежниот орган на државата во која возилото е регистрирано.

Составен дел на дозволата се заверен возен ред, ценовник, итинерер и план за возење на возачите.

Дозвола нема да се издаде ако превозникот не ги исполнува условите за нејзино издавање предвидени со овој закон, поблиските прописи донесени врз основа на овој закон и одредбите од меѓународните спогодби.

Доколку во рок од 24 месеци од денот на поднесување на барање за издавање на билатерална дозвола истата не се издаде од страна на надлежниот орган на странската земја, одобрениот возен ред за автобуската линија се брише од евиденцијата на возни редови.

Доколку е исполнет условот од ставот 6 на овој член, министерството донесува решение за бришење на возниот ред.

Против решението од ставот 7 на овој член може да се поведе управен спор. Тужбата не го одлага извршувањето на решението.

Министерството за транспорт и врски води регистар за издадените дозволи и регистрираните возни редови за меѓународни линии.

Формата и содржината на регистарот од ставот 9 на овој член ја пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 38

Меѓународниот линиски превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај мора да се врши во согласност со дозволата, планот за возење на возачите, возниот ред, итинерерот и ценовникот што ги завериле министерствата за транспорт каде што се седиштата на превозниците.

Дозволата, план за возење на возачите, возниот ред, итинерерот и ценовникот во оригинал мора да се наоѓаат во возилото со кое се врши превозот.

Покрај документите утврдени во ставот 2 на овој член во возилата мора да се наоѓа и евидентен лист за превоз на патници. Евидентниот лист за превоз на патници го води превозникот во три примероци за секој извршен меѓународен превоз на патници, го чува во рок 24 месеци и еден примерок задолжително се остава на Царинската управа на граничните премини на Република Македонија.

Формата и содржината на евидентниот лист за превоз на патници, податоците кои ги содржи, начинот на неговото чување и водење ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 38-а

Домашниот и странскиот превозник спогодбено го определуваат режимот на одржување на возниот ред врз основа на принципот на реципроцитет, односно може со режимот на одржување да се определи поаѓањата во возниот ред да ги одржуваат двајцата превозници истовремено или двајцата превозници наизменично или само домашниот превозник или само странскиот превозник, при што во случај кога само странскиот превозник ја одржува линијата домашниот превозник е должен да поседува доволен број на возила за одржувањето на поаѓањата од возниот ред.

Доколку превозниците превозот од ставот 1 на овој член не го вршат согласно со издадената дозвола и одобрениот возен ред Министерството за транспорт и врски на предлог на Државниот инспекторат за транспорт ќе ја одземе дозволата и возниот ред и истите ќе ги брише од регистарот на издадени дозволи.

Член 38-б

Доколку на домашен превозник му е одземена дозволата, во периодот на нејзино важење, Министерството за транспорт и врски го известува надлежниот орган на странската држава каде што има седиште странскиот превозник. Странскиот превозник е должен во периодот на важење на дозволата да склучи договор за заедничко одржување на предметната линија со друг домашен превозник. На домашниот превозник кој склучил договор со странскиот превозник за предметната линија ќе му се одобри возниот ред и ќе му се издаде дозвола.

Доколку странскиот превозник пред истекот на важноста на дозволата не склучи договор за заедничко одржување на предметната линија со друг домашен превозник, на странскиот превозник нема да му се продолжи важноста на дозволата.

Член 38-в

Доколку меѓународната линија се одржува еднострано само од странски превозник, при поднесување на барање за продолжување на дозволата пред истекот на важноста на дозволата, странскиот превозник е должен да достави договор за одржување на линијата со домашен превозник.

Доколку во текот на одржување на линија во меѓународниот линиски превоз на патници, постои известување до надлежен орган за двострано раскинување на договорот за заедничко одржување на линија, секој од партнерите кои претходно го одржувале регистрираниот возен ред, е должен најдоцна во рок од три месеци од доставувањето на известувањето да склучи договор со нов партнер. Притоа партнерите кои претходно го одржувале регистрираниот возен ред се должни во известувањето да утврдат кој превозник кое поаѓање ќе го одржува за да можат да поднесат барање пред надлежниот орган со новиот партнер за издавање на дозвола и одобрување на возен ред.

Доколку во рокот од ставот 2 на овој член превозниците не достават договор со нов партнер, дозволата и регистрираниот возен ред се одземаат и се бришат од евиденцијата.

Доколку од надлежен орган на странска држава има известување дека за линија нема согласност според важечките прописи во странската земја, постапката за издавање или продолжување на дозволата ќе биде запрена, а регистрираниот возен ред се одзема.

Член 38-г

Превозникот може да поднесе барање за спојување на два или повеќе возни редови за меѓународен линиски превоз на патници за кои има правосилно решение издадено од Министерството за транспорт и врски или важечки посебни дозволи за возните редови за кои се бара спојување кои имаат иста почетна или иста крајна станица посебните дозволи да бидат на една дозвола и еден возен ред.

Член 39

Странски превозник не може да врши внатрешен превоз на патници (каботажа) при извршувањето на меѓународниот линиски превоз на патници, доколку со меѓународна спогодба и договор поинаку не е определено.

Доколку со меѓународна спогодба и договор е определено да може да се врши превоз од ставот 1 на овој член, во тој случај странскиот превозник треба да поседува дозвола издадена од Министерството за транспорт и врски.

Член 40

Странски превозник може да врши линиски превоз на патници во транзит преку територијата на Република Македонија само врз основа на дозвола што ја издава Министерството за транспорт и врски.

Со дозволата за транзит не може да се дозволи качување и слегување на патници на територијата на Република Македонија доколку со меѓународната спогодба поинаку не е определено.

Член 41

Избришан 

Член 42

Одредбите од членовите 24 до 35 на овој закон што се однесуваат на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници се однесуваат и на меѓународниот линиски превоз на патници, доколку со меѓународна спогодба поинаку не е определено.

1.4. Посебен линиски превоз на патници

Член 43

Посебен линиски превоз на патници е превоз само на определена група патници со исклучување на други патници. Со посебниот линиски превоз на патници се врши превоз на ученици од дома до училиште и обратно, на работници од дома до местото на работа и обратно, на работници кои вршат сезонски работи од дома до местото на работа и обратно, на војни лица од дома до работа и обратно и превоз на лица кои имаат потреба од медицинска нега од дома до здравствената установа и обратно, доколку превозот на тие лица го организира истата. Патниците кои се превезуваат треба да се наведени во списокот на патници кој е составен дел на договорот за извршување на овој вид на превоз, при што во возилото може да има максимум 10% патници кои не се наведени во списокот на патници. Патниците треба во себе да имаат документ за идентификација издаден од нарачателот на превозот.

Посебен линиски превоз на патници е и превозот кој е неопходен за извршување на друг вид на превоз (превоз од и до аеродром) при што патниците кои се превезуваат не треба да се наведени во списокот на патници кој е составен дел на договорот за извршување на овој вид на превоз.

За извршувањето на посебниот линиски превоз на патници од ставот 1 на овој член, нарачател на превозот може да биде училиштето во кое учат учениците кои се превезуваат, фирмата или органот во кој се вработени работниците кои се превезуваат, здравствената установа во која се лекуваат лицата кои се превезуваат и претпријатието кое врши аеродромски услуги.

Нарачателот на превозот и превозникот склучуваат писмен договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски.

Составен дел на договорот за извршување на превозот е списокот на патниците кои се превезуваат и истиот треба задолжително да биде заверен од Министерството за транспорт и врски или од општините или градот Скопје. При извршување на посебен линиски превоз од ставот 2 на овој член не е потребен список на патници.

По исклучок за превоз на војни лица од дома до работа и обратно списокот на патници не е составен дел на договорот за извршување на превозот. При превозот на војни лица од дома до работа и обратно задолжително е во возилото од страна на корисникот на превозот да има лице кое ќе биде задолжено со список на патници кои се превезуваат.

По исклучок од ставот 5 на овој член за превоз на работници кои вршат сезонски работи од дома до местото на работа и обратно списокот на патници не е составен дел на договорот за извршување на превозот, но истиот задолжително се наоѓа во возилото при вршењето на превозот.

Посебниот линиски превоз на патници се врши со автобуси, а може да се врши и со патнички возила со 8+1 седиште, врз основа на договор склучен во писмена форма меѓу правно лице кое го нарачува превозот и превозникот правно лице. Договорот мора да биде склучен исклучиво со превозник или со конзорциум од превозници кои имаат во сопственост или меѓусебно имаат склучено договор за користење на доволен број на возила за екплоатација на релациите кои се наведени во договорот. Превозникот или конзорциумот од превозници превозот ќе го врши исклучиво со возилата кои ги навеле при склучувањето на договорот за превоз и кои ги исполнуваат минималните техничко-експлоатациони стандарди определени во јавниот оглас или кои исполнуваат техничко- експлоатациони стандарди исти или повисоки од оние кои биле понудени на јавниот оглас. Непочитувањето на одредбите од овој став претставува основ за раскинување на договорот за превоз.

При извршувањето на посебниот линиски превоз на патници од ставот 1 на овој член во возилото мора да се наоѓа извод од лиценца, дозвола со возен ред со станици и термини за поаѓање и пристигнување патен налог во оригинал и договор со список на патници.

При извршување на посебен линиски превоз од ставот 2 на овој член во возилото мора да се наоѓа извод од лиценца, дозвола патен налог во оригинал и договор.

Превозникот може да врши посебен линиски превоз, доколку поседува соодветна лиценца согласно со овој закон и доколку поседува возила со изводи од лиценца колку што е потребно за да може да ги одржува сите поаѓања согласно со дозволата за посебен линиски превоз вклучувајќи ги и возилата кои му се потребни за одржување на возните редови за меѓуопштински, меѓународен или посебен линиски превоз кои веќе ги поседува.

Член 44

За извршување на превозот од членот 43 на овој закон превозникот мора да прибави дозвола.

Ако превозот се врши меѓу две или повеќе општини дозволата ја издава Министерството за транспорт и врски.

Против решението од ставот 2 на овој член со кое се одбива барањето за издавање на дозвола за вршење на посебен линиски превоз на патници, може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Ако превозот се врши на подрачјето на општината, односно градот Скопје дозволата ја издава градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје.

Против решението од ставот 4 на овој член со кое барањето се одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Министерството за транспорт и врски.

Формата и содржината на дозволата за посебен линиски превоз на патници ја пропишува министерот за транспорт и врски.

Кон барањето за издавање на дозволата превозникот е должен да достави:
– договор склучен со правно лице со список на патниците што ќе се превезуваат,
– временски термини за поаѓање и враќање во кои ќе се врши превозот; 

Дозволата се издава со рок на важење за кој се договориле превозникот и нарачателот на превозот, а најдолго за период од една година.

По исклучок од ставот 8 на овој член дозволата за превоз на работници кои вршат сезонски работи се издава за период не подолг од три месеци.

Патниците кои се превезуваат со овој вид на превоз мора кај себе да имаат доказ за идентификација.

Член 45

Избришан 

2. СЛОБОДЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

Член 46

Слободниот превоз на патници може да се врши во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, доколку превозникот поседува лиценца за слободен превоз на патници и лиценца за меѓународен слободен превоз на патници.

Слободниот превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај може да се врши со автобуси или со возила со 8+1 седиште, а слободниот превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај може да се врши со автобуси (возила со над 8+1 седиште).

Слободниот превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај е превоз на однапред организирана група на патници, без попатно качување и слегување на патници, за кои релацијата, цената на превозот и другите услови се утврдуваат со договор меѓу превозникот и нарачателот на превозот како правно лице.

Слободниот превоз на патници не смее да има елементи на линиски и посебен линиски превоз како што се релација, време на поаѓање и пристигнување и места за влегување и излегување на патници.

Меѓународниот слободен превоз на патници може да се врши како повремен и наизменичен.

Член 47

Повремениот превоз може да се врши како:
– “кружно возење” – систем затворени врати (екскурзии, туристички патувања и слично) кое почнува и завршува во местото на поаѓање, при што истата група на патници се превезува со истото возило на целиот пат;
– превоз на патници со полно возило во заминување и празно возило во враќање и
– превоз на патници со празно возило во заминување и полно возило при враќање.

Член 48

Наизменичен превоз е превоз на претходно организирани групи патници за повеќе патувања од исто место на поаѓање до исто место на пристигнување.

Секоја група на патници која го извршила патувањето во заминување се враќа во местото на тргнување со некое подоцнежно возење во ист состав според термините од циклусот на патувањето согласно со програмата при што термините на патување не можат да бидат во помали интервали од седум дена. Првото возење при враќање и последното возење во заминување се извршуваат со празно возило.

При извршувањето на наизменичниот превоз, во возилото треба да се наоѓаат патните листи од сите извршени превози од циклусот на патувањето.

Член 49

При вршењето на слободен превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај во автобусот мора да се наоѓа извод од лиценца, патен налог во оригинал, договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата и список на патниците потпишан и заверен од превозникот.

При вршењето на слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај, превозникот мора да има извод од лиценца, патен налог во оригинал, евидентен лист за превоз на патници договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата и правилно и точно пополнет патен лист на пропишан образец, потпишан и заверен од превозникот и заверен од надлежните царински служби на Република Македонија (во натамошниот текст: Царинска управа).

Образецот на патниот лист од ставот 2 на овој член и начинот на неговото пополнување го пропишува министерот за транспорт и врски, доколку со меѓународна спогодба поинаку не е предвидено. 

Член 50

Слободниот превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај од членот 47 на овој закон, може да се врши без дозвола, а превозот од членот 48 на овој закон се врши со дозвола, ако со меѓународен договор или спогодба поинаку не е определено.

Дозволата од ставот 1 на овој член на барање на превозникот ја издава Министерството за транспорт и врски. Министерството за транспорт и врски дозволите за слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај ги разменува со надлежниот орган на другата земја врз основа на меѓународна спогодба или договор, на крајот на тековната година за наредната година.

Образецот на дозволата од ставот 1 на овој член го пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 51

Ако меѓународниот слободен превоз на патници се извршува со дозвола во возилото мора да ја има и дозволата во оригинал.

Министерството за транспорт и врски води регистар на издадени дозволи за слободен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Формата, содржината и начинот на водење на регистарот од ставот 2 на овој член ја пропишува министерот за транспорт и врски.

2.1. Авто-такси превоз на патници

Член 52

Вршителот на авто-такси превоз може да започне да ја врши дејноста откако ќе добие лиценца за авто-такси превоз. Лиценцата гласи на име на превозникот и не може да се пренесува на друго лице.

Со авто-такси превозот се превезуваат патници внатре во општината определена со лиценцата.

Со авто такси превозот можат да се превезуваат и патници од општината определена во лиценцата до друга општина или до градот Скопје

Член 53

Покрај условите за вршење на авто-такси превоз на патници пропишани со одредбите на овој закон, авто-такси превозниците мораат да ги исполнуваат и условите пропишани од страна на советот на општината или на Советот на градот Скопје.

Член 54

Со актот на советот на општината или на советот на градот Скопје особено се утврдуваат условите во врска со:
– локацијата и капацитетите на такси станиците;
– обележувањето и опремувањето на такси станиците,
– бојата на возилата;
– унифицирани ознаки и опрема на такси возилото,
– тарифи за вршење на авто-такси превоз во рамките на општината, тарифи за вршење на авто-такси превоз кон друга општина или градот Скопје согласно со членот 52 став 3 од овој закон и начинот на користење на такси станиците и
– максималниот број на такси возила со кои може да се врши авто такси превоз на патници.

Определените такси станици можат да ги користат само авто-такси превозницитe кои имаат лиценца од општината на чие подрачје имаат седиште.

Во општините каде што има аеродром, такси станицата не може да биде определена во просторот со кој стопанисува претпријатието со аеродромот.

Претпријатието кое стопанисува со аеродромот може да склучи договор за услуги за превоз на патници од и до аеродромот со една или повеќе такси компании при што начинот на користење на просторот со кој стопанисува претпријатието ќе се уреди со договорот за услуги.

Претпријатието кое стопанисува со аеродромот е должно да обезбеди пристап до аеродромскиот патник заради непречено слегување на патниците кои се превезуваат до аеродромот. Автотакси компаниите кои вршат ваков превоз до аеродромот, а немаат склучено договор со претпријатието кое стопанисува со аеродромот, по извршената услуга се должни веднаш да го напуштат аеродромот.

Член 55

Авто такси возилото треба да ги исполнува условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот како и посебните техничко-експлоатациони услови пропишани согласно со прописите од областа на превозот во патниот сообраќај.

Авто такси возилото треба да биде опремено со вграден фискален баждарен таксиметар и да биде обоено согласно со актот на советот на општината, односно советот на градот Скопје.

Авто такси возилото треба да биде означено со регистарска таблица (жолта), издадена согласно со прописите за регистрација на возилата.

Авто такси возилото треба да биде означено и со бројот на лиценцата како и со изводот од лиценца, издадена од општината, односно градот Скопје.

Авто такси возилото треба на покривот да има такси табла и на бочните страни да биде означено со називот на трговското друштво или на трговецот поединец, единствениот матичен број на фирмата и бројот на лиценцата.

При вршење на авто-такси превоз, авто такси возачот мора да има сертификат за авто-такси возач.

При вршењето на авто такси превоз задолжително мора да биде вклучен фискален таксиметар и цената на превозот да се наплатува врз основа на износот утврден во фискалниот таксиметар со издавање на фискална сметка.

Во авто такси возилото задолжително на видно место треба да биде истакнат ценовник со утврдени тарифи за чинење на превозот и бројот на извод од лиценцата за возилото со кое се врши превозот истакнат на ветробранското стакло од страната на сoвозачот.

При вршење на авто такси превоз кога возилото е празно, без да има патници и без да има најавен повик дека треба да земе патник, авто такси возачот може да стои на авто такси станицата определени од страна на општините, односно градот Скопје.

Член 55-а

Општината, односно градот Скопје во лиценцата утврдуваат колку авто такси возила вршителот на авто такси дејноста може да користи.

Општините согласно со одлуката на советот на општината можат да го ограничат бројот на лиценци и максималниот број на изводи од лиценци утврден во една лиценца.

Во градот Скопје бројот на изводот на лиценци утврден во една лиценца не може да изнесува повеќе од 5% од утврдениот број на изводи од лиценци утврден согласно со одлуката на советот на град Скопје.

Општините, односно градот Скопје се должни на својата официјална веб страница да објават ажурирана листа на лиценци кои се издадени и колку уште слободни лиценци се останати за распределување, како и колку слободни изводи од лиценци за авто такси возилата се останати.

Во случај кога согласно со одлуката на советот на општината, односно одлуката на советот на град Скопје бројот на лиценците не е надминат и/или постојат слободни изводи од лиценци за авто такси возила, општината односно градот Скопје објавуваат јавен повик најмалку еднаш месечно и тоа првата недела од месецот за учество во постапка за распределување на расположливите лиценци, односно слободни места за користење на изводи на лиценци за авто такси возила.

Јавниот повик од ставот 5 на овој член трае седум работни дена и право на учество имаат како постојните така и идните вршители на авто такси дејноста.

Општините, односно градот Скопје со одлука ги утврдуваат максималниот број на авто такси возилата кои можат да се распределат по учесник на јавниот повик од ставот 5 на овој член при што еден вршител на авто такси дејност не може да добие повеќе од десет изводи на лиценци во текот на една календарска година, освен за еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас – ЦНГ и возила на електричен погон).

Вршителите на авто такси дејноста се должни за учество на јавниот повик да ги приложат документите од членот 9 став 2 од овој закон.

Во случај кога согласно со ставот 5 на овој член општината, односно градот Скопје објавуваат јавен повик за слободни изводи од лиценци, вршителот на авто такси дејност кој при поднесување на барањето не може да приложи доказ од членот 9 став 2 алинеја 1 од овој закон, е должен кон барањето да достави банкарска гаранција во висина од 200 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата, за секое возило за кое не може во моментот да го достави бараниот доказ.

Овластеното службено лице во општината, односно во градот Скопје е должно да одлучи по доставените барања по јавниот повик за извод на лиценца од ставот 5 на овој член во рок од 180 дена од денот на приемот на барањето.

Рокот од ставот 10 на овој член може да се продолжи за уште 60 дена доколку вршителот на авто такси дејноста достави доказ дека доцнењето за обезбедување на авто такси возилото е настанато поради оправдани причини или виша сила.

Доколку вршителот на авто такси дејноста не ги поднесе сите докази за добивање на извод на лиценцата, градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје ќе донесе решение со кое барањето ќе биде одбиено.

Доколку вршителот на авто такси дејноста во роковите од ставовите 9 и 10 од овој член не го достави доказот од членот 9 став 2 алинеја 1 од овој закон, градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје ќе донесе решение со кое барањето ќе биде одбиено, а банкарската гаранција ќе биде наплатена.

Против решението на градоначалникот на општината, односно против решението на градоначалникот на градот Скопје со кое барањето за издавање на извод на лиценца се одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Министерството за транспорт и врски.

3. АВТОБУСКИ СТАНИЦИ

Член 56

Правното или физичко лице кое управува со автобуската станица е должно да склучи договор со превозниците за регулирање на услугите за прием и испраќање на автобуси во време предвидено со возниот ред, да врши прием и испраќање на патници и багаж, продажба на билети, преземање и чување на багаж, да дава информации на патниците и превозниците и да врши други услуги во врска со превозот на патници.

Правното или физичко лице кое управува со автобуската станица може да врши резервација и продажба на билети само за линиите за кои е издадена дозвола и е регистриран возен ред

Член 57

Правното или физичко лице кое управува со категоризирана автобуската станица е должно да дава услуги под еднакви услови на сите превозници кои вршат линиски превоз на патници.

За користење на услугите на категоризираната автобуска автобуската станица превозниците плаќаат надоместок. 

Висината на надоместокот за користење на услугите на автобуската станица ја определува Владата на Република Македонија во зависност од категоријата на станицата и видот на превозот (превоз на патници согласно со членот 23 од овој закон, меѓуопштински линиски и слободен превоз на патници и меѓународен линиски и слободен превоз на патници).

Превозникот не плаќа надоместок на име на провизија во случај на сопствена продажба на возни билети за меѓународен линиски превоз на патници за сопствени меѓународни автобуски линии преку унифицираниот систем за продажба на билети на автобуските станици, а надоместокот од продажба на билети се уплаќа директно на сметка на превозникот.

Автобуските станици се категоризираат во четири категории и тоа прва, втора, трета и четврта.

Категоризацијата од ставот 5 на овој член ја утврдува комисија формирана од министерот за транспорт и врски од редот на вработените во Mинистерството за транспорт и врски, во зависност од: опременоста на автобуската станица, сообраќајните површини наменети за прием и отпремање на автобусите, паркинг просторот наменет за задржување на возилата кога се во мирување и други придружни содржини кои функционираат во просторот на автобуската станица.

Правното или физичкото лице кое управува со автобуската станица или на кое му е доверено управувањето со автобуската станица, доставува барање за утврдување на категоријата на автобуската станица до Министерството за транспорт и врски.

Kон барањето од ставот 7 на овој член задолжително се приложува извод од важечкиот урбанистички план или урбанистички проект со конкретна намена на земјиштето јавна сообраќајна површина или автобуска станица или правосилно одобрение за градба на автобуска станица или јавна сообраќајна површина или доказ за сопственост или решение за легализација на бесправно изграден објект за градба на автобуска станица или јавна сообраќајна површина.

Доколку е извршена категоризација на автобуска станица, ново барање од правното или физичкото лице кое управува со автобуската станица за повисока категорија не може да се поднесе пред истекот на 60 дена од правосилноста на решението за категоризација. За новото барање не е задолжително доставување на доказот од ставот 8 на овој член.

Потребната опрема и начинот на определувањето на категоријата на автобуските станици ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 57-а

Категоризација на автобуска станица може да се одземе доколку:
– правното или физичкото лице кое управува со автобуската станица поднесе барање за одземање на категоризација на автобуската станица и
– правното или физичкото лице кое управува со автобуската станица престане да ги исполнува условите за категоризација на автобуската станица.

По поднесеното барање за одземање на категоризацијата на автобуска станица министерството за транспорт и врски ќе донесе решение во рок од 15 дена од денот на комплетирање на барањето.

Против решението од ставот 2 на овој член може да се поведе управен спор.

Член 57-б

Категоризирање во пониска категорија на автобуска станица може да определи доколку:
– правното или физичкото лице кое управува со автобуската станица поднесе барање за категоризација на автобуската станица во пониска категорија и
– правното или физичкото лице кое управува со автобуската станица престане да ги исполнува условите за категоризација на автобуската станица во категоријата во која е категоризирани, односно кога исполнува услови за пониска категоризација.

По поднесеното барање за промена на категоризацијата на автобуска станица министерството ќе донесе решение во рок од 15 дена од денот на комплетирање на барањето.

Против решението од ставот 2 на овој член може да поведе управен спор.

Член 58

Правното или физичко лице кое управува со категоризирана автобуската станица може да прифаќа и отпремува и автобуси со кои се врши слободен превоз на патници во согласност со расположливиот број посебни перони за оваа намена што мораат да бидат посебно обележани.

Член 59

Работното време на категоризираната автобуска автобуската станица мора да биде усогласено со времето на поаѓање и доаѓање на автобусите и тоа најмалку 15 минути пред поаѓањето и 15 минути по доаѓањето на автобусот на последната линија. 

Член 60

Правното или физичко лице кое управува со категоризирана автобуската станица е должно да води дневник во електронска или во хартиена форма на доаѓањето и поаѓањето на автобусите.

Правното или физичко лице кое управува со категоризирана автобуската станица е должно еднаш месечно да го извести Државниот инспекторат за транспорт за неизвршување на превозот на определена линија, во електронска или хартиена форма.

Возачот на автобусот е должен да го пријави времето на секое доаѓање и поаѓање на автобусот на категоризираната автобуска станица, при што во патниот налог автобуската станица го потврдува времето на поаѓање и доаѓање на возилото.

Формата, содржината и начинот на водење на дневникот од ставот 1 и извештајот од ставот 2 на овој член го пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 61

Превозникот мора да ја извести најблиската автобуска станица ако за време на превозот дојде до пречки поради кои се предвидува доцнење подолго од 60 минути.

Автобуската станица која ќе го прими таквото известување е должна за тоа веднаш да ја извести наредната автобуска станица на линијата.

V ПРЕВОЗ НА СТОКИ

Член 62

Превозот на стоки може да се врши како внатрешен и меѓународен превоз на стоки во патниот сообраќај.

Член 63

Превоз на стоки во внатрешниот сообраќај може да се врши како јавен превоз на стоки и како превоз на стоки за сопствени потреби.

Член 64

Јавен превоз на стоки во патниот сообраќај е превоз за кој релацијата, цената на превозот и други услови на превозот се определуваат со договор меѓу превозникот и нарачувачот на превозот.

Превозникот може да започне со вршење на превозот откако ќе добие лиценца.

Превозникот е должен изводот од лиценцата за моторно и приклучно возило секогаш да ги носи во возилото.

При вршење на внатрешен превоз на стока покрај изводот од лиценцата превозникот е должен во возилото да има и патен налог и товарен лист за стоката која е во возилото.

Формата и содржината на товарниот лист за внатрешниот превоз на стока го пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 65

Меѓународниот превоз на стоки во патниот сообраќај може да се врши како билатерален, транзитен и превоз за и од трети земји.

Член 66

Домашен превозник може да врши меѓународен превоз на стоки ако претходно има добиено лиценца за меѓународен превоз на стоки.

Покрај изводот од лиценцата за моторно и приклучно возило превозникот мора да има СПК на возач, патен налог, меѓународен товарен лист (ЦМР – образец) и дозвола за меѓународен превоз на стока доколку таа се бара согласно со меѓународен договор за превоз на патници или стока во патниот сообраќај склучена меѓу Република Македонија и земјата до, од или преку чија територија се извршува превозот (во натамошниот текст: поединечни транспортни дозволи) за стоката што ја превезува.

Меѓународниот превоз на стоки може да се врши и врз основа на дозволи од мултилатералната квота на дозволи од Европската конференција на министрите за транспорт (ЕКМТ) (во натамошниот текст: ЕКМТ дозволи). Според рокот на важење ЕКМТ дозвола може да биде месечна со важност од 30 дена и годишна, со важност од една календарска година.

Член 67

Министерството за транспорт и врски ги добива дозволите за меѓународен превоз на стоки од надлежниот орган на другата земја врз основа на склучена меѓународна спогодба.

Мултилатералните дозволи (ЕКМТ) Министерството за транспорт и врски ги добива од Секретаријатот на Европската конференција на министрите за транспорт.

Член 68

Распределбата на дозволите од членот 67 на овој закон ја врши Министерството за транспорт и врски.

Распределбата и дистрибуцијата на дозволите се врши по електронски пат врз основа на следниве критериуми:
1) број на товарни моторни возила регистрирани за вршење на меѓународен превоз на стоки за кои има извод од лиценца;
2) број и квалитет на возниот парк за поединечните транспортни дозволи од Е0-Е5 и повеќе, а за ЕКМТ дозволи од Е5-Е6 и повеќе;
3) број на возачи во редовен работен однос кои поседуваат соодветен сертификат;
4) број на правилно искористени поединечни транспортни дозволи, односно ефикасно користени ЕКМТ дозволи;
5) висина на добивка од работењето по оданочување (биланс на успех од претходната година);
6) висина на вкупен приход од претежна дејност (образецот на структура на приход од дејност – СПД образец од претходната година) и
7) минимум една година вршење основна дејност меѓународен јавен превоз за учество во распределба на ЕКМТ дозволи.

Начинот на распределба, дистрибуција и ревизија на искористеност на дозволите за меѓународен превоз на стока согласно со критериумите од ставот 2 на овој член ги пропишува Владата на Република Македонија.

Член 69

Дозвола за меѓународен превоз на стока може да добие превозник кој има лиценца за вршење на меѓународен превоз на стоки и кој ги исполнува критериумите од членот 68 став 2 на овој закон.

Барањето за добивање на дозвола од ставот 1 на овој член се поднесува до Министерството за транспорт и врски по електронски пат.

За добивање на ЕКМТ дозвола превозникот покрај критериумите од членот 68 став 2 на овој закон мора да поседува и ЕКМТ тест сертификатот за подготвеност за сообраќај на товарните моторни и приклучни возила.

Техничката служба за единечно одобрување на возила, за да врши работи на издавање на сертификатот од ставот 3 на овој член, треба да е овластена од страна на министерството, а врз основа на акредитација од страна на органот за оцена на компетентност.

Правните субјекти од ставот 4 на овој член доставуваат кон барањето за добивање на овластување од Министерството за транспорт и врски документ дека барателот има овластување за техничка служба за единечно одобрување на возила и сертификат од Институт за акредитација за вршење на работи од ставот 3 на овој член.

Доказите за исполнетост на условите од ставот 5 на овој член, ги прибавува овластеното службено лице од Министерството за транспорт и врски кое ја води постапката за добивање на овластување за вршење на работи од ставот 3 на овој член, кое е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган.

Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот 5 на овој член да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

Овластеното службено лице во Министерството за транспорт и врски е должно да одлучи по барањето за добивање на овластување во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Против решението на Министерството за транспорт и врски со кое барањето за добивање на овластување се одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

За издавање на сертификатот од ставот 4 на овој член правното лице наплаќа надоместок.

Начинот за спроведување на прегледот на возилата врз основа на кој се издава сертификатот од ставот 3 на овој член, формата и содржината на сертификатот, како и формата и содржината на барањето од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 69-а

Министерството за транспорт и врски ќе ги исклучи од распределба на ЕКМТ дозволи во следните две години сите превозници за кои е донесена правосилна пресуда дека извршиле злоупотреба на дозволите.

За злоупотреба на ЕКМТ дозволата од ставот 1 на овој член ќе се смета, ако превозникот:
– направил какви било измени во податоците внесени во дозволата или фалсификувал дозвола,
– дозволата не ја користел во согласност со нејзината намена или ја отстапил на друг превозник,
– не ја вратил одземената ЕКМТ дозвола по правосилноста на решението со кое му била одземена.

Министерството за транспорт и врски ќе го исклучи од распределба на ЕКМТ дозволи на една година превозникот за кој се изречени повеќе од три прекршочни санкции за многу сериозни прекршоци од домашни или странски надзорни органи за неправилно користење на ЕКМТ дозволата.

Член 69-б

Пренос на целиот вкупен годишен план за распределба на меѓународни дозволи од еден превозник на друг е дозволен само во случај кога новиот превозник е правен следбеник на превозникот кој престанал да постои.

Доколку постои раздвојување на имотот на превозник на два или повеќе нови превозници е дозволено пренесување на вкупниот план за распределба на меѓународни дозволи на секој нов превозник согласно со спогодбата за раздвојување заверена на нотар или согласно со решение на надлежен суд.

Член 69-в

Меѓусебно пренесување на меѓународните транспортни дозволи и размена на истите меѓу превозниците не е дозволено.

Во процесот на распределба на ЕКМТ дозволите, доделените ЕКМТ дозволи можат да се разменуваат (една за една) исклучиво врз основа на пишана спогодба меѓу двајца превозници во период од два дена по објавување на распределбата на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски.

Член 69-г

ЕКМТ дозвола се користи за превоз меѓу државите членки на организацијата ЕКМТ и транзит преку нивните територии. Корисникот на дозволата мора да ги почитува одредбите од Упатството на Секретаријатот на ЕКМТ за начинот на користење на дозволите.

Со ЕКМТ дозвола не е дозволено вршење на каботажа внатре во одредена земја членка на ЕКМТ, како и превози на стока меѓу земји членка и земји кои не се членки на ЕКМТ.

Упатството од став 1 на овој член, Министерството за транспорт и врски го објавува на својата интернет страница.

Член 69-д

Министерството за транспорт и врски со решение ќе ја одземе ЕКМТ дозволата, ако:
– на превозникот му истекол рокот на важност на лиценцата за извршување меѓународен превоз на стока или со решение му е одземена лиценцата,
– превозникот двапати едно по друго не достави извештај за користење на ЕКМТ дозвола во пропишаниот рок и
– домашен превозник не ја користи дозволата согласно со правило 3.16 од ЕКМТ упатство за користење, а во врска со член 69-а став 3 од овој закон.. Превозникот мора во рок од осум дена од доставувањето на решението за одземање да ја врати ЕКМТ дозвола. Доколку не ја врати во пропишаниот рок на превозникот не му се дистрибуираат поединечни транспортни дозволи се до моментот на враќање на дозволата.

Превозникот на кого му е одземена дозволата има право повторно да поднесе барање за учество во распределбата на ЕКМТ дозволи за наредната година.

Одземената дозвола од ставот 1 на овој член се доделува на друг превозник од утврдената листа при распределбата на дозволите со исклучок на став 1 алинеја 3 на овој член.

Одземената дозвола од ставот 1 на овој член се доделува на друг превозник од утврдената листа на превозници при распределбата на дозволите за тековната година кои имаат најмногу остаток на вкупни бодови и слободни возила со соодветен eуро стандард.

Поништени, неважечки и ЕКМТ дозволи кои се во употреба за странски и домашен превозник се проверуваат и преку информации кои Секретаријатот на ЕКМТ ги објавува на својата интернет страница.

Член 69-ѓ

Меѓународните транспортни дозволи превозникот може да ги користи само со возило за кое има извод од лиценца за превоз на стока во меѓународниот патен сообраќај.

Меѓународната транспортна дозвола на домашниот превозник уредно пополнета мора да биде во возилото за цело време на извршување на превозот на територија во државата за која се врши превозот, односно преку чија територија се врши превозот и дадена на контрола на надлежен орган од таа држава на негово барање, доколку превозот на стока согласно со потпишан меѓународен договор или спогодба се врши врз основа на дозволи разменети во реципроцитет.

Превозникот користи меѓународни транспортни дозволи за возила кои минимум ги исполнуваат пропишаните еуро стандарди наведени на секоја дозвола поодделно.

Превозникот меѓународната транспортна дозвола не смее да ја даде на друг превозник нити да ги пречкртува или да ги менува впишаните податоци.

Член 70

Странски превозник регистриран во земјата со која Република Македонија има склучено меѓународен договор за превоз во патниот сообраќај врши меѓународен превоз на стоки во Република Македонија врз основа на поединечна транспортна дозвола за превоз на стоки издадена од Министерството за транспорт и врски, ако со меѓународен договор не е предвидено превозот да се врши без дозвола.

Министерството за транспорт и врски, поединечните транспортни дозволи за меѓународен превоз на стока му ги предава на надлежниот орган на земјата во која странскиот превозник е регистриран.

Странски превозник може меѓународниот превоз на стоки да го врши и врз основа на ЕКМТ дозвола.

Меѓународен превоз на стоки со странско моторно возило и приклучно возило (група возила) се врши врз основа на една дозвола.

Ако странското моторно возило и приклучното возило, во група возила, имаат регистарски ознаки на различни земји потребна е дозвола само за моторното возило.

Странскиот превозник меѓународната транспортна дозвола не смее да ја даде на друг превозник ниту да ги прецртува или да ги менува впишаните податоци. Дозволата уредно и во целост се пополнува пред започнување на превозот на територија на Република Македонија.

Дозволата за меѓународен превоз на стоки, уредно пополнета. мора да се наоѓа во странското возило за цело време додека се наоѓа на територијата на Република Македонија, а контролата ја вршат царинската управа, инспекторите за патен сообраќај и полицијата. 

Странскиот превозник е должен меѓународниот превоз на стоки да го врши согласно со издадената дозвола за меѓународен превоз и условите пропишани од Секретаријатот на Европската конференција на министрите за транспорт за користење на ЕКМТ дозволите.

Формата и содржината на поединечните транспортни дозволи за меѓународен превоз на стока ги пропишува министерот за транспорт и врски.

При вршење превоз на територија на Република Македонија, странски превозник во возилото мора да има во оригинал документи за возило и за возач во согласност со прописи на државата на регистрација на превозникот за вршење на дејност и стручна оспособеност на возачот, ако такви прописи се на сила.

Странскиот превозник ако е од држава потписник на ЦМР конвенција, за стоката која ја превезува мора во возилото да има уредно пополнет ЦМР образец на товарен лист, а податоците наведени во привремената (ЦОЛЛ) сообраќајна дозвола и/или сообраќајна дозвола за возило, дефинираат од која држава е превозникот.

Член 70-а

Правните лица, трговци поединци, физички лица, кои самостојно вршат дејност, при вршење меѓународен промет на стока, должни се пред утовар или растовар на стока да проверат дали странскиот превозник има меѓународна транспортна дозвола, дали е правилно употребена, пополнета и/или дали ЕКМТ дозвола е соодветна, доколку со билатерален договор не е утврден превоз на стока без употреба на меѓународни дозволи за превоз.

Лицата наведени во став 1 на овој член, мора на проверената поединечна транспортна дозволата во согласност со став 1 на овој член од задната страна на дозволата да означат дали се работи за утовар или истовар, датум, потпис и печат и да ја фотокопираат истата. ЕКМТ дозволата се проверува дали ги исполнува територијалните ограничувања и се копира. Копија од поединечната транспортна дозвола и/или ЕКМТ дозволата, која ја провериле односно завериле, должни се да ја чуваат две години по датата на извршениот превоз на стока..  Копиите од меѓународните дозволи се чуваат со документацијата потребна за завршување на дозволено царинско постапување во извозна и/или увозна постапка во меѓународен промет на стоки.

Член 71

Ако странскиот превозник е од земја со која Република Македонија не склучила спогодба за меѓународен превоз на стоки, царинската управа на граничниот премин каде што се врши царинскиот надзор, на превозникот за билатерален и транзитен превоз ќе му издаде посебна дозвола со наплата на административна такса.

Превоз за и од трета земја не е дозволен.

Член 72

Ако царинската управа утврди дека странскиот превозник при влез или излез од Република Македонија односно на царински терминал во внатрешноста на државата, при спроведување поедноставени царински постапки истиот не поседува дозвола за меѓународен превоз на стоки или меѓународната дозвола не е уредно пополнета, а превозникот е од земја со која Република Македонија има склучено спогодба за меѓународен превоз на стоки со која е предвидено превозот да се извршува врз основа на дозволи, ќе го забрани влегувањето, односно излегувањето на возилото од територијата на Република Македонија.

Член 72-а

Избришан 

Член 73

По исклучок на одредбите од членот 71 на овој закон, дозвола за странски превозник не е потребна за:
1) превоз на стоки од јавен аеродром и до јавен аеродром ако дојде до хаварија или друга несреќа на авион или ако авионот треба да слета поради изменетиот правец на принудно летање или ако се откажани авионските линии;
2) превоз на оштетено моторно возило и на негова приколка;
3) превоз на посмртни останки;
4) превоз на предмети при селење со соодветни специјални возила;
5) превоз на поштенски пратки;
6) превоз на експонати наменети за саеми и изложби;
7) превоз на помагала и други потреби за театарски, музички и други културни приредби, циркуски претстави или за филмски, радио и ТВ снимања;
8) превоз на мртви животни, освен ако станува збор за индустриска преработка;
9) превоз на пчели и на подмладок на риби;
10) превоз на медицински и друг материјал, како помош во случај на природни несреќи и превоз на стоки за хуманитарни цели;
11) празни возила со кои се заменуваат расипани возила и кои за превоз ги преземаат стоките од расипаните возила во Република Македонија или трета земја;
12) возила за техничка помош за поправка на расипани возила (сервисно-ремонтни возила);
13) превоз на товари исклучиво во пропагандни цели или за настава и
14) превоз на стока со возило со дозволена носивост до 3.500 кг, вклучувајќи ја и приколката, или со возило кое не ја надминува најголемата дозволена маса од 6.000 кг вклучувајќи ја и приколката;
15) за приклучни возила со привремени таблици товарени со комерцијална стока;
16) транспорт на новокупени возила без товар до местото на нивната крајна дестинација и
17) за влечно и приклучно возило со привремени таблици товарено со стока која е наменета за ист увозник, односно корисник на стоката со исклучок на приклучни возила во својство на стока

По исклучок од членовите 72 и 73 став 1 од овој закон, ослободување за користење на транспортна дозвола за странски превозници се врши врз основа на дефинирани видови на превози за ослободување од транспортна дозвола согласно со ратификувана меѓународна спогодба склучена со земјата на регистрација на превозникот. 

За превозите од ставот 1 на овој член возачот во возилото треба да има документи и други исправи од кои може да се види дека станува збор за еден од наведените превози.

Член 74

Странски превозник може да изврши внатрешен превоз на стоки меѓу одделни места во Република Македонија (каботажа) само ако за таков превоз добие посебна дозвола. Странскиот превозник барањето за дозвола го поднесува кај органот надлежен за транспорт во земјата во која има седиште, а истиот го доставува до Министерството за транспорт и врски во Република Македонија.

Дозволата од ставот 1 на овој член може да се издаде ако поради недостиг на соодветни транспортни капацитети во земјата е неопходно превозот да го изврши странски превозник.

Дозволата од ставот 1 на овој член ја издава Министерствотo за транспорт и врски.

Член 75

Домашен и странски превозник со возило на јавен пат кое празно или заедно со товарот ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната маса, осното оптоварување, може да врши превоз само врз основа на дозвола за вонреден превоз.

Дозволата за вонреден превоз на барање на домашниот и странски превозник ја издава Јавно претпријатие за државни патишта. по прибавено согласност од Министерството за внатрешни работи. 

Во дозволата за вонреден превоз се определуваат начинот и условите за извршување на превозот и рокот на важење на дозволата.

Постапката за издавање на дозволата е итна.

Дозволата за вонреден превоз во оригинал мора да се наоѓа во возилото.

По исклучок на ставот 1 на овој член дозвола за вонреден превоз не му е потребна на превозник чие возило не ги надминало за 1,5% пропишаните тежини на сопствената носивост и/или вкупната маса на возилото заедно со товарот во согласност со условите на патот.

Член 76

На странски и домашен превозник кој врши меѓународен превоз со моторно возило кое празно или заедно со товарот ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната маса и осното оптоварување нема да му се дозволи влез, односно излез во и од Република Македонија доколку не поседува дозвола за вонреден превоз.

На домашен превозник кој врши внатрешен превоз на стока нема да му се дозволи движење по јавните патишта доколку не поседува дозвола за вонреден превоз.

VI ПРЕВОЗ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ

Член 77

Превоз за сопствени потреби на патници и стока во патниот сообраќај е превоз што го вршат домашни и странски правни и физички лица заради задоволување на потребите во рамките на својата дејност.

Како превоз на стоки за сопствени потреби што го вршат домашни и странски правни и физички лица се смета превозот при кој се превезуваат исклучиво стоки кои се во врска со вршење на нивната основна дејност, при што стоките што се превезуваат се во нивна сопственост или се од нив произведени и продадени, дадени во обработка или доработка, поправка или од нив се дадени на складирање и слично.

Како превоз на патници за сопствени потреби што го вршат домашни и странски правни и физички лица се смета превоз со кој се превезуваат исклучиво патници кои се во врска со вршење на нивната приоритетна дејност, при што патниците кои се превезуваат се вработени во правното лице кое го врши превозот.

При извршувањето на превозот на стоки за сопствени потреби сопственикот на возилото воедно е и сопственик на стоките кои се превезуваат, а возачот е вработен кај него.При извршување на превозот на патници за сопствени потреби правното лице е сопственик на возилото со кое се врши превозот, а возачот и патниците се вработени во правното лице.

Домашни правни и физички лица превозот од ставот 1 на овој член мораат да го вршат со возила кои ги исполнуваат условите пропишани со прописот од членот 5 став 2 на овој закон.

Член 78

При извршување на внатрешниот и меѓународниот превоз на патници за сопствени потреби, патниците кои се превезуваат мора да имаат доказ за идентификација издаден од оној кој го извршува превозот за сопствени потреби.

При извршување превозот од став 1 на овој член., освен доказот за идентификација, во возилото мора да се наоѓа извод од лиценца во оригинал, патен налог и список на патници, а за меѓународниот превоз на патници за сопствени потреби возачот мора да има СПК на возач за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај. 

По исклучок од ставот 2 на овој член за возила со најмногу осум седишта сметајќи го и седиштето на возачот при вршењето на превозот не е потребно да имаат извод од лиценца.

Член 79

При извршувањето на превозот на стоки за сопствени потреби во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај во возилото мора да се наоѓа:
– извод од лиценца во оригинал,
– патен налог,
– СПК на возач за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај доколку се врши меѓународен превоз за сопствени потреби,
– дозвола за меѓународен превоз на стока доколку таа се бара согласно со меѓународна спогодба или договор за превоз на патници и стока во патниот сообраќај склучена меѓу Република Македонија и земјата до, од или преку чија територија се извршува.
– товарен лист односно ЦМР образец во меѓународен превоз на стока и
– доказ од кој може да се утврди дека се работи за превоз од членот 77, став 2 на овој закон.

Одредбите од ставот 1 алинеја 1 на овој член не се применуваат за возила чија најголема носивост не надминува 3,5 тони вклучувајќи ја и приколката, кои се користат за сопствен превоз.

За странски превозник одредбите од ставот 1 точки 1, 2 и 3 на овој член се применуваат доколку има пропишани законски обврски од земјата на регистрација на возилото.

VII НАДОМЕСТОК ЗА ПАТИШТА

Член 80

Домашните и странските возила за користење на патишта во Република Македонија плаќаат надоместок согласно со Законот за јавни патишта доколку со меѓународен договор или спогодба поинаку не е предвидено.

VIII ОВЛАСТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Член 81

Царинската управа, на граничниот премин, односно на друго место каде што се врши царинскиот надзор проверува дали домашниот и странскиот превозник имаат меѓународна транспортна дозвола и други исправи и документи за возило, возач, стока и/или патници (ЦМР-товарен лист или план за возење на возачите или извод од лиценца или СПК на возач за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај и слично), пропишани со овој закон за вршење на соодветен вид на превоз и дали превозникот го врши превозот во согласност со тие документи.

Ако царинската управа утврди дека странски или домашен превозник нема во возилото меѓународна транспортна дозвола и други потребни исправи и документи или истите не ги користи на пропишан начин, ќе забрани влез на возилото во Република Македонија, односно излез од неа.

Ако царинската управа при проверка на документи за спроведување на царинска постапка во деловни простори кај правно лице, трговец поединец и физичко лице кои вршат меѓународен промет на стоки не најде копија од меѓународна транспортна дозвола и/или констатира прекршувања на одредби од ставот 1 на овој член задолжително го информира Државниот инспекторат за транспорт.

IX ОДЗЕМАЊЕ И СТАВАЊЕ ВОН СИЛА НА ДОЗВОЛАТА И ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА НА ПРИСТАП НА ПАТИШТАТА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 82

Министерството за транспорт и врски може да донесе решение за одземање и ставање вон сила на дозволите од членот 25 став 1 и членот 36 став 2 ако превозот не се врши во согласност со издадената дозвола по предлог на Државниот инспекторат за транспорт или категоризирана автобуска станица или од надлежен орган на друга држава со која Република Македонија има склучено Спогодба од областа на превозот во патниот сообраќај која е ратификувана.

Министерството за транспорт и врски може да донесе решение за одземање и ставање вон сила на дозволите од членот 66 ставови 2 и 3 и членот 70 ставови 1 и 3 на овој закон, ако превозот не се врши во согласност со издадената дозвола по предлог на Државниот инспекторат за транспорт или од надлежен орган на друга држава со која Република Македонија има склучено Спогодба од областа на превозот во патниот сообраќај и ЕКМТ Комитетот во Париз кои се ратификувани.

Дозволата за превоз од членот 36 став 2, членот 70 ставови 1 и 3 на овој закон издадена на странски превозник може да се одземе и стави вон сила и во случај ако надлежниот орган во државата во која превозникот е регистриран одбие да издаде соодветна дозвола за македонскиот превозник и доколку странскиот превозник не ја користи ЕКМТ дозволата согласно со ЕКМТ упатство за користење.

Со решението од ставот 1 на овој член дозволата може да се одземе и стави вон сила во траење од еден до 12 месеца, додека со решението од ставот 2 на овој член дозволата може да се одземе и трајно на билатерална основа, а одземената ЕКМТ дозвола во рок од 30 дена се враќа на органот кој ја издал дозволата.

Со решението на Министерството за транспорт и врски со кое се одзема дозволата за превоз на патници и се става вон сила на превозникот му се одземаат сите примероци на дозволи за предметната линија.

Член 83

Министерството за транспорт и врски со решение привремено ќе забрани пристап на патиштата на територијата на Република Македонија на странски превозник во случај на многу сериозни или повторно сторени сериозни прекршоци врз основа на овој закон.

Привремената забрана од ставот 1 на овој член може да се изрече во траење од еден до 12 месеца.

Член 84

Решението од членовите 82 и 83 на овој закон, ако се работи за меѓународен превоз го спроведува Министерството за внатрешни работи на граничните премини.

Член 85

Против решението од членовите 82 и 83 на овој закон може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. 

Жалбата не го одлага извршувањето на решението.

X НАДЗОР

Член 86

Надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на него врши Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски воведува систем за степенување на ризик за превозници врз основа на број и сериозност на прекршоци кои ги направил превозникот, односно неговите возачи, како и врз основа на информации за прекршоци добиени од други држави.

Критериуми за утврдување на сериозност на ризик на превозник и возач се:
– непоседување на соодветен вид на лиценца,
– неправилно вршење на соодветен вид на превоз,
– непоседување на СПК на возач при вршење на меѓународен превоз во патниот сообраќај и
– непоседување на соодветен вид на дозвола за вршење на превоз на патници и стока.

Превозници кои се оценети со висок степен на ризик се контролираат почесто и детално. За целите на проценка на ризик ќе се користи категоризација на прекршокот по степен на сериозност во согласност со овој закон.

Прекршокот според степен на сериозност може да биде помал, сериозен и многу сериозен.

Категоризацијата на прекршоците според степенот на сериозност и нивната зачестеност ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 86-а

Надзор над работата на правните лица од членовите 5, 8-д, 8-ж и 69 од овој закон врши Министерството за транспорт и врски.

Ако Министерството за транспорт и врски при вршење на надзорот утврди дека правното лице не ги исполнува пропишаните услови врз основа на кои го има добиено овластувањето да ја врши дејноста или кандидатите не ги оспособува според пропишаната програма или обуките ги спроведува лице кое нема соодветно образование согласно со овој закон за вршење на обука или лице кое нема сертификат за вршење обука или доколку издаде потврда за завршена обука без претходно да биде спроведена обука на кандидатот или ЕКМТ тест сертификат за подготвеност за сообраќај на товарните моторни и приклучни возила ги издава на испитно место за кое нема овластување, може со решение трајно да му се одземе овластувањето добиено врз основа на членовите 5, 8-д, 8-ж и 69 од овој закон.

Решението да ставот 2 на овој член е конечно и против него може да се поведе управен спор пред надлежен суд.

Поведувањето на управен спор согласно со ставот 3 на овој член не го одлага извршувањето на решението. 

Член 87

Инспекцискиот надзор над примената на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон што се однесуваат на меѓуопштинскиот, посебниот линиски превоз на патници меѓу две и повеќе општини и меѓународниот превоз на патници и превозот на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај го врши Државниот инспекторат за транспорт, преку државни инспектори за патен сообраќај.

Инспекцискиот надзор над примената на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон што се однесуваат на општинскиот превоз на патници, автотакси превозот на патници и посебниот линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на општината го вршат овластени инспектори за патен сообраќај на општината.

Инспекцискиот надзор над примената на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон што се однесуваат на општинскиот превоз на патници, авто-такси превозот на патници и посебниот линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на градот Скопје го вршат овластени инспектори за патен сообраќај на градот Скопје.

Инспекторите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член вршат инспекциски надзор и согласно одредбите од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

За државен инспектор за патен сообраќај, за овластен инспектор за патен сообраќај за општината и за овластен инспектор за патен сообраќај за градот Скопје може да се назначи лице кое ги исполнува условите предвидени во овој закон.

Член 87-а

Инспекциски надзор на домашен превозник може да се врши во седиштето на превозникот, други деловни простории на превозникот или при вршење на превозот на јавните патишта, при што инспекторите од членот 87 на овој закон имаат право да го запрат и контролираат возилото.

Инспекциски надзор на странски превозник се врши при што инспекторите од членот 87 од овој закон имаат право да го запрат и контролираат возилото кое се движи по патиштата на територијата на Република Македонија, царински терминали места каде се спроведуваат поедноставени царински постапки, или на граничните премини при влез или излез од Република Македонија.

При вршењето на инспекцискиот надзор инспекторите од членот 87 на овој закон користат посебно означени службени возила.

Согласно со одредбите од ставови 1 и 2 на овој член, возачот кој управува со возилото со кое се врши превозот е должен да застане на место кое ќе го одреди инспекторот со давање на пропишани знаци.

Контролата на возилото подразбира контрола на моторното возило, патниците и стоката која се превезува во периодот на контролата и севкупната транспортна документација предвидена со овој закон и со меѓународни спогодби и договори.

При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторите од членот 87 на овој закон можат да бараат помош од Министерството за внатрешни работи и Царинската управа на Република Македонија.

Член 87-б

Државниот инпекторат за транспорт е орган во состав на Министерството за транспорт и врски со својство на правно лице, има сопствена сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно со закон и одлучува за правата и обврските од работен однос.

Со Државниот инспекторат за транспорт раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија.

За именување на директор се објавува јавен оглас во три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

За директор на Државниот инспекторат за транспорт може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
– е државјанин на Република Македонија,
– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
– има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на техничките или правните науки,
– има најмалку пет години работно искуство од областа на сообраќајот или правните науки,
– поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
– ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
– ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
– ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
– БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и
– има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Член 87-в

Инспектор може да биде лице кое:
– е државјанин на Република Македонија,
– е полнолетно,
– има општа здравствена способност,
– не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност,
– има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на техничките или правните науки, што се докажува со уверение,
– има пет години работно искуство во сообраќајот или правните науки,
– ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места,
– поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење, и тоа еден од следниве:
1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications – положен;
2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell – положен или
3) ECDL: Core – положен,
– има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет, согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и
– има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.

Член 87-г

Директорот изготвува предлог на годишна програма за работа на инспекторатот и истата ја доставува до Инспекцискиот совет, најдоцна до 31 октомври во тековната година за следната година.

Директорот ја донесува годишната програма за работа на инспекторатот во рок од седум дена од денот на приемот на согласноста од Инспекцискиот совет, односно најдоцна до 10 декември во тековната година доколку Инспекцискиот совет не ја разгледа и не достави согласност, односно забелешки во рокот предвиден утврден со закон.

Врз основа на донесената годишна програма директорот подготвува квартални планови за работа на секој инспектор кои збирно ги доставува на разгледување до Инспекцискиот совет најдоцна две недели пред почетокот на следниот календарски квартал и тоа до 15 декември за првиот квартал од следната година, до 15 март за вториот, до 15 јуни за третиот, односно до 15 септември за четвртиот квартал во тековната година.

Во кварталните планови за работа за секој инспектор директорот задолжително го внесува бројот на планирани надзори во следните три месеци, како и степенот на сложеност на секој од надзорите.

Врз основа на кварталните планови, за секој инспектор директорот подготвува месечен план за работа, кој план содржи и распоред на надзори по датуми и по субјекти на надзор.

Директорот најдоцна две недели од почетокот на тековниот календарски квартал за претходниот до Инспекцискиот совет збирно доставува квартални извештаи за работата на секој инспектор и тоа до 15 јануари за четвртиот квартал од претходната година, до 15 април за првиот квартал, до 15 јули за вториот, односно до 15 октомври за третиот квартал во тековната година.

Директорот најдоцна до 1 март во тековната година, до Инспекцискиот совет доставува годишен извештај за работата на инспекторатот за претходната.

Член 88

Државните инспектори за патен сообраќај вршат надзор на:
– исполнувањето на условите за добивање на лиценца за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници и стоки,
– исполнувањето на посебните техничко-експлоатациони услови на возилата за вршење на одделни видови на превоз,
– спроведувањето на спогодбата од членот 23 на овој закон.
– превозот на патници во меѓуопштинскиот патен сообраќај,
– превозот на стоки во внатрешниот патен сообраќај,
– спроведување на активностите од член 70-а на овој закон,
– превозот на патници и стоки во меѓународниот патен сообраќај,
– посебниот линиски превоз на патници што се врши меѓу две и повеќе општини и што се врши само во општините и
– превозот утврден во членот 52 став 3 од овој закон
– автобуските станици и постојки.

Доколку државните инспектори за патен сообраќај при вршењето на инспекцискиот надзор утврди постоење на која било причина наведена во членот 12 од овој закон, или дека превозникот не ги одржува сите линии за кои има добиено дозвола или утврди дека настанале промени во поглед на исполнувањето на условите врз основа на кои е одобрена определена линија за која е издадена дозвола (намалување на бројот на возила, возачи и слично), ќе поднесе предлог до министерот за транспорт и врски да донесе решение за одземање на лиценцата, односно за трајно одземање на дозволата и бришење на возниот ред од регистарот на возни редови.

Доколку државните инспектори за патен сообраќај при вршењето на инспекцискиот надзор за вршење на посебен линиски превоз утврди дека превозникот превезува патници спротивно на членот 43 став 5 од овој закон ќе поднесе предлог до министерот за транспорт и врски да донесе решение за одземање на лиценцата и за одземање на дозволата за посебен линиски превоз. Превозникот на кој по овој основ ќе му биде одземена лиценцата за посебен линиски превоз нема право повторно да бара да му се додели овој вид на лиценца.

Овластениот инспектор на општината или овластените инспектори на градот Скопје за патен сообраќај вршат надзор на:
– исполнувањето на условите за добивање на лиценца за општински и авто-такси превоз на патници,
– исполнувањето на посебно – техничко експлоатациони услови на возилата со кои се врши општински превоз на патници и авто-такси превоз,
– општинскиот линиски превоз на патници,
– авто-такси превозот на патници,
– посебниот линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на општината или на подрачјето на градот Скопје,
– такси станиците,
– исполнувањето на условот за поседување на жолта регистарска таблица,
– поседување на лекарско уверение на авто-такси возачот,
– поседување на извод од лиценца за возилото предмет на контролата и
– поседување на сертификат за авто-такси возач.

Доколку овластениот општински инспектор или овластениот инспектор на градот Скопје за патен сообраќај, при вршењето на инспекцискиот надзор утврди постоење на која било причина наведена во членот 12 од овој закон, или постапување спротивно на утврдената единствена мрежа на линии, утврдениот возен ред, утврдените тарифен систем, систем на наплата и начин и контрола на наплата, утврдената локација на автобуските терминали, свртувалишта, стојалишта, или дека превозникот не ги одржува сите линии за кои има добиено дозвола или утврди дека настанале промени во поглед на исполнувањето на условите врз основа на кои е одобрена определена линија за која е издадена дозвола (намалување на бројот на возила, возачи и слично), ќе поднесе предлог до градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје да донесе решение за одземање на лиценцата, односно за трајно одземање на дозволата и бришење на возниот ред од регистарот на возни редови. 

Доколку овластениот општински инспектор или овластениот инспектор на град Скопје при вршење на инспекциски надзор утврди дека вршителот на автотакси превоз стои надвор од автотакси стојалиште, а за кој претходно му се издадени две решенија за сторен прекршок по основ на членот 99-а став 1 точка 9 од овој закон, ќе поднесе предлог до градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје да донесе решение за трајно одземање на сертификатот за авто такси возач на возачот кој го сторил прекршокот.. 

Доколку овластениот општински инспектор или овластениот инспектор на град Скопје при вршење на инспекциски надзор утврди дека вршителот на автотакси превоз врши авто такси превоз без возачот да поседува сертификат за авто такси возач, ќе поднесе предлог до градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје да донесе решение за трајно одземање на изводот од лиценцата за вршење на автотакси дејност на возилото со кое е сторен прекршокот.

Доколку општината, односно градот Скопје не се во можност да го извршуваат инспекцискиот надзор може по нивно барање надзорот да го вршат државните инспектори за патен сообраќај. Трошоците за извршување на надзорот паѓаат на товар на општината, односно градот Скопје.

Контролорите од членот 17-а став 2 од овој закон контролираат дали патниците поседуваат билети за јавен превоз во градот Скопје.

Инспекторот за патен сообраќај и контролорите имаат овластување да го контролираат патникот без билет во возилото и да извршат утврдување на неговиот идентитет.

Доколку контролорите ќе утврдат дека патникот нема билет за јавен превоз, ќе поднесат предлог за поведување прекршочна постапка до надлежниот инспекциски орган.

Член 89

Државниот инспектор за патен сообраќај има право да донесе решение за:
– исклучување на возило од сообраќај, со одземање на сообраќајната дозвола, доколку се врши превоз пред впишување на дејноста во Централниот регистар или доколку превозникот нема лиценца за вршење на соодветен вид на превоз предвидено со овој закон,
– исклучување на возило од сообраќај, со одземање на сообраќајната дозвола, доколку превозникот врши линиски превоз на патници без соодветна дозвола или без регистриран возен ред;
– исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола доколку врши авто-такси превоз на патници надвор од подрачјето на општината, ако превозот се врши спротивно на одредбите на овој закон,
– привремено одземање на дозвола на домашниот превозник ако не се придржува на одобрениот и регистриран возен ред при вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници,, 
– привремено одземање на дозвола на домашен или странски превозник за вршење на меѓународен линиски превоз на патници ако не се придржува на одобрениот и регистриран возен ред, итинерерот и планот за возење на возачите,
– исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола доколку превозникот врши посебен линиски превоз на патници меѓу две или повеќе општини без дозвола,
– одземање на лиценцата за авто-такси превоз доколку превозникот постапува спротивно на членот 52 став 3 на овој закон
– одземање на дозвола на превозник, за посебен линиски превоз на патници што се врши меѓу две општини, доколку патниците што се превезуваат не располагаат со доказ за идентификација од нарачувачот на превозот,
– забрана на натамошно движење на странско возило на територијата на Република Македонија со упатување на возилото до еден од граничните премини, заради напуштање на земјата, ако во возилото не се наоѓа пропишана документација за соодветниот вид на превоз предвидена со овој закон и меѓународен договор,
– одземање на меѓународна транспортна дозвола од домашен или странски превозник за превоз на стока во случаи кога поединечната транспортна дозвола не се користи според наведените упатства од поединечните транспортни дозволи или издаденото упатство од Секретаријатот за ЕКМТ дозволи, (прецртани или бришени податоци), предадена на друг превозник без соодветни документи за таа намена, фалсификувана, дупли дневници за ЕКМТ дозвола и доколку е издадено решение за одземање на ЕКМТ дозвола од Mинистерството за транспорт и врски,
– времено исклучување на возило од сообраќај, со одземање на сообраќајната дозвола, доколку на странски превозник му е изречена глоба.
– отстранување на недостатоците во определен рок во поглед на исполнувањето на пропишаните услови за вршење превоз во патниот сообраќај, условите за работа на автобуските станици и придржување на возниот ред и
– времена забрана за употреба на автобуските станици и автобуските стојалишта ако во определен рок не се отстранат недостатоците што ги утврдил инспекторот за патен сообраќај.

Под одземање на дозвола за линиски превоз на патници се подразбира одземање на сите примероци на дозволи со кои располага превозникот за одржување на конкретната линија за која е сторен прекршокот.

Превозникот е должен во рок од 24 часа од добивањето на решението за одземање на дозволата сите примероци од дозволите за предметната линија да ги предаде во Државниот инспекторат за транспорт.

Привременото одземање на дозволата од ставот 1 алинеи 4 и 5 на овој член изнесува 30 дена, а доколку во рок од една година превозникот го повтори прекршокот инспекторот ќе поднесе предлог за трајно одземање на дозволата до Министерството за транспорт и врски.

За привременото одземање на дозволата од ставот 1 алинеја 5 на овој член и за забраната на натамошното движење на странско возило на територијата на Република Македонија од ставот 1 алинеја 8 на овој член се известува Царинската управа на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на граничниот премин.

Одземената сообраќајна дозвола од ставот 1 алинеи 1, 2, 3 6 и 11 на овој член се предава во Министерството за внатрешни работи.

За одземената сообраќајна дозвола на превозникот му се издава потврда.

Исклучувањето на возилото од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола од ставот 1 алинеи 1, 2, 3 6 и 11 на овој член трае 30 дена.

Времената забрана од ставот 1 алинеја 13 на овој член може да се изрече во траење од 10 до 30 дена.

Времената забрана од ставот 1 алинеја 11 на овој член се изрекува во траење од 10 до 30 дена. Времената забрана може да престане пред истекот на рокот утврден во решението за времена забрана доколку превозникот достави доказ за платена глоба.

Член 90

Овластениот инспектор за патен сообраќај на општината или овластениот инспектор за патен сообраќај на градот Скопје има право да донесе решение за:
– исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола, доколку се врши општински линиски превоз на патници и авто-такси превоз на патници пред впишување на дејноста во Централниот регистар или доколку превозникот кој е впишан во Централниот регистар нема лиценца за тој вид на превоз,
– исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола доколку превозникот врши општински линиски превоз на патници без лиценца, дозвола и регистриран возен ред,
– исклучување на авто-такси возило од сообраќај со одземање на сообраќајна дозвола, доколку превозот се врши без соодветна лиценца, доколку нема вграден исправен, пломбиран и баждарен таксиметар или доколку истиот не е вклучен,
– исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола, ако превозникот врши посебен линиски превоз на патници на подрачјето на општината, односно градот Скопје, без дозвола за тој вид на превоз,
– одземање на дозвола на превозник за посебен линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на општината, доколку патниците што се превезуваат немаат доказ за идентификација од нарачувачот на превозот,
– отстранување на недостатоците во определен рок во поглед на исполнувањето на пропишаните услови за вршење на општински линиски превоз на патници и придржување на возниот ред и авто-такси превоз на патници и
– времена забрана за употреба на автобуските терминали, стојалишта и свртувалишта и такси станиците ако во определениот рок не се отстранат недостатоците што ги утврдил инспекторот и одземање на извод од лиценца за авто-такси превоз на правно лице кое ангажира возач на авто-такси возило кој нема сертификат за авто-такси возач

Одземената сообраќајна дозвола од ставот 1 алинеи 1, 2, 3 и 4 на овој член се предаваат во Министерството за внатрешни работи.

За одземената сообраќајна дозвола таблици на превозникот му се издава потврда.

Исклучувањето на возилото од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола трае 30 дена.

Времената забрана од ставот 1 алинеја 7 на овој член може да се изрече во траење од десет дена до 30 дена. 

Член 90-а

Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државните инспектори за патен сообраќај или овластените инспектори за патен сообраќај на општината утврдат дека за првпат е сторена неправилност од членот 96 став 1 точка 2-а, членот 97 став 1 точки 2, 3, 4, 11, 11-а, 14, 15-а и 16, од членот 98 став 1 точки 2-а, 7, 9, 15 и 19, од членот 99 став 1 точки 1-а, 5, 13 и 24 и членот 99-а став 1 точка 5 и 10 од овој закон, се должни да состават записник во кој ќе се утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во определен рок и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.

Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Едукацијата ја организира и спроведува државниот инспекторат за транспорт, односно овластените инспектори за патен сообраќај на општините, односно на градот Скопје во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.

Едукацијата може да се спроведува за повеќе утврдени исти или истородни неправилности, за еден или повеќе субјекти.

Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена.

Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.

Доколку инспекторите од членот 87 на овој закон при спроведување на контролниот надзор утврдат дека се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, донесуваат управен акт со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор.

Доколку инспекторите од членот 87 на овој закон при спроведување на контролниот надзор утврдат дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, поднесуваат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, односно комисијата за прекршоци во Министерството за транспорт и врски.

Државниот инспекторат за транспорт, односно овластениот инспектор на општината, односно овластениот инспектор на градот Скопје за патен сообраќај водат евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот за транпорт и врски.

Член 90-б

Министерството за транспорт и врски за извршениот инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за транспорт е должно на својата интернет страница да објавува квартален извештај.

Општините, односно градот Скопје за извршениот инспекциски надзор од страна на овластениот инспектор на општината, односно овластениот инспектор на градот Скопје за патен сообраќај се должни на својата интернет страница да објавуваат квартален извештај .

Член 91

Ако при вршење на надзорот државниот инспектор, овластениот инспектор на општината или на градот Скопје за патен сообраќај констатира прекршок со кој е сторена повреда на овој закон или друг пропис, должни се без одлагање да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, односно пред комисијата за прекршоци во Министерството за транспорт и врски..

Член 92

Против решението на државниот инспектор за патен сообраќај може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Против решението на овластениот инспектор на општината или на овластениот инспектор на градот Скопје за патен сообраќај, може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Жалбата не го одлага извршувањето на решението.

Член 93

Превозниците, имателите на моторни возила, правното лице кое управува со автобуската станица и корисниците на превозот се должни на инспекторите од членот 87 на овој закон да им овозможат вршење на инспекцискиот надзор, да им ги даваат потребните известувања и да им ја стават на увид потребната документација.

Член 94

Избришан 

Член 95

Министерството за транспорт и врски врши надзор над законитоста на работата на органите на општината и на органите на градот Скопје.

При вршењето на надзорот од ставот 1 на овој член Министерството за транспорт и врски ги врши следниве работи:
– оценува дали органите на општината го организираат превозот на подрачјето на општината, согласно со постапките утврдени со закон,
– укажува на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината кои би можеле да го оневозможат вршењето на превозот во патниот сообраќај,
– им дава препораки на органите на општината на нивно барање за доследно спроведување на работите кои треба да ги вршат согласно со овој закон;
– дава мислење и стручна помош по предлогот на прописите од областа на патниот сообраќај на барање на општината и
– навремено ги известува органите на општината за констатираните состојби во нивната работа и за преземените мерки при вршењето на надзорот.

Доколку Министертството за транспорт и врски при вршење на надзорот од ставот 1 на овој член констатира дека општината, односно градот Скопје немаат назначени овластени општински инспектори, односно инспектори на градот Скопје или нивниот број е недоволен, инспекцискиот надзор со овластување на министерот за транспорт и врски можат да го вршат државните инспектори за патен сообраќај .

Член 95-а

Избришан 

XI КАЗНЕНИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 96

Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, домашен и странски превозник, ако:
1. врши превоз на патници или стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, без лиценца и извод од лиценца (член 4 став 1, член 4-а став 1 од овој закон);
2. врши линиски превоз на патници во општинскиот, меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќа, посебен линиски превоз и меѓународен слободен превоз на патници без дозвола (член 19 став 1, член 25 став 1, член 36 став 2, член 44 став 1 од овој закон);
3. за време на вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници нема извод од лиценцата, дозвола, регистриран возен ред и патен налог во оригинал (член 26 став 4 од овој закон);
4. врши каботажа во меѓународниот линиски превоз на патници (член 39 став 1 од овој закон);
5. врши превоз на патници во транзит преку територијата на Република Македонија без дозвола, односно спротивно на издадената дозвола (член 40 став 1 од овој закон);
6. врши слободен превоз на патници кој има елементи на линиски и посебен линиски превоз (член 46 став 4 од овој закон);
7. врши наизменичен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај без дозвола доколку со меѓународен договор е предвидено тој превоз да се врши со дозвола (член 50 став 1 од овој закон);
8. врши авто такси превоз спротивно на членот 52 став 3 од овој закон;
9. врши авто такси превоз со возач кој не поседува сертификат за авто такси возач (член 55 став 1 од овој закон);
10. при вршење на авто такси превозот во возилото има повеќе од еден вграден таксиметар (член 55 став 2 од овој закон);
11. врши резервација и продажба на билети спротивно на членот 56 став 2 од oвoј закон;
12. странски превозник врши меѓународен превоз на стока без дозвола (член 70 ставови 1 и 3 и член 79 став 1 алинеја 4 од овој закон);
13. странски превозник врши превоз на стока во внатрешниот патен сообраќај (каботажа) без посебна дозвола (член 74 став 1 од овој закон);
14. странскиот превозник, при вршење на меѓународен превоз дозволата за превоз на патници или стока ја даде или отстапи на друг превозник или ако со дозвола на друг превозник врши превоз во патниот сообраќај (член 36, член 50, член 51 став 1, член 70 став 6, 7 и 8 и член 79 став 1 алинеја 4 од овој закон);
15. странски превозник извршилпрецртување или ги менувал податоците во дозволата за меѓународен превоз на патници или стока (член 36, член 50, член 51 став 1, член 70 став 6, 7 и 8 и член 79 став 1 алинеја 4 од овој закон);
16. во возилото на странски превозник земено под закуп не се најдува оригинален или на нотар заверен договор за закуп на службен јазик на земјата на седиште на превозникот и преведен на англиски јазик и/или во сообраќајната дозвола нема одделно поле за сопственик и корисник на возило (член 70 став 8 и 10 од овој закон);
17. во возилото на странски превозник нема потврда или договор за заснован редовен работен однос потпишан меѓу возачот и превозникот кој го врши превозот на стока на службен јазик на земјата на седиште на превозникот и преведен на англиски (член 70 став 8 и 10 од овој закон);
18. во возилото на странски превозник има фалсификувани поединечни транспортни дозволи, сертификат за сообразност и на влечно и на приклучно возило и/или ЕКМТ дозвола и/или ЕКМТ патен дневник и/или ЕКМТ тест сертификат, односно и кај домашен превозник има фалсификуван сертификат за сообразност и на влечно и на приклучно возило, односно потврда за исполнување на техничко експлотациони услови (член 5 став 3 и 4, член 70 став 7 и 8 од овој закон);
19. во возило на странски превозник нема документи за регистрирана дејност на превозник согласно со прописите кои важат во државата на регистрација на возилото (член 70 став 10 од овој закон);
20. во возилото на странски превозник покрај ЕКМТ дозвола нема валиден ЕКМТ тест сертификат за моторно и приклучно возило, односно сертификат за сообразност (член 70 став 8 од овој закон);
21. возило на странски превозник кој превозот го врши со ЕКМТ дозвола не ги исполнува условите од ЕКМТ упатство за издувни гасови и бучава при спроведен вонреден технички преглед од страна на надзорен орган (член 70 став 8);
22. врши организација на превоз на стоки без лиценца за организација на превоз (член 7 став 1 точка 3, член 8 став 15, член 11 став 4) и
23. организаторот за превоз поднел фалсификувани документ за докажување солидна финансиска состојба, односно документ кој не е во согласност со рокот за кој треба да важи (член 8 став 16 од овој закон).

За прекршокот од ставот 1 точки 1 и 2 на овој член покрај глобата на сторителот ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на возилото со кое се врши превозот.

За прекршокот од ставот 1 точка 1 на овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција одземање на имотната корист стекната со прекршокот.

За ист прекршок од ставот 1 на овој член направен по втор пат, на правното лице кое врши дејност согласно со одредбите од овој закон, покрај глобата, ќе му се изрече и прекршочна санкција, привремена забрана на вршење на дејност во траење од шест месеца до една година.

За прекршоците од ставот 1 на овој член глоба во висина од 30% од одмерената казна за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должност до најмногу 30 дена.

За прекршоците утврдени во ставот 1 точки 3 и 6 на овој член забраната од ставот 5 на овој член може да се замени со паричен надоместок доколку прекршокот е сторен прв пат.

Паричниот надоместок од ставот 6 на овој член претставува двоен износ од износот на одмерената глоба за прекршокот.

За прекршоците од ставот 1 на овој член сторени од странски превозник и на одговорното лице во правното лице инспекторите од членот 87 од овој закон ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд без да спроведат постапка за порамнување, времено му се одзема сообраќајната дозвола и му се изрекува дополнителна мерка забрана за движење на возилото на територијата на Република Македонија до исплата на изречената глоба. Инспекторот за патен сообраќај задолжително ги известува надлежните погранични служби за изречената дополнителна мерка забрана за движење на предметното возило на територијата на Република Македонија.

На странски превозник кој ги прекршил одредбите од ставот 1 на овој член, повеќе од еднаш, покрај глоба согласно со сторениот прекршок му се изрекува и забрана за влез на територија на Република Македонија во траење од 30 дена.

Член 97

Глоба во износ од 1.850 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, домашен и странски превозник, ако:
1) врши превоз во патниот сообраќај со моторни возила што не ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и пропишаните посебни техничко експлоатациони услови (член 5 ставови 3 и 4 и член 70 ставови 7 и 8);
1-а. дозволил во меѓународниот превоз на патници и стока возилото да го управува возач кој нема положено и добиено СПК на возач за учество во меѓународен патен сообраќај( член 8 став 9 од овој закон);
2) започне да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај пред да добие лиценца и извод од лиценца (член 11 став 1, член 70 став 10, член 78 став 2 и член 79 ставови 1 и 3);
3) при вршењето на општински линиски превоз на патници во возилото нема извод од лиценцата и дозвола (член 20 став 1);
4) превозникот не се придржува на возниот ред и редовно не ја одржува линијата (член 20 став 2 и член 23);
5) превозот не го извршува во согласност со издадената дозвола и заверениот возен ред (член 26 став 4);
6) го измени возниот ред и правецот на движење (итинерерот) пред истекот на важноста на дозволата (член 28 став 1);
7) без оправдани причини и без одобрение на надлежен орган го запре превозот на одредена линија (член 32 став 1);
8) возните билети не ги издава согласно со членот 33 од овој закон;
9) врши посебен линиски превоз од членот 43 на овој закон без дозвола издадена од надлежен орган (член 44);
10) врши линиски превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај спротивно на возниот ред, итинерерот и ценовникот (член 38 став 1);
11) во возилото со кое се врши превозот не се наоѓа оригинал или заверен препис од дозволата, возниот ред, итинерерот и ценовникот (член 38 став 2);
11-а) при вршење на посебен линиски превоз на патници во возилото не поседува извод од лиценца, дозвола, патен налог во оригинал и договор со список на патници согласно со членот 43 ставови 7 и 8 од овој закон;
12) при вршењето на слободен превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај во автобусот не се наоѓа договор склучен меѓу превозникот и корисникот на услугата и список на патниците што се превезуваат заверен од превозникот (член 49 став 1);
13) при извршувањето на меѓународен слободен превоз на патници во возилото не се наоѓа патен лист и договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата (член 49 став 2 );
14) во возилото за превоз на стока нема извод од лиценца (член 64 став 3, член 78 став 2 и член 79 став 1 од овој закон);
15) не дава услуги под еднакви услови на сите превозници кои вршат линиски превоз на патници (член 57 став 1);
15-а) во возилото нема извод од лиценца (член 64 став 3 и член 79 став 1);
16) возилото нема патен налог и товарен лист (член 64 став 4 и член 79 став 1) и/или
17) во возилото нема ЦМР – товарен лист за стоката која се превезува и/или меѓународна транспортна дозвола доколку таа се бара (член 66 став 2, член 70 ставови 7 и 11 и член 79 став 1 точка 4). 
17-а. во возилото кое врши превоз на стока во внатрешниот превоз во патниот сообраќај нема извод од лиценца и/или товарен лист за внатрешен превоз за стоката која се превезува и/или и патен налог за возачот (член 6 став 1 точки 1 и 4 и член 64 ставови 3 и 4);
18) не ги предаде сите примероци од дозволите за предметната линија во Државниот инспекторат за транспорт во определениот рок (член 89 став 3).

За прекршоците од ставот 1 на овој член глоба во висина од 30% од одмерената казна за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

За прекршоците од ставот 1 на овој член сторени од странски превозник и на одговорното лице во правното лице инспекторите од членот 87 од овој закон ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд без да спроведат постапка за порамнување, времено му се одзема сообраќајната дозвола и му се изрекува дополнителна мерка забрана за движење на возилото на територијата на Република Македонија до исплата на изречената глоба. Инспекторот за патен сообраќај задолжително ги известува надлежните погранични служби за изречената дополнителна мерка забрана за движење на предметното возило на територијата на Република Македонија.

Види:
 

Член 98

Глоба во износ од 1.300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, домашен и странски превозник, ако:
1) Избришана 
2) не води евиденција за издадените патни налози и истите не ги чува најмалку една година (член 6 став 5);
2-а) врши качување и слегување на патници во линискиот општински превоз на патници на автобуски стојалишта спротивно на регистрираниот возен ред (член 21 став1);
3) при вршење на превозот во возилото не се наоѓа дозволата и заверен возен ред(член 26 став 5);
4) не го пријави привременото запирање на превозот до органот што ја издал дозволата (член 29 став 2);
5) кај надлежниот орган што ја издал дозволата не поднесе барање за привремен прекин или трајно запирање на превозот (член 30 став 1);
6) привремениот прекин или трајното запирање на превозот и измената на возниот ред на определена линија не го објави во средствата за јавно информирање и во автобуската станица (член 31);
7) врши качување и слегување на патници, односно товарање и истоварање на багаж, на автобуски станици и стојалишта што не се внесени во дозволата и возниот ред за линијата (член 34);
8) не застанува на автобуска станица, односно автобуско стојалиште наведени во дозволата и возниот ред за линијата (член 35);
8-а) не го завери патниот налог на секоја автобуска станица одобрена во возниот ред и дозволата (член 35);
9) врши авто -такси превоз на патници без лиценца (член 52);
10) при вршење на авто такси превозот во возилото нема вградено исправен , пломбиран и баждарен таксиметар (член 55 став 1);
11) при вршење на превозот не е вклучен таксиметарот и цената на превозот не се наплатува врз основа на износот утврден во таксиметарот (член 54 став 2);
12) на покривот на возилото со кое се врши авто такси превозот не е истакнато називот ″ТАХI″ (член 54 став 3);
13) автобуската станица не го усогласила работното време согласно со членот 59 од овој закон;
14) автобуската станица не води дневник за доаѓањето и поаѓањето на автобусите и во патниот налог не го потврдува времето на доаѓање и поаѓање на автобусите (член 60 ставови 1 и 3);
15) автобуската станица не го извести Државниот инспекторат за транспорт за неизвршување на превозот на определена линија (член 60 став 2);
15-a) на правно лице вршител на меѓународен промет на стока кое не задржало копија од меѓународна дозвола од странски превозник (член 70-а ставови 1 и 2)
16) доколку превозникот во возилото кое ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната маса, осното оптоварување нема дозвола за вонреден превоз (член 75);
17) врши превоз за сопствени потреби спротивно на условите од членот 77 на овој закон;
17-а) превозот за сопствени потреби не го врши во согласност со членот 78 од овој закон;
18) во возилото нема дозвола за вонреден превоз при превоз на стока по патиштата на државата со возило кое празно или заедно со товарот ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната маса или осното оптоварување (член 75 став 1);
18-а) не ги врати во пропишаниот рок сите примероци од дозволата која му е одземена (член 89 став 2);
19) не постапи по решението на инспекторот (членови 89 и 90) и
20) на инспекторот за патен сообраќај не му овозможи вршење на инспекциски надзор, не му дава потребни известувања и не му ја стави на увид потребната документација (член 93).

За прекршоците од ставот 1 на овој член глоба во висина од 30% од одмерената казна за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

За прекршоците од ставот 1 на овој член сторени од странски превозник и на одговорното лице во правното лице инспекторите од членот 87 од овој закон ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд без да спроведат постапка за порамнување, времено му се одзема сообраќајната дозвола и му се изрекува дополнителна мерка забрана за движење на возилото на територијата на Република Македонија до исплата на изречената глоба. Инспекторот за патен сообраќај задолжително ги известува надлежните погранични служби за изречената дополнителна мерка забрана за движење на предметното возило на територијата на Република Македонија.

Член 99

Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице трговец поединец, ако:
1) врши јавен превоз без лиценца извод од лиценца (член 4 став 1);
1-а) врши авто такси превоз без сертификат за авто такси возач (член 3 став 1 точка 21-б).
2) врши превоз во патниот сообраќај со возила што не ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и пропишаните посебни техничко-експлоатациони услови (член 5 став 1);
2-а) превозникот не постапил согласно со членот 11 став 5 на овој закон;
3) врши општински линиски превоз на патници без лиценца (член 18);
4) во возилото со кое се врши општински превоз на патници нема лиценца, извод од лиценца, дозвола патен налог во оригинал и регистриран возен ред во оригинал или заверен препис (член 20 став 1);
5) врши качување и слегување на патници во линискиот општински превоз на автобуски стојалишта спротивно на регистрираниот возен ред (член 21 став 1);
6) врши меѓуопштински превоз на патници без дозвола (член 25 став 1);
7) врши меѓуопштински линиски превоз на патници спротивно на издадената дозвола и заверениот возен ред (член 26 став4);
8) за време на вршење на превозот во возилото нема дозвола и возен ред (член 26 став 5);
9) не го пријави привременото запирање на превозот до органот што ја издал дозволата (член 29 став 2);
10) кај надлежниот орган што ја издал дозволата не поднесе барање за привремен прекин или трајно запирање на превозот (член 30 став 1);
11) привремениот прекин или трајното запирање на превозот и измената на возниот ред на определена линија не го објави во средствата за јавно информирање и во автобуската станица (член 31);
12) врши качување и слегување на патници, односно товарање и истоварање на багаж, на автобуски станици и стојалишта што не се внесени во дозволата и возниот ред за линијата (член 34);
13) не застанува на автобуска станица, односно автобуско стојалиште наведени во дозволата и возниот ред за линијата (член 35);
14) врши посебен линиски превоз без дозвола (член 44);
15) Избришана 
16) врши авто-такси превоз на патници без лиценца (член 52);
17) во возилото со кое се врши авто такси превоз, нема на видно место вграден, исправен пломбиран и баждиран таксиметар (член 55 став 1);
18) при вршење на превозот не е вклучен таксиметарот и цената на превозот не се наплатува врз основа на износот утврден во таксиметарот (член 55 став 2);
19) на покривот на возилото и на бочните страни со кое се врши авто- такси превозот не е истакнато називот ″ТАХI″ (член 55 став 3);
19-а) во возилото со кое се врши слободен превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај нема извод од лиценца, патен налог во оригинал, договор склучен меѓу превозникот и нарачателот на услугата и список на патниците потпишан и заверен од превозникот. (член 49 став 1) и
19-б) врши слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај спротивно на членот 49 став 2 од овој закон.
20) возачот на автобусот не го пријави времето на секое доаѓање и поаѓање на автобусот на автобуската станица (член 60 став 3);
21) возилото со кое врши превоз за сопствени потреби не ги исполнува условите пропишани со прописот од членот 5 став 2 на овој закон (член 77 став 5);
22) во возилото нема товарен лист и доказ од кој може да се утврди дека се врши превоз за сопствени потреби (член 79);
22-а) не задржало копија од меѓународна дозвола од странски превозник (член 70-а ставови 1 и 3)
23) не постапи по решението на инспекторот (членови 89 и 90) и
24) на инспекторот за патен сообраќај не му овозможи вршење на инспекциски надзор, не му дава потребни известувања и не му ја стави на увид потребната документација (член 93).

За прекршокот од ставот 1 точки 1, 3, 4, 7 и 8 на овој член покрај глобата на сторителот ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана на вршење на дејност во траење од три месеца до една година.

Член 99-а

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, физичко лице-трговец поединец или правно лице, ако:
1) врши јавен превоз, превоз за сопствени потреби, слободен или посебен превоз на патници и авто-такси превоз без лиценца и извод од лиценца (член 4 став 1 и член 4-а);
2) врши авто такси превоз спротивно на решението од член 10-а став 2 од овоj;
3) врши општински линиски превоз на патници спротивно на условите пропишани од страна на советот на општината, односно на Советот на градот Скопје (член 22);
4) носителот на семејно земјоделско стопанство врши превоз за сопствени потреби спротивно на членот 9-а;
5) злоупотреби потврда за членство и возен картон спротивно на членот 33 став 4;
6) врши превоз на патници во општински посебен линиски превоз, слободен превоз на патници со елементи на линиски превоз на патници, меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај без дозвола (член 25 став 1 членови 19 и 44 став 1);
7) врши такси превоз спротивно на условите пропишани од страна на советот на општината, односно на Советот на градот Скопје (член 54 став 1);
8) врши превоз на патници спротивно на членот 27-а;
9) на инспекторот за патен сообраќај не му овозможи вршење на инспекциски надзор не му дава потребни известувања и не му ја стави на увид потребната документација;
10) во возилото нема или е изминат рокот на важење на потврда за исполнување на техничко-експлатациони услови (член 5 став 3);
11) во возилото нема сертификат за сообразност за моторно и приклучно возило (член 5 став 4, член 70 став 7 и 8);
12) ЕКМТ тест сертификатот за подготвеност за сообраќај на товарните моторни и приклучни возила е со изминат рок (член 70 став 8 од овој закон);
13) не поседува сертификат за авто-такси возач или сертификатот за авто-такси возач кој го поседува е со поминат рок на важност;
14) не поседува СПК на возач или истиот е со изминат рок;
15) превозникот при вршење на авто такси превоз постапува спротивно на членот 55 став 5 од овој закон;
16) возачот при извршување на превоз на патници или стока во внатрешниот или меѓународниот патен сообраќај во возилото нема патен налог;
17) во возилото нема поединечна транспортна дозвола или ЕКМТ дозвола или посебна зелена дозвола за вршење на меѓународен превоз на стока (член 70 ставови 1 и 3, член 71 ставови 1 и 3, член 79 став 1 и 4);
18) во возилото земено под наем или на лизинг нема соодветни документи кои го докажуваат истото (член 70 став 10);
19) поседува фалсификувана поединечна транспортна дозвола или прецртана или со менувани податоци, или издадена на друг превозник или користи фалсификувана или поништена ЕКМТ дозвола или ЕКМТ патен дневник или сертификат за сообразност или ЕКМТ тест сертификат за подготвеност на возилата во патниот сообраќај (член 70 став 6, 7 и 8) и
20) за група возила на пат има меѓународна транспортна дозвола за приклучно возило спротивно на членот 70 ставови 4 и 5.

За прекршоците од ставот 1 на овој член барањето за поведување на прекршочна постапка се поднесува до Министерството за транспорт и врски пред Комисијата за водење на прекршочна постапка (во натамошниот текст: Комисијата).

Освен глобата од ставот 1 на овој член за прекршокот од ставот 1 точки 1 и 6 на овој член, возилото што било користено за превоз со кое е сторен прекршокот времено се одзема со асистенција на униформираниот полициски службеник во моментот на сторување на прекршокот за период од шест месеци до една година, а по издавање на решение за времено одземање на возилото од страна на инспекторот за патен сообраќај.

Освен глобата од ставот 1 на овој член за прекршокот од ставот 1 точки 2 и 7 на овој член, возилото што било користено за авто-такси превоз со кое е сторен прекршокот времено се одзема со асистенција на униформираниот полициски службеник во моментот на сторување на прекршокот за период од шест месеци до една година, а по издавање на решение за времено одземање на возилото од страна на инспекторот за патен сообраќај.

Против решението на инспекторот за патен сообраќај не е дозволена жалба.

Против решението на инспекторот за патен сообраќај може да се поднесе тужба за управен спор во рок од осум дена од сторувањето на прекршокот.

Тужбата за управен спор не го одлага извршувањето на решението за времено одземање на возилото донесено од инспекторот за патен сообраќај.

Трошоците кои ќе настанат за времетраење на спроведување на решението за времено одземање на возило до истекот на рокот за враќање на возилото паѓаат на товар на сторителот на прекршокот.

Види:

Член 99-б

Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач на возило со кое се врши превоз, ако:
1) врши качување и слегување на патници и товарање и истоварање на багаж надвор од автобуските станици или стојалишта што не се одредени во возниот ред (17-а став 4);
2) врши качување и слегување на патници во линискиот општински превоз на автобуски стојалишта спротивно на возниот ред (член 21 став 1);
2-а) во вршењето на општинскиот линиски превоз на патници постапува спротивно на обврските пропишани од страна на советот на општината, односно Советот на градот Скопје (член 22)
3) не издаде фискална сметка за продадените билети во автобусот (член 33 став 2);
4) не застанува на автобуска станица, односно стојалиште наведени во дозволата и возниот ред за линијата (член 35);
5) при вршење на автотакси превозот на патници во возилото нема вграден исправен, пломбиран и баждиран таксиметар и фискален апарат (член 55 став 1);
6) при вршење на автотакси превозот не го вклучи таксиметарот и цената на превозот не ја наплатува врз основа на износот утврден во таксиметарот (член 55 став 2);
7) на покривот на возилото со кое се врши автотакси превозот не е истакнат називот “ТАХ1” (член 55 став 3);
8) на видно место во возилото нема истакнато ценовник со утврдени тарифи и извод од лиценца (член 55 став 4) и
9) не го завери патниот налог на секоја автобуска станица одобрена во возниот ред и дозволата (член 35 став 2 и член 60 став 3);
10) врши качување и слегување на патници во посебниот линиски превоз на патници надвор од одобрените станици во возниот ред;
11) при вршењето на превоз на патници или стока во внатрешниот или меѓународниот патен сообраќај во возилото нема уредно пополнет патен налог (член 6 став 1 точка 4).

За прекршоците од ставот 1 на овој член инспекторот од членот 87 на овој закон на сторителот на прекршокот ќе му врачи прекршочен платен налог.

Инспекторите од членот 87 на овој закон се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и мандантните платни налози и за исходот на покренатите постапки.

Во евиденцијата од ставот 3 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог односно мандантниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката.

Личните податоци од ставот 3 на овој член се чуваат пет години од денот на внесувањето во евиденцијата.

Член 99-в

За прекршоците од членовите 96, 97, 98, 99, 99-а, 99-б и 99-д на овој закон, пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка, инспекторот од членот 87 на овој закон ќе спроведе постапка за порамнување. Доколку сторителот го признае прекршокот инспекторот на сторителот ќе му издаде прекршочен платен налог заради наплата на глобата предвидена за прекршокот. Со потписот на платниот налог се смета дека сторителот на прекршокот се согласува да ја плати предвидената глоба.

Сторителот на прекршоците од ставот 1 на овој член е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од денот на приемот на прекршочниот платен налог на сметка означена во платниот налог. Сторителот кој ќе ја плати глобата во дадениот рок, ќе плати само половина од изречената глоба утврдена во платниот налог.

Ако сторителот на прекршокот од ставот 1 на овој член не ја плати глобата во рокот определен во ставот 2 на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред Комисија за водење на прекршочна постапка (во натамошниот текст: Комисијата) формирана од министерот за транспорт и врски.

Комисијата е составена од два члена и претседател.

Членовите на Комисијата треба да имаат завршено високо образование и работно искуство од најмалку две години, а претседателот треба да е дипломиран правник со положен правосуден испит и работно искуство од најмалку четири години.

Против решението на Комисијата може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението преку прекршочниот орган до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Инспекторите од членот 87 на овој закон се должни да водат евиденција за покренатите постапки за порамнување и за нивниот исход.

Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 99-г

Средствата од глобите изречени во мандатна постапка од страна на државните инспектори за патен сообраќај, како и средствата од глобите изречени во прекршочна постапка поведена по барање од државните инспектори по патен сообраќај се приходи на Буџетот на Република Македонија.

Средствата од глобите изречени во мандатната постапка од страна на овластените инспектори за патен сообраќај на општините или овластени инспектори за патен сообраќај на градот Скопје, како и средствата од глоби изречени во прекршочна постапка по барање овластените инспектори за патен сообраќај на општините или овластени инспектори за патен сообраќај на градот Скопје, се приходи на општините или градот Скопје.

Средствата од глоби изречени во прекршочна постапка поведени врз основа на предлог на контролорите согласно со членот 88 став 10 од овој закон се приход на превозникот што го одржува превозот.

Член 99-д

Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице – патник, ако:
– нема возен билет за време на возењето (член 17-а став 1) и
– на инспекторот за патен сообраќај не му даде на увид возен билет (член 17-а став 2).

За прекршоците од ставот 1 на овој член за домашен патник барањето за поведување прекршочна постапка се поднесува до Министерството за транспорт и врски пред Комисија за водење на прекршочна постапка, а за странски патник глобата се наплаќа на самото место.

Член 99-ѓ

Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на овластените претставници од членот 8-ѓ став 4 од овој закон ако дозволат кандидатот да постапи спротивно на членот 8-е став 12 од овој закон.

Со глоба од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се казнат членовите на комисијата од членот 8-ж став 4 од овој закон, доколку утврдат неправилности во спроведувањето на испитот, а за тоа не го известат министерот за правда.

Со глоба од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се казни лицето од членот 8-з став 2 од овој закон кое ќе дозволи да полага кандидат кое не ги исполнува пропишаните услови од овој закон.

Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на кандидатот кој постапува спротивно на членот 8-е став 12 од овој закон.

Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 8-з од овој закон, доколку не го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот.

Член 99-е

Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластено службено лице во Министерството за транспорт и врски ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврдени во членот 8 став (6) и член 69 став 6 од овој закон.

Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластено службено лице во општината, односно градот Скопје ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврдени во членот 8 став 7 од овој закон.

Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите ако не ги достави бараните докази во рокот утврден во членот 8 став 8 и член 69 став 7 од овој закон.

Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице во Министерството за транспорт и врски, општината, односно градот Скопје, доколку не реши по барањето за лиценца во рокот утврден во членот 8 став 9 и член 69 став 8 од овој закон.

За прекршоците од ставовите 1, 2, 3 и 4 на овој член прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.

XII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 100

Правните и физичките лица што вршат јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај се должни во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање за добивање на лиценца.

Доколку лицата во рокот од ставот 1 на овој член не поднесат барање за добивање на лиценца, надлежниот орган ќе донесе решение за престанок на дејноста.

Лиценците што се издадени пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат до истекот на рокот за кој се издадени.

Член 100-а

Лицата кои имаат најмалку пет години работно искуство во транспортот како управител или овластено лице одговорно за превоз и високо образование, се ослободуваат од полагање на испитот за добивање на сертификат за професионална компетентност.

Член 101

Линискиот превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај ќе се врши согласно со постојните регистрирани возни редови, најдоцна во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Дозволите за вршење на меѓународен линиски превоз на патници и дозволите за превоз на стока издадени пред влегувањето во сила на овој закон ќе важат до истекот на времето за кое се издадени.

Член 102

Поблиските прописи според овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

До влегувањето во сила на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат прописите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 103

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на Република Македонија” број 63/1995 и 29/1998).

Член 104

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.