Закон за знамето на Република Македонија

Член 1

Со овој закон се утврдува знамето на Република Македонија.

Член 2

Знамето на Република Македонија е црвено со златно-жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви зраци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала.

Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето.

Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите нa знамето.

Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.

Член 3

Ликовно-графичкиот приказ на знамето на Република Македонија е составен дел на овој закон.

Член 4

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за знамето на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 50/92).

Член 5

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.