Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за финансирање на Проектот „Ветерен парк Богданци – втора фаза“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД ЕЛЕМ

Член 1

Република Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД ЕЛЕМ за финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци – втора фаза“ во износ од 18.000.000 EВРА, во рокови и услови предвидени во Договорот за заем, доколку АД ЕЛЕМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем.

Член 2

Условите и начинот на користење на заемот од членот 1 од овој закон, се утврдуваат со Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД ЕЛЕМ за финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци – втора фаза“.

Член 3

Сите обврски кои произлегуваат од Договорот за заем од членот 1 од овој закон, како и сервисирањето на заемот ќе го врши АД ЕЛЕМ од приходите кои ги остварува, во рокови и услови утврдени во Договорот за заем.

Член 4

Рокот на отплата на заемот од членот 1 од овој закон е 12 години, со вклучен грејс период од три години.

Каматната стапка е фиксна каматна стапка и истата дополнително ќе биде утврдена на денот на потпишување на договорите.

Заемот ќе се отплаќа во полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 15 мај и 15 ноември.

АД ЕЛЕМ ќе и плати на Кредитната банка за обнова – КФВ еднократна провизија во висина од 0,75% од износот на заемот.

АД ЕЛЕМ ќе и плаќа на Кредитната банка за обнова – КФВ провизија во висина од 0,25% од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво.

Член 5

За регулирање на меѓусебните права и обврски, кои произлегуваат од Договорот за заем и Договорот за гаранција, Министерството за финансии и АД ЕЛЕМ ќе склучат посебен договор.

Член 6

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.